melpomena |
Милионерот Тарик Филиповиќ пак вљубен
Популарниот хрватски "милионер", актерот и водител Тарик Филиповиќ неодамна во хрватскиот печат призна дека е во љубов со 24 годишната Морана Стинчиќ, ќерката на некогашниот голман на ФК Динамо, Жељко Стинчиќ.
"Да, Морана и јас сме заедно, им рекол Тарик на новинарите, но не ме прашувајте ништо повеќе од тоа. Се плашам дека ќе ја загубам, зашто за неа, ова медиумско интересирање е претерано.
По прекинот на шестмесечната врска со манекенката Ирис Андрошевиќ, Морана е првата со која 32 годишниот "милионер" се осмелил да се појави во јавноста. И новата негова љубов, убавата бринета, наликува на претходните, но има работи по кои е различна. Таа е скромна, не сака гламур, не сека да се експонира во јавноста. Оние кои ја познаваат велат дека "Слатка и весела", а Тарик во нејзино друштво е секогаш расположен. Во овие два месеци, колку што трае нивната романса, заедно биле на скијање, а Тарик ја запознал и со неговите родители, веднаш штом во Загреб допатувале од Зеница. Четворицата заедно се појавила и на премиерата на филмот "Долга мрачна ноќ", во која Тарик игра негативна улога. Освен Морана, квизот "Кој сака да биде милионер", и актерските ангажмани, Филиповиќ е посветен и неговиот нов ноќен клуб, кој наскоро ќе го отвори во центарот на Загреб.
(М. Џ.)
www.vest.com.mk
p.s. Dechkoto navistina dobro izgleda (ne mislev na ubavina, da go citiram brat mi "Lepota e za zheni i za pederi"[:)]) tuku celosno onaka: sekogash stokmen, ima sharm, ima harizma, ubava nasmevka... AMA koga beshe vo Skopje vo Vrteleshka, drugarka moja sluchajno se najde vo negovo drushtvo i se razocharala na chisto poshto u nozete bil malku ko haritichen (izvini Tarik[:(]). Ova mozhe da vi posluzhi za uteha na site koi pripagjate koa gledate "Hrvatski milioner"[8D]
|