elena_ |
ПОЛСКА, - Сирената заштитник на полското рибарско градче Устке ќе мора на "пластична операција" бидејќи градските татковци заклучиле дека градите и се премали, а колковите прешироки, објави во понеделникот претставник на локалната власт.
Во ек на расправата за тоа како да се подобри промотивната кампања на ова пристанишно градче на балтичкиот брег, една од советничките рекла дека градите на познатата статуа се премали, а останатите делови прекрупни, не мислејќи дека нејзината примедба ќе биде сериозно сфатена и ќе поттикне расправа на локалните медиуми и градската власт. Резултатот е следен: по редизајнирањето на скулптурата, слабата сирената со големи гради "ќе стане поатрактивна, а Устка ќе се прослави", заклучил градскиот советник.
Prevzemeno od Vest...heheh
|