I posle Skopjani vi se krivi ...
I posle Skopjani vi se krivi ...
OooOo [;)]
Стотина тони јаловина од хром се испуштаат во Охридско Езеро
ОХРИД - Рудникот за хром кај Поградец во Албанија, најголемиот загадувач на Охридско Езеро, по повеќе од десет години повторно е отворен за експлоатација, тврди наш извор од Поградец, кој додава дека истекувањето и влевањето на јаловината од хромната руда во езерото е највидливо во дождливите денови. Тоа може да го видат и граѓаните, бидејќи рудникот се наоѓа веднаш до патот Поградец - Ќафасан, а складиштењето на хромната руда е само неколку метри од брегот од езерото. "Рудникот за хром кај Поградец беше затворен до 24 јануари годинава, а по информацијата дека повторно работи, наши екипи го посетија и констатираа дека рудникот експлоатира руда, која со камиони се пренесува некаде во внатрешноста на Албанија и не се врши никаков друг технолошки процес", изјави за "Утрински" раководителот на Проектот за заштита на Охридско Езеро од албанската страна, Аријан Мероли. Тој додава дека рудникот има капацитет од десет илјади тони хромна руда годишно и би било опасно да продолжи со постојната застарена технологија. Еколошките друштва од Охрид, Струга и од Поградец уште пред десетина години го прогласија рудникот за најголем и најопасен загадувач и бара негово итно затварање или осовременување на технологијата, што би обезбедила еколошки чиста експлоатација. Со почетокот на имплементацијата на проектот за заштита на Охридско Езеро, финансиран од Светска банка, еден од врвните приоритети беше затворањето на рудникот за што сў уште има согласност од македонската и од албанската страна, па оттаму зачудува зошто на новата ситуација не реагираат екологистите од Поградец. "Има сознанија дека во рудникот има многу подземни води кои се исцедуваат и се влеваат во Охридско Езеро, но засега не знаеме во колкави количества и колку го загадуваат езерото. Ќе мораме час поскоро да договориме заеднички тимови со албанската страна да го испитаат овој еколошки инцидент", најавува Дејан Пановски, раководител на Проектот за заштита на езерото од македонска страна. Ова, како што додава Пановски, е обврска и дел од заедничкиот договор за трансгранична заштита на езерото, што треба да го потпишат владите на двете држави. Доколку се дозволи рудникот повторно да се стави во целосна експлоатација со постојната технологија, тогаш стотина тони хромна јаловина и други тешки метали ќе се влеваат во езерото и ќе го уништуваат веќе сериозно загрозениот ендемичен растителен и животински свет заштитен од УНЕСКО. Од Проектот за заштита на Охридско Езеро во Охрид велат дека за овој инцидент ќе биде информирано македонското Министерство за заштита на животна средина, а доколку биде потребно, итно ќе се алармира и меѓународната јавност.
kopacot vas (Skopjani) pokoncentrirana vi e mockata od jalovinata albanska :))))
OooOo ahahahahahha [:D][:D][:D][:D][:D][:D] Me iznasmea, zhiv da si [;)]
kopacot a zdraF ?:)))) ili nemat lek ?:)
OooOo nemeT lek, zemi AspirinT [:p]
Maverik
quote:
Originally posted by kopacot
a zdraF ?:)))) ili nemat lek ?:)
pa stom ti mocat skopjani vo ezero, ne ke da ima lek toa ti e beter od ebola
slasa I OVDE IMAV POSTAVENO POST STO BESE IZBVRISAN ,,, ZOSTO ? A KOGA COVEK KE POBARA OD ADMINITE DA SE IZBRISI NEKOJ POST TOGAS NE DE MOZE .. ZNACI KOGA ke im se krene na niv togas brist ... OBS ova ne vazi za site admini
OooOo
Булдожерите денеска ќе ја сардисаат Трпејца
Сопствениците на шанкови велат дека државата незаконски урива
Градежните инспектори денеска стартуваат со уривање на триесетина вили во селото Трпејца и на станбени згради во центарот на Охрид. Локални извори за ?Дневникк? тврдат дека деновиве треба да се урива и вилата на дедото на поранешниот министер за земјоделство, Марјан Ѓорчев, во Трпејца. Се најавува и уривање на други вили на охридското крајбрежје, кои се сопственост на познати лица од политичкиот живот, бизнисмени и локални моќници. Сопствениците на шанковите на охридското крајбрежје ги обвинуваат Министерството за транспорт и врски и градежните инспектори дека противзаконски уриваат с$ што ќе им се најде на патот, без разлика дали е диво изградено или со документација. - Имам дозвола за закуп на јавна плажа од 2001 година, план од катастарот со потпис од градскиот архитект. На сите документи стои печатот на Општина Охрид. Ќе го тужам охридски ?Комуналецц?, кој ми даде дозвола за хортикултурно уредување на плажата, а и Општината, со која склучив договор за закуп до 2011 година - вели револтирано сопственикот на ?Ројал бич клубб? во Лагадин, Горан Топаловски. Тој вели дека Општината еднострано го раскинала договорот, со образложение дека не била надлежна да дава договори за закуп на јавни плажи. А решението за уривање го добил еден ден пред да му дојдат булдожерите. - Во шанковите вложив с$ што имав, над 35.000 евра. Кој ќе одговара за тоа што јас сум го инвестирал? Што ќе биде понатаму со мене, кога единствениот приход го остварував од шанкот за време на туристичката сезона -прашува Топаловски. Тој вели дека пред да ги постави шанковите, на тоа место наоѓал само шприцеви од наркомани. - Таа беше наркоманско дувло. Не можам да сфатам зошто државата руши с$ што е убаво во неа. Жалам што Охрид во оваа олимписка година ќе биде најлошото туристичко место - вели Топаловски. Во Лагадин на уште двајца сопственици им беа урнати шанковите за кои Општината им издала дозволи за закуп на јавни плажи.
OooOo ahaaaa ... ostanavte bez turisti [^]
Дојран со најголема посетеност во последниве 20 години
Песна и оро зачинети со богата и разновидна храна, беа главните содржини на денешниот второ мајски пикник во Дојран кој за поголем број од посетителите започна уште во петокот попладне. Туристичките работници велат дека ваква посетеност не е регистрирана во последните 20 години. Која по многу нешта потсетува на златните времиња на Дојранското езеро на почетокот од 80-тите години, викендиците и хотелските капацитети се целосно полни, а поставени се и голем број шатори покрај крајбрежјето. Меѓу посетителите најбројни се струмичани, скопјани, а ги има и од останатите градови на земјава. Љубителите на спортскиот риболов не можеа да му одолеат на убавото време и мирното езеро, кои повеќе ја фрлија јадицата повеќе за мерак од колку за улов. Инаку, еводенто е зголемено нивото на водата во езерото, за една година нивото на водата е зголемено за 170 сантиметри.
јузер samo da im se vrati vodata vo ezeroto na Dojrancani, abe znajs sto zainteresirani grci ima, pogotovo od Solun
OooOo
Се уриваат дивите шанкови во Охрид
Градежните инспектори со полициско обезбедување вчера во Охрид почнаа да ги уриваат нелегалните објекти на охридското крајбрежје од локалитетот Св. Еразмо до Трпејца. Вчера биле урнати сите нелегални киосци и монтажни објекти во Пештани. Инспекторите планираат акцијата за уредување на охридското крајбрежје да трае околу 30 дена. Први на удар ќе бидат дивите шанкови во Лагадин, Атлантик, Корали, како и дивоизградените вили на оваа територија. - Во Охрид постапуваме по 88 предмети, а во Струга треба да урнеме 20 објекти. Сега се чисти охридското крајбрежје, а акцијата ќе продолжи во центарот на градот со уривање на нелегалните станбени објекти. Прво се уриваат дивите шанкови за да има време пред почетокот на туристичката сезона да се дадат под концесија - вели Зоран Трошански, директор на Градежниот инспекторат. Тој информираше дека идните корисници, покрај концесијата, ќе плаќаат и кирија, која ќе оди во касата на локалната самоуправа. Во Општината Охрид сметаат дека не е најдобро време за уривање бидејќи тоа ќе се одрази на претстојната туристичка сезона. - Подготвивме урбанистичко решение за цел крајбрежен појас, но тоа не се спроведе. Комуникацијата со надлежните органи се сведува на вести од медиумите и на информации од граѓаните. Стручни лица треба да направат избор бидејќи има објекти што се дел од урбанистичкиот план и не треба по секоја цена да се уриваат - велат во кабинетот на градоначалникот на Охрид. Триесетина сопствениците на шанкови во Охрид се незадоволни од одлуката. Тие бараат шанковите што исполнуваат минимум технички услови да платат надомест и концесија за оваа сезона, а од септември проблемот да го решаваат со локалната самоуправа. - Може да ни ги дадат парцелите под концесија за сезонава и да н$ вметнат во урбанистичкиот план. Подготвени сме да платиме за да не ја пропуштиме туристичката сезона - изјави Илче Џепар, сопственик на плажата „Коралии“.
fio Ептен ми направија мерак со акцијава :-)
kopacot pu jzk....koj ke ojt sea do Gradiste :))
OooOo
Продолжува уривањето на дивоградбите кај Охрид
Работниците и урбаната полиција од Државниот градежен инспекторат денеска продолжија со уривањето на дивоградбите долж Охридското крајбрежје. Во центарот на Пештани се урива поголем објект чија градба почнала со дозвола, но продолжила со видни отстапувања во габаритот, висината и ширината. Од Пештани до Радожда досега се урнати околу сто дивоградби и камени ѕидови со кои беше узурпирано државно земјиште. Јавното комунално претпријатие од Охрид градежниот шут го носи надвор од градот, но според директорот Александар Петревски, до почетокот на туристичката сезона плажите ќе бидат чисти и со нов песок.
slasa so plasticni sisina i trski i algi kakov pesok bre