"Zakoni"
"Zakoni"
dzadzev » *Максимата на Мац: Заклучокот е местото каде што си се изморил од размислувањето. » *Дреов закон на професионалната пракса: Оној што плаќа најмалку, најмногу приговара. » *Смитов закон: Ниеден вистински проблем нема решение. » *Мајнеров закон: Никој не ги забележува големите грешки. » *Сандиландов закон: Ненадејно добиеното слободно време секогаш залудно се губи. » *Вилеов закон за предавачи: Никој не слиша додека не направиш грешка. » *Првиот закон за лабораториска работа: Врелата епрувета изгледа исто како и студената. » *Начелото на Шо: Направи систем што може и будала да го користи, па ќе ти се случи само будала да го користи.. » *Пригоден водич за модерни науки: 1. Ако е зелено или мрда тоа е биологија 2. Ако смрди, тоа е хемија 3. Ако не функционира, тоа е физика » *Вилогбиев закон: Кога се обидуваш некому да му покажеш дека машината не работи, таа ќе проработи. » *Антониев закон за силата: Немој со сила, земи поголем чекан. » *Ханлонов закон: Подобро добар план денес, отколку совршен утре. » *Задаров закон за биомеханика: Јачината на чешањето е обратно пропорционална на можноста да го дофатиш местото кое те чеша. » *Харбуров закон: Краен рок е една недела по планираниот краен рок. » *Џенингов королар: Веројатноста лебот да падне од страната намачкана со путер е правопропорционална со цената на ќилимот. » *Вудсидеов закон за бакалници Кесата која ќе се скине е онаа во која се јајцата. » *Џоновиот колатерален колорал: За да добиеш кредит, мораш најнапред да докажеш дека не ти е потребен. » *Петтиот закон за недоверба Да се греши е човечки, но за стварно да се заглави потребен е компјутер. » *Марфиева филозофија: Смешкај се... Утре ќе биде полошо » *Боговичев закон: Кој се двоуми веројатно е во право. » *Валтонов закон за политиката Глупакот и неговите пари обично победуваат на изборите » *Петто правило на политиката Кога на политичар ќе му светне идеја, обично е лоша. » *Законот на Дингл: Кога некој нешто ќе испушти, тоа никој нема да го подигне, но затоа секој ше го шутне. » *Петеровото плацебо: Грам имиџ вреди кило вистински способности. » *Пинтов закон: Штом некому направиш услуга, тоа ќе стане твоја работа. » *Рукертов закон: Ништо не е толку мало за да неможе да се напумпа. » *Сигстадов закон: Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат. » *Етореовото запазување: Другата редица се движи побрзо. » *Марфиев закон: Доколку нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку. » *Резимето на Шнатерли за последиците: Доколку нешто не може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку. » *Парадоксот на Силверман: Доколку и Марфиевиот закон може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку. » *Проширениот Марфиев закон: Доколку цела низа настани можат да тргнат наопаку, ќе тргнат наопаку по најлошиот можен ред. » *Фарсндиковата последица на петтата поука: Бидејќи работите тргнале од лошо на полошо, процесот самиот ќе си се повторува. » *Прописот на Душарме: Шансата секогаш се појавува во најнеповолниот момент. » *Законот на Флуге: Кога ќе ти притреба да чукнеш во дрво, сфакаш дека светот е направен од алуминиум и пластика. » *Зимургиевиот седми заклучок од Марфиевиот закон: Кога врне, тогаш истура. » *Болингов постулат: Ако се чуствуваш добро, не грижи се ќе ти помине. » *Законот на Штурге: 90% од се е срање. » *Де Неверсов закон за дебата: Два монолога не чинат дијалог » Друдмондов закон за вработување: Идеалниот кандидат се појавува еден ден по вработување на просечниот » Робертсонов закон: Гаранцијата за квалитет ништо не гарантира. » Сигстадов закон: Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат. » Законот на Јенсен: Победуваш или губиш, секогаш губиш. » Законот на животниот пат: Доколку се оди кон тебе, се наоѓаш во погрешна лента. » Фанексово правило за неуспех: Ако не успееш од прва, уништи ја сета евиденција дека си се обидел » Правило на Хелга: Кажи не а потоа преговарај.