dzadzev |
» Чавката гулаб не бидуат.
» Зла свекрва на позлаа снаа.
» Чивија чивија искарува.
» Пцоисано магаре од в'кот нема гајле.
» Со прдеж боја не се вапцуват.
» Под волот теле не се барат.
» Заљудо да имаш, кога не знаиш да си поминиш.
» На сто вреќи ќе врзеш устите, ама на една жена не можеш.
» Железото железо трие, а збороите умо.
» Едно на срцето, друго на јазикот.
» Вистината е како пипер в очи.
» Жетвар без срп не бива.
» Господи, брани од женска беља.
» Грешит поп во книга, а не магаре на нива.
» На студ инает не се чини.
» Под волот теле не се барат.
» Болна жена, болна и куќата.
» Пријатело во нужда се познава, а не на свадба.
» Ако имаш маша не ваќај го огно со рака.
» Кој си бие жената тој си бие снагата.
» Големата риба помалата ја изедвит.
» Пцоисано магаре од в'кот нема гајле.
» Лекот е за една пара, ама кој не го знаит алтан дават.
» Види му го умот, суди му за дома.
» Друго кројат глувците, друго мачоро.
» Кој бега од дош, ќе падни на град.
» Работата го краси човекот, а мразата го гнаси.
» Покрај суото дрво гори и суровото.
» Друго мисли кираџијата, друго анџијата.
» Дај му на будалата стап за да ти е скршит глата.
» Водата и огнот се добри слуги, ама лоши господари.
» В'к баница не јаде.
» Две жени пазар, три жени панаѓир.
» Во поголем град, поголем глад
» Вино носи, вода пиј.
» Кој вино сакат, тој без невеста скакат.
» В секое село треба да имаш по еден пријател.
» Работата да се страшит од тебе, не ти од неа.
» Со еден дирек куќа не се крепит.
» Пружи си ги нозете спроти јоргано.
» Кој си краде од соно, краде си од веко.
» Не пушчај го ј'зикот пред умот.
» Високото дрво и чавките го серат.
» Види го прво дрвото, па после седни под него
» Ако сме браќа, ќесињата не ни се сестри.
» Врана на врана очи не копат.
» Бели пари за црни дни.
» Ако си мост секој ќе те газит.
» Ако не можеш да направиш како сакаш, направи како можеш.
» Арна ли ти е жената, свадба не ти требе.
» Ак'ло не се купува, ами се печали.
» А'кл ми не даве, пари ми дај.
» Ако је мома, нека си седи дома.
» Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци.
» Арната дума стига далеко, а лошата ошче подалеко.
» Барај да најдиш, сакај да ти даат и клукај да ти отворат.
» Ајдуко ајдук фаќа, а друг не може да го фане.
» Дури не мрднит кучката со опашката , не трчаат кучињата по неа.
» Ај без пари, ај без ум, се едно ти е.
» А'кл не се купува, ами се печали.
» А'кл не ми давај, пари ми дај.
» Ако бегаш од арно, че паднеш на зло
» Ако бидеш мост, секој ќе те газе.
» Ако биеш зената си, ќе си биеш главата си.
» Ако е кус денот, долга е годината.
» Ако е мажот пијаница, жената ќе бидит мученица.
» Ако е чоекот кус од алиштето, можиш да му придаиш,
» Ако не раниш мачки, ќе раниш глувци.
» На арниот коњ ѕвонец му ставаат.
» Ако си овца секој ќе те стриже.
» Арно е да имаш жена и умна и лична, арно ама господ по две добра на едно место не дава.
» Бесен газ, крвав нос..
» Високо дрво плод нема.
» Две гнезда една квачка не може да квачи
» Нечесната жена и в кафез да ја затвориш, таа ќе си најт чарето.
» На свиња бисер не нижи.
» Ни во куче вера, ни во лаком мера.
» Устата праит, устата расипуат
» По чужди ноѕе иљада стапој не бољат.
» Ќе му дојт умот, (ама) откако ќе си ојт кумот.
» На едно лице две усти не биват.
|