Originalen nachin za brkanje na turistite |
melpomena |
За Охрид ќе се наплаќаат влезници
Претседателот на Советот на Охрид Јордан Трца размислува да наплаќа пари од туристите што сакаат да шетаат низ стариот дел на градот.
“Сериозно размислуваме да воведеме влезници за туристите кои ќе сакаат да го разгледаат стариот дел на Охрид и неговите културно - историски споменици. Еден наплатен пункт би се поставил кај Долна порта, а другиот кај Горна порта. На едниот,кај Горна порта, има изградено врата, а вака би можела да се затвори и Долна порта. Оттука гостите би ги преземале обучени туристички водичи и организирано би ги воделе по стариот Охрид. Самуилова улица се планира да биде затворена за сообраќај, а ваквиот режим со користење на влезници за туристите би важел само во шпицот на туристичката сезона”,вели в.д. директорот на Заводот и Музеј во Охрид Јордан Трца.
Оваа идеја за наплаќање влезници за влез во стариот дел на Охрид не е нова, но сега повторно станува актуелна, иако не се знаат реакциите на граѓаните на овој дел од Охрид и на туристите. ”Точно е дека оваа идеја не е нова и не е моја.Таа постои од порано и јас не знам дали летово ќе успееме да ја оствариме. Меѓутоа, сакам да потсетам дека при посетата на сите стари градски јадра на познатите европски градови вакви влезници се задолжителни. Средствата што на овој начин ќе ги прибираме, повторно ќе бидат употребени за санација на културните вредности на Охрид, старите градски улици”,појаснува Трца.
Ваквата намера на Заводот и Музеј во Охрид треба да помине и пред советниците на Градскиот совет на Охрид, чиј претседател е токму Јордан Трца, новиот в.д. директор на Охридскиот завод и Музеј. ”Ова што сакаме да го направиме со организираното влегување во стариот дел на Охрид верувам дека ќе биде прифатено и од нашите советници, особено што сега општините добиваат зголемени надлежности. На сите ни е во интерес стариот дел на Охрид да биде уреден,посетата на спомениците на културата да се врши организирано со влезници,од кои би се добивале средства за заштитата на културното наследство на градот”, појаснува Јордан Трца.
М.Ш.
www.vest.com.mk
p.s. Jas znam da se naplakja vleznica za poseta na arheoloshki objekt, ama za shetanje niz star del na grad?????[:0]
p.s.s. Ovo nema ni u Beogradu[:D] |
OooOo |
Влезниците на Градските порти ќе го закопаат туризмот
Најавата на претседателот на Советот на Охрид Јордан Трца и в.д. директор на Заводот и Музеј Охрид за воведување на наплата за гостите што ќе сакаат да ги посетат културно-историските споменици во стариот дел на градот за време на шпицот на сезоната, со цел да се создаде повеќе ред во претставувањето на неговите вредности и да се обезбедат дополнителни средства, туристичките работници, локалната власт, сопствениците на ресторани и кафулиња, вчера едногласно ја отфрлија. "Ако на двете места, кај Долна и кај Горна порта, поставиме клуч за туристите, ќе го закопаме и охридскиот туризам, независно од намерите што некој ги има", предупредува сопственикот на ресторанот "Далга" Љупчо Патче.
"Размислувањата за воведување влезници за разгледување на Стариот град на претседателот на Советот на Општина Охрид и в.д. директор на Охридскиот Завод и Музеј г. Јордан Трца, се негови лични предлози кои не кореспондираат со залагањата на градоначалникот на Општина Охрид д-р Никола Наумов за отвореност на градот за сите посетители и гости кои имаат намера да го посетат Охрид и да се запознаат со културните богатства на нашиот град, се вели во реакцијата од кабинетот на охридскиот градоначалник. Во неа се нагласува дека "Општина Охрид има интерес сите културно-историски локалитети, кои се наоѓаат на територијата на Општината, да бидат доставени за пошироката јавност. Секое спречување на луѓето преку дополнително финансиско оптоварување, може да биде само лоша препорака кон оние што имаат намера да го посетат Охрид и да се запознаат со корените на македонската историја и култура".
Без двооумење ваквата идеја ја отфрлаат и претставници на туристичките агенции во градот. "Наша цел е Охрид да стане туристичка мека на Балканот, но и на светот, па заради тоа треба да направиме се да привлечеме што повеќе гости. Дополнителни средства за одржување на спомениците на културата, што е и наш интерес, нека се обезбедуваат преку наплата при нивното разгледување. Клуч на портите не треба да се става. Тоа ќе биде погубно за сите што живеат од туризмот", кажува Елида Битрак, директорка на "Отекс-турс".
"Пред неколку години Шпанците, при пристигнувањето на сите германските туристи во нивната земја, им наплаќаа по една германска марка. По извесно време, бројот на Германците што ја посетуваа Шпанија се намали за повеќе од 2О отсто. Почнаа да летуваат во Турција и во други земји. Така, ако и ние почнеме да наплаќаме влезници за влез во стариот дел на Охрид, ќе ги изгубиме и оние гости што досега доаѓаа или, пак, воопшто нема да ги посетуваат културно-историските вредности. Пари за културата можат да се обезбедат и преку покачување на цената на пастрмаката во рестораните за ,на пример, 10 денари, со обврска угостителите тие средства да ги уплаќаат на сметката на Заводот и Музеј во Охрид", смета Љупчо Патче.
Претседателот на Советот на Охрид Јордан Трца останува на идејата за наплата на влезници при влезот во стариот дел на Охрид и вели дека таа не е негова ниту е нова. Тој е за заживување на туристичко биро во Охрид што згасна пред повеќе години и преку кого би се одвивале ваквите активности. "Останувам на оваа идеја, меѓутоа не знам кој ќе има сила да ја реализира и кога", дециден е Трца.
|
sapeski |
Е штета. А си реков град ќе станеме. |
Thunder from down under |
more i vodata so e niz gradon ke vi e naprajme so pari avtomatski,
stavas pari posle stegas i pies voda,zavisit kolku pari imas staveno mozi 5 sec mozi 10 sec i ko ke zavrsat parite ke zastanit vodata avtomatski,
zos mnogu ni e trosite vodata |
ozonce |
Nie u negotino ke go razvivame rechniot turizam, bidejki ohrigani ni ponudija dobra moznost, gi imame vardar i Timjanichka reka. Na vardar ke pravime Leto na Adi :) © |
јузер |
вие неготинЧАНке много сте ми как да каЖАМ несоВЕСни грајЏАни, чим дојДЕХте уф Охрид одмах моЧАте у езЕРто!!! |
ozonce |
batka ti si zgreshil... da da se lazish :) |
pr1nc |
letoska za inaet kje im mocam u enzerono
ovaa vest krajno me iritira! |
OooOo |
taka eeeeeeeeeeeeeee ... site u prespa ili dojran ova leto. Zaebi Ohrid, neka kukaat pak kako nemaat turisti. :))))
|
kopacot |
i jas sum krajno izrevoltisan....od sea ke vlegvam samo od Kaj Andon Dukov ili od kaj SaraiShTe plivajki :))) |
GoDsHaNd |
OooOo daj so vreme da kupuvame prikolki na dojransko i prespansko, koa ke se povlece sve navamu znaesh koja rabota ke ja iame:) |
slasa |
stubo ke bide
kako pustina
|
OooOo |
Godshand ajde .. idejava ti e do jaja!! Ja iam edno 20 prikolki u Saraj na Treska ezeroto. Dosta kje bide za pochetok?
|
godo |
SUPER
Ke mi ripne cenata na kukjata :)))
konecno nesto pametno :)
pozdrav
Godo
p.s. za kaj zena mu da naplka vleznici kje*ku mu e**m :) |
deni |
uau ohrigjani strashni ste ... ebave |
sapeski |
Летово да се воведи ова, се кладам дека ќе има дупло повеќе туристи. А не ОооОо ќе ми моча на сред езеро кога се возевме со кајчено. |
Strelec |
Jas kje pocnam da naplakjam na sekoj sto kje mi replicira na forumov!:)))
|
OooOo |
ja na sekoj sho kje se logira
|
sapeski |
Ја на Pron форумот. |
fio |
Јас у било кој од двата случаи ќе мочам у езерото. Еден предлог до охриѓани: наплаќајте ни 50 денари влезница на сам излез од регионалниот пат кон Охрид на име “такса за мочање во езеро“ |
Thunder from down under |
za mocanje vezero ke ve kosta 40 denari a ke ima i luge zadolzeni za slikanje i za extra 60 denari mozite da dobite i slika za spomen kaj so se mocate
para ke se napolni opstinana od skopjani |
OooOo |
ete gleash .. originalna idea od Thunder ... bravo be Thunder, te biva za biznis.
/me pruzha ruka [:D]
|