NCAA
NCAA
StormAngel НЦАА ФАЈНАЛ ФОР ЕМЕКА ГО ОДНЕСЕ КОНЕКТИКАТ ВО ФИНАЛЕТО 'Хаските' од Конектикат успеаја да се вратат во средбата и во последните секунди да го совладаат славниот Дјук со тесни 79-78 за пласман во финалето. Центарот на Конектикат, Емека Окафор, кој поради проблеми со личните грешки во поголемиот дел од првото полувреме ја грееше клупата, во последните четири минути постигна пет поени, имаше три скокови и беше главниот виновник за колапсот на нападот на Дјук, кој во тој момент водеше 75-67. Емека средбата ја заврши со 18 поени и седум скокови. Главната вина за поразот 'Сините ѓаволи' мораат да ја бараат во личните грешки на нивните високи играчи откако нивното трио центри мораше да ја напушти играта. Во вечерашново финале Конектикат се среќава со Џорџија Тек, која во првото полуфинале ја совлада Оклахома Стејт 67-65. 'Хаските' ќе играат во своето прво финале по 1999 година, кога исто така го победија Дјук. НИШТО ОД РЕКОРДОТ НА КРИЖЕВСКИ 'Сините ѓаволи', кои водеа речиси во текот на целиот натпревар, загубија во својот прв настап на завршниот турнир по 2001 година, кога ја освоија титулата. Овој пораз најтешко му падна на тренерот на Дјук, Мајк Крижевски, кој ќе мора да чека до следната сезона да стигне до својата 65. победа на НЦАА турнирот, со што би се изедначил со легендарниот тренер на Северна Каролина, Дин Смит. ЏОРЏИЈА ТЕК ГИ ИЗНЕНАДИ 'КАУБОЈЦИТЕ' Во првото полуфинале Џорџија Тек ја изненади фаворизираната Оклахома Стејт и благодарение на положувањето на Вил Бајнам се пласира во своето прво финале. Поените на Бајнам на 1.5 секунди до крајот им ја донесоа победата на 'жолтите јакни' од 67-65, нешто што ретко кој од нив го очекуваше на стартот од сезоната. 'Ова е најголемиот кош во мојот живот' - рече по средбата пресреќниот бек на Џорџија Тек. Во финалето Џорџија Тек ќе мора да пронајде решение за играта на Бен Гордон (18 поени), кој ги одржуваше 'хаските' во игра, додека Окафор се наоѓаше на клупата. ЏОРЏИЈА ТЕК 67 ОКЛАХОМА СТ. 65 (37-30, 30-35) Џорџија Тек: Шенсер 19п. 12ск., Луис 15п., Бајнам 11п., Џек 10п., МекХенри 6п. 7ск. Оклахома Ст.: Греам 17п. 10ск., МекФарлин 16п. 6ск., Ален 13п. 4ас.. Лукас 11п. КОНЕКТИКАТ 79 ДЈУК 78 (41-34, 37-45) Конектикат: Гордон 18п., Окафор 18п. 7ск. 2бл., Андерсон 14п., Бун 9п. 14ск. Дјук: Денг 16п. 12ск., Духон 15п. 6ас., Редик 15п., Рендолф 13п. 6ск., Јуинг 11п.
ace6vel peer da gi vidis amerikancive so pravam za finalevo se sobiraat dole vo edna soba i zaedna do gledaat :D ulavi :D