Македонското вечно прашање - БЈРМ
Македонското вечно прашање - БЈРМ
sapeski Постирајте се што е најново околу она што најмногу не загрижува денес и нашата иднина.
sapeski Словенија ќе го користи уставното име за Македонија место БЈРМ Словенија има јасен став околу името на Македонија, прашање кое смета дека треба што побрзо да се реши, "во согласност со македонските очекувања". "Словенија ја призна Македонија под уставното име. Во моментов имаме многу обврски поради нашиот прием во ЕУ, преокупирани сме со задачи што треба да ги извршиме, но тоа не значи дека ќе го занемариме прашањето за името на Македонија. Нашите билатерални односи нема да се изменат. Со нашиот формален влез во НАТО и ЕУ се соочуваме со затечена состојба, која не знам како ќе се одвива", изјави словенскиот амбасадор, Марјан Шифтар, запрашан за признавање на Македонија под уставното име. Тој не ја исклучи можноста, Словенија по примерот на Турција да се огради од името БЈРМ и тоа да стои како фуснота на сите официјални документи на НАТО.
OooOo Super tema. Ima li nekade lista na site drzhavi shto ne priznale pod ustavno ime??
sapeski Баш ќе побарам. Мислам дека Норвешка или Данска уште одамна не имаат признаено под уставно име, не сум сигурен.
sapeski However, at least 40 countries have recognised the country by its constitutional name – the Republic of Macedonia, rather than FYROM. These include the Phillipines, Iran, Estonia, Malaysia, Russia, Pakistan, China, Bulgaria, Turkey, Croatia, Slovenia, Bosnia-Herzegovina, Serbia and Montenegro, Ukraine, Belarus, Lithuania,the selfproclaimed Turkish Republic of Northern Cyprus, and others. A permanent agreement on how the Macedonian republic should be referred to internationally has not yet been reached. Повеќе инфо [url="http://en.wikipedia.org/wiki/Former_Yugoslav_Republic_of_Macedonia"]тука.[/url]
Thunder from down under rusija som ne priznajla malu vazi za drugite :)) turskio del od kipar ne priznal znaci , sega treba da otvorime ambasada vo turskiot del od kipar i to na sama granica i da im go opnime znameto makedonsko da se vee i da se gleda od cel grcki del :)
Ceki Tuka vo slovenija ne se ucime mnogu za Makedonija, i se e mnogu cudno da vi kazam! Za antickite Makedonci velat deka se grci, za Samoil deka e Makedonec, za noviot vek pak da sme Makedonci . Ucime za podeluvanjeto na Makedonija, ne znam zasto toa zborvat, ako rekoa deka bile antickite Makedonci grci, vo toj slucaj bi trebale da zborvat za 1913, kako godina koga grcija se zdruzi, a ne Makedonija da se podeli. Ko sto gledate se e izmesano, tie sami ne znaat sto zborvat, i mislam deka taka nesto ucat i vo drugi zapadni zemji. A za kipar, ke bidam i ambasador ako treba [;)]
Christian Ja mislam USA ako ne priznae pod ustavnoto ime, grcija ke ja zagubi vojnata so imeto mnogu brzo.
SLaCk Christian ne treba da si mudrec za da go zaklucis toa ama USA nema vo dogledno vreme da ne priznae pod ustavno ime posto nivnoto lobi e deset pati pojako od naseto.A druga rabota ne se raboti samo za oficijalno priznavanje pod ustavno ime.Treba i na drugi polinja da se dejstvuva.Na primer vo Britanica enciklopedijata kako i vo Encarta mnogu malce ima pisuvano za ovoj problem na Makedonija i voopsto mnogu malku se upotrebuva terminot MAKEDONCI a mnogu poveke sloveni!Nisto nema napisano za nasata vrska so antickite makedonci dodeka za albancite pisuva deka 100% se potomci na Ilirite!?gluposti...ama treba nekoj da frli pari za da go smenat pisuvanjeto.
ace6vel ja edno ke kazam bev tuka imase "welcome" miting ili so ti ja znam so vo belata kuka i bush im kazuvase na site welcome ova ona za so se stremel on a vo pozadini bea makedonia hrvatska i albanija kako sledni clenki na nato. i sega bush nas ni se obrakase so Macedonia i sledniov den pismo od grcite kaj nego a i na TV i vesnici sekade go imase, zosto on nas na rekol macedonia a ne fyrom ?!?! kogo da tepam sega!
kopacot Uganda ne prizna.....zato pieme Ugandini non stop :)
ace6vel Naskolo kaj mene, inace ucam vo usa edna profesorka po istorija drzese predavanje za "Alexandred The Great" so negovata citaram "Greek impery" + taka bese pisano i vo knigata koja cela amerika ja cita. Vlegov vo konflikt so nea deka on ne e grk a ona si stoese na nejzinoto. Isto taka posle nekoj den ja napravi "Grckite Braka Kiril I Metodij.." sega ja pak ripnav i ne znam kako mi rece izvini moja greska :)
Christian
quote:
Na primer vo Britanica enciklopedijata kako i vo Encarta mnogu malce ima pisuvano za ovoj problem na Makedonija i voopsto mnogu malku se upotrebuva terminot MAKEDONCI a mnogu poveke sloveni
vo pravo si, barem ja kaj so sum (Anglija) se raspolozeni za da ni pomognat i imaat mnogu dokumenti koi ne povrzuvaat so Aleksandar i anticka Makedonija.Samo cekaat nasive(vladata) da pobara. Eve ti eden prost primer,BBC za vreme natprevarot Anglija:Makedonija, Za Makedonija kazaa deka najpoznati Makedonci se Aleksandar Makedonski i Majka Tereza i deka Republika Makedonija e se so ostana od Aleksnadrovata imperija. Na Kanal4 imase programa za smrtta na Aleksandar i zborot Grk ne bese upotreben nitu ednas.Samo se spomnuvaa Makedonija i Makedonci. Barem ovde grckoto lobi ne e mnogu jako. Samo mnogu zavisi kako nasive politicari se sposobni da go upotrebat seto ova vo nasa korist. Ima uste mnogu primeri,samo me mrzi da pisuvam.
Maverik што сакате светот да ни ја признае историјата и името кога само не си ја знаеме доволно историјата. Оваа случка ни ја раскажуваше еден професор на факлутет. Уште во бивша југославија во времето на Колишевски, дошла висока кинеска делегација во посета на СФРЈ. Од Белград сакале директно во Словенија да ги водат за да им ги покажат индустриските објекти и колку демек била равиена СФРЈ. Но, тие сакале во Македонија да дојдат да ги видат наследниците на Александар. Тогаш се сретнале со Лазар и кога се ракувале овие рекле дека им било чест што се ракуваат со потомците на најпознатиот светски војсководец и потомците на најпознатиот народ во историјата на светот. Е се убаво, само што Лазар изреагирал типично комуњарски и им рекол дека тоа нема никаква врска со нас, дека ние сме словени и сме дошле на балканот од зад карпатите во 6 век од нашата ера. Не знам колку е ова вистина, професорот велеше дека има и снимка од таа средба, само што не стигна да ни ја прикаже.
ace6vel i edno potsetuvanje ne vikaat ПЈРМ - Поранешна Југословенска Република Македонија a maverik mislam deka od takva glupost do imeto na drzava da dojde mislam ne :))
marko_polog Zosto mislis ti ni go smeniva nasive "patrioti" znameto? Da imase petokraka da vidis ti dali ke go smeniva, aj da prekinam tuka, da ne se naljutat "neutralnite" ovde. МАКЕДОНИЈА РЕТКА ЗЕМЈАБЕЗ ДРЖАВЕН ГРБ Лавот стар четири века, сеуште затворен во предрасуди Од донесувањето на новиот Устав до денес Македонија де јуре нема официјален државен грб, туку "проаѓа" со социјалистичкиот. Во хералдиката македонскиот земски грб не се сретнува во друг вид, освен со жолт лав на црвено поле исправен на задните нозе Светскиот Македонски Конгрес пред Нова година најави акција за собирање на 10.000 потписи на избирачи кои како овластени предлагачи ќе предложат Закон за грб на Република Македонија. Идејата, како што тогаш рече претседателот на конгресот, Тодор Петров, произлегува од Уставот и законодавството, а освен тоа, граѓаните, со ваква иницијатива не остануваат само пасивни набљудувачи на својата судбина до наредните парламентарни избори, туку имаат можност и нешто да сторат, иако на крајот, повторно с&ицирц; ќе зависи од волјата на пратениците. Поранешниот пратеник во првиот парламентарен состав, Тодор Петров заедно со други двајца независни пратеници од првиот состав, Ефтим Манев и д-р Димитар Трпеноски, беа медијатори меѓу пратеничките групи за постигнување парламентарно мнозинство за донесување на законите за грб и знаме на Република Македонија. Тогаш сите пратенички групи се изјаснија за шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце за симбол на знамето и грбот на Македонија, освен пратениците на ПДП. Меѓутоа, на седницата на Собранието на Република Македонија одржана на 11 август 1992 година прво се донесе Законот за химната на Република Македонија и Законот за знамето на Република Македонија. При гласањето по Законот за грбот, пак, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иако претходно беше постигната согласност, не гласаа за законот за грб на Република Македонија и така Собранието не го донесе овој закон. Со ваквата разврска во парламентот, Македонија до ден денес де јуре нема официјален државен грб. По инерција се применува грбот на СРМ. Во Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија е утврдено дека Законот за грбот ќе се донесе најдоцна во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот, а до донесувањето на законот ќе се применува грбот според Уставот на СРМ од 1974 година. "Имајќи предвид дека Уставот на Република Македонија е прогласен 1991 година, шесте месеци поминаа веќе одамна, односно на 17 мај 1992 година, а Собранието не успеа да го донесе овој закон, и од тогаш Македонија де јуре нема државен грб. Затоа и не е аплициран на пасошите. Тогашниот министер за внатрешни работи имаше образложение - кога ќе се донесе, новиот грб да се втисне дополнително на насловните страници на пасошите, меѓутоа, до денес грбот не се донесе и останавме без грб на кориците на пасошите", вели Тодор Петров, покренувачот на иницијативата за потписите со кои ќе се покрене постапката за конечно усвојување на македонски грб. За него, за пат-позицијата одговорни се и Владата и Собранието што не ја отстранија употребата на грбот според Уставот од 1974 година, или не го изменија Уставниот закон за да го продолжат рокот на донесувањето на законот за грбот, односно за да ја продолжат примената на грбот според Уставот од 1974 година. По фијаското од 1992 година, имаше и други предлози за донесување Закон за грб. Само пратеникот Петров на двапати поднел закон за грб на Република Македонија, со предлог Собранието да го прифати земскиот грб на Македонија за државен грб на Република Македонија. "И тогаш автор на истото идејно решение за државен грб на Република Македонија (кој и сега се предлага) беше проф.д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Не е никаква тајна и дека иницијативата за утврдување на земскиот грб за државен грб на Република Македонија потекна од Тито Петковски. Јас требаше само да бидам медијатор меѓу пратеничките групи за обезбедување парламентарно мнозинство. Предлогот, за државен грб на Република Македонија да биде утврден земскиот грб на Македонија, како идејно решение на проф.д-р Мирослав Грчев, го потпишаа претставници на сите пратенички групи, освен на ПДП. Не е никаква тајна, исто така, дека во парламентарната расправа сите пратенички групи и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ДП и ВМРО-ДП и ЛП, сите изјавија дека лавот е земски грб на Македонија и дека треба да биде утврден за грб на Република Македонија", раскажува лидерот на Светскиот македонски конгрес. Меѓутоа и тој закон ја доживеал судбината како и многу други недонесени закони и незавршени седници на првиот парламентарен состав. Заврши мандатот на пратеничкиот состав од 1991-1994 година и предлогот се адактира. Во вториот парламентарен состав имаше предлог на пратеникот Никола Поповски, кој предлагаше за грб да биде утврден државниот грб од 1974 година со бришење на sвездата петокрака. Меѓутоа и тој предлог заврши како и првиот. Никогаш не се постави на дневен ред. Во постапката за донесување на државните симболи во 1991 и 1992 година, Уставната комисија на Собранието на Република Македонија на распишаниот конкурс доби околу 3.000 апликации на кои во најголемиот број беа аплицирани лавот и сонцето. Во тоа време, и работната група на Уставната комисија составена од експерти, децидно утврдила дека во историјата на Македонија лавот и сонцето со жолтата и црвената боја, се симболи кои ги одразуваат историјата, културата и традициите на овие простори и нема да претставува никаква грешка доколку за државен симбол на Република Македонија биде утврден лавот или сонцето. Тој став го прифати и Уставната комисија и Собранието на Македонија. Неспорни се, исто така, научните сознанија и истражувања на покојниот академик Александар Матковски во неговата студија "Грбовите на Македонија", каде што повеќето од македонските вековни грбови се истражени и прикажани. Во неа се вели дека во хералдиката, земскиот грб на Македонија ги има сите елементи што таа како наука ги бара и затоа претставува вистински и наполно оформен грб според сите хералдички правила. Според податоците од истражувањето на македонскиот грб, утврдено е дека тој бил постојан, константен во сите свои основни елементи и не претрпел големи измени. Македонскиот земски грб не се сретнува во друг вид, освен со лав. Значи, негово општо својство е тоа што е постојан од неговата појава во 1595 година до 21-от век. Македонскиот земски грб секогаш се јавува со својот задолжителен и основен дел - штитот. Без штит се јавува само трипати и тоа на востаничките знамиња од Разловечкото и од Илинденското востание, што е и разбирливо, бидејќи на знамињата не било вообичаено да се стават и штитови, туку само амблемот - лавот. Амблемот на македонскиот земски грб секогаш бил само лавот! Не се сретнува македонски земски грб со некој друг амблем, како што е случајот кај некои други народи. Кај посебниот македонски грб, лавот е секогаш исправен на задните нозе, а кај општите грбови лавот е или полуисправен или потпрен на четирите нозе. Лавот е секогаш свртен налево, односно на десната хералдичка страна, што е потполно правилно, бидејќи во хералдиката постои правило живите суштества да бидат свртени на лево од гледачот. Најчест амблем во општата хералдика е лавот што е исправен на задните нозе, готов за напад, зинат, со испуштен јазик, со покажани заби, очите свирепо изразени, прстите на нозете мошне разделени со изразени нокти, накострешен и со опашот свртен нагоре. Лавот на македонскиот грб најчесто на главата има мала круна. Лавот во општата хералдика е често со двокрака опашка. Лавовите со двокраки опашки се стари средновековни амблеми, употребувани многу често во цела Западна и Средна Европа, од каде што преминал во Унгарија, а оттаму и на Балканот. Двоопашиот лав е унгарско хералдичко влијание врз македонскиот грб. Лавот како амблем не е монопол на ниту една земја, народ или држава на Балканот и воопшто во светот, туку тој е најраширен и најомилен за амблем во општата, но и во регионалната хералдика. Речиси две-третини од земјите во светот во своите грбови и знамиња имаат најразлични апликации на лав. Бојата е исто така еден вид од важните и задолжителни елементи на грбот. Во општата хералдика имало многу грбови што имале исти амблеми, но се разликувале по бојата. Друга боја значи и друг грб. Во врска со бојата, за македонскиот грб е карактеристично дека во сите ракописни грбовници, без разлика дали се од нашата земја или од странство, се наоѓа жолт лав на црвено поле. Круната е многу честа и во разни форми како на посебниот македонски грб, така и на општите грбови. Круната обично е над штитот, т.е. грбот се овенчува со круна која е знак на достоинство. Според Петров, погрешни се и мислењата дека лавот асоцира на бугарската фашистичка окупација во Македонија, затоа што лавот како земски грб на Македонија е постојан од неговата појава во 1595 година до 20-от век. Лавот како земски грб на Македонија е постар и од фашизмот и од комунизмот и од социјализмот, постар е 300 години од појавата на ВМРО, а од регистрацијата на ВМРО-ДПМНЕ постар е дури 405 години. "Тоа што некого лавот како поим го асоцира на нешто, е негова лична асоцијација и имагинација. Ако држиме до сопственото културно и историско наследство, лавот, односно земскиот грб на Македонија мора да го вратиме за грб на државата Македонија! Треба да престанеме да ловиме муви со отворени усти? Ако Инквизицијата убила и спалила стотици иладници луѓе, што треба ние да правиме, да се откажеме од крстот? Или, колку милиони Руси Сталин ликвидира со петокраката на чело? Колку луѓе само кај нас во изминатите педесет години беа ликвидирани, затворани и судени под знамето со петокраката? Што треба ние да кажеме дека имавме лев фашистички симбол затоа што петокраката беше втисната на знамето на Македонија во изминатите педесет години, бидејќи комунизмот е лев фашизам, а фашизмот е десен комунизам, во основа тоталитарни режими?", вели Петров. Лавот постојан само кај Македонците Бугарија, инаку, денес има симбол со три лава со еднокраки опашки, што нема никаква врска со земскиот грб на Македонија, односно со предлогот за грб на Република Македонија. Информативно, може да се каже дека земскиот грб на Македонија бил постојан, константен во сите свои основни елементи и не претрпел големи измени, како што било случајот, на пример со бугарскиот грб, кој отпрво имал за амблем глава од вол со крст меѓу роговите, потоа две вкрстени греди со црнечки глави на краевите, па три хоризонтално поставени круни, потоа исправен лав, за да денес има три лава со еднокраки опашки. Исто така, и српскиот грб долго време се колебал меѓу лавот, двоглавиот орел и крстот со четири огнила, додека станал постојан. Македонскиот земски грб не се сретнува во друг вид, освен со лав, што потврдува дека е постојан од неговата појава во 1595 година с&ицирц; до 21-от век. За грбовите на балканските народи, пак, големо хералдичко значење има Стематографијата на Жефарович, бидејќи, од нејзината појава па с&ицирц; до денес, таа била основен извор за хералдичките потреби. Според пишаните податоци, сите балкански народи по ослободувањето, речиси по правило, за државен грб го зеле грбот од Стематографијата на Жефарович. На пример, Владата на Милош Обреновиќ се определила за грбот од Стематографијата на Жефарович што претставувал крст со четири огнила којшто по Сретењскиот Устав од 1835 година го прогласила за грб на Кнежеството Србија, а со Уставот од 1888 година се заменува со двоглав орел на црвен штит, кој како грб на Кралството Србија останува с&ицирц; до 1918 година. Со Уставот од 1905 година грб на Црна Гора бил двоглав бел орел на црвен штит, повторно земен од истата Стематографија. Во 1879 година бугарското уставотворно собрание, по ослободувањето, за државен грб на Бугарија го прогласило грбот на Бугарија земен од Стематографијата на Жефарович. Новите социјалистички грбови на Србија, Хрватска, Словенија и Бугарија ги задржале грбовите по оваа Стематографија. По ослободувањето и Македонија прогласи свој грб, но најверојатно поради задоцнување и незнаење не се угледала на Стематографијата, како што бил случајот со другите балкански народи. Во грбот на Социјалистичка Република Македонија не е зачувано ништо од стариот македонски земски грб, што не е случај во Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Босна, Словенија и други земји. Имено, во земскиот грб на Социјалистичка Република Хрватска е зачуван стариот амблем - штит со 25 црно-бели шаховски полиња, во грбот на Социјалистичка Република Србија се зачувани четирите огнила, а во грбот на Народна Република Бугарија бил зачуван лавот, итн. Практично, со паѓањето на комунизмот и социјализмот, со распаѓањето на поранешните СССР и СФРЈ, сите држави од распаѓањето на овие федерации, со целосното осамостојувањето, си ги вратија старите грбови, освен Македонија. Македонскиот и бугарскиот грб - заменети! За македонскиот грб е карактеристично дека во сите ракописни грбовници, без разлика дали се од нашата земја или од странство, се наоѓа како жолт лав на црвено поле! Значи, негово општо својство е тоа што е постојан од неговата појава во 1595 година до 21-от век. Меѓутоа, замена со бугарскиот грб навистина се случила. Таа за првпат е направена не од самите Бугари, туку во Стематографијата на Павле Ритер Витезовиќ (1652-1713) од 1694 година која се чува во Универзитетската библиотека во Болоња. Тој објавува и друга Стематографија во 1701 година. Имено, Витезовиќ од невнимание и несакајќи направил грешка. Тој ги заменил македонскиот и бугарскиот грб. Таквата замена можела да се случи бидејќи во тоа време и македонскиот и бугарскиот грб имале ист амблем со различни бои. Оваа несвесна замена ја направил бидејќи тој не ги цртал ниту составувал грбовите на балканските народи, туку ги сечел од некои постари збирки на грбови. Овие сечени грбови потоа ги лепел на бела хартија што ја укоричувал во вид на книга. Исечоците не ги сечел заедно со написите што биле напишани над или под грбовите (во тој случај не би згрешил), туку ги сечел без нив. Потоа, на хартијата на која ги лепел исечените грбови го пишувал натписот и така над грбот на Македонија напишал "Булгариа", а над грбот на Бугарија напишал "Мацедониа". За оваа грешка тој никогаш не се сетил и така ја отпечатил и Стематографијата во 1701 година, а потоа и Христофер Жерарович ја отпечатил својата "Стематографија" по примерот на Витезовиќ, заедно со оваа грешка за која самиот Жерарович не знаел. Меѓутоа и пред и по грешката на Витезовиќ, во сите грбовници и ракописи македонскиот грб е жолт лав на црвено поле, а бугарскиот грб е црвен лав на жолто поле! По ослободувањето на Бугарија, бугарското уставотворно собрание во 1879 година за државен грб на Бугарија го прогласило грбот на Бугарија земен од Стематографијата на Жефарович. Меѓутоа, денешниот државен грб на Бугарија нема врска со овој грб. Историја на македонскиот грб Македонија на грбовите за прв пат е спомната во 1595 година во Грбовникот на Корениќ- Неориќ, каде што е вклучен во групата со уште 11 други земји. Како што пишува починатиот академик Александар Маткоски, под грбот пишува Македонија, а над него со кирилично писмо е испишано"Цимери македонске земле" (Грб на македонската земја). Во споменатиот грбовник на Корениќ -Неориќ, македонскиот грб е презентиран заедно со оние на Хрватска, Далмација, Бугарија, Босна, на Душагини и Кастриоти. Во 152 презентирани грбови, македонскиот Грб со натпис "Мацедониа" е вклучен двапати. Истиот грбовник ги презентира и грбовите на цар Душан или неговиот син Урош. Тоа е комплексен грб кој ги прикажува овие кралеви како симболи на единството на Јужните Словени, со вклучување на грбовите на 9 региони од Балканот: Македонија, Босна, Далмација, Хрватска, крајбрежните земји, Славонија, Бугарија, Србија и Рашка. Македонија е презентирана како посебен регион. Еден од најстарите сочувани грбови е оној на Палиниќ, најверојатно направен во доцниот 16-ти или раниот 17 век. Симболите на Македонија се вклучени, со рачно испишано латинично "Мацедониа регни" под него. Терминот Македонија може да се сретне и во грбот на Алтан од 1614 година. Над прекрасно нацртаниот македонски грб е кириличниот напис "Македонске земле цимери", а под него, на латински "Инсигниа регни Мацедониа". Меѓу најубаво нацртаните македонски грбови е оној што се чува во Музејот на применета уметност во Белград. Овој грб, со испишано "Мацедониае" му припаѓа на наследството на Цар Душан, заедно со грбовите на Илириа, Босна, Далмација, Хрватска, Славонија, Бугарија, Србија и Рашка. Семејството Охмушевиќ било познато по своите напори да го докаже наследното право над Босна и Македонија. Со децении, кнезовите Охмушевиќи многупати го изразувале своето поседство врз територијата, како и врз големи региони на Балканот. Тие дури и печателе грбови со желба да го докажат своето благородничко потекло и правото за владеење со овие региони, во кои Македонија секогаш заземала централно место. Нивното огромно богатство им овозможило да печатат хералдички колекции и други книги кои, без разлика на силата или валидноста на нивните побарувања врз територијата, го популаризираа терминот "Македонија" и во географска и во етничка смисла. Грбовникот од 1636 година, чии автори се Адмирал Андрија Охмушевиќ и Марко Скороевиќ, тврди дека Македонија и Босна можат да бидат ослободени од Турско ропство само со помошта на Виена и Хабсбурговците. Грбовникот на Марко Скороевиќ му беше посветен на принцот Фердинанд. Иако младиот принц с&ицирц; уште не знаел да чита, можел да гледа во "сликите" и со помош на грбовите да се запознава со географските поими и топоними. Македонскиот грб во оваа колекција е вклучен во групата која им припаѓа на јужнословенските држави, со изгравирано "Инсигниа регни Мацедониа" над него. На овој грб лавот е нацртан исправен, жолт на црвена позадина. Накратко, постојат многу записи од 17. век во кои се спомнува терминот Македонија. Тој се среќава и во рачно пишаниот стематограф од 1694 од Павле Ритер Витезовиќ: на латиски над грбот е испишано "Македонија". Во печатената стематографија од 1701 година од Павле Витезовиќ, инскрипцијата "Македонија" е сместаена над македонскиот грб, а под неа има четири стиха на латински кои кажуваат дека во старите времиња златните штитови беа симболи на империјалистичката гордост, сега заменети од "турски фес со турбан". Христофор Жефаровиќ, најценетиот балкански уметник од 18. век, бил Македонец, најверојатно роден во Дојран. Бил образуван во грчки училишта, но со уметничка наобразба се здобил во Солун и Охрид. Неговата стематографија вклучува два тома, едниот со 56 грбови од сите Словени, и уште еден со 20 јужнословенски грбови. Македонскиот грб во двете композиции е презентиран со натпис "Македониа". Терминот "мацедониа" е истотака запишан под македонскиот грб во грбовникот на Иво Сарака од 1746 и во третиот том на грбовникот на Јован Раиќ, печатен во 1794. Сите грбови се етикетирани: Македонскиот како "Мацедониае", Српскиот како "Сербиа", Бугарскиот како "Булгариа", итн. Vest
Maverik
quote:
Originally posted by ace6vel
i edno potsetuvanje ne vikaat ПЈРМ - Поранешна Југословенска Република Македонија a maverik mislam deka od takva glupost do imeto na drzava da dojde mislam ne :))
ne deka doslo do promena na imeto poradi taa glupost. tuku toa ilustrira kolku poranesnoto rakovdstvo bilo zapoznato i zainteresirano za makedonskata istorija. Nasite ucebnici po istorija se praveni vo toa vreme i do deneska ne se smeneti. Decata i tuka ucat deka nie nemame nisto zaednicko so Aleksandar, deka sme sloveni dojdeni od zad karpatite.
Ceki
quote:
Nasite ucebnici po istorija se praveni vo toa vreme i do deneska ne se smeneti. Decata i tuka ucat deka nie nemame nisto zaednicko so Aleksandar, deka sme sloveni dojdeni od zad karpatite.
I vo Makedonija ?!?!?!? God help us
ozonce Ceki malku ni e Gospod da ne spasi, ke treba neshto poveke
Christian so drugi zborovi BJRM ke stoi se dodeka sami ne si odlucime so sme, od kaj sme i zosto me.Da ti kasnam od makedoncite[:(] zarem za nisto ne ne biva.Pa megu sebe se karame i ne znaeme od kaj sme i so sme.Ili stranskata propaganda e tolku mnogu navlezena vo Makedonskoto naselenie sto mnogu dobro se poznava po partiskite ovci[:(]ta se e povazno od Makedonija i makedonskoto naselenie.
Ceki Makedonija ja razdelija drugite, Vardar ke si go razdelime sami. Kouku me nerviraat tie budali dpmneovski i sdsmovski [:(!] Ovie ic ne se svestni i cesni, sramota deka se od makedonska krv.
ace6vel decki kako sto stoi rabotava da si igrame uste malku drzava zs igrame na zimanka i ke ni ja zemat [:(]
Christian http://www.un.org/Overview/unmember.html na oficijalnata strana na Obedinetite Nacii - Makedonija ke ja najdete pod bukvata "T".
Ceki
quote:
na oficijalnata strana na Obedinetite Nacii - Makedonija ke ja najdete pod bukvata "T".
OMFG [B)]
sapeski Грците ги тераат Словенците и Бугарите да нe викаат фиромци Словенија и Бугарија, двете нови членки на НАТО, се обидуваат во рамките на Алијансата да тргнат по примерот на Турција и нашата земја да ја ословуваат со уставното име наместо референцата "Поранешна Југословенска Република Македонија". Доброинформирани дипломати велат дека Грција прави притисок и се обидува тоа да го спречи. На веб-страницата на НАТО пред извесно време се појави забелешката дека Словенија и Бугарија ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име. По кусо време забелешката исчезна од сајтот. Во прес-службата на Алијансата велат дека станува збор за грешка на вработен во интернет-службата на НАТО и дека ниту од Љубљана ниту од Софија не стасале инструкции во таа насока. Според висок дипломат кој бараше да остане анонимен, Атина будно бдее врз секој чекор на Бугарија. Софија стравува дека Атина би можела да прави проблеми во ЕУ, па поради тоа Бугарија е исклучително претпазлива и е во потрага по најдобар и најбезболен начин за да се реши проблемот. - Софија би сакала да може во НАТО да и се обраќа на Македонија под уставното име, меѓутоа стравува да не си наштети самата себеси што е сосема разбирливо - вели дипломатот. Словенечките дипломати не сакаа да реагираат на прашањето дали имаат намера да побараат да се користи забелешката дека ја признаваат Македонија под уставното име. - Штом ќе има одлука на Љубљана ќе бидете известени - беше одговорот на словенечки дипломат. Словенија од 1 мај ќе биде полноправна членка на ЕУ, додека Бугарија и понатаму преговара за членство. Јанез Поточник, Словенецот кој од 1 мај ќе биде комесар за проширување во Европската комисија и ќе работи заедно со Германецот Гинтер Ферхојген, минатата седмица во Европскиот парламент во Брисел, одговарајќи на парламентарно прашање, рече дека по влегувањето на Словенија во ЕУ владата ќе треба да одлучи како ќе и се обраќа на Македонија. Според него, меѓутоа, не е важно името, туку како да и се помогне на Македонија да влезе во ЕУ. - На Македонија и треба јасна европска перспектива. ЕУ би направила стратегиска грешка во својата надворешната политика доколку го запостави овој регион - рече Поточник. Да потсетиме дека Турција инсистираше, уште од 1996 година кога Македонија стана членка на Партнерството за мир, на крајот на секој НАТО-документ каде што се споменува нашата земја да стои забелешката дека "Турција ја признава ?Поранешната југословенска...' под нејзиното уставно име Република Македонија".