The Men Commandments
The Men Commandments
ace6vel 1. На мажот му е дозволено да плаче во следниве околности: - кога храбро куче умира за да го спаси својот господар. - кога Анџелина Џоли почнува да си ја откопчува блузата. - откако ќе ја слупа колата на својот шеф. - кога таа ги користи забите. -------------- 2. Секој маж кој ќе донесе видео камера на момачко вече може легално да биде убиен и изеден од пријателите. -------------- 3. Ако познаваш некого барем 24 часа, мора да знаеш дека неговата сестра за тебе е забранета зона, освен ако не решиш да ја мажиш. -------------- 4. Мрчењето за тоа каква марка пиво чува твојот пријател во својот фрижидер е строго забрането. -------------- 5. За време на патување, пиш пауза одредува оној со најиздржлива бешика а не оној со најслаба. -------------- 6. Кога влегуваш кај некого кој гледа фудбал на ТВ, можеш да прашаш за резултат ама не и за тоа кој игра. -------------- 7. Дозволено е да пиеш безалкохолни тропски коктели само на плажа... ако пијачката ти ја донесе супермодел во топлес.... бесплатно. -------------- 8. Единствено во моменти на вонсериска морална/физичка опасност дозволено ти е да удриш друг маж во јајца. -------------- 9. Освен ако не си во затвор, никогаш не се тепај гол. -------------- 10. Пријателите никогаш не им дозволуваат на своите пријатели да носат Спидо. Никогаш! -------------- 11. Ако му е откопчан шлицот, тоа е негов проблем, ти ништо не си видел. --------------- 12. Жените кои тврдат дека 'сакаат да гледаат спорт' треба да се третираат како шпиони се додека не демонстрираат доволно знаење и способност да пијат како нормалните фанови на спортот. --------------- 13. Маж во друштво на згодна девојка облечена провокотавино секогаш мора да остане доволно трезен за да може да се тепа. --------------- 14. Никогаш не се двоуми од софра да го земеш последното пиво или последното кебапче, ама не и двете работи заедно - тоа е стварно злобно. ---------------- 15. Во ВЦ никогаш не разговарај со друг маж освен ако не сте на иста позиција - двајцата да мочате, двајцата да чекате ред... За сите други ситуации, дискретно климање со главата е сосема доволно. ----------------- 16. Никогаш не разговарај телефонски со девојка подолго отколку што можеш да имаш секс со неа. Држи штоперица до телефонот, затвори слушалка ако мораш! ----------------- 17. Утрото по пијаниот секс со онаа која до синоќа беше само пријателка на твојата девојка, фактот дека чувствуваш грижа на совест не треба да те спречи да ја опнеш уште еднаш пред да развиете дискусија како она што се случило била една огромна грешка. ------------------ 18. Не постои ни една причина маж да гледа уметничко лизгање. ------------------ 19. Кога те прашува жената, девојката, мајката, таткото, забарот, сметководителот... на твојот пријател, немаш право да даваш никаква корисна информација за тоа каде тој се наоѓа. Ако запнат, дозволено ти е да го демантираш самото негово постоење. ------------------ 20. Кога прераскажуваш случки од твојот живот, дозволено ти е да претераш едно 50 проценти. Освен кога пробуваш да ќариш девојка. Тогаш имаш на располагање 400 проценти. ------------------ 21. Твоја обврска е да останеш со грдата ако твојот пријател ја брка нејзината згодна другарка. За возврат, пријателот никогаш нема право да раскажува како си останал со ружнотијата, дури ни на момачко. ------------------ 22. Универзална награда за пријателот кој ти помогнал за нешто е пиво. ------------------ 23. Ако твојата девојка/сопруга има идеја да спари некоја своја цмиздрава пријателка со твојот другар, и даваш дозвола само ако имаш време да го предупредиш пријателот да смисли изговор зошто не може да се сретне со неа. ----------------- 24. Ако твојот пријател јаде ќотек, мора да рипнеш во тепачката (освен ако тој со некоја своја активност во последните 24 часа не те натерал да помислиш: Ах, овој плаче за ќотек'. Во тој случај, навали се и уживај). ------------------ 25. Во никој случај, двајца мажи не треба да делат еден чадор. ------------------ 26. Ако твојот пријател почне да пее некоја песна додека вози, НЕ ти е дозволено да му се придружиш. Ептен е! ------------------- 27. Пред да му дозволиш на својот пијан другар да ја превари својата девојка/ сопруга, мора да изведеш мала интервенција. Ќе го погледнеш во очи и ќе му кажеш 'Прави што сакаш ебате сељакот!', со што се амнестираш од секаква натамошна одговорност за настанот. -------------------- Pozajmeno od on.net.mk[:p]