sapeski |
„НАСА“ во соработка Универзитетот „Станфорд“ конструираше сателит кој би требало да ги тестира двете фундаментални Ајнштајнови претпоставки. Предлог проектот за сателитот е стар 45 години.
Уште од 1959 година, „Gravity Probe B“ доживеа едно чудо технички поправки доправки и одложени лансирања. Конечно „НАСА“, го закажа лансирањето на 17 април во Вендерберг, базата во Калифорнија.
Безпилотното летало кое ќе орбитира околу Земјата дизајнирано е да ги тестира предвидувањата на Ајнштајн за природата на просторот и времето. Според претпоставките на Ајнштајн природата на простор – времето и Земјата и другите тела ја виткаат и прекршуваат материјата која ги комбинира тие две величини.
Овој феномен може да се спореди со ставање на топка за куглање врз некоја тенка цврста подлога.
Во срцето на сателитот има четири „пинг-понг“ топчиња од кварц, со најдобро изработена сверичност. За да се обезбеди прецизност топчињата мора да бидат чувани на студено на температура близу апсолутната нула, во вакумиран термос кој е со досега најголеми димензии воопшто пуштени во вселената. Топчињата се одлично изолирани од било какови пречки. Околината е крајно тивка.
Кога ќе стасаат во вселената и ќе почнат да се вртат топчињата би требало да ја сменат ориентацијата. Ова ќе се случи доколку Ајнштајн бил во право.
Инаку обвиткувачкиот ефект бил испитуван и порано. Ефектот на превиткување наречен „влечење на рамката“ никогаш досега не бил директно детектиран. Сателитот „Гравити Б“ има цел тоа да го стори.
[img]http://images.mt.net.mk/images/test_ajnstajn.jpg[/img] |