Простотилак
Простотилак
sapeski НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА Брат Љубе "освоил" 20.000 гласа Околу 20.000 гласачки ливчиња биле неважечки бидејќи избирачките одбори утврдиле дека на нив било допишано и заокружено името на Љубе Бошковски, дознава "Дневник". За Бошковски најмногу гласале во скопската општина Чаир. Неговата кандидатура не беше прифатена со образложение дека не ги исполнува условите. Изборниот штаб на Бошковски вчера соопшти дека на 14 април во Македонија "изгубија демократијата, народот и државата", дека тој ја продолжува "кампањата за спас на народот". Неважечки ливчиња имало и за Сашко Кедев. Поголемиот дел од нив бил евидентиран во Битола. Таму, дознаваме, гласачите го заокружувале името на Кедев, но патем допишувале и лични пораки за противкандидатот Црвенковски, поради што станале неважечки. Што треба да им се каже во лице на овие луѓе?
fio Бранко ни ја водеше највише :-)
SLaCk Treba da im se kaze BRAVO.Samo dokaz deka imase golem broj luge sto ke glasaa za brat Ljube. A poraka vo vtoriot krug da glasaat za Kedev.
OooOo Ti dechko za neutralnoto DPMNE beshe, neli? [:D][:D]
sapeski А се чудиме до кое дереџе стигнавме, а не гледаме кој ни ја водеше државата толку време.
sapeski Ај да поздравам некого [:)] Џорџ Буш, Џими Хендрикс, Џемс Бонд, Исус се само дел од личностите кои им конкурираа на четворицата официјални кандидати за претседател, за кои требаше да гласаат граѓаните на Македонија на 14 април годинава. На овие вонредни, трети претседателски избори, покрај двајцата македонски и двајцата албански кандидати за претседател од четирите водечки политички партии во земјава, одреден број гласови добија и странски политичари, музичари, личности од македонската политичка сцена, но и познати ликови од цртаните филмови. Нивните имиња граѓаните на Македонија, кои имаат право на глас, ги предложија со впишување на гласачките ливчиња и ги заокружија како петти кандидат на дел од неважечките ливчиња (27.971) во првиот круг од овогодишните избори за претседател. Покрај името на американскиот претседател Џорџ Буш, на ливчињата како кандидат за претседател се најде и познатата рок-легенда Џими Хендрикс, но и неповторливиот лик од акционите филмови, агентот Џемс Бонд. Но, тука креативноста на македонските гласачи не запира, оти дел од нив, веројатно незадоволни од одлуката на Државната изборна комисија да ја отфрли кандидатурата на пратеникот Љубе Бошковски како неважечка поради неисполнување на еден од законските услови, како дополнителен кандидат многу често го запишувале токму неговото име[:D]. Според извори од избирачките одбори, кои ги пребројуваа гласовите во скопските општини, од десет неважечки ливчиња во просек на две до три од нив, како петти кандидат за претседател било допишано и заокружено името на Љубе Бошкоски, но најчесто не со неговото цело име и презиме, туку со неговиот многу познат прекар - Брат Љубе! Тој не единствениот човек од македонската политичка сцена, кого граѓаните посакувале да го видат на избирачките ливчиња. Гласови на овие избори доби и поранешниот претседател Киро Глигоров. Меѓу неважечките ливчиња имало и такви на кои за претседателски кандидат бил предложен и истовремено "изгласан" пратеникот на СДСМ, Тито Петковски, кој беше кандидат за претседател на претходните избори во земјава, но загуби, завршувајќи на второто место зад неодамна починатиот Борис Трајковски . При пребројувањето и проверката на исправноста, биле забележани и празни ливчиња, на кои е запишана порака во која се бара партиите да предложат други кандидати за претседател. Но, имало и пречкртување на сите кандидати, или пак, на гласачки ливчиња. "Имаше неколку граѓани со право на глас, кои ги запишале и ги заокружиле сопствените имиња и презимиња. Овие ливчињата, на коишто беа допишувани пораки, или цртани слики, беа прогласени за неважечки", велат од избирачките одбори. На некои од ливчињата бил заокружен еден од кандидатите, а до имињата на другите биле запишувани навредливи пораки. Овие ливчиња од страна на избирачките одбори се оквалификувани како неважечки. Она што членовите на избирачките одбори во дел од вкупно 2.973 избирачки места во земјава, забележале биле и ливчиња на кои пред кандидатите биле исцртувани христијански симболи и крстови, како и пораки од типот "Готов е". Често биле забележувани и разни пароли со политички квалификации, па и вулгарности, а со оглед на тоа дека гласањето во првиот круг од претседателските избори се одржа по велигденски празнувања, забележани биле и верски пораки. Така, покрај името на едниот претседателски кандидат бил запишан традиционалниот верски поздрав: "Христос воскресна", на кандидатот под него, е додадено христијанското отпоздравување: "Навистина воскресна", одразувајќи го веројатно велигденското расположение кај дел од гласачите. Гласачите на овие избори го цртале и познатиот лик од цртаните филмови, Мики Маус, некои ги заокружувале сите кандидати, а покрај нивните имиња додавале многубројни епитети, вулгарности, додавки, прекари. На овие избори и популарната пејачка Благица Павловска доби одреден број гласови на гласачките места, каде што граѓаните, веројатно љубители на нејзината музика, ја допишувале како петти кандидат за претседател на Македонија. Оние што сметале дека понудениот избор на кандидати за претседател не соодвествува со нивните желби и потреби, како опција под реден број пет забележувале дека немаат избор за кого да гласаат. На дел од ливчињата, пак, биле заокружувани само македонските кандидати, но меѓу неважечките имало и голем број ливчиња на кои биле пречкртани сите кандидати, а до нив исцртувани најразлични цртежи, и вулгарни графики. [img]http://www.aber.net.mk/images/articles/10055913f6.jpg[/img]
sapeski Љубе заглави Ексгенералот на расформираната единица "Лавови" Горан Стојков, поранешниот началник на Управата за оперативна техника при МВР Александар Цветковски, ексгенералот Бобан Утковски и Митко Кикерков, сопственик на приватна фирма, завчера доцна попладнето се притворени. Тие од истрагата се посочени како ликвидатори на седумчлената група Пакистанци кои пред две години беа убиени кај Раштански Лозја на Скопска Црна Гора, под изговор дека се работи за терористичка група која во Македонија наводно била уфрлена да врши терористички акции. Кривични пријави се поднесени и против тогашните команданти на баталјоните на единицата "Лавови" Николчо Најдов и Горан Јованчев. Како што дознаваме, вчера решение за притвор му било врачено и на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошковски кого МВР го посочи како директен нарачател за ликвидирањето на пакистанската група. Во врска со овој настан расправаше и собраниската Комисија за имунитетно - мандатни прашања на која се разгледуваше можноста за одземање на пратеничкиот имунитет на Бошковски како пратеник во Собранието, кој го штити од кривично гонење. "Ова е значаен ден за Министерството за внатрешни работи за расчистување на случајот Раштански лозја", изјави на вчерашната прес - конференција портпаролката на МВР Мирјана Контевска. Таа објасни дека случајот Раштански Лозја е класична монструозна конструкција за додворување на меѓународната јавност за обезбедување лични и политички интереси на поединци, при што во заблуда биле доведени и лицата кои учествувале во таканаречената акција за ликвидација на наводната муџахединска група. Сценариото за убиство на пакистанската група која одела на привремена работа во Грција било испланирано во февруари 2002 година. Тогаш, ексминистерот Љубе Бошковски во својот кабинет ги повикал највисоките старешини во МВР при што им соопштил дека има сознанија од странски разузнавачки служби оти во Македонија е уфрлена терористичка група. Притоа, тој ги уверувал дека групата имала намера да врши терористички акции врз видни политички личности и врз странски амбасади. На средбата Бошковски усно му наредил на Цветковски да го следи движењето на терористичката група, а Стојков да ја ликвидира. Тука почнува конструкцијата, објаснува Контевска По добиениот усмен налог Цветковски му наложил на тогашниот началник на ОВР Делчево да пронајде група по потекло од Блискиот или Далечниот Исток со муслиманска вероисповед кои најчесто илегално поминувале кај Делчево и оделе на привремена работа во Грција. По добиениот налог, тамошниот началник стапил во контакт со лица кои се занимавале со илегален транспорт на странски државјани. Делчевскиот началник на лицата со кои стапил во контакт им образложил дека се работи за наредба добиена од највисокото раководство и доколку се обезбедат такви лица ќе се влијае на угледот на државата, а посебно на МВР. Подоцна делчевци пронашле таква група за што бил информиран Александар Цветковски кој веднаш испратил две лица кои требало да ја преземат групата и да ја донесат во Скопје. Во центарот на Скопје бил пронајден стан во кој што биле чувани наводните муџахедини. Еднаш до двапати дневно им давале храна и вода, се до добивањето на наредбата за нивна ликвидација. Во меѓувреме Стојков со своите блиски соработници тајно ја подготвува акцијата за ликвидација на пакистанците. Истовремено тој со својата единица врши тренинг и обука во Катланово. Клучниот ден единицата на Стојков со пет возила се упатува на Раштански лозја. Таму се распоредуваат на одредени позиции и чекаат наредба од генералот Стојков. Стојков бил зад возило "лада". По распоредувањето на единицата за ликвидација со комбиња биле донесени жртвите. Лицето кое ги превезувало Пакистанците знаело дека треба да ги вози кон Грција, но потоа по наредба се упатило кон Раштанските лозја. Таму комбето сопрело, Кикерковски ги оставил Пакистанците и следувала наредба за стрелба издадена од генералот Стојков. По рафалното пукање откако било евидентно дека наводната терористичка група е ликвидирана, тогашните полицајцви кои учествувале во акцијата за ликвидација излегле од нивните претходно завземени позиции. Сфатиле дека се изманипулирани и отпочнала постапката за фингирање на случајот. Генералот Стојков го известил дежурниот оперативен центар, високи старешини во МВР дека е ликвидирана терористичка група и со својата единица се повлеол во базата Стенковец. Подоцна тој е повикан од истражниот судија да даде изјава околу настанот. П. Лазаревска Рамка. Нелогичности МВР при дополнителните анализи што ги извршила врз основа на пронајдениот доказен материјал констатирала низа ниправилности кои го потврдувале сознанието дека се работи за фингиран чин. На пример утврдено е дека оружјето кое дополнително им било ставенмо на Пакистанците, не било употребено. Потоа, дека се работи за наместен случај упатувала и положбата на телата што не била карактеристична доколку се работело за вистински настан. Кај еден од убиените кој има прострелна рана во главата нема траги од крв. Доколку навистина постоела меѓусебна престрелка кај еден од убиените чија што торба била под него, тогаш зошто таму немало траги на крв, а во негото тело биле испукани 22 куршуми. Кај сите убиени какарактеристично е и тоа што облеката им е извлечена од долу кон нагоре што упатува на тоа дека тие биле влечени. *** Пиштоли како награда за делчевци На лицата кои ја обезбедиле седумчлената група по наредба лично од Бошкоски им биле понудени високи парични награди. Но скромните делчевци мислејќи дека се работи за државен интерес ја одбиле паричната награда. Подоцна на денот на полицијата со решение пак потпишано од министерот Бошковски нив им се врачени пиштоли како награда за успешно завршената работа. [img]http://www.vest.com.mk/images/{FF1F6E76-F528-4C71-9F38-8C93C2BE879C}_naslovna-3.jpg[/img]
orko Epa bratot Ljube sega zad reshetki.[:D] Slack navistina mi e zhal za tebe i takvite kako tebe zoshto ve ima mnogu. Ete dodajte gi i tie 20 iljadi glasovi za Ljube Boshkovski, ili "bratot" kako shto go narekuvate. Neka ne se 20, neka se i 100 i 150 iljadi, razlikata e 220 iljadi glasovi vo korist na Branko. Vashiot neuspeh na ovie izbori e vasha i samo vasha krivica, vnatrepartiska zatoa shto od edna partija so silna politichka mokj se rascepkavte na povekje grupi.