General Motors VS Microsoft
General Motors VS Microsoft
GoDsHaNd На Саем за компјутери Бил Гејтс повеќе пати ја споредуваше компјутерската индустрија со автомобилската. Патем изјави:"Ако Џенерал Моторс беше во чекор со технологијата како што е случајот со компјутерската индустрија ќе возевме автомобили кои што ке чинеа $25 и со еден галон ќе поминуваа 1000 милји... Џенерал Моторс се огласи со соопштение до печатот: Ако ЏМ ја развиваше технологијата како Микрософт, сите ние ќе возевме автомобили со следниве карактеристики: 1. Од никаква причина автомобилот ке откажуваше 2 пати дневно. ---------------- 2. Секогаш кога ке ги бојадисуваа зебрите на пешачки ќе моравте да купувате нов автомобил. ----------------- 3. Често автомобилот ке ви зариба сред автопат без никаква причина. Ќе морате да застанете покрај патот да ги затворите сите "прозорци" (читај Windows) да го "изгасите" автомобилот (читај Shut Down), да го "стартувате" повторно (читај "restart it") и да ги отворите прозорците (читај Open the windows) пред да можете воопшто да продолжите. Заради непознати причини ке морате да го прифатите горенаведеното. -------------------- 4. Повремено, заради опасен маневар како што е свртување во лево, автомобилот ке застане и (читај Shut Down) и ќе одбива да стартува (читај restart). Во овој случај ке морате да го смените моторот (читај reinstall Windows). ------------------ 5. Мекинтош ќе направеше автомобил кој што се напојува од Сонцето и ке беше постабилен , 5 пати побрз и 2 пати полесен за возење -- ама ке можевте да го возите само на 5% од патиштата. ------------------- 6. Индикаторите за масло, температура на вода и алтернаторот, ќе беа заменети со само една сијаличка "This Car Has Performed An Illegal Operation". ------------------- 7. Воздушните перничи ќе ве прашаа "Are you sure?" пред да се надуваат. ------------------- 8. Повремено заради никаква причина, автомобилот ќе се заклучи и нема да ви дозволи да влезете се додека не ја подигнете рачката, во исто време го свртите клучот од бравата а ја држите и антената од радиото. -------------------- 9. Секој пат кога ќе се преставува нов модел на автомобил, купувачите ке мора повторно да учат да возат затоа што контролите на автомобилот не се веќе исти како кај постарите модели. -------------------- 10. И за крај... никогаш нема да дознаете зошто треба да го притиснете "старт" копчето за да го изгасите моторот!? --------------------- Od: http://on.net.mk/statija.asp?id=7548