Сељакот во мене
Сељакот во мене
sapeski Текстот е преземен од [url="http://www.4fun.com.mk/modules.php?op=modload&name=News&file=article&sid=22&mode=thread&order=0&thold=0"]овде.[/url] Секој народ, нација, држава па дури и остров има своја кулура кој е слика на истиот и по која се препознава во светот. Тргнувајќи од нас, тоа би можело многу тешко да се изведе. Имено, ние како народ со стара култура, која е премногу комплексна за да не препознае светот, не можеме дури ни самите себеси да се разбереме... Па така во одредени ситуации не можеме да процениме што сака да покаже „културата“ на некој човек или зошто тој воопшто ја негува неа. Иако културата кога би се делела на подгрупи би можела да биде или домашна или улична, но понекогаш доаѓа до взаемно дејствување на едната и другата при што доаѓа до мешање на истите и не може понатаму да се разликуваат, односно како се реагира на улица така и дома и обратно. Е токму тогаш се распознава вистинскиот човек… Знам дека живеам во предел од главниот град каде културата не сјае многу, односно може да се види се и сешто освен КУЛТУРА (никогаш не ги сфатив сограѓаните кои чекаат на автобуска во позиција клекнати како да се во полски нужник, но тоа не е најстрашно има и онакви кои редовно немаат шамивче во џеб па сакајќи да се избришат користат ракав, но понекогаш дури и од дрво се случува да си го избришат показалецот или пак со движење како на револвераш ќе го треснат „непотребниот материјал“ од асвалтот)... Но ме изненадува фактот што не е само кај мене така. Цело Скопје (во случајов го издвојувам како пример бидејќи само за него можам со факти и лични видувања да зборам) е за нигде кога станува збор култура. Дури понекогаш ти доаѓа да се запрашаш …: чекај бе па ние сме културен народ или не ? Во автобус да не ти дојде ни под разно да влезеш во ударен термин: сабајле од 7 до 8 и попладне од 12 па до 16 часот. Во тој период човек може се живо да види дури и тоа што сака и што не сака, почнувајќи од баби кои се тепаат за место на секој можен начин (буткање на секој човек кој е до златното слободно место и понекогаш во екстремни случаеви кога имаат ривал од друга страна како да настанува натпревар кој попрв ќе го фати местото при што се употребува техника бацање ѓуле но во случајов торба за да се освои местото, се разбира, тогаш следи правилото чија торба е на седиштето негово е местото Ќе заборавев додека се освојува местото бабите се дерат на цел глас дека сакаат да седнат ка’о демек другите да знаат дека наидувааат они и треба да го остават местото слободно), недепилирани жени кои носат маички по прерамки (иако ова зависи од колку самата жена обрнува внимание на самата себеси, но ми се има десено пред неколку години, кога имав кратка коса, влегувам од средна врата на автобусот и случајно исправајќи се застанав токму помеѓу две жени кои си правеа муабет од кои едната држејќи се горе за држачот имаше коса поголема од таа на мојата глава… Aх да да напоменам дека носеше маичка по прерамки, изгледа дека и од тука после доаѓа вицот за балерината во автобусот !!!), луѓе кои ретко се бањаат (чиј ефект највеќе се забележува во летно време), луѓе кои секогаш кога седиш , а тие стојат со кеса во рака па нон стоп ти ја растураат фризурата мафтајќи со кесата над тебе како да сакаат да ти кажат… aј стани ми нели гледаш дека сум со кеси… Луѓе кои обожаваат кога ќе им заѕвони мобилниот телефон во автобус па се праат важни и тераат муабет додека се симнат, луѓе кои секогаш стојат до вратата на автобусот и не се мрдаат ни за ништо иако не се симнуваат на барем следните три станици …итн, итн. Меѓутоа не верував дека ваков вид на култура ќе видам и на културно-уметнички настани. Имено, пред некое време Ритам Плус (друштво кое се занимава со културата од областа на танцот) славеше 30 години од постоење па имав среќа да присуствувам на тој настан во Универзалната Салата (намерна е грешката). Пред влез гужва невидена, но никој како да не влегува (иако беше веќе 20 часот кога требаше и да започне настанот). Сите ко по дифолт чекаат последни да влезат при што внатре се создава уште поголема гужва и неред, а за нервоза да не збориме. Но во моментот кога ќе дојдеш до своето место тогаш настанува хаос. Изгледа луѓето навикнати се на техниката во автобус, па си седи кој каде сака или кај стигнал да фати место, занемарувајќи ги картите. Мене лично ме чуди зошто воопшто постојат карти и онака некои не знаат ни да ги читаат. Може лепо фино, дај пари на каса влези и седни, што ќе ти е некое книжиче кое и онака ќе го фрлиш кога ќе влезеш. И така доаѓајќи до нашето место (зборам за себе и друштвото од уште 5 души) увидовме дека некој веќе ни седи на местото. Фино ем културно и со адекватен тон ги замоливме луѓето да ни го отстапат местото бидејќи според картите тоа ни припаѓа на нас. Но не фино ем не културно и со неадекватен тон и вокабулар не одјеб** како ланскиот снег или да ви го доловам моментот во прво лице..: што ме заболе бе јас седнав тука најдете си место додека уште има !!! За да биде иронијата уште поголема тие воопшто и немаа карти !!! Потоа следеше карање, викање и мрштење при што некои од луѓето заминаа од нашето место, но остана само еден човек (негде околу 40 и нешто години стар, судејќи по сурат и култура дефинитивно автомеханичар ) со својата жена и мало дете и не сакаа да станат, а ние сакавме да си седиме сите 6 души на исто место зошто после којзнае кај ќе се најдеме во таа гужва. Еден од моите другари го замоли да стане при што ја доби оваа реакција..: сакаш ли бе да ти искинам тоа менѓушата и да ти ја закачам на к*рот…а ! Другарот остана вџашен (иако сакаше да му реплицира навредувајќи ја жена му но се воздржа). Некако „пушти“ душа и седнавме само четворица, а двајца мораа да идат малку подоле бидејќи сепак тој сеуште не стануваше, тврдоглав како магаре. Се стокмивме некако, а јас седејќи како миротворец меѓу другарот кој ќе завршеше со пирс на пенисот и него (автомеханичарот), разбрав дека имало и посериозни закани од типот: … ај ќе видиш кога ќе излезеш надвор !!! Не ми се веруваше !!! Четириесет и кусур годишен, со жена и дете, се заканува со тепање на дваесет и нешто годишни !!! Сешто ќе биди човек. Не да не му доликуваше, но какви се не идиоти мора да трпи оваа земја. И после тоа како да следиш смирено некој културно-уметнички настан, кога во секој момент се спремаш да се одбраниш од автомеханичар, со напад се разбира ;) … Помина настанот во најдобар ред, најубаво нешто што досега сум видел, иако многу не се движам по ваквите настани. Сега следеше соочувањето, но за жал се сведе сето тоа само на вербалниот дуел кој одамна заврши… Соопштение: Се молат сите луѓе кои имаат лични проблеми без разлика од која природа (психолошка) да ги решат дома или пред да отидат на некој културно-уметнички настан зошто инаку ќе го упропастат и она малку од култура што го имаме.
Thief Оној кој го напишал телстпв нема јазична култура, банализира, воопштува, карикира за да изнесе сопствем пример и да се пожали дека не можел да седне на местото за кое платил карта! Тоа е лајт-мотивот, а дечкото се обидува да филозофира, наместо да си го каже она што му лежи на срце! Во право е за „автомеханичарот“, но имам сериозно забелешки на остатокот од неговиот текст!
kopacot posle nie provincijalci :))
elena_ ne se raduvaj mn mn ....kaj vas uste pobeter se ...hehehe
Bravo A sho pa ti u sekoj tekst barash umetnichka vrednost i pravilna podredenost na glavnite sochiniteli (voved, zaplet,rasplet)?...daj oladi malce... [;)]
highlander Во право е човекот... требало да си влезе на време и никому ништо...
Thief
quote:
Originally posted by Bravo
A sho pa ti u sekoj tekst barash umetnichka vrednost i pravilna podredenost na glavnite sochiniteli (voved, zaplet,rasplet)?...daj oladi malce... [;)]
Секој тескт јавно објавен МОРА да биде лекториран, вели нашиот закон! Плус, зошто дечково ме замара со неговиот личен проблем?! Едно од главните правила за јавно објавените текстови е дека може да раскажуваш лични приказни и случки, ама ако преку тоа можеш да допреш до повеќе луѓе! Овде, има мнооогу работи кои не штимаат... не сакам да се расправам, но кога е книжевност и публицистика во прашање, мислам дека имам некои познавања...
Bravo Sekoja cest ..ne nekoe, ja bi rekol imas relevantno znaenje na eden sposoben lektor[:0].No dali toa ti dava pravo da stavash kritiki na izneseni mislenja na clenovi na eden obichen naroden forum? I ustvari sho e poentava?[8D]