StormAngel |
[img]http://int.dnevnik.com.mk/izdanija/2435/7451.jpg[/img]
Прозорец кон светот на технологијата
"Инфоком 2004", меѓународен саем на компјутери, телекомуникации, телекомуникациска, аудио и видеоопрема и стручна литература вчера беше отворен по десетти, јубилеен пат на Скопски Саем. На површина од 11.000 квадратни метри, осумдесетина учесници од повеќе земји ќе се претстават со околу 250 домашни и странски фирми.
Саемската манифестација ја прогласи за отворена Властимир Гламочанин, декан на Електротехничкиот факултет во Скопје. Соорганизатор на "Инфоком 2004" годинава е Македонската асоцијација за информатичка технологија- МАСИТ. Саемот ќе биде отворен до 24 април.
Во првата саемска хала се изложени најновите модели на компјутери и компјутерска опрема, хардвер, софтвер, компјутерски мрежи, компјутерско проектирање и дизајн. Во третата хала се претставени современите технологии на телекомуникациите и мобилната телефонија.
МАСИТ за време на саемот изготви стручна програма со 30 презентации и предавања.
Влезницата чини 30 денари, за организирана посета на ученици и студенти 20 денари, а бесплатно е за пензионери и за деца до седум години.
(prevzemeno od Dnevnik) |