Grchki vizi
Grchki vizi
melpomena НАВАЛИЦА ЗА ВИЗИ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ВРСКИ НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ВО СКОПЈЕ Ќе се издаваат грчки визи без фотографии Конзулот Панајотис Јотопулос, за да се поедностави процедурата, од почетокот на мај најавува нов начин за вадење грчка виза со кој за визата нема да биде потребна фотографија, а податоците на визата ќе се внесуваат компјутерски, наместо рачно како што е сега. Дневно се издаваат по 700 - тини, а со новините таа бројка ќе достигне до 1.000 визиОд почетокот на мај за грчка виза нема да бидат потребни фотографии. Ова е дел од новитетите на работењето на конзулатот што почна да ги воведува конзулот Панајотис Јотопулос, со цел да ја поедностави процедурата за издавање грчки визи. Со воведувањето на оваа новина, грчката Канцеларија за врски во Скопје ќе биде прва во светот која ќе почне да издава визи без фотографии. "Нема повеќе да се губи време на лепење или захефтување на сликите, а на документот на кој ќе стои визата, податоците ќе се запишуваат компјутерски. Досега тоа се правеше рачно, и се губеше време. Со новиот документ тоа време се скусува на половина", изјави конзулот Панајотис Јотопулос. Новата форма на документи веќе се печати во Грција, а се разликува од стариот документ по тоа што нема да има место за фотографија, туку ќе има дел во кој компјутерски ќе се внесуваат податоците на оној што аплицира и дел во кој ќе стои визата. Конзулот Јотопулос очекува новиот документ да почне да се употребува во почетокот на мај. Грчката Канцеларија за врски сега издава по 700- тини визи дневно, а со воведувањето на новиот документ, конзулот Јотопулос смета дека ќе може да се издаваат по илјада визи дневно. Тој нагласи дека интересот за грчки визи во Македонија е многу голем. "Веќе закажуваме разговори за оние што аплицираат за крајот на јули. Од сега до крајот на јули имаме 43 илјади апликации. За да одговориме на сите нив, според нашите пресметки, треба да издаваме по 2.000 визи дневно, што е невозможно", рече конзулот Јотопулос. Тој нагласи оти во амбасадата се свесни дека интересот за грчки визи допрва ќе се зголемува поради летните одмори, па, за да може да одговорат на барањата, освен воведување на новиот документ, ќе побараат и засилување. "Со новиот документ и со засилувањето што очекуваме дека ќе го добиеме, сметам дека ќе можеме да им издадеме визи и на оние што планираат да одат на одмор во Грција", вели конзулот. Од новиот начин на издавање визи, кој почна да се применува во март оваа година, освен грчкиот конзулат, задоволни се и македонските граѓани. Многумина од нив посочуваат дека и односот на службениците е коректен, а и воопшто целиот амбиент во амбасадата е сменет на подобро. "Во споредба со тоа како лани чекав за виза и окапував со денови пред конзулатот, овој начин е многу хуман, цивилизиран и им овозможува на сите да поднесат барање за вадење виза", рече еден од луѓето кои чекаа за разговор во конзулатот. Граѓаните го одобруваат новиот начин, но забележуваат дека проблем се јавува што има многу барања, а списокот брзо се пополнува па закажувањето е далечно. "Јас сакав да одам на одмор во јули, но еве сега ми закажуваат за крајот на јули. Изненадена сум, не очекував дека уште од сега се е толку пополнето", вели скопјанката С.П. и додава дека независно од тоа "сега е многу подобро од порано, зашто ги нема турканиците, навредите и шиканирањата кои го навредуваа достоинството на луѓето". М.Илиевска www.vest.com.mk p.s. Abe i nie Makedoncite ... ne ne biva[:(!] Dogovori se edna godina NIKOJ da ne stapne u GRcija, da vidish kako kje ti davaat viza na granica[8D]
Sunshine se slozhuvam deka se povekje korektni od porano, tri pati da im kazhesh deka odish vo Solun namesto tesaloniki i da ti dadat viza e sepak korektno[:)] i jas vikam da ne se odi edna godina pa da vidime shto kje bide, ali teshko izvodlivo.
sapeski Ете го и лепотанот кој ќе го "замачкува" процесот. [img]http://www.vest.com.mk/images/{CC52BB95-191E-4658-A5BD-417A749753AB}_grckiot-2.jpg[/img]
Strelec Eve jas ovaa godina javno se otkazuvam od odenje vo Grcija!!!
Ceki
quote:
Јас си одам на наше море, кај наши луѓе.
Bravo! Jas ne odam vo juzna Makedonija na more, ama vo severna na ezero [8D] Ama bi sakal ednuska i Solun da go vidam, ama kako Solun a ne kako tesa****** . Mozda nekogas, koj znajt.
protivpropaganda Јас не одам во грција на море! Јас си одам на наше море, кај наши луѓе. [:D][8D] Е сега, тоа што треба да се направи за да се стигне до таму, вината лежи само кај нашата организирана власт, односно џоа организирана.
DJ_SHEMA Ni nekogash sum bil, nitu pak sakam da otidam.
Christian егејска македонија е многу убава,знаеле грците што зимаат 1913. Последен пат кога бев на халкиди на доста хотели се вееја македонски знамиња,само уште да беше старото знаме ке беше јако.