Хајде да се волимо - Вториот дел
Хајде да се волимо - Вториот дел
DJ_SHEMA Чинам бев десет, а можеби и еднинаесет години. Памтам дедо ми не однесе мене и пет мои братучеди и братучетки на кино да го гледаме филмот. Крца фиќото со шест клинци и еден најдобар дедо на свет што се најде волен да не однесе сите нас. Во Вардар II се даваше памтам, на горниот спрат. Знаејќи дека ќе биде тутма, бевме дојдени уште со време, можеби и еден час пред почетокот. Возбудени сите ние клинците, знаејќи дека во тоа време Лепа Брена беше најкул мома во Југа а и богами и на балканот. Се мислам дека ни купи и сончоглед, по еден фишек за двајца братучеди, да делиме братски! Како и да е, дојде 1:30 и си влеговме да го гледаме филмот. Ја и братучед ми (единствени машки), со подзинати усти го гледавме цел филм. Па кога се појави тој спотот вметнат во филмот со Робиња песната, ех си викам брено, брено ја би скокнал и би те ослободил од прва само да ми дадеш еден ишарет дека сакаш да си со мене. Ко 5 минути да траеше филмот, за миг заврши а јас заљубен до уши во брена. Срцето ми е рането, нек ми ставе окове нек ме заробе, ја фикрета ја сакам. Да не олади дедо ни после таков напет филм со чаки и неговите ујдурмии правец во Малага на слатки. Стандардно јас тулумби две и сок од боровница. За боза никогаш не сум бил мераклија и дури со ептен молење пробав после неколку години. Се думам дали да одам на концерт на брена, сега после толку години, ја женет чоек, не верувам дека ќе се повторат тие чуства. Ама ете, да се запознаевме на времето, кој знае шо бива. Вие, пријатели мои, како ја доживеавте премиерата на овој филм?
n/a Јас паметам со баба ми ги гледав на кино. Како во сон паметам, малечок бев.
n/a Кад сам ја био мали, тек пошао у школу крајем 1980-их, скупљао сам Бренине слике са једном комшинком и лепио у свеску. Онда је Брена дошла да држи концерт у мом граду. Купио сам први карту, за прво седиште у првом реду. То је било најгоре седиште јер се ништа није видело :( Елем, купио сам јој цвеће и однео сам јој, а она ме је пољубила у образ. Имам и фотографију. Углавном, нисам тај образ умивао после недељу дана :).
melpomena Are topicov samo za mashki e?[8D] Shema aman bre na 10 godini si razmisluval "bi ti skoknal...ova ona"[:0][:D] Jas normalno na kino so tatko mi (sekoja sabota na nov film, a nedela sabajle beshe rezervirano za filmovi od Vtora Sv. Vojna vo Dom na JNA[:)]). Inaku kako zhensko shto drugo bi gledala u Brena ako ne chevlite [8D]
DJ_SHEMA Dobro, da nema zabuni, jas ne mizlev da ja onadam na 10 godini. Mislev osamo naka da ja odbranam [;)] od makite i robuvanjeto.