sapeski |
[img]http://www.vest.com.mk/images/{25562354-8BCB-41E5-9AF2-BBE6EDA670B5}_dosta-2.jpg[/img]
Во издание на софиската издавачка куќа "Синева" излезе од печат збирка поезија на Доста Димовска со наслов "Бели дождови". Изборот на овој прв превод на поезијата на Димовска на бугарски јазик го направил современа бугарска поетеса Катја Ерменкова, а во него се поместени околу осумдесет песни од двете досегашни книги поезија на Димовска- "Раѓање во белината" и "Дланки".
Македонскиопт издавач на Димовска, Бранко Цветкоски од "Макавеј" известува дека "Бугарската јавност била пријатно изненадена од книжевниот ангажман на авторката која, таму, пред се беше позната по нејзиниот политички ангажан". Книгата "Бели дождови" е проследена и со опсежна био-библиографска белешка за авторката, како и со илустрации на сликарката од Бугарија Димка Киприева. (Д.С.)
|