melpomena |
ЧЛЕН НА АМЕРИКАНСКАТА АКЕДЕМИЈА СУГЕРИРА
Филмот "Големата вода" на режисерот Иво Трајков по препорака на угледни холивудски продуценти и режисери може да конкурира за престижната награда оскар.Суки Меденчевиќ, директорот на фотографија на филмот "Големата вода" им доставил приватна копија од филмот на неколкумина угледни холивудски творци: на продуцентот Стујард Бирнбаум, добитник на наградата ЕМИ, Брајан Роџерс,член на Британската академија за филм,режисерот Ник Кастл, Хери Керамидас, член на Академијата за филмска уметност и наука во САД и на Ени Горсад, член на американската Академија за уметност и наука , која соработувала со режисерот Френсис Форд Копола и со актерот Џек Николсон.Во одговорите тие пишуваат дека се одушевени од филмот на Трајков и дека тој е од калибарот на оние европски филмови кои се за номинација за Оскар.Режисерот Ник Кастл во писмото до директорот на фотографија Меденчевиќ, кој живее и работи во Лос Анџелес напишал :за филмот "Кој и да одлучува во Македонија за тоа кој филм да ве претставува на свеченоста за Оскарите, во категоријата за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, тие не би можеле да одберат нешто повеќе од "Големата вода".
"Големата вода" е филмска верзија на истоимениот роман на Живко Чинго во режија на Иво Трајков, во македонска продукција кој се снимаше во Македонија. Монтажата и тонската обработка на филмот, во долби дигитал технологија, се правеше во Чешка, неа аја работеа монтажерот Атанас Георгиев, дизајнерот на тон Владимир Хреновски и тон мајсторот Иво Хегер.Обработката на сликата е направена во Копенхаген, Данска во "Дигитал филм лаб", една од најсовремените поспродукциски куќи во Европа.Целиот филм е скениран во дигитален формат, а потоа и ласерски вратен на филмска лента со примена на технологијата "Дигитален интермедијат", која е последен тренд во светската кинематографија.Оваа постапка ја следеа директорот на фотографија Суки Меденчевиќ и главниот колорист Деметри Китсиопоулос ,кој долги години работел во Холивуд. Брајан Роџерс, членот на Британската академија за филм страшно ја пофалил екипата која работеше на "Големата вода" :"Како тим сте успеале на еден одличен начин да ги споите заедно ликовите и градењето на приказната со еден специфичен израз карактеристичен за Европската кинематографија, но, во исто време, се чувстува духот на современата холивудска продукција".Композитор на филмската музика е Кирил Џајковски, музиката ја снимаше во Скопје и во Лондон, а монтажата ја направи во Прага.. Финалната копија на "Големата вода" на Иво Трајков е направена во "Сохо имиџес" во Лондон, во најпрофесионални услови. И познатиот филмски критичар, Ненад Дукиќ, член на Европското здружение на филмски критичари, за "Големата вода" изјавил дека филмот со своите уметнички и технички квалитети има големи шанси да се најде во конкуренција на филмскиот фестивал во Венеција. Затоа "Големата вода" уште нема премиера во Македонија, продуцентот "Кавал" со филмот прво ќе конкурира за фестивалот во Венеција, и ако влезе во селекцијата, дури потоа ќе ја има премиерата во Македонија.Правилата на Венецискиот фестивал се филмот пред тоа не биде прикажуван.Утревечер "Големата вода" во киното "Милениум" ќе има затворена претпремиера со цел да им се прикаже финалниот производ пред екипата што работеше на него и пред претставниците на медиумите.
(Н.Д.)
www.vest.com.mk |
AaaAa |
Go gledashe nekoj filmot ?
ИВО ТРАЈКОВ - РЕЖИСЕр
По емотивните сцени ќе н$ препознава светот
Ако некој го цени овој филм треба да биде поради искреноста, можеби тој не е софистициран како што се некои други дела во историјата на кинематографијата, ама не сме ни ние и не треба да се бега од тоа, иако има универзални моменти што ќе бидат препознатливи за светот
Десет минути громогласен аплауз во киното ?Милениумм? во петокот, на промотивната проекција на филмот ?Големата водаа?, во режија на Иво Трајков, беше истовремено восхит од новата приказната на македонскиот режисер што со играното долгометражното деби свртел нова страница во домашната кинематографија. Снимен според сите светски стандарди, со препознатливиот јазик на Прашката филмска школа, со американското осветлување и камера, а сепак одличен македонски филм. Остава впечаток на високобуџетен, иако е сработен со малку пари. Со екранизацијата на истоименото дело на македонскиот автор Живко Чинго, како што вели Трајков - ?со сите аспекти на универзалното, Македонија е спакувана во една фабрика и еден двор, сите нејзини болки и радостии?. Приказна е сместена во темнината на поствоените трауми, адаптирана во сведоштво за едно време 1945-1947, но со акцент на вечните детски прашања и дилеми што н$ следат до смртта. Трајков се надева дека ?Големата водаа? ќе го поплави светот со пораката што ја носи, а во која и покрај с$, стои автентичноста на сензибилитетот типичен само за овие простори.
lНајсилниот впечаток во ?Големата водаа? оставаат до детали извајаните детски ликови. Како беше да се работи со деца?
- Ако човек реши да работи со деца-актери тоа е многу тешко, но истовремено и благодарно. Тоа е проект во проект. Го имавме Микола Хејко, кој е најдобар во Европа за детски кастинг, но дури и тој, кога го виде сценариото, рече дека е голем предизвик и ќе оди тешко. Му предложив да бидеме упорни и, со оглед на тоа што Македонија е мала земја, да ги видиме сите деца. Успеавме да видиме сигурно 75 отсто од децата и резултатот беше фантастичен. Хејко поседува ретка способност да ја препознае во децата потребната харизма за филмскиот лик. Кастингот е алфа и омега, ако го избереш вистинскиот, 90 отсто од работата е завршена. Но потоа треба многу да се внимава. Децата, разбирливо, немаат способност за актерска трансформација, тие живеат паралелно и влегуваат во ликот и дејството. Инсистирав секое дете, дури и тие што се појавуваат маргинално во некој кадар, да бидат внимателно избрани и тоа се исплатеше.
lАктерот Мето Јовановски со гласот на нараторот е постојано присутен, но паралелно главната улога ја носи и Митко Апостоловски, кој, иако со долгогодишно актерско искуство, е прв пат на филм. Задоволни ли сте од изборот?
- Сите актери во овој филм беа фасцинантни за работа. Првите комплименти што доаѓаат од некои продуценти што го видоа филмот се однесуваат на кастингот. Го направив вистинскиот избор. Со Мето беше задоволство да се работи. Тој е човек со многу искуство и најтешко беше да го убедам дека неговата улога е голема, иако е присутен со неколку сцени и со гласот. Тој тоа го препозна и испадна фантастично. Со Митко Апостоловски се случи тоа што очекував, едноставно одигра како што замислив.
lИ по првото гледање ги забележав интервенциите во приказната на Живко Чинго. Во колкава мера и со каква цел е правена адаптацијата?
- Со сценаристот Владимир Блажевски поминавме доволно време само разговарајќи. Секогаш тргнувавме од романот, движејќи се во нови насоки, но и се враќавме таму. Не беше проблемот во тоа дали сакав да го направам романот близок до сценариото или не. Има филмови што се многу блиски до литерарното остварување. Но Чинго пишува херметично. Од литературниот направивме филмскиот јазик, односно тоа што тој успева да го долови со книжевниот израз морав да го направам со филмскиот. Романот дава едно чувство, а филмот треба тоа да го визуелизира. Направив некакво квалитативно поместување и, за да останам верен на делото, се изразував преку симболика.
lФилмот е силно емотивен. Чувства го преплавуваат гледачот од првата минута на филмот с$ докрај. Дали тоа го направивте свесно?
- Решението беше филмот да оди преку емоција. Тоа мораше да биде така бидејќи с$ што оди преку приказната е ставено во сеќавањето на еден човек, а меморијата е поврзана само со емоцијата. Ништо не е реално, тоа е сеќавање. Втората работа зошто тој е емотивен е дека тој е македонски филм, а ние не можеме да се презентираме со некаква педантна рационалност типична за други народи, туку само преку емоција. Ако некој го цени овој филм треба да биде поради искреноста, можеби тој не е софистициран како што се некои други дела во историјата на кинематографијата, ама не сме ни ние и не треба да се бега од тоа. На крајот на краиштата, тој не е локален, има универзални моменти што ќе биде препознатливи за светот.
lЧешката страна овој филм го помогна безрезервно. Дали вашите идни проекти ќе ги работите во Чешка и колку во тој случај ќе можеме да сметаме дека вие сте македонски режисер?
- Моментално живеам во Прага и засега не мислам да се преселам во Македонија. Во мојата професија понудите можат да стигнат отсекаде. Ако се договорам со продуцентот да работам тука, ќе треба да останам повторно една година и нормално е да се преселам со семејството. Можам да кажам една анегдота поврзана со мојот претходен филм што го работев комплетно во Чешка. Беше снимен филмот и доби главна награда и морав да бидам присутен таму. Главната афера на филмот беше дека режисерот е роден во Македонија, а филмот го нарекле македонски. Чешките новинари се вознемирија и тој гаф јасно укажа дека јас, каде и да сум, ќе бидам Македонец и ќе ја претставувам мојата земја. Човек, каде и да е роден, треба да ја издржи таа детерминација. Понекогаш е многу полесно да кажеш дека си приспособен и јасно е дека некој ќе сака да те придобие. Тука филмската продукција не е голема и за сите нас е подобро што не сум тука. Така им отстапувам место на сите што немале можност да работат филм, а од друга страна, сакал или не, нормално е дека правам пропаганда на нашата култура и сето тоа е за трајни цели и полека-полека да и помогнеме на Македонија.
lДали имате предвид некои нови проекти?
- Новиот проект е во зародок и рано е да се зборува за тоа. Ништо конкретно, станува збор за еден продуцент Индиец што работи во Америка и некои Австријци. Контактот е остварен многу случајно и тоа е пример ако некој спори како може да се сработи копродукција. Директорот на фотографија Суки Меденчевиќ имал контакти со него и слушнал дека тој работи некаде во Европа. Продуцентот бил заинтересиран за некои од нашите соседи, но Суки му рекол зошто тоа да не биде Македонија. Тој го прашал - зар таму нема војна. Откако ја погледна копијата, следниот ден ми се јави и рече дека е воодушевен од филмот и би сакал да работиме заедно. Ете тоа е најконкретен пример што прави ?Големата водаа? и пред својата премиера. Ако тој човек дојде тука и биде задоволен од соработката, ќе остави пари и ќе ја поттикне продукцијата, а потоа и самиот ќе лобира кај колегите за некој филм. Интересот на продуцентите е голем. Ветувам дека ?Големата водаа? ќе го видат минимум 50 фестивали и во еден момент во некои медиуми ќе се зборува за Македонија и не знам кој амбасадор може тоа да го направи. Се надевам дека ќе влезам во селекцијата на Венеција. |