Утре истокот се спојува со западот |
sapeski |
[img]http://int.utrinskivesnik.com.mk/izdanija/1461/10508.jpg[/img]
Европа никогаш не постоела и треба да се создаде", изјави Жан Моне, идејниот творец на ЕУ, во почетокот на големиот експеримент кој ќе финишира оваа сабота со најголемото и најамбициозно проширување во историјата на Унијата. Да беше жив, ќе беше ли горд на своето денешно дело или, пак, како многу скептици во Европа ќе ја оставеше еуфоријата за некои други времиња?
Како и да е, утре во Даблин лидерите на 25 земји заедно ќе ја испеат европската химна, ?Одата на радоста", и ќе му дадат историски печат на настанот кој ја одбележува деценијава. Меѓу нив, прв ќе слави британскиот премиер Тони Блер, кој ќе организира ?хај клас"-забава во Лондон во чест на приемот на десетте членки, иако му зададе речиси смртен удар на Брисел, најавувајќи референдум за новиот устав, кој ќе повлече исти такви потези во други земји.
Ова е момент за славење, но и за загриженост - е универзалниот коментар околу историското проширување на Унијата, најголемо и најамбициозно по предизвикот што го носи како политичка одлука. За славење е бидејќи Европа, конечно, е обединета на најформален начин и бидејќи ЕУ со своите правила и принципи е гарант за мир на континентот, поради што проширувањето некои го нарекоа најголем мировен проект досега. За славење е, исто така, бидејќи ќе доведе до создавање на најголем економски пазар во светот и може да помогне европските интереси да се изборат за поголем примат во меѓународни рамки. За славење е бидејќи осумте источноевропски земји првпат слободно влегуваат во еден сојуз, во кој, наспроти старите искуства, ќе се почитува нивната волја, бидејќи ниту една од овие земји не очекува Брисел да биде нов Кремљ. За славење е и затоа што дефинитивно, 15 години по паѓањето на Берлинскиот ѕид, може да се затвори досието од Студената војна, иако односите на ЕУ со Русија треба и натаму да се допеглаат и да исчезне психолошкиот отпор кај источните земји на релација со Москва. Новите, а и старите членки се надеваат дека проширената ЕУ ќе им овозможи и побрз и поголем економски пораст и дека ќе им помогне да ги надминат поделбите и да создадат уште пообединета унија, но скептиците не веруваат во тоа.
Влегувањето на Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Латвија, Летонија, Естонија, Малта и Кипар во Унијата, за многумина сепак е почеток на крајот на идеалот за обединета Европа. Британските весници деновиве објавија дека дури 79 отсто од жителите на Британија не можат да препознаат ниту една од новите десет земји во Унијата, а британските бизнисмени бараат отфрлање на еврото и на уставот, бидејќи ЕУ од ваков формат не може да генерира раст каков што би имале надвор од нејзините засилени надлежности. Економисти од Запад и од Исток проценуваат дека ЕУ има многу привлечности, но економскиот динамизам не е една од нив, при што не веруваат дека богатите западни земји ќе ги повлечат силно напред сиромашните источни земји, туку случувањата ќе бидат обратни. Уште повеќе, што најголемите европски плаќачи покажуваат замор од овој товар, па се осигурија дека финансиската помош на источните земји наредните години ќе биде сведена на минимум, што се виде најдобро низ аграрната политика.
Некои други процени, пак, се дека новата обединета Европа сў повеќе ќе личи на старата Европа поделена од спротивставени интереси и судири, и дека овој 1Мај ќе биде крај на златното време на ЕУ. Како пример се наведуваат рестриктивните мерки што ги презедоа старите земји-членки кон новите во однос на движењето на работниците, и контроверзиите што испливаа на површина околу гласовите за одлучување. Тие контроверзии може да ја принудат Унијата наредните години да се посвети, пред сў, на менаџирање на внатрешните проблеми отколку на целите заради кои дојде до проширувањето, при што прва жртва ќе биде идејата за Унијата како една држава.
Во оптек се и процените дека новата Европа ќе значи крај на приматот на Западна Европа и дека моќта ќе ја загуби и француско-германската локомотива која сега ја бара британската помош за да го има главниот збор околу иднината на Унијата, бидејќи сама нема доволно гласови за тоа. Новата ЕУ се гледа и како почеток на крајот на американско-европското партнерство какво што беше досега, бидејќи патиштата на Брисел и на Вашингтон почнуваат да се разидуваат, а интересите да се спротивставуваат. ЕУ ќе се соочи и со некои многу прозаични проблеми, како што е апсурдноста на преведувањето на сў и сешто на сите јазици во Унијата.
?Најдете ми барем еден што може да преведува од малтешки на фински", е најцитираната реченица на евробирократ во Брисел, откако нараснаа стравувањата дека работата во ЕУ-институциите ќе стане напорна и невозможна ако се почитува овој принцип на работа. Во Брисел веќе размислуваат и за тоа дали ќе бидат доволно големи салите за состаноци, на колку да се ограничат излагањата, кои одлуки треба да се носат со какво мнозинство и како да се направи нивниот живот поподнослив.
Иако никој во ЕУ не сакаше да ја пропушти историската можност за обединување на Европа и за создавање многу помоќна унија, стравот дали се дораснати на предизвикот и натаму е голем, дотолку повеќе што Германија и ден-денес не успева да ги хармонизира двата дела во државата, иако парите што ги вложи наделеку ги надминуваат сумите што Брисел е подготвен да ги даде за новите членки.Некои одат и подалеку, па сметаат дека ЕУ не е подготвена да се справи со проширувањето, бидејќи во моментов нема визија, нема лидерство, а нема ни договор за уставот, и дека најмалку што ќе биде потребно е да си даде време да го свари приемот на десетте земји во членство, пред да размислува за други проширувања. Првата голема главоболка веќе дојде од Кипар по неуспешниот референдум за обединување, иако тоа беше еден од предусловите оваа земја денес да го слави членството со други. Се најавува дека кипарскиот лидер во Даблин ќе биде екскомунициран поради повикот до гласачите да го отфрлат реферемндумот и да не им се дозволи на ЕУ-функционерите да се обратат до нив.
Искуствата на Брисел со проширувањата, сепак, даваат надеж дека старата формула ќе успее, иако е сосема јасно дека ќе биде потребно многу повеќе време и многу повисока цена. Гледано од денешна перспектива и за Унија од шест земји членки, колку што беше ЕЗ во почетокот, проширувањето со три нови (Ирска, Данска и Велика Британија) не беше мал залак, дотолку повеќе што двете од нив и ден-денес не се членки на заедничката валута, а Британија и на Шенгенскиот режим.
За Македонија, која ги прави првите чекори кон Унијата, овие дилеми сў уште се во сферата на имагинарноста, а веројатно и ќе останат таму, бидејќи како држава има капацитет само да ги следи процесите на глобалната сцена, но не и да ги предвидува и осмислува. Јасно е дека таа ја пропушти златната ера на Унијата, кога дарежливоста беше поголема, како и ентузијазмот и шансите да се хармонизира побрзо со Унијата. Стотици илјади работни места се очекува наредните години да се преселат од Запад на Исток, но сите тие ќе ја одминат Македонија, а таквиот тренд тешко ќе се повтори во историјата во таков обем, бидејќи се отвораат нови светски хоризонти. Ако ништо друго, кога ќе се најде пред влезот во ЕУ Македонија барем ќе знае со каква Унија се соочува, бидејќи дотогаш многу од дилемите што постојат сега треба да добијат конечен епилог.
|
sapeski |
[img]http://vesti.mt.net.mk/images/EU_karta_novi.jpg[/img]
Европската унија денес се прошири со уште десет нови земји-членки.
Во продолжение следуваат куси податоци за новите членки на ЕУ:
Естонија:
Територија: 45.200 км2
Население: 1,4 милиони
Главен град: Талин
Население: 68% Естонци, 28% Руси, 4% останати
Религија: протестанти и православни
Службен јазик: Естонски
Претседател: Арнолд Рујтел, избран на оваа должност во 2001 година
Премиер: Јухас Партс од конзервативниот Сојуз за Република - Рес публика (РесП) избран минатата година
БДП пер капита : 11.000 долари
Стапка на невработеност: 12,4%
Стапка на раст: 6,7%
Инфлација: 3,7%
Кипар:
Територија: 9.251 км2
Население: 900 илјади
Главен град: Никозија
Население: 85% Грци, 12% Турци, 2% останати
Религија: 78% православни, 18% муслимани, 4% останати
Службен јазик: Грчки и Турски
Претседател: Тасос Пападопулос - претседател на дрчкиот дел на Кипар (Република Кипар), избран на оваа должност во 2003 година како кандидат на Демократската партија
Рауф Денкташ - претседател на турскиот дел на Кипар (Турска Република Северен Кипар), избран во 1976 година
БДП пер капита : 15.000 долари - грчки дел; 6.000 долари - турски дел
Стапка на невработеност: 3,3% - грчки дел; 5,6% турски дел
Стапка на раст: 1,7% - грчки дел; 2,6% турски дел
Инфлација: 2,8% - грчки дел; 24,5% турски дел
Летонија:
Територија: 64.589 км2
Население: 2,4 милиони
Главен град: Рига
Население: 58% Летонци, 30% Руси, 4% Белоруси, 8% останати
Религија: протестанти, католици и православни
Службен јазик: Летонски
Претседател: Вајра Вије-Фрајберга, избрана на оваа должност во јули 1999 година
Премиер: Индулис Емсис од коалицијата Зелени и Земјоделски сојуз (ЗЗС) избран на 9 март 2004 година.
БДП пер капита : 8.900 доалри
Стапка на невработеност: 7,6%
Стапка на раст: 5,7%
Инфлација: 2%
Литванија:
Територија: 65.200 км2
Население: 3,5 милиони
Главен град: Вилнус
Население: 81% Литванци, 9% Руси, 7% Полјаци, 3% останати
Религија: католици и православни
Службен јазик: Литвански
Претседател: Артурас Паулаускас, вршител на должноста шеф на државта по импичментот на Роландас Пакснас, избран на оваа должност минатата година како кандидат на Либерално демократската партија (ЛДП). Предвремените претседателски избори се закажани за 13 јуни.
Премиер: Алгирдас Бразаускас од Литванската социјалдемократска партија (ЛСДП), избран во 2001 година.
БДП пер капита : 8.400 долари
Стапка на невработеност: 12,5%
Стапка на раст: 6%
Инфлалација: 0,8%
Малта:
Територија: 316 км2
Население: 380 илјади
Главен град: Ла Валета
Население: Малтежани
Религија: 98% католици, 2% останати
Службен јазик: Малтешки и Англиски
Претседател: Еди Фенеч Амади, избран на оваа должност годинава, како кандидат на Националистичката партија (ПН)
Премиер: Лоренс Гонци од ПН, избран по стапувањето на Амади на должноста шеф на државата
БДП пер капита : 17.200 долар%
Стапка на невработеност: 7%
Стапка на раст: 2,7%
Инфлација: 2,4%
Полска:
Територија: 312.680 км2
Население: 38,3 милиони
Главен град: Варшава
Население: 98% Полјаци, 2% отанати
Религија: 95% католици, 5% отанати
Службен јазик: Полски
Претседател: Александар Квашњевски, избран по втор пат на оваа должност во 2000 година. Поранешен лидер на Сојузот на демократската левца (СЛД)
Премиер: Лешек Милер од СЛД, избран на должноста во октомври 2001 година. Најави дека ќе поднесе оставка на 2 мај.
БДП пер капита : 9.700 долари
Стапка на невработеност: 18%
Стапка на раст: 0,3%
Инфлација: 1,9%
Словачка:
Територија: 49.035 км2
Население: 5,4 милиони
Главен град: Братислава
Население: 86% Словаци, 11% Унгарци, 3% останати
Религија: 60% католици, 10% атеисти, 9% протестанти, 5% православни, 16% останати
Службен јазик: Словачки
Претседател: Иван Гашпарович, избран на оваа должност на 18 овој месец, како кандидат на Движењето за демократија (ХЗД)
Премиер: Микулаш Ѕуринда од Словачката демократска и христијанска унија (СДКУ), избран во 1998 година. БДП пер капита : 12.400 долари Стапка на невработеност: 17,2% Стапка на раст: 4,4% Инфлација: 3,3%
Словенија:
Територија: 20.256 км2
Население: 2 милиони
Главен град: Љубљана
Население: 88% Словенци, 3% Хрвати, 2% Срби, 7% останати
Религија: 71% католици, 29% останати
Службен јазик: Словенечки
Претседател: Јанез Дрновшек, избран на оваа должност во декември 2002 година, како кандидат на партијата Либерална демократија на Словенија (ЛДС)
Премиер: Антон Роп од ЛДС избран по стапувањето на Дрновшек на должноста шеф на државата БДП пер капита : 19.200 долари Стапка на невработеност: 11% Стапка на раст: 2,4% Инфлација: 7,4%
Унгарија:
Територија: 93.033 км2
Население: 10,1 милиони
Главен град: Будимпешта
Население: 89% Унгарци, 4% Роми, 3% Германци, 2% Срби, 2% останати
Религија: 68% католици, 25% протетсанти, 7% останати
Службен јазик: Унгарски
Претседател: Ференц Мадл, избран на оваа должност во август 2000 година Премиер: Петер Меѓеши од Унгарската социјалистичка партија (МСзП), избран во 2002 година. БДП пер капита : 13.300 долари Стапка на невработеност: 5,8% Стапка на раст: 3,1% Инфлација: 5,3%
Чешка:
Територија: 78.866 км2
Население: 10,3 милиони
Главен град: Прага
Население: 94% Чеси, 3% Словаци, 3% останати Религија: 40% католици, 40% атеисти, 5% протестанти, 3% правиславни, 12% останати
Службен јазик: Чешки
Претседател: Вацлав Клаус, избран на оваа должност во февруари 2003 година како кандидат на конзервативната Граѓанска демократска партија (ОДС)
Премиер: Владимир Шпидла од Чешката социјалдемократска партија (ЧССД), избран во 2002 година. БДП пер капита : 15. |
sapeski |
[img]http://www.lordofthecows.com/images/flagphotos/eu_flag.jpg[/img]
„НАЈ“ ЗА СЕКОЈА ЗЕМЈА ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА
Секоја од 10-те нови членки на Европската унија по нешто е "нај", било да станува збор за позитивни или негативни рекорди.
Чешка: - Најгуста железничка мрежа од 120 километри на 1.000 квадратни километри територија. Најголема потрошувачка на пиво по глава на жител - 165 литри годишно. Најгуста мрежа на туристички знаци - 846,6 на 1.000 километри квадратни. Најмногу странски инвестиции во автомобилската индустрија - 18 отсто од сите проекти во Европа.
Естонија: - Најголем вишок на јавни буџети - 2,6 отсто од бруто општествниот производ. Најголем процент на жители во еден град - во Талин живеат 29,5 отсто од жителите на целата земја. Најголеми трошоци за телекомуникациска технологија - 9,1 отсто од бруто општествениот производ. Најмногу убиства на мажи - 31,8 на 1.000 жители.
Кипар: - Најниска основна стапка на данок на додадена вредност - 15 отсто (како и Малта и Луксембург). Најголемо учество на туризмот во бруто општествениот производ - 21,7 отсто.
Литванија: - Најголем пораст на бруто општествениот производ - 8,9 отсто во 2003 година. Најголемо учество на нуклеарната енергија во потрошувачката во светот - 78 отсто.
Летонија: - Најмалку родени деца 8,55 на 1.000 жители. Земја со најголемо национално малцинство - Русите чинат третина од населението во земјата. Најмногу смртни случаи на патиштата - 24,7 мртви годишно на 100.000 жители.
Унгарија: - Во Будимпешта се наоѓа најголемата синагога со капацитет од три илјади луѓе. Најмногу срцеви удари - 587 на 100.000 жители.
Малта: - Најмала држава која е најгусто населена - 315,6 километри квадратни, 397,3 илјади жители, 1.249 на еден километар квадратен. Најниска основна стапка на данок на додадена вредност - 15 отсто (заедно со Кипар и Луксембург).
Полска: - Најголема по територија и население од новите членки на ЕУ - 312,685 километри квадратни и 38,3 милиони жители. Најмногу население вработено со стопанството - 19,6 отсто. Најголема невработеност - 19,9 отсто.
Словачка: - Покрај балтичките земји, единствена воведе еднаква стапка за сите даноци и тоа најниска 19 отсто. До 2006 година треба да стане најголем светски производител на автомобили "пер капита". Има најголем олтар во светот - 18,62 метри во црквата "Свети Јакуб" во Левочи.
Словенија: - Најголем бруто општествен производ меѓу земјите кои влегуваат во ЕУ - 17.700 евра во 2002 година. Најдлабока вертикална пештера во светот - Вртиглавица, 634 метри. Најголема скијачка скокалница во светот, Планица.
Рекорди имаат и "старите" членки на Унијата:
Белгија: - Најгуста мрежа на патишта - 4,87 км/км2. Најзначаен европски центар за трговија со дијаманти.
Данска: - Најголемо производство на месо - 392 килограми годишно. Најголемо учество на заштитените подрачја - 32,3 отсто од вкупната територија. Највисоката точка е најниска меѓу највисоките врвови во Европа, Јдинг Сковни (173 метри). Прва во светот според електронска трговија годинава.
Финска: - Најретка населеност - 15 жители на километар квадратен. Најмноги езера - околу 60 илјади. Најголема потрошувачка на кафе - 11,17 килограми годишно. Најголеми трошоци (државни и приватни) за наука - 3,4 отсто бруто општествениот производ. Најмногу медали од летните олимпијади - 19,4 на милион жители.
Франција: - Најголема земја - 543.965 километри квадратни со најголемиот европски град, Париз (11,3 милиони жители). Најголем туристички "магнет" - 76,5 милиони преминувања на граница во 2001 година. Најбројна армија - 356 илјади војници. Највисок врв во Европа, Мон Блан (4.810 метри).
Ирска: - Најмногу новородени деца - 14,3 на 1.000 жители. Најголема потрошувачка на чај и чоколада - 3,2 односно 11,7 килограми годишно. Најголем производител на млеко - 1.392 литри годишно. Прва земја која во целост го забрани пушењето во јавните простории.
Италија: - Најголем јавен долг во однос на бруто општествениот производ - 106,2 отсто. Највисок активен вулкан, Етна (3.350 метри). Најмногу влади од Втората светска војна - 59. Најмногу титули на прваци во светот во фудбал, три (како и Германија).
Луксембург: - Највисок бруто општествен производ во светот - 45.490 евра. Најмногу приватни автомобили - 66 на 100 жители. Најголема потрошувачка на вино - 65,3 литри годишно. Најниска невработеност - 3,6 отсто.
Германија: - Најмногу жители - 82.499 милиони. Најмногу електрани на ветар, инсталирана сила - 12 илјади мегавати. Најмногу титули прваци во светот во фудбал, три (заедно со Италија), исто толку титули прваци на Европа.
Холандија: - Најголем извозник на пиво - 13,7 милиони хектолитри годишно. Најниска просечна надморска висина - 10 метри над морето. Најгуста мрежа на автопатишта - 58 километри на 1.000 километри квадратни.
Португалија: - Најдолг европски мост - Васко де Гама во Лисабон (18 километри). Најголем производител на плута во светот - 185.000 тони годишно.
Австрија: - Најдобро организирана заштита на животната средина. Најголемо учество на жени меѓу осудените - 19,3 отсто. Најголем број медали на зимските олимпијади - 161.
Грција: - Најголем процент во трошоците на бруто општествениот производ за одбрана - 4,2 отсто. Најдолг брег - 13.576 километри. Најмногу заболекари - 144 на 100.000 жители. Најмногу пушачи - 34 отсто.
Шпанија: - Најголеми приходи од туризмот - 36,7 милијарди евра во 2001 година. Најголема просечна должина на живеење - 82 години. Најуспешен европски фудбалски клуб Реал Мадрид - деветкратен европски шампион. Најголема европска катедрала Севилја (116 на 76 метри).
Шведска: - Највисок квалитет на живот. Најниска смртност на децата - 3,42 на 1.000 новороденчиња. Најголемо заштитено подрачје, три национални паркови во Лапонија Падјеланта, Сарек и Стора Сјофалетс - 5.232 километир квадратни. Најголемо езеро во ЕУ - Ванернско (5.582 километри квадратни). Најголем број пријавени патенти - 367 на милион жители. Велика Британија: - Шеф на држава со најдолг стаж, кралицата Елизабета Втора (52 години). Најстаро метро во светот - Лондонското, првата линија е отворена во 1863 година. Најголема европска фирма "Бритиш петролеум". Најбезбеден патен сообраќај - 56 мртви годишно на 100.000 жители.
|