Deka nema borba protiv korupcijata |
DJ_SHEMA |
Vakvi naslovi po dnevnici mi se dopadjaat. Pred nekoj den imashe kako go izbrkaa eden dzandar vo Drachevo koj zemal potkup. Eve sega pogolema zverka sankcionirana poradi korupcija. A plus i SDSM pratenik, shto znachi deka vlasta ne bira kogo goni. Samo so vakva borba protiv korupcijata moze da se sozdade stabilnost i kapitalizam vo Makedonija. A da im tekneshe da pochnat da gi suzbivaat profesorite po fakultetite ne kje beshe losho.
ПРИТВОРЕН ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО ОДБРАНА ЉУПЧО ПОПОВСКИ
Љупчо Поповски, државен секретар во Министерството за одбрана, завчера бил уапсен во моментот кога примил поткуп од 15 илјади евра. По апсењето под сомнение дека Поповски го сторил кривичното дело примање поткуп, истражен судија од Основниот суд Скопје 2 му одредил мерка притвор во траење од 30 дена и тој бил спроведен во Истражниот затвор во Шуто Оризари.
Љупчо Поповски, како што информираа во полиција, пликот со 15.000 евра го примил од посредник што го ангажирал скопјанецот Б.П., сопственик на парцела вредна 210.000 евра што се наоѓала во кругот на касарната Илинден. Неговата парцела требало да се замени за иста таква во селото Визбегово.
Бидејќи постапката околу размената на двете парцели одела бавно, Б.П. решил со нудење пари побрзо да ги замени земјиштата и побарал помош од близок пријател на Поповски. Неколку дена подоцна посредникот, чиј идентитет полицијата не го открива, на Б.П. му соопштил дека Поповски ќе ја забрзал постапката и за тоа барал 20.000 евра. Б.П. се согласил и неколку дена подоцна на посредникот му дал 5.000 евра, а остатокот од 15 .000 евра било договорено на Поповски да му бидат исплатени најдоцна до 27 април годинава. Во меѓувреме посредникот меѓу Б.П. и Поповски бил спречен да ги предаде парите во договореното време по што како посредник меѓу нив двајца било ангажирано друго лице. Тоа завчера околу 1 часот остварило средба со Поповски и му го дал пликот со девизите. На самото место се појавила и полицијата која во џебот од палтото на Поповски го пронашла штотуку примениот плик, по што Поповски бил приведен во МВР. При неговото распрашување било утврдено дека тој претходно за истата работа примил поткуп уште 30.000 евра.
Љупчо Поповски беше пратеник на СДСМ во три мандата, а од 1994 до 1998 година беше генерален секретар на партијата. Неговите сопартијци беа незадоволни од неговиот ангажман како партиски секретар, а и како пратеник не беше истурен играч. Го сметаа за типичен претставник на апаратското крило во партијата. Но и покрај потфрлувањата и слабите референци во неговата партиско - пратеничка книшка, сепак по победата на социјалдемократите во 2002 година беше згрижен и поставен за државен секретар во Министерството за одбрана.
|
OooOo |
quote: Originally posted by DJ_SHEMA
Vakvi naslovi po dnevnici mi se dopadjaat. Pred nekoj den imashe kako go izbrkaa eden dzandar vo Drachevo koj zemal potkup. Eve sega pogolema zverka sankcionirana poradi korupcija. A plus i SDSM pratenik, shto znachi deka vlasta ne bira kogo goni. Samo so vakva borba protiv korupcijata moze da se sozdade stabilnost i kapitalizam vo Makedonija. A da im tekneshe da pochnat da gi suzbivaat profesorite po fakultetite ne kje beshe losho.
Se slagam. Vo nekoi moi prethodni postovi rekov deka koga kje dojde VMRO na vlast ako i oni prodolzhat da chistat od korupcija, Makedonija kje bide na dobar pat. Iako ova ne e dovolno i e samo pochetok, ja pozdravuvam inicijativata.
|
Rommel |
neka ne vi zamajavaat oci.
posle 2-3 dena ke go pustat ljupce, ova e kolku da pokazat deka ima borba protiv korupcija, kako i fintata so toa deka ima 400 nevraboteni pomalku u mart, sto e netocno, bidejki brojot sigurno se zgolemil |
OooOo |
quote: Originally posted by Rommel
neka ne vi zamajavaat oci.
posle 2-3 dena ke go pustat ljupce, ova e kolku da pokazat deka ima borba protiv korupcija, kako i fintata so toa deka ima 400 nevraboteni pomalku u mart, sto e netocno, bidejki brojot sigurno se zgolemil
Vidish toa e problemot kaj Makedonecot. Neznae da pofali dobro delo. Mora kritika da ima za se, ama bukvalno za se.
|
sapeski |
quote: Originally posted by Rommel
...kako i fintata so toa deka ima 400 nevraboteni pomalku u mart, sto e netocno, bidejki brojot sigurno se zgolemil...
Да не ти се сона ова сношти што си оволку сигурен? |
orko |
Ako dojde VMRO na vlast pak sve od koren nanovo[:)] Bez razlika i da beshe obratna situacija, mislam deka sega treba da se ostavi istata vlast bar dva mandati. Bez razlika dali e dobra politikata ili losha, nema ushte dolgo, nemozhe nikoj a ni nie da odime so vechen regres. |