љубе зад решетки? |
јузер |
Само ден по изборите, за да се оттргне вниманието од можните нерегуларности на изборите, власта тргна во голема офанзива во која како можен епилог се смета дека ќе биде дефинитивното затворање на Љубе Бошкоски. Комисијата за мандатно-имунитетни прашања му го одзема пратеничкиот имунитет, и веќе вечерва му е врачена покана на Љубе за сослушување. Инаку, портпаролката на МВР, Мирјана Контевска, на пресконференцијата за новинарите го изнесе целиот случај, кој според неа е скоро целосно разјаснет, дека се работи за конструкција и свирепо убиство на економски имигранти од Пакистан, а не на терористи како што тврдеше тогашното раководство на МВР на чело со Љубе. За ваков престап казната затвор се движи од 5 години до доживотен затвор, и доколку Љубе ја напушти државата и замине во Хрватска, каде што патем речено има и хрватско државјанство и бизнис, тогаш не би можел да се примени договорот за екстрадиција и Љубе во тој случај би ги избегнал сите непријатности. Но, тој тврди дека е невин и дека нема намера да избега од Македонија. Како и да е, петмина се веќе притворени, меѓу кои и екс генералот Горан Стојков, кој според МВР ја планирал целата акција за ликвидирање на пакистанците. Меѓутоа, немало никаква писмена наредба од Љубе за ликвидација, така што МВР како доказ против него мора да искористи изјави од сведоци, кои по се изгледа, веќе ги има, чим бомбастично најавува дека случајот е 90% разрешен. |
OooOo |
На властите им треба виновници за да можат да ја поделат РМ
„Сето ова е монтиран процес и мрачно сценарио од една тоталитаристичка власт“
На властите им требаат виновници за да можат со донесувањето на законот за локална самоуправа, УЧК и СДСМ наесен меѓу себе да ја поделат Македонија, рече денеска поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, во чиј мандат беа убиени седумтемина Пакистанци.
Според Бошковски неговото апсењето бил монтиран процес и мрачно сценарио од една тоталитаристичка власт.
На МВР му било сугерирано да прикаже злосторство по направената реконструкција за „раштански лозја“, тврди Бошковски.
„Во МВР сите лица се овластени што вршат функции, не е возможно некој да изврши злочин по наредба и ако тоа е злочин за елиминација на цивили, таа наредба секогаш може да се одбие, ако не се одбие тогаш тој што ја извршил таа наредба врши кривчни дело. Најодоговорно почитувани новинари пред да заминам во затвор ви ја кажувам вистината, немам дадено наредба за елиминација на таква група“, изјави Бошковски.
Бошковски најави дека не се плаши од притвор, бидејќи сака да биде со своите упасени генерали.
Тој ги повика припадниците на единицата за брза интервенција „Лавови“ и „Тигри“, да излезат на мирни протести.
Адвокатот на Бошковски, поранешниот јавен обвинител Ставре Џиков со одлуката да му го одземе имунитетот собраниската комисија се ставила во позиција на истражен судски орган.
„Тоа ќе биде пример без преседан во судската пракса на нашата држава. Сметаме дека е прекршен Уставот и прекршени се и домашните и нормите на европската конвенција за човекови права, каде што е повредено достоинството на секој граѓанин на РМ. Комисијата е должна, иако велам дека е прекршен Уставот, таквата одлука да ја достави до истражен судија, истражниот судија ја води постапката“, објасни Џиков.
Дел од припадниците на специјалните единица „Лавови“ и „Тигри“ по повикот на Бошковски му се придружија во штабот заедно да ја чекаат полицијата за неговото приведување.
|
marko_polog |
Ljube Boskovski e Makedonski Patriot i ova e golem sram sto go pravat SDSM, ovoj poteg nema nisto drugo da napravi osven da gi podeli Makedoncite uste povece.
Se prasuvam kako moze od Teroristicka organizacija edni da bidat nagraduvani za ubistva nad Makedoncite, A Makedonci da bidat pritvoreni.
SRAMOTA |
Alxemic |
Македонски синдром на самоунштување! И после се чудиме дека македонската историја изобилува со предавници. Ако оваа не е предавство незнам што е друго. Го затворат ЧОВЕКОТ кој ја бранеше својата земја а се амнестираат нарко-дилери, макроа,криминалци и секаков друг олош. Дали Македонија е држава или "банана република". Во моментов се срамам да се наречам македонец!!!! |
orko |
quote: Originally posted by Alxemic
Во моментов се срамам да се наречам македонец!!!!
Koj ti e kriv za toa? Jas nikogash ni sum se sramel nitu pak nekogash kje se sramam od toa shto sum.
Apsenjeto na gospodinot Ljube Boshkovski ako e so politichka zadnina na segashnata vlast, toa e vistinski sram. Bez razlika shto chita mnogu kriminalistichki romani i shto se identifikuva so kriminalistichki likovi ne bi go opravdal negovoto apsenje, NO, ako toa go napravil samo za dobivanje politichki poeni, mislam deka e za javno spaluvanje na ploshtad. |
OooOo |
Пакистан ги поздрави чекорите на македонската Влада
Пакистанското МНР го поздрави, како што соопшти, признанието на македонските власти дека убиството на седумте Пакистанци кај Раштански лозја пред една година, било со цел да се импресинораат САД и Македонија да се промовира во борбата против тероризмот.
„Злосторството е уште пошокантно и погнасно, бидејќи убиствата биле испланирани и направени со цел Македонија да си го подобри имиџот како сојузник во борбата против тероризмот. Тоа навистина беше ѓаволска завера“, изјавил доцна синоќа портпаролот на пакистанското МНР Масуд Кан.
Македонската полиција соопшти дека седумтте Пакистанци, кои беа убиени под обвиение за тероризам, бидејќи наводно нападнале полициска патрола од заседа и планирале напади врз странски амбасади во Македонија, биле всушност невини илегални имигранти.
Пакистанското МНР го поздрави ова откритие на македонската Влада и го поздрави отпочнувањето правна постапка против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, кого МВР го обвини дека го нарачал убиството на седумтте Пакистанци.
Пакистанскиот министер за инфорамции Шеик Рашид изјавил дека Пакистан за случајот ќе побара отштета од Македонија. „Пакистан од почетокот тврдеше дека имигранитте се невини и дека не се терористи.
Сега тоа го признаа и македонските власти. Тоа ни дава за право да бараме отштета и да се ангажираме правдата да биде задоволена“, нагласил Рашид.
|
јузер |
Па богами нема да биде ни малку мала сумата на отштета. Неколку милиони долари сигурно ќе добијат, ако...! |
OooOo |
koj izvlekol pari od Makedonija, zhiti se? [;)]
|
јузер |
Абе види сега, мора да се покажат пред Европа дека сме сериозни, дека се бориме против корупцијата, дека се апсат криминалци...
А кога ќе дојде до пари работата, тогаш нигде ги нема, ќе измислат нешто да се извадат, во право си ;) |
orko |
Za pari problem nemat, pari nie NEMAME! |
DJ_SHEMA |
СЛУЧАЈ РАШТАНСКИ ЛОЗЈА
Љубе заглави
Во МВР вчера на прес конференција како директен нарачател на убиството на седуммина Пакистанци беше посочен ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на кого вчера му беше врачено решение за притвор
Ексгенералот на расформираната единица "Лавови" Горан Стојков, поранешниот началник на Управата за оперативна техника при МВР Александар Цветковски, ексгенералот Бобан Утковски и Митко Кикерков, сопственик на приватна фирма, завчера доцна попладнето се притворени. Тие од истрагата се посочени како ликвидатори на седумчлената група Пакистанци кои пред две години беа убиени кај Раштански Лозја на Скопска Црна Гора, под изговор дека се работи за терористичка група која во Македонија наводно била уфрлена да врши терористички акции. Кривични пријави се поднесени и против тогашните команданти на баталјоните на единицата "Лавови" Николчо Најдов и Горан Јованчев.
Како што дознаваме, вчера решение за притвор му било врачено и на ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошковски кого МВР го посочи како директен нарачател за ликвидирањето на пакистанската група. Во врска со овој настан расправаше и собраниската Комисија за имунитетно - мандатни прашања на која се разгледуваше можноста за одземање на пратеничкиот имунитет на Бошковски како пратеник во Собранието, кој го штити од кривично гонење.
"Ова е значаен ден за Министерството за внатрешни работи за расчистување на случајот Раштански лозја", изјави на вчерашната прес - конференција портпаролката на МВР Мирјана Контевска.
Таа објасни дека случајот Раштански Лозја е класична монструозна конструкција за додворување на меѓународната јавност за обезбедување лични и политички интереси на поединци, при што во заблуда биле доведени и лицата кои учествувале во таканаречената акција за ликвидација на наводната муџахединска група.
Сценариото за убиство на пакистанската група која одела на привремена работа во Грција било испланирано во февруари 2002 година. Тогаш, ексминистерот Љубе Бошковски во својот кабинет ги повикал највисоките старешини во МВР при што им соопштил дека има сознанија од странски разузнавачки служби оти во Македонија е уфрлена терористичка група. Притоа, тој ги уверувал дека групата имала намера да врши терористички акции врз видни политички личности и врз странски амбасади. На средбата Бошковски усно му наредил на Цветковски да го следи движењето на терористичката група, а Стојков да ја ликвидира. Тука почнува конструкцијата, објаснува Контевска
По добиениот усмен налог Цветковски му наложил на тогашниот началник на ОВР Делчево да пронајде група по потекло од Блискиот или Далечниот Исток со муслиманска вероисповед кои најчесто илегално поминувале кај Делчево и оделе на привремена работа во Грција. По добиениот налог, тамошниот началник стапил во контакт со лица кои се занимавале со илегален транспорт на странски државјани. Делчевскиот началник на лицата со кои стапил во контакт им образложил дека се работи за наредба добиена од највисокото раководство и доколку се обезбедат такви лица ќе се влијае на угледот на државата, а посебно на МВР.
Подоцна делчевци пронашле таква група за што бил информиран Александар Цветковски кој веднаш испратил две лица кои требало да ја преземат групата и да ја донесат во Скопје. Во центарот на Скопје бил пронајден стан во кој што биле чувани наводните муџахедини. Еднаш до двапати дневно им давале храна и вода, се до добивањето на наредбата за нивна ликвидација.
Во меѓувреме Стојков со своите блиски соработници тајно ја подготвува акцијата за ликвидација на пакистанците. Истовремено тој со својата единица врши тренинг и обука во Катланово. Клучниот ден единицата на Стојков со пет возила се упатува на Раштански лозја. Таму се распоредуваат на одредени позиции и чекаат наредба од генералот Стојков. Стојков бил зад возило "лада". По распоредувањето на единицата за ликвидација со комбиња биле донесени жртвите. Лицето кое ги превезувало Пакистанците знаело дека треба да ги вози кон Грција, но потоа по наредба се упатило кон Раштанските лозја. Таму комбето сопрело, Кикерковски ги оставил Пакистанците и следувала наредба за стрелба издадена од генералот Стојков. По рафалното пукање откако било евидентно дека наводната терористичка група е ликвидирана, тогашните полицајцви кои учествувале во акцијата за ликвидација излегле од нивните претходно завземени позиции. Сфатиле дека се изманипулирани и отпочнала постапката за фингирање на случајот. Генералот Стојков го известил дежурниот оперативен центар, високи старешини во МВР дека е ликвидирана терористичка група и со својата единица се повлеол во базата Стенковец. Подоцна тој е повикан од истражниот судија да даде изјава околу настанот.
П. Лазаревска
Рамка. Нелогичности
МВР при дополнителните анализи што ги извршила врз основа на пронајдениот доказен материјал констатирала низа ниправилности кои го потврдувале сознанието дека се работи за фингиран чин.
На пример утврдено е дека оружјето кое дополнително им било ставенмо на Пакистанците, не било употребено. Потоа, дека се работи за наместен случај упатувала и положбата на телата што не била карактеристична доколку се работело за вистински настан. Кај еден од убиените кој има прострелна рана во главата нема траги од крв. Доколку навистина постоела меѓусебна престрелка кај еден од убиените чија што торба била под него, тогаш зошто таму немало траги на крв, а во негото тело биле испукани 22 куршуми. Кај сите убиени какарактеристично е и тоа што облеката им е извлечена од долу кон нагоре што упатува на тоа дека тие биле влечени.
***
Пиштоли како награда за делчевци
На лицата кои ја обезбедиле седумчлената група по наредба лично од Бошкоски им биле понудени високи парични награди. Но скромните делчевци мислејќи дека се работи за државен интерес ја одбиле паричната награда. Подоцна на денот на полицијата со решение пак потпишано од министерот Бошковски нив им се врачени пиштоли како награда за успешно завршената работа
|
OooOo |
Fino e ova da se raschisti, ali treba da se raschisti i sluchajot so kidnapiranite Makedonci. Ne treba ni toa da se zaborava. Ako ovoj lezhi robija i ako dokazhat deka e kriv, kje treba i Ahmeti istoto da go snajde.
|
Ceki |
Taka e i Ahmeti treba da odgovara za to sto go stori, a ne vlast da mu se dajt.
A za tie 7 Pakistanci sto da kazam, ebaj go to e politika. I grcite vo Egej gi ubivaa Makedoncite da dokazat pred svetot kako nema Makedonci vo Egej. Ama niv nikoj nema da gi kazni. Ne e fer to sto go napravi Boskovski( edit- ako toj toa vistina go napravi) , ama politika e politika, mene poveke mi e zal za koj znajt kolku Makedonci sto zaginaa vo Egej, nego za 7 Pakistanci. |
OooOo |
Гардијан: „Семејствата на убиените Пакистанци ќе бараат отштета“
„Роднините на шестмината имигранти од Пакистан, кои беа прогласени за терористи и егзекутирани од македонската полиција ќе побараат отштета преку суд “, вели адвокатот на семејствата, чија изјава ја пренесува денешен лондонски „Гардијан“.
Пакистанскиот адвокат вели дека за секој од убиените Пакистанци ќе побара по два милиони долари или за сите нив Македонија ќе мора да плати 12 милиони долари, пишува весникот, кој притоа потсетува дека настанот се случил пред две години, кога група илегални имигранти влегла во Македонија за да преку нејзината територија се префрли на Запад, а македонската полиција ги фатила и ги ликвидирала, како наводни терористи.
„Гардијан“ ја пренесува изјавата на мајката на еден од убиените, која вели дека нејзиниот син не бил терорист и оти таа за неговиот пат до земјите на западна Европа продала семеен накит.
Пакистанската Влада вршела притисок врз македонската Влада со цел да почне правна разврска на целиот случај. Претставникот за печат на Министерството за надворешни работи на Пакистан, според лондонскиот весник, изјавил дека „злосторството е уште поголем затоа што е извршено со цел Македонија да се прикаже како сојузник во борбата против тероризмот“.
|
f9 |
Љубе е осомничен,ниту имунитет му се зеде,ниту се побара одземање на пратеничкиот мандат.Се што прават без одлука на парламент е нелегално,во документите ке стои како полулегално,а во пракса ке се легализира.И Љамбе го плукаа,притвараа,бомачасто го шлепаа со 3-4 обвиненија по судови целовреме и сега е докажано НЕВИН.и СО ВОЈО ИСТА ПЕСНА.За Љупча шо не извадија -од вила на флорида,па вонбрачен син на Турчинка,па усвоено дете,па вила на водно,па илјадници долари,па Окта=а нема до сега ништо конкретно.
Затоа најубаво е да не се знае,ако стварно не се знае.Затвотот не е спортска тема,па владата да признава нешто за кое допрва судот ке треба да се изјасни . |
OooOo |
So se se slagam osim so vilata na Vodno. Toa se dokazha preku falsh dokumentite od katastar :)
|
f9 |
Se dokazha do negde do kade sho im odgovarashe na nekoj, ama na kogo mu stigna presudata...na ljupka?:) |
OooOo |
nekoj koristi, nekoj robija kje lezhi zatoa shto im svrshil rabota :)
|
јузер |
Опааа... 12 милиони долари отштета?!
Сами си се криви, кој ги тераше да признаваат, ебате глупата влада ебате! |
DJ_SHEMA |
Za toa shto trebashe da se zatashka, trebashe. Ama stavi se vo pozicija ako ti si imigrant i sakash da odish na rabota nekade i si taka nechovechki ubien zaradi nekoi si treti celi. |
KoPiLe |
za da izlezi nekoj pred nekogo cist ...nekoj drug mora da e kriv ...
samo shto vo slucajov go zgreshija covekot...malce interesno e poradi toa shto tuka mozi poceto da se zabelezat izvadoci od vesnici ....OooOo ili shema ...ima i nekoj drugi ...dobro e da se cita vesnik ...ali ne e sekoj vesnik tolku objetiven i mozi i da se rechi deka se znaj koj vesnik koja partija ja poddrzuva i za shto se pishuva vo nego najmnogu koj se napajga ...zatoa ne se podpirajte mnogu na toa shto e pishano ...pishani bea mnogu raboti ...gi ima i na kaseti ...pa nishto od toa ...primer ....vo hotelot kaj shto bev smesten vo Sk jas Fatija dvajca neznam od kaj bea so dolgi bradi posle kazuvaa deka bile mudzahedini ...dojdoja da baraat soba tuka pa znaeja samo angliski pa rano sabajleto sedevme nekolku mina studenti ama slucajno sedeshe i covek od obezbeduvanje na edna vidna politichka licnost ...pa dodeka tie baraa soba nosea dvajcata po edna torba ..pa bez da znaat tie toj samo rece da gi zadrzime i 5 min dojde policija ...dobro vooruzena ...i gi pribraja ...ama neznajsh kako gi pribraja ...gi otepaa od mavanje ....znajsh zoshto ...???zatoa shto vo torbite imaa oruzje ...zamisli ...za ova nikade ne pishuvashe ...ne ni kazaja ...mozi tamu kaj shto si ja imash videno reklamata vo koja branko veli deka koga dojdoja na vlast oti strujata nema da poskapi ...a poskapi ...i nekoi drugi raboti ...zatoa ne veruvaj mnogu na toa shto pishuva po vesnici ..veruvaj ...ama ne mnogu ...Ljube Boshkoski beshe a i veruvam deka ushte e takov covek koj koga na zemjava i beshe najteshko zastana so branitelite na Makednija ...a i posle toa ushte koga togash posetuvashe nekoi voeni centri vo koi imashe vezbi ...jas imav cest da sluzam na eden takov voen poligon i da go sretnam lichno covekot ...grev e toj covek ovaa drzava da pomisli da go pritvori ...ne treba da pojdish samo koga ke bidish povikan na nekoe mesto ..koga si na takva funkcija nego nekogash treba i da ti tekni sam da pojdish tamu kaj shto si potreben i nekoj da te vidi samo ...samo za motivacija ....nekogash e dosta i toa ...koga ke go napravi toa "gospodinot" bankar Hari kostov ...da pishi nekoj na forumov ....samo ova "Ljube zad reshetki" ne bi trebalo da ne cudi mnogu ...zatoa shto nashite pobrzo ke prodadat nekoj od makedoncite (kako i so vekovi unazad shto bile predavani makedoncite od svoite) nego da osudat nekoj shto navistina pravel teror tuka ...kako na primer pola od taa teror banda sega ima pratenicki imunitet... ako go sudat nego ...treba da mu sudat prvin na tie shto gi otepaa 10 deca vojnici od prilep ...na tie shto mu se podpishuvaa so noz na grb na gradeznite rabotnici od skopje ..niv gi znaat koj se ...ama ..."ama" ...toa e ...ne treba tuka da ima isecoci od vesnici ....treba od tuka izvadici da citame po vesnici ...pa malce da se zamislat lujgeto ....ali tuka ...i taka e ..nekoj za seir nekoj za zafrkancija nekoj se nervira...[;)][:D][}:)][8D][:D][:D]i treba da znajme so drzava sme ....za da ne vadat paroli onaka ..."Brat Ljube Ne Go Davame" (ne sme nie Srbija...mozi tie go dadoja slobodan miloshevich ali KAradzich sekako deka ne ...)dosta e ....samo ne mi e jasno koj ke go privedi ...ako se najdi takov nekoj odred vo polcijata garant nekoj od odredot ili primal naredba od nego ili licno go znaj ....zafrknato ....aj dosta e ...aj pozdraF [:D][:D]
|
f9 |
СТАРИ ТРИКЧИЊА ОД РАКАВОТ НА ХАРИ...
Во гонењето на Љубе Бошковски за убиствата на Пакистанците кај Раштански Лозја се направени серија повреди на Законот за кривична постапка, што целиот предмет против поранешниот министер за внатрешни работи го прави правно неважечки, тврдат адвокатите на Бошковски. Тие велат дека еден од двајцата „лава“ кои пукале во Пакистанците, а кои сега се сведоци на обвинението, пред истражниот судија признале дека министерот Хари Костов ги натерал да кажат оти целата работа е наместена. Нивната изјава била внесена во записникот на истражниот судија Вања Јуруковски.
- Основниот јавен обвинител се обратил до Комисијата за деловнички и за мандатно-имунитетни прашања со барање за одобрување мерка притвор за Бошковски. Чуму му е одлуката на Комисијата кога тој не носи решение за притвор, туку истражниот судија? Во случајов, обвинителот незаконски ја презел работата на истражниот судија - вели адвокатката Куновска.
Законско право е на обвинителот да поднесе предлог до судот за проширување на истрагата врз Бошковски, како и предлог за одредување мерка притвор, објаснува Куновска. Судот тој предлог го примил на 30 април. По редот на нештата, откако истражниот судија видел во документите дека станува збор за пратеник со имунитет, а од друга страна дека станува збор за кривично дело убиство за кое е предвидена казна затвор повеќе од пет години, прво требало да ја извести собраниската Комисија за предлогот на обвинителот и да побара одземање на имунитетот на Бошковски. За предлогот на истражниот судија, претседателот на Комисијата треба писмено да ги извести сите членови на Комисијата. Ова, според Законот, е неопходно за воопшто да почне истражна постапка против Бошковски, тврди Куновска. Доколку Комисијата му го доземе имунитетот, брат Љубе ќе се третира како обичен граѓанин. Потоа судијата треба да го викне Бошковски, да го запознае со предметот и да му земе исказ. Дури тогаш тој има статус на осомничен и судот решава по вториот предлог на обвинителот, дали ќе му изрече мерка притвор или не.
Според Куновска, обвинителот не постапил така, туку истиот ден кога го доставил предлогот до судот, тој побарал да му се одземе имунитетот.
- Кога Комисијата реши да одобри притвор, одлуката била доставена до основниот јавен обвинител и МВР, а не до судот - вели Куновска.
Во саботата околу 12 часот Куновска и другите двајца адвокати Ставре Џиков и Ненад Јаниќијевиќ биле кај истражниот судија Вања Јуруковски во Основниот суд Скопје 2. Таму обвинителот Зиков побарал Бошковски присилно да биде доведен пред истражниот судија, бидејќи не се одзвал на поканата. Адвокатите се спортивставиле тврдејќи дека е повреден Законот.
Судијата не донел никаква одлука.
Адвокатите велат дека местото на обвинителот Стерјо Зиков не е во собраниската Комисија. Тие се жалат дека тој го искористил својот авторитет да влијае врз одлуката на Комисијата. Тој не смеел да го прави тоа, бидејќи бил странка во кривична постапка, како што се и адвокатите.
Според полициски извори, вештакот-балистичар кој го направил вештачењето на оружјето со кое биле убиени Пакистанците одбил да го потпише новиот извештај. Наодите од овој нов извештај во петокот на прес-конференција ги презентира Мирјана Контевска, портпаролка на МВР. Таа тврдеше дека оружјето и телата на убиените биле преместувани за да изгледа дека се убиени терористи. Со поставувањето на Костов за министер, истиот балистичар бил префрлен да работи како пожарникар, тврдат нашите извори.
********
„Лавовите“ потврдиле дека сведочат под притисок на Костов
Мене Стојков ми нареди да пукам во терористи, изјавил пред истражниот судија еден од „лавовите“.
- Јас го сторив тоа, а дури потоа видов дека станува збор за невооружени цивили - рекол сведокот пред истражениот судија Јуруковски, тврдат адвокатите на Бошковски.
Тогаш еден од адвокатите го прашал „лавот“ кој му рекол да го изјави тоа, а овој одговорил:
- Министерот Хари Костов.
Истражниот судија ја внел оваа изјава во судскиот записник, тврдат адвокатите.
|
f9 |
Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник во Собранието Љубе Бошкоски не е притворен и заедно со неговото семејство се наоѓа во Скопје. Во очекување сме на седницата на Собранието на Република Македонија, која треба да го каже последниот збор, бидејќи одлуката на собраниската комисија за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања е ништовна“, изјави вчера за “Нова Македонија“ бранителот на Бошкоски, адвокатот Ненад Јаниќевиќ. Неговиот колега Ставре Џиков ни потенцира дека Министерството за внатрешни работи неможе да донесе наредба за апсење без истражен судија, а согласно Деловникот за работа на Собранието, парламенот е тој кој треба да одобри одземање на имунитетот на пратеникот Бошкоски.
Инаку според решението од основниот Суд Скопје 2, Љубе Бошкоски во саботата до 12 часот требаше да даде изјава пред истражен судија за случајот “Раштански лозја“, за кој се сомничи дека учествувал во планирањето и убиството на седуммината емигранти. Но, наместо него во Судот се појавија неговите тројца адвокати Јагнула Куновска, Ставре Џиков и Ненад Јаниќевиќ, кои по неколку часовни разговори со истражниот судија излегоа со став дека постапката е незаконска, односно одлуката на комисијата за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања е ништовна, бидејќи имунитетот на Бошкоски може да му го одземе само Собранието на Република Македонија .Според Куновска при барањето за притвор е направен преседан при што е заобиколен судот, додека барањето на Обвинителството било доставено директно до собраниската комисија, која пак со одговорот повторно го заобиколила Судот и одлуката за притвор ја предала до Обвинителството и Министерството за внатрешни работи.
“На средбата со Јавниот обвинител образложивме дека Љубе Бошкоски ниту се чувствува виновен, ниту пак е даден во бегство. Бошкоски ќе се појави оној момент, кога ние постапката ќе ја вратиме на прав пат за да започне законски да се делува, бидејќи барањето доставено до комисијата за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања е од ненадлежен орган, при што е заобиколен Судот. Одлуката од комисијата е ништовна бидејќи не е расправано за имунитетот, а без да се одземе имунитетот не може да се води постапка против него“, изјави Јагнула Куновска една од бранителите на Бошкоски, која потенцира дека побарале од Судот барањето на јавниот обвинител што е доставено до собраниската комисија да ни се достави и ним, за да се види кои аргументи Јавниот обвинител ги имал за тоа што го барал.
„Мерката притвор се дава за три основи. Првата да се даде во бегство.Бошкоски ако се чуствувал виновен имал доволно време и начин тоа да го стори, но тоа не го сторил. Втората причина зошто се применува мерката притвор е да не ги уништат трагите, односно да не делува врз сведоците. Ако сакал, Бошкоски тоа можел да го стори затоа што на располагање имал целосна документација и архива и едноставно можел да ја уништи. И третата да не го повтори делото. Што значи ниеден основ не стои за да собраниската комисија даде одобрение за да му се одземе имунитетот на Бошкоски“, вели бранителот на Бошкоски Ненад Јаникиевиќ. |
f9 |
Во Уставот на Македонија, во делот кој се однесува на пратеничкиот имунитет, воопшто не е спомната Комисијата за деловнички и за мандатно-имунитетни прашања. Со собранискиот деловник, пак, е уредено токму таа комисија да може да му го одземе имунитетот на пратеникот, доколку за 15 дена не е закажана нова седница на Парламентот.
„Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на пратеничката функција“, се вели во член 64 од Уставот.
Експертизата е регуларна
Институтот за Судска медицина ја сработи експертизата за случајот „Раштански лозја“ сосема регуларно и по барање од овластена институција, изјави вчера Алексеј Дума, директор на Институтот за судска медицина. Тој тврди дека биле обезбедени сите релевантни докази, а анализите биле сработени многу брзо и веднаш предадени на соодветните институции.
Според Дума, додека трае истрагата секој коментар во негативна конотација без одобрение од овластена институција е чиста шпекулација, „чија намера е да внесе немир меѓу населението“.
- Додека траеше анализата имаше големо интересирање и од меѓународната јавност. При спроведувањето на експертизата беа присутни високи странски претставници. Тие ги добија податоците изворно уште во текот на работењето и беа запознаени со сите детали кои во тоа време беа констатирани како факти. Повеќе не можам да зборувам, зашто станува збор за државна официјална истрага - рече Дума.
Се уште немаме никаков одговор на нашето барање за свикување итна седница, а можеби и воопшто нема да добиеме одговор, каква што беше и досегашната практика. Треба да се расветли зошто Бошковски за седницата на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања беше известен во 13.20 часот, десет минути пред нејзиниот почеток, а членовите од опозицијата беа повикани само неколку минути претходно. Треба да се објасни и зошто, спротивно на кривичната постапка, јавниот обвинител наместо истражниот судија, ја презема одговорноста да бара одземање на имунитетот на Бошковски - изјави Коце Трајановски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
И во ЛП се повикуваат на процедурата:
- Нејасно е како овој случај се отвори ден по изборите и уште се тврди дека за наредните 15 дена нема закажано собраниска седница, а Парламентот и претходно не работеше цел месец поради кампањата. Процедурата мора да се изведе по уставен пат, бидејќи Комисијата не е државен орган за да го одзема имунитетот. Нејасно е и зошто јавниот обвинител бара одземање на имунитетот, кога истражниот судија се уште не одредил притвор - вели Зоран Крстевски, пратеник од ЛП.
|
DJ_SHEMA |
Toa deka seto ova izleze den posle izborite e dosta sumlivo. |
Antichki |
Зошто ги тепате бе, тиа се антички?
quote: Семејствата на убиените Пакистанци ќе бараат оштета
Македонија ќе мора да плати 12 милиони долари оштета, по два милиони за секој од убиените Пакистанци, вели адвокатот на роднините на шетсмината Пакистанци кои беа убиени пред две години во Раштански лозја.
Пакистанскиот адвокат обвинува дека група илегални имигранти влегла во Македонија за преку нејзината територија да се префрли на запад, а македонската полиција ги фатила и ги ликвидирала како наводни терористи, пишува денеска лондонски „Гардијан“.
„Гардијан“ ја пренесува и изјавата на мајката на еден од убиените која вели дека нејзиниот син не бил терорист и дека таа за неговиот пат до земјите на западна Европа продала семеен накит.
Претставникот за печат во министерството за надворешни работи на Пакистан за лондонскиот весник изјавил дека „Злосторството е уште поголемо затоа што е извршено со цел Македонија да се прикаже како сојузник во борбата против тероризмот“.
Тепан пакистанец (антички макЕдонец)
[img]http://images.cureblindness.org/photos/pakistani-smile.jpg[/img] |
fio |
quote: Originally posted by DJ_SHEMA
Za toa shto trebashe da se zatashka, trebashe. Ama stavi se vo pozicija ako ti si imigrant i sakash da odish na rabota nekade i si taka nechovechki ubien zaradi nekoi si treti celi.
Без разлика, требаше како Македонци да заташкаме. И да било убиство, кој ги ебе. Сами меѓу себе ќе се исколеме. Шо не го осуди Норвешка или Данска, кој и да беше, на затвор од 5-10 години оној фраерот шо го уби нашиот министер во сообраќајка? Е не, тој е нивни граѓанин, си доби чичето условна за сообраќаен прекршок и толку. Коа сме глупи... |
Strelec |
Abe nemojte bre lugje taka! Daj bidete malku objektivni i videte shto napravil Ljube!!!
Pa toa ni na 'div zapad' go nemalo!
Toa ne e patriot, tuku SVIREP UBIEC!
Se razbira, samo ako bilo seto toa vistina. Dokolku ne bilo, togash treba da odgovara toj shto go 'namestil', no ako bilo, togas od kade vi dojde taa luda ideja za zatashkuvanje!?
|
Ceki |
Zato sto takvi raboti se sekojdnevni po celiot svet. USA napadna Irak za edno parce nafta i gledaj kouku civili zaginaa, na zapad takvi luge se patrioti, a nie samite ke gi zakolime. To e politika, ne znam zasto treba uste poveke da se podelime za to. I kazi mi kouku bea krivi Makedonksite vojnici sto ja branea Makedonija vo tie tezki vreminja, zar tie zasluzija da umrat. A nivnite ubivci da se na vlast!!! I AMNESTIJA IM SE DAVASE, da gi e..... |
Ceki |
I zasto mislite deka tie bea begalci a ne teroristi, zar mislite vie deka teroristi doagat na zapad so pasosi i oruzja i teroristicki znaminja, ili kako civili i begalci. Mislam deka e ova sve namesteno. |
Strelec |
quote: Originally posted by Ceki
I kazi mi kouku bea krivi Makedonksite vojnici sto ja branea Makedonija vo tie tezki vreminja, zar tie zasluzija da umrat. A nivnite ubivci da se na vlast!!!
Vednas kje ti odgovoram na trite prasanja!
1. Ne bea krivi Makedonskite vojnici!
2. Ne zasluzija da umrat!
3. Nivnite ubijci ne treba da se na vlast!
OK... I shto sega? Kakva vrska ima toj sluchaj so ovaa tema?
So koja logika treba da shtitime chovek shto dal naredba da se UBIJAT nevini lugje!?
|
Strelec |
quote: Originally posted by Ceki
I zasto mislite deka tie bea begalci a ne teroristi...
A zosto ti mislis deka bile teroristi?:)
|
marko_polog |
A zosto ti mislis deka ne se teroristi?
Fakt e deka bile i uste se prisutni "mujahedini" na Balkanot, gi ima-se vo Bosna, Kosovo i vo Makedonija(i toa najvece tokmu od Pakistan), Makedonci beva kidnapirani, ubieni od del na ovaa Vlast i se nagraduvaat na najvisoki funkcii a sega gledam mnogu se grizat za Pakistanci(Anti-Makedonizam).
I prasuvas kakva vrska ima ovaa tema so tie slucki, mnogu lesno e za toj sto gi gleda Makedonskite Nacionalni Interesi kako prv prioritet, Kade e SDS za kidnapiranite(ubieni) Makedonci?
ke prekinam tuka zosto gi ima stotini slucki, no i samiot znaes.
Anti-Makedoncite na Vlast go delat Makedonskiot Narod, toa e vistinata.
|
Ceki |
quote: OK... I shto sega? Kakva vrska ima toj sluchaj so ovaa tema?
Kakva? Ako Ljube ke odit vo zatvor, onda i tie albanci sto gi ubivaja nasite nevini vojnici, isto taka trebat da odat vo zatvor.
Da ne zboruvame uste za kidnapiranite Makedonci i mnogu drugi slucaji. |
Strelec |
quote: Originally posted by Ceki
[quote]Ako Ljube ke odit vo zatvor, onda i tie albanci sto gi ubivaja nasite nevini vojnici, isto taka trebat da odat vo zatvor.
Nikogash ne sum rekol neshto poinaku od ova shto ti go pishuvash!
|
fio |
quote: Originally posted by Strelec
Vednas kje ti odgovoram na trite prasanja!
1. Ne bea krivi Makedonskite vojnici!
2. Ne zasluzija da umrat!
3. Nivnite ubijci ne treba da se na vlast!
OK... I shto sega? Kakva vrska ima toj sluchaj so ovaa tema?
So koja logika treba da shtitime chovek shto dal naredba da se UBIJAT nevini lugje!?
Пошто е Македонец. Како можат ебанине амери да се штитат. Ниеден нивни ебан војник да не одговара шо ете убил некој ирачанец по грешка. Е затоа. И не ме вади од кожа без потреба, и јас да бев Љубе, доколку направил така ко што викаат, и јас така ќе постапев. Кој ги ебе на крај краева, не ги терав јас илегално да поминуваат граница.
И ќе прашам, а кој ќе одговара за убиените во Вејце? Зашто не го затворат Ахмети пошто он беше на чело на УЧК? Ма копилиња продадени се, мамицата да им ја ебам!!! Ебате власта што ја имаме |
f9 |
Ако се сеќавате за изборот на претседател се агитираше да се излезе на избори затоа што коштал 2 и пол милиони евра.Намештаљкава со Љубе ке кошта ПЕТ пати повеке,дај вие сега Сдсм-овци ургирајте да го најдат невин.Па ке ја кошта државата брее.Хе,хе,хе.... |
Ceki |
Nema sto da se karame tuka. Ako amerikanski vojnik ubiva nekoj zapaden civil, ke ja zagubi raborata, ako ubiva istocen civil, onda NISTO ne se desuva. I mislam deka tie budali uste se falat kouku iracani imat ubijeno. Govna.
I sto da kazam za Ljube, koga bev vo Makedonija za vreme na krizata, slusav nekoi sdsmovci sto zborvea, deka toj e vistinski patriot sto ja spasi Makedonija. Ne me navreduvajte sega, ne sum nitu sdsmovec, nitu dpmneovec, i mene mi e gajle za vasite partiji. Ama mislam ko sto znam, deka toj napravi mnogu za Makedonija vo tie vreminja. |
Strelec |
Ne mesajte babi i zabi...
Za patriotizmot na Ljube ne sakam da sporam... i jas mislam deka e patriot, ama toa ne go amnestira od odgovornost! Isto bese barano i so lavovite edno vreme... demek ako se patrioti, dozvoleno im e da bidat i kriminalci!!!
I uste edna rabota... shto sakate da kazete so toa deka amerikancite ubivale irachani?
Eve kje ve prasam, ubavo i ispravno li e toa shto go pravat amerikancite?
Dokolku vi e odgovorot 'da', togas zosto gi kritikuvate niv???
Dokolku odgovorot vi e 'ne', togas zosto za Ljube da vazat drugi normi i za nego da velime deka postapil ispravno???
|
Ceki |
Vaka ke kazam, amerikancite gi kritikuvam zas tie ne se kaznuvani za to sto go prajat. A Makedoncive( pa da i samiot Branko gi ubiva 100 albanski teroristi pred mojive oci) ke gi branam do kraj ako treba.
posto i za ljube ne e dokazano deka toj gi ubil, dodeka ne de dokazano e za mene nevin. |
fio |
Стрелчо, со сета должна почит, го тупиш!!! |
Strelec |
fiki, so seta dolzna pochit, mnogu si nevospitan!!!
|
Ceki |
quote: i jas mislam deka e patriot, ama toa ne go amnestira od odgovornost!
Sto gi amnestira albancite onda, to sto go vratija skapanoto oruzje. Ili to sto gi ubivaja Makedoncite pod laz deka se borat za albanski prava. |
јузер |
Денеска после направената ДНК анализа се обелоденети имињата на тројца од киднапираните македонци кои се пронајдени во гробница во Требош.
За идентитетот на останатите се уште се вршат анализи.
Па според мене, ова е идентичен случај на одговорност во хиерархијата на командување, како на Али Ахмети, така и на Љубе Бошкоски.
Ако треба притвор и истрага за Љубе, треба и за Али Ахмети, само што ја изгубивме војната во 2001, па затоа не може да се направи истото и за Али Ахмети, така да продолжува да важи правилото: "Победниците ја пишуваат историјата" |
OooOo |
Костов го прозва Георгиевски за Раштански Лозја
Собранието вчера на итна седница ја потврди одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања донесена во петокот, со која му се одзеде иминитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и екс-министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски. Од вкупно 67 пратеници што беа присутни во собраниската сала, позитивно се изјаснија 60 парламентареци, додека 7 гласаа против.На ваквата одлука, и претходеше неколкучасовна жолчна расправа, која достигна кулминација кога министерот за внатрешни работи, Хари Костов, од говорницата го прозва експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, дека можеби имал некакви сознанија за случајот Раштански Лозја. Експремиерот во Собранието застана во целосна одбрана на пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со одлуката на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Бошкоски се прекршени Уставот, Деловникот и Законот за кривична постапка.
Екслидерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, вчера се појави во Собранието и од говорницата го бранеше неговиот близок партиски соработник и колега, пратеникот Љубе Бошкоски. Георгиевски е убеден дека во случајот со притворањето на Бошкоски се работи за политичка хајка и за монтиран процес. "Знам дека Љубе Бошкоски е незгоден политичар и е жесток во изјавите и нападите. Но, политичката пресметка во секој систем има црвена линија на која мора да се застане. За жал, се користи едно матно време кога Македонија беше нападната и кога СДСМ кокетираше со оние од другата страна. Длабоко се сомневам дека ова дело било изведено на таков начин. Во Република Македонија продолжува политичката елиминација на луѓе од претходната влада со непринципиелни средства. Вие го елиминирате безбедносниот морал ако некогаш во иднина повторно згусти. Зошто ни е потребна колатерална штета? Немате потреба од мерката притвор, дури и да е вистина тоа што го тврди Хари Костов, има процедура и нема потреба од одземање на мандатот. Што се случува со оние од другата страна? Цела банда е амнестирана, и сега се министри во Владата на Република Македонија", рече Георгиевски. За него е симптоматично тоа што ова прашање се отвора сега, кога тој постои најмалку две години. "Длабоко сум убеден дека се работи за политичка хајка. Оваа кампања против Бошкоски почна точно час и половина по објавувањето на првичните резултати од изборите, што фрла големо сомневање. На кого во СДСМ му требаше ваков монтиран процес? Всушност, се работи за добро испробана шема, секогаш кога има некој политички, безбедносен или економски гаф, се прават притворања на политичките опоненти. И покрај тоа што акцијата на ВМРО-ДПМНЕ направи одѕивот да биде до кај 51 отсто, очигледно е дека фалеле неколку проценти", додаде Георгиевски. Тој ги праша социјалдемократите како не се згрозуваат од масакрите и убиствата кои ги направија командантите на нивниот коалициски партнер ДУИ, притоа ги спомна случаите Вејце, Карпалак и Челопек. Георгиевски отворено ја обвини меѓународната заедница дека бара виновник во државните институции за да докаже дека Албанците во 2001 имале право. На крајот од својот говор, при што спикерот Јордановски неколку пати го прекинуваше и му се закануваше дека ќе ги исклучи микрофоните, Георгиевски рече:" Ќе го прославиме изборот на Црвенковски за претседател, и оставете нў намира. Не ни треба драми, претстави и понижување на македонските безбедносни сили".
Ostavete ne na mira? Shto sakashe da kazhe Ljubcho?? Deka ima ushte raboti shto ne treba da gi znae javnosta?
На излагањето на Георгиевски реагираше министерот за внатрешни работи, Хари Костов, кој го повика бившиот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ да одговори на три прашања, а тоа може да го стори во Собранието или на некое друго место. "Дали Љупчо Георгиевски знаеше дека се подготвува "случајот Раштански Лозја". Дали Георгиевски планирал таква акција и дали тој дал зелено светло за нејзиното реализирање", праша Костов. Во својот одговор пред парламентот и пред целата македонска јавност, Костов рече дека "случајот Раштански Лозја" мора да се расветли, не заради меѓународната заедница, туку да покажеме и да докажеме дека сме правна држава и дека функционираат институциите на системот, дека никој не може да биде осуден пред да биде обвинет. "Ако пратеникот не се чувствува виновен, зошто тогаш бега и се крие од надлежните органи. Тој треба само да се појави пред истражен судија да каже дали е точно тоа што е напишано во сината книга од 2003 за "случајот Раштански Лозја". Нема никаква вистина во тврдењата дека Бошкоски се наоѓа во некоја полициска станица. Ве поканувам да ги проверите сите полициски станици и да се уверите дека не е точно тоа. Но, ви предлагам да ги протресете становите на некои пратеници и можеби таму ќе го најдете Љубе Бошкоски", рече Костов.
Инаку, во парламентот вчера имаше тензични атмосфера во исчекување да се случи некакво чудо. Уште пред самиот почеток вниманието го привлече доаѓањето на Љупчо Георгиевски, се смести во фотелјата и остави впечаток дека е осамен меѓу неговите сопартијци. Ниту збор не проговори со Никола Груевски, Ганка Самоилова-Цветановска и Сашко Кедев, со кои седи на иста собраниска клупа. На паузата која беше направена само неколку минути по почетокот од седницата, тој излезе од салата без придружба на неговите сопартијци. Во текот на вчерашната расправа забележливо беше тоа што во пленарната сала се појавија речиси сите пратеници со исклучок на оние од ДПА.
Neshto smrdi ...
|
fio |
quote: Originally posted by јузер
Денеска после направената ДНК анализа се обелоденети имињата на тројца од киднапираните македонци кои се пронајдени во гробница во Требош.
За идентитетот на останатите се уште се вршат анализи.
Па според мене, ова е идентичен случај на одговорност во хиерархијата на командување, како на Али Ахмети, така и на Љубе Бошкоски.
Ако треба притвор и истрага за Љубе, треба и за Али Ахмети, само што ја изгубивме војната во 2001, па затоа не може да се направи истото и за Али Ахмети, така да продолжува да важи правилото: "Победниците ја пишуваат историјата"
|
Thief |
Некој треба да одговара за Вејце, некој за Ирак, ама исто така и за РАштански Лозја... Љубе има болен мозок и за тоа треба да плати...
Го потпишувам секој збор на Стрелец! |
AaaAa |
ha ha elem patriot! Ako misli deka e vo pravo, ako stvarno veruva deka e patriot i ne dal niedna naredba shto i steti na Makedonija, sto ne izleze pred sud i da dokaze? Mislam moze oni da mestat, moze oni da pokusavaat da go "zaebat" ama nemozat apla da go nasamarat poso on ne e bilo koj nego e "brat Ljube" i narodot ke gleda.
Ajde tamu, sto ako e Makedonec? Makedonec so sakashe da izigrava Arkan, dzomba (da ne zaboravi nekoj ko izigravashe rambo i povredi novinari), pa i se silese sam ke se predal na Hag ako treba. So se krie sea? baska ne go sporeduvajte so Ahmeti, poso Ljube bese u druga pozicija, zloupotreba na funkcija, ova go prael vo ime na zemjata. A ispozatvorija i Albanci, bash takvi so spored mene se od isti ko Ljube koj za mene ne e nishto povekje nego eden Cakala koj imal srekja da se napika na pozicija.
Baska, ako se uapsi Ljube koj rece deka nema i onie koi se odgovorni za Vejce? (Koi i da se, posto jas kolku znam seuste nema dokazi za toa koj e direktno vmesan, edno e da mislish deka e Ahmeti drugo e da imash dokaz za toa).
A ako gresam jas , i Strelec (po tretu put se soglasuvame)[:)], ima sud, neka izleze i neka se brani, ako misli deka nasite sakaat da mu go napikaat neka ide u Strazbur, tamu imaat uste po fini dokazi za nego, eptem ke mu se izraduvaat.
KRIMINALEC, daleku e on od Makedonec(se zatrcal da bara spas od Hrvatite slusam , ama neznael deka zakonot dava prednost na zemjata vo koja kriminalot e izvrsen, dzaba mu e i Hrvatskiot pasos... jaden on).
|
Strelec |
quote: Originally posted by AaaAa
A ako gresam jas , i Strelec (po tret put se soglasuvame)[:)],
too much!:)))
|
f9 |
quote: Originally posted by Strelec
quote: Originally posted by AaaAa
A ako gresam jas , i Strelec (po tret put se soglasuvame)[:)],
too much!:)))
Pa sega stvarno e chovek da se zaprasha-koj e original,a koj kopija-ili od ist kalap ste izlezeni. |
Thunder from down under |
quote: Originally posted by AaaAa
(da ne zaboravi nekoj ko izigravashe rambo i povredi novinari),
so baraja novinarite kaj so se puka so pushki,
ako pretrca nekoj budala vo monako kaj so se trket formulite i da go izgazat i koj e kriv posle MIchael Shumaher , brzo vozel na trkata? |
f9 |
Инаку,додека траела потрагата по станови и надгледување на пратениците
од Вмро-дпмне му се јавува Љубе на Хари од Ровињ и му вели=КАЈ МИ Е ЦИ ДИТО,ВЛАУ! |
OooOo |
Stvarno e patriot! Nemam zborovi! Chovekot shto beshe spremen da odi vo Hag, chovekot shto sakashe da bide pretsedatel na Makedonija i chovekot shto izjavi deka e nevin za sluchajot "Rashtanski Lozja" izbegal vo Hrvatska. Valjda sega marko_polog i Slack kje me svatat koga im vikav deka nemozhe chovek da bide pretsedatel so dvojno drzhavjanstvo, bash poradi ovie prichini!!!
Љубе Бошковски е во Хрватска
Љубе Бошковски е во Хрватска. Хрватската полиција вчера за ова го известила македонскиот Интерпол и чека одговор за понатамошно постапување.
„Г. Љубе Бошковски е во Р. Хрватска. За тоа хрватската полиција го извести Интерпол во Скопје со вчерашниот допис. Во рамките на меѓународното право до скопскиот Интерпол е упатен допис во кој се бара одговор дали Р. Македонија го препушта казнениот прогон на Р. Хрватска, со што врз г. Љубе Бошковски би можеле да се применат мерки за приведување, или мерки што се предвидуваат за вакви ситуации“, изјави Златко Мехун портпарол на Хрватското МВР.
Љубе Бошковски има и хрватско државјанство од 1993 година, тоа не ја обврзува Хрватска да и го испорача на Македонија. Единствено може да му суди доколку Македонија и го отстапи случајот на Хрватското судство. Меѓутоа Македонија може да поведе постапка против Бошковски и да донесе пресуда во негово отсуство.
МВР не знае како избегал Бошковски бидејќи не го употребил пасошот за да излезе од земјава. Веројатно тоа го направил илегално, ниту еден граничен премин не пријавил дека Бошковски ја поминал границата легално.
Бошковски во Хрватска живее веќе 20 години и учествувал во војната во Хрватска. Портпаролот на хрватското МВР меѓутоа попладнево не можеше да потврди дали Бошковски можеби е во неговата семејна вила на Бале кај Ровињ.
|
Christian |
za placenje e rabotava,samo makedonci protiv makedonci.Da ti kasnam od vlasta, eden siptar ne osudija. Inace pa i vo Makedonija sudovite se mnogu fer i korekni pa ke ima fer sudenje,nema greska.Ljube e osuden uste pred da pustat obvinenie po nego.Ne deka go branam Ljube ama samo megu sebe se tepame i sudime. |
OooOo |
quote: Originally posted by Christian
za placenje e rabotava,samo makedonci protiv makedonci.Da ti kasnam od vlasta, eden siptar ne osudija. Inace pa i vo Makedonija sudovite se mnogu fer i korekni pa ke ima fer sudenje,nema greska.Ljube e osuden uste pred da pustat obvinenie po nego.Ne deka go branam Ljube ama samo megu sebe se tepame i sudime.
Ako e Makedonec, ne e svetec. Stavi se vo situacija na roditel na pakistancite. Nema da sakash da ja znaesh vistinata? Nema da te interesira kako se desilo, zashto se desilo i koj e odgovoren? Ova nema nishto so toa shto vikash Makedonci protiv Makedonci. Ako e kriv treba da plati. On tvrdeshe deka ne e kriv i deka nema nishto so toa i izbegal od Makedonija ilegalno ...
Ebate bratot Ljube.
|
fio |
и ебате македонците што не знаат да заташкаат нешто.
сквик, стај се во улога на родителите на киднапираните. |
Thief |
А, ти стави се во улога на родителите на невините Пакистанци кои за парче леб настрадале од болниот ум на „братот“!
Што има врска едното со другото?! |
Thief |
Упс, сквик го пишал истото... веќе напорна стана ова тема, па сум скокнал неколку поста...
Надмудрувањето е веќе беспредметно: секој што згрешил, треба да одговара за тоа! Ова е исто како да речеш: „Зошто не се заташка Вејце?“
Дефинитвно споредуваш и мешаш баби и жаби: киднапирани и Раштански лозја... ?! Хм...
П.С. Ај стил лав ју [:D], ама на оваа тема НИКОГАШ нема да се согласиме! |
OooOo |
quote: Originally posted by fio
и ебате македонците што не знаат да заташкаат нешто.
сквик, стај се во улога на родителите на киднапираните.
fio, ako gi chitashe pogornite postovi od mene, jas rekov deka treba da lezhi robija i toj shto e odgovoren za kidnapiranite Makedonci. Sigurno mi se podgragi tie Makedonci, nego pakistancite. Samo shto ova e eden sluchaj, toa e drug sluchaj.
|
OooOo |
Костов не чувствува одговорност за бегството на Бошковски
Од како Љубе Бошковски се појави на хрватската телевизија, министерот за внатрешни работи Хари Костов, потврди дека тој побегнал. Костов не знае како Бошковски ја поминал границата.
„Љубе Бошковски ја напуштил Македонија илегално“, изјави Костов.
Адвокатот на Бошковски, пак го тврди спротивното, дека поранешниот министер најлегално ја поминал македонско - српската граница. во Хрватска не постои никакво барање од македонските власти за некаков прогон.
„Границата ја помина потполно легално, дури се поздрави со македонската полицја. Тој ќе остане во Хрватска се додека македонските власти не покажат желба да му пружат правична судска постапка“,изјави Невен Цирквени, адвокат на Бошковски.
За првиот полицаец МВР не е виновна што Бошковски побегнал, денеска тој потенцираше дека полицијата знаела дека тој побегнал во сабота, кога до МВР немало налог за негово приведување.
„Околу тоа што Бошковски не е во Македонија МВР нема никаква вина“, вели Костов.
МВР тврди дека дури по два дена од како Бошковски ја напуштил Македонија истражниот судија до МВР упатило барање за приведување на Бошковски поради распит.
Во Републичкиот судски совет велат дека целата процедура во случајот Бошковски била легална. Ова е уште еден случај во кој поради лошата комуникација меѓу МВР и судот побегна човек осомничен за убиство.
Вчера Бошковски за хрватската телевизија изјави дека има цд со кое ќе ја докаже својата невиност во случајот раштански лозја.
„постои ЦД каде се снимани разговорите меѓу Пакистанците и албанските милетанти од групата Ал каеда кои имаа намера да ја нападнат американската амбасада во Скопје“, изјави за ХРТ Бошковски.
Од друга страна актуелниот министер Костов, денеска го негираше постоењето на ЦД за кое вчера Бошковски, тврдеше дека постои.
„Тоа ЦД во архивите на МВР го немаме, меѓутоа деновиве од една странска амбасада добивме транскрипт од тоа ЦД наводно на хартија“, вели Костов.
По бегството на Бошковски Македонија не може да му суди. Професорот по кривично право Владо Камбовски објаснува дека Македонија не може да бара од хрватска екстрадиција на Бошковски, бидејќи тој е хрватски државјанин.
Ова значи дека Македонија единствено може да побара случајот Бошковски да го преземат хрватските судови откако од наша страна ќе им бидат доставени сите докази со кои се потврдува дека има основано сомнение за кривично дело.
Камбовски вели дека во ваков случај само хрватските судови можат да му судат на Бошковски, доколку оценат дека има основ за кривично гонење.тој објаснува дека Бошковски во секој момент може да побара бришење на македонското државјанство.
Во процесот што евентуално би се водел во Хрватска ќе важат само хрватските закони. Македонија не може да влијае врз постапката и одлуката врз тој суд.
Камбовски објаснува дека Македонија, може на Бошковски да му суди во отсуство, но дека таквата пресуда никој нема да може да ја изврши.
|
n/a |
Oni mozat i Brat-Ljube i site takvi kako nego da gi zatvorat ama ima uste 200 iljadi privrzanici i plus uste mnogu ostanati koj se poveke imaat verba vo poranesniot minister Boskovski.Zatoa ovaa vlada na predavnici i Balisti-siptari neka ne iritira zatoa sto i taka na Makedonskiot narodot mu e preku glava.Se blizi denot koga narodot ke se digne i vo svoi race ke ja zeme Makedonija,samo prasanje e na vreme... |
OooOo |
pa od 2 milioni lugje, 200.000 se samo 10% .. a ostanatite 90% se predavnici taka? [;)]
|
n/a |
Samo nasi MAkedonci ispofakaa a kaj se da gi gonat SIPTARIVE sto ni isposednaa vo sobrani i vo vlada, abe ke dojde denot , a na SIPTARITE i site dusmani mame ke im ebeme.
SAMO BRAT LJUBE NA VLAST!!! |
f9 |
Причини и поводи.
Љубе Бошковски е еден обичен Македонски патриот-емигрант без никакви лични амбиции за богатење и крадење дојден во Македонија од исти причини како и секој еден на форумов-да придонесе за Македонците и за Македонија.Раштански лозја е само една од низата намештаљки кој му се везеа на Љубе со години.
Затоа да ги видиме поводите ,а не причините.Интересно но кого и да го запрашате во Македонија за Љубе и случајот со него секој ке ви рече дека е наместена работа,и тоа без разлика на национална или политичка ориентација освен оние кој земаат пари за владина пропаганда.Дури и неговите војни непријатели тоа го признаваат.Имав деновиве контакти со скоро сите инволвирани страни и сите се во тоа едногласни.Љубе е невин.Прашањето е само ЗОШТО И КОМУ МУ СМЕТА ЉУБЕ И НЕГОВАТА НАИВНА ПОЈАВА.Кому му смета вистината кога ја кажува ,кога без влакно на јазикот апла се изјаснува за се.Кој се причините за хајка спрема него,а не само некој да ги фрла поводите.Притисокот врз судството и посебно врз истражниот судија е јавна тајна во Македонија.Интресно но на форумов никој не ја свака работата каква што е.Дали тоа значи дека сите вие сте надвор од Македонија и дека коментирате врз база на некој ваши предетермирани свакање.На тие и таквите им препорачувам да завртат телефон и да разговараат со своите таму во Македонија,па потоа да дискутираат за тоа што е или не е.Според досегашното искуство со Сдсм и партиската врхушка и нивниот морален кредибилитет и капацитет тие заслужуваат 0.0001 % доверба во искажаното,вклучувајки го и Бранко Црвенкоски.Гзем Острени по се ке биде Македонски министер за одбрана,далеку од сите ветувања на Бранко во 2002 та.Не знам зошто би му верувал повеке на еден влав Хари ,слуга на еден таков лажго како Бранко.Тоа пред се затоа што Љубе не излажа никого до сега.Добро се секавам на деновите кога Љубе ни ги покажа фактите во врска со наоружувањето на Она и нивните врски и извори.Човекот без влакно на јазикот кажа дека САД ГИ ВООРУЖУВА ОНАНИСТИТЕ И ТОА СО ДОКАЗИ.Деновиве кога Македонија плива во дрога ,оружје и курварана донесена од АМЕРИКАНЦИТЕ И ОНА-Јас нема да се правам на ној,како некој од вас на кој г,зето им е премачкано со амерички ,канадски и австралиски мед.Страм да ви е!
|
vmro |
quote: Originally posted by јузер
Само ден по изборите, за да се оттргне вниманието од можните нерегуларности на изборите, власта тргна во голема офанзива во која како можен епилог се смета дека ќе биде дефинитивното затворање на Љубе Бошкоски. Комисијата за мандатно-имунитетни прашања му го одзема пратеничкиот имунитет, и веќе вечерва му е врачена покана на Љубе за сослушување. Инаку, портпаролката на МВР, Мирјана Контевска, на пресконференцијата за новинарите го изнесе целиот случај, кој според неа е скоро целосно разјаснет, дека се работи за конструкција и свирепо убиство на економски имигранти од Пакистан, а не на терористи како што тврдеше тогашното раководство на МВР на чело со Љубе. За ваков престап казната затвор се движи од 5 години до доживотен затвор, и доколку Љубе ја напушти државата и замине во Хрватска, каде што патем речено има и хрватско државјанство и бизнис, тогаш не би можел да се примени договорот за екстрадиција и Љубе во тој случај би ги избегнал сите непријатности. Но, тој тврди дека е невин и дека нема намера да избега од Македонија. Како и да е, петмина се веќе притворени, меѓу кои и екс генералот Горан Стојков, кој според МВР ја планирал целата акција за ликвидирање на пакистанците. Меѓутоа, немало никаква писмена наредба од Љубе за ликвидација, така што МВР како доказ против него мора да искористи изјави од сведоци, кои по се изгледа, веќе ги има, чим бомбастично најавува дека случајот е 90% разрешен.
abe zar zaboravivte na site komunisticki torturi vo poslednive 60 godini? jas neznam zashto se cudite koga ovie ti se istite komunisti samo shto smenile obleka i mesto drugar velat gospodine, duri mozda i poloshi od tie udbashite, stvarno neznam zashto ste tolku iznenadeni ova sve mozeshe da se predvidi, samo edna rabota mene me cudi ili eve da kazam me iznaduva, seushte nikoj od komunjarive nema pokrenato inicijativa za da se urne krstot na vodno, ali kaj i da e vo skoro vreme mozeme da ocekuvame i takvo neshto. |
OooOo |
Ja neznam koj vi kurac na vas dvajca. Patrioti znam mnogu, ama nikoj od niv ne e ubica. Shto ako e Ljube patriot?? I vujna mi e patriot. Ako e ubica, treba da lezhi robija, kako shto treba SEKOJ shto izvrshil takvo delo da lezhi robija. Jas neznam dali Ljube naredil takvo neshto ili ne, jas samo vikam deka vo sluchaj da napravil takvo neshto, treba da odgovara!
NIKOJ I APSOLUTNO NIKOJ, NE E IZNAD ZAKONOT!
|
Christian |
quote: Ako e ubica, treba da lezhi robija, kako shto treba SEKOJ shto izvrshil takvo delo da lezhi robija.
100% si vo pravo, edinstveno so me nervira e toa sto vlastite vlozuvaat golemi napori da apsat makedonci, a za albancite cekaat dozvola od MZ.Ova mnogu me nervira.zatoa ne se sloziv so nacinot na koj vlasta se bori protiv kriminalot. |
Strelec |
Se soglasuvam deka ima mnogu anomalii i rechisi sekogas postojat razlichni arshini sprema poedinci shto izvrshile slichni zlodela. Taka bilo so sekoja dosegashna vlast vo Makedonija po osamostojuvanjeto.
MEGJUTOA, za da bide pravdata ednakva za site, namesto da se borime i zalagame da im se prosti kriminalot na 'nashite', mnogu ponormalno, pologicho i pochovechki e da se borime i zalagame onie 'drugite' da dobijat zasluzhena kazna!
I ottamu, dokolku se dokaze nechija vina, ludo e da se bara na toj (vo slucajov na Brat Ljube) da mu se prosti tolku svirepo i straotno izvrshen kriminal.
I da napomenam ushte ednash... zasega zboruvam samo hipotetichki, bidejki vinata na Ljube Boshkovski neli seuste ne e dokazana!
|
deni |
pogolema glupost od sdsm do sega zdravje .
kako prvo
ni go kvari imidzot , sega cel svet znae deka makedonia ubila nevini imigranti
kako vtoro , teroristite koi i nanesoa golema shteta na drzavata u parlament , a ljube koj ja branese drzavata od teroristite u zatvor .
e ke ti ebam miki maus drzavata sho sme . |
OooOo |
Znachi samo u krug se vrtime so komentarive.
|
OooOo |
Љубе Бошкоски на 1 мај илегално ја напуштил Македонија, тврди полицијата
Што содржи ЦД-то за "случајот Раштански Лозја"
Костов тврди дека во архивата на МВР нема ЦД какво што споменува Бошкоски
ОХРИД - По огласувањето на Љубе Бошкоски во петокот преку хрватската телевизија министерот, Хари Костов завчера во Охрид изјави дека Бошкоски илегално ја напуштил Македонија на 1 мај, два дена пред да биде повикан од страна на истражниот судија и пред покренувањето на меѓународната потерница за "случајот Раштански Лозја". ЦД-ромот што го најави Бошковски како доказ во МВР го нема, но како што обелодени министерот за внатрешни работи, Хари Костов, деновиве од една странска амбасада добил транскрипт од содржината на цедето
"Љубе Бошкоски 'храбро' побегна во Хрватска и оттаму кажува дека има некое ЦД коешто треба да го презентира. Ние тоа ЦД го немаме во архивата на МВР, меѓутоа деновиве од една странска амбасада добивме транскрипт. Не би сакал сега во истрагата да презентирам документи, но морам да кажам дека за тоа што Бошкоски избега од Македонија, МВР нема никаква вина", рече министерот Костов. Инаку, цедето како крунски доказ го најави Љубе Бошкоски. Тој на хрватската телевизија објасни дека во него се сите детали за "случајот Раштански Лозја" и соработката и средбите со странските амбасади и разузнавачки служби. Бошкоски најави дека, покрај овој доказ, во МВР мора да ги има и стенограмите поврзани со овој случај.
Дилемата за тоа дали Бошкоски е во Македонија или во Хрватска, што една недела ја преокупира македонската јавност, ја расчисти самиот Бошкоски, но останува отворено прашањето како ја напуштил Македонија. Министерот за внатрешни работи Хари Костов беше дециден дека Бошкоски илегално ја напуштил Македонија, а неговиот адвокат во Хрватска јавно соопшти дека тој "легално преку граничниот премин кон Србија и Црна Гора ја преминал македонската граница па дури и се поздравил со полицајците".
Минитестерот за внатрешни работи, Костов, запрашан дали знае колку криминалци избегале од Македонија во неговиот мандат и дали чувствува одговорност во последниот случај со Бошкоски рече дека прво треба да се види каков е правосудниот систем во државата и какви сў надлежности имаат одредени органи во државата, а потоа да се проценува одговорност.
"Дел од криминалците кои побегнаа се вратени во државата, меѓутоа бевме сведоци и на едно бегство од пред еден месец, за кое ние рековме дека не е одговорно МВР и баравме притвор за тоа лице, но надлежниот орган тоа не го определи, а пред два дена Републичкиот судски совет соопшти дека во тој случај истражната судијка правилно постапила", рече Костов. Тој додаде дека во случајот со Бошкоски не сака да коментира за одговорноста во време на водење на истрагата и најави дека во соодветно време ќе бидат презентирани документи кои ќе покажат дека за бегството на Бошкоски не е одговорно МВР.
Конечната разврска на "случајот Раштански Лозја" може да потрае подолго време, зашто има многу нерасчистени, пред сў, правни елементи. Според експертите, Љубе Бошкоски, покрај македонското, има и хрватско државјанство, па затоа не ќе може да биде екстрадиран за да му се суди во Македонија, туку ќе мора по доставувањето на доказите за неговата вина од македонските институции судскиот процес да се води во Хрватска. "Случајот Раштански Лозја" подолго време е предмет на интересирање и на Хашкиот трибунал, факт кој може да има битно влијание во натамошниот тек на потрагата по вистината за убиството на седумтемина емигранти.
|
OooOo |
sluchajov se proshiruva
Љубчо Георгиевски пред апс
Љубчо Георгиевски ќе биде обвинет за случајот "Раштански Лозја" бидејќи како тогашен премиер морал да знае за акцијата во која загинаа седуммина странски државјани. Истата "судбина" ќе го снајде и поранешниот државен јавен обвинител Ставре Џиков бидејќи, и покрај тоа што знаел детали од настанот, не побарал да се поведе истрага, неофицијално дознава "Дневник" од извори блиски на истрагата за овој случај.
- Георгиевски ќе одговара поради командна одговорност, а Џиков поради тоа што не презел дејства за расчистување на случајот - тврдат изворите.
Џиков е еден од тројцата адвокати што Бошковски ги ангажира веднаш откако беше побарано одобрение од Собранието за негово притворање. Државниот јавен обвинител Александар Прчевски најави дека ќе побара негово изземање од одбраната веднаш штом ќе почне судската постапка за Бошковски, бидејќи Џиков бил обвинител кога се случил настанот.
По бегството на поранешниот министер за внатрешни работи и пратеник Љубе Бошковски, од Македонија во Хрватска, во јавноста се проширија шпекулации дека тој бил намерно пуштен со цел да се јави како крунски сведок во судењето на Георгиевски. Наводно, со Бошковски бил направен договор да му се овозможи да замине за Хрватска за да не може да биде екстрадиран во Македонија, бидејќи поседува и хрватско државјанство. Ако воопшто дојде до судски процес, во Хрватска тој би добил помала казна. Во Македонија нему му се заканува доживотен затвор бидејќи е обвинет како наредбодавец на повеќекратно убиство од ниски побуди.
Во прилог на овие шпекулации одат и изјавите од Скопското обвинителство дадени веднаш по обелоденувањето на информациите дека Бошковски се наоѓа во Хрватска, според кои комплетниот кривичен прогон против него ќе му биде препуштен на хрватското обвинителство.
Шпекулациите ги подгреваат и различните изјави на македонската полицијата и на хрватскиот адвокат на Бошковски околу начинот на кој избегал од Македонија. МВР тврди дека тој избегал преку нелегален премин, а неговиот хрватски адвокат вели дека тој поминал преку легален премин на границата меѓу Македонија и Србија и Црна Гора и дека се поздравил со полицајците што биле на должност. Адвокатката на Бошковски од Македонија, Јагнула Куновска, пак, ги соопшти нејзините сознанија дека, откако полицијата го собрала од дома, тој бил пренесен преку граница со помош од американската амбасада, а со знаење на полицијата.
Министерот за внатрешни работи, Хари Костов, вели дека не чувствува никаква одговорност за бегството на Бошковски бидејќи тоа се случило во минатата сабота, кога истражниот судија немал издадено налог за негово апсење. Во меѓувреме, полицијата го криеше неговото бегство, тврдејќи дека му е на трага.
Портпаролката на МВР, Мирјана Контевска, вели дека полицијата има сознанија како избегал Бошковски, но дека нема да ги изнесе во јавност.
Бошковски во интервју за хрватската национална телевизија изјави дека обвиненијата против него не се точни. Тој тврди дека постои цеде со снимени разговори меѓу Пакистанците и албански милитанти од Ал каеда за напад врз американската амбасада во Скопје, за што постоела дискета во МВР. Бошковски вели дека за тие истиот ден ги информирал амбасадорите на САД, Велика Британија и на Германија. Министерот Костов тврди дека такво цеде не било најдено во МВР, но дека добиле транскрипт од неговата содржина од една странска амбасада. Медиумите објавија дека транскриптот од цедето на министерот му го дал британскиот амбасадор, Џорџ Едгар.
- Во времето кога се случи настанот во Раштански Лозја, ние нормално бевме заинтересирани, бидејќи тогаш ни беше објаснето дека убиените планирале напад и врз нашата амбасада. Чувствувавме и морална одговорност да се вклучиме во тоа поради заштита на граѓаните. Ние тогаш, како и другите амбасади, бевме во комуникација со министерот за внатрешни работи и разменуваме информации. Поточно, до нас беа доставени некои снимени материјали. Сега не сакам да ги коментирам деталите во интерес на истрагата, која е во надлежност на судските органи и сметам дека тие одлично си ја вршат работата - изјави вчера Џорџ Едгар, амбасадор на Велика Британија во Македонија.
|
fio |
И пак ќе излезе некоја игра на педерчињава за да се догура црвенковски до фотељчето :-)
утре очекувам да прочитам дека љубе и бране ручале заедно пред првиот да отиде за хрватска ;-) |
f9 |
Smeshki ste bre!Brishite li so ili bez argumenti? |
OooOo |
f9, jas ti gi izbrishav postovite. Zatoa shto za kidnapiranite ima druga tema otvorena, mozhesh tamu da gi ostavish tie postovi.
|
ozonce |
to late, to late, toooooooooooo late for love |
f9 |
Ти мајтап играш-за какви киднапирани сум пуштил постови?
1.пост беше за судбината на Слободанка Шуклевска и според тоа причините заради кои Љубе Бошковски ја напушти Македонија.
2.пост беше од Хелсиншкиот комитет во кој сето тоа е добро
објаснето-однесувањето на Мвр и нејзиниот портпарол во случајот на Шуклевска овојпат повторено од истите играчи но со Љубе Бошковски.
3.пост беше поткрепа на принципиелноста на Хелсиншкиот комитет
видено низ призмата на Грчкиот хелсиншки комитет кој го
подржува уставното име на републиката како единствена таква организација во Грција-ова затоа што некој изразуваа на овој форум
индигнација за ставовите на Хелсиншкиот комитет.
Во сите три постови не беше ниту еднаш спомнат било кој и каков киднапиран. |
f9 |
Или ти ми ги киднапираш постовиве?-:) |
fio |
OooOo, И јас ги видов постовите, не беа спомнати киднапирани ;-) |
f9 |
Во долниов текст нема ниту еден киднапиран!:)
ШТО МУ СЕ СПРЕМАШЕ НА ЉУБЕ-ВЕКЕ ГО ДОЖИВЕА СЛОБОДАНКА!ИСПОВЕД НА СЛОБОДАНКА ШУКЛЕВА
Ме викнаа на кафе-муабет, останав 120 дена во притвор
Слободанка Шуклева, поранешна директорка на гевгелискиот Медицински центар, по четиримесечниот притвор е со нарушено здравје, со семејна трагедија и поразувачко чувство на повредени човекови права од страна на државата. Таа беше притворена во Истражниот затвор во Скопје кон крајот на минатата година под сомневање дека направила злоупотреби тешки 400.000 евра.
- И да убиев човек, немаше потреба за таков однос кон мене. За што и да бев осомничена, ниту една власт не смееше да ме остави во притвор четири месеци, да ги остави татко ми и сестра ми, кои се болни, без грижа, да ми се уништи здравјето, да не ми дозволат враќање на работа - вели Шуклева. Таа раскажува дека била викната на "кафе-разговор" во полициска станица во Гевгелија, по што почнале нејзините четиримесечни маки и трагедија по притворањето. Шуклева сега е на слобода, а обвинение против неа се уште нема.
- Ме спроведоа како најголем криминалец со десетина возила и педесетина вооружени полицајци со откочени автомати. На вестите дури објавија дека сум во бегство. Ме ставија во ќелија со неколку други жени, од кои некои беа осомничени за трговија со луѓе. Оттогаш почнаа моите залудни напори да излезам од притворот и да ја докажам својата невиност - вели Шуклева.
Во истражната постапка таа се бранела со молчење верувајќи дека брзо ќе се докаже дека е невина.
- Не беше прифатена ниту кауцијата од четири милиони евра. Да сакав да бегам во странство, лесно ќе ја напуштев земјава пред да бидам притворена. Не можев ниту да ја попречам истрагата бидејќи повеќе не бев директорка на Медицинскиот центар - истакнува таа.
Најтешкото што и се случило во текот на притворот била смртта на нејзиниот татко, кој починал петнаесет дена откако таа била притворена.
- Татко ми имаше 91 година. Но, со редовно земање лекарства го одржував во животот. Кога ме снема, тој помисли дека сум ликвидирана и престана да зема лекарства. Набргу потоа и умре. Не можам да се смирам што не бев покрај него кога почина. Во Гевгелија ме префрлија со полициско комби, со лисици на рацете, со униформирана придружба. Лисиците ми ги симнаа дури кога стигнавме пред градот. Еден полицаец дури заплака барајќи да ми дозволат да бидам во погребната колона. Зарем не можеше да се обезбеди да ме придружува полицајка во цивил - вели Шуклева.
За сестра и на Шуклева, која има психички проблеми, дијабетичар е и не може сама да си приготвува храна се грижело едно гевгелиско семејство, благодарение на кое таа успеала да преживее. За 120 дена никој не се нашол да отиде во нејзината куќа и да види како се татко и и сестра и.
ОВА Е ИЗВЕШТАЈОТ НА ХЕЛСИНШКИОТ КОМИТЕТ -ПРАКСАТА НА МВР ДО ДЕНЕС НЕПРОМЕНЕТА=
Драстична повреда на принципот на презумпција на невиност - Соочено од страна на медиумите со бројните индиции за прекршување на човековите права во истражната постапка водена против осомничената Слободанка Шуклева, МВР се реши на чекор кој потсетува на едно време кога пресудите се донесуваа пред подигнувањето на обвинувањата и започнувањето на судските процеси, а судската работа се претвораше во фарса. На конференција за печат, пред "судот на јавноста", МВР ги изнесе фамозните "фактури" кои би требало да послужат како крунски доказ во судската постапка против обвинетата!?! И во овој како и во многу претходни случаи беше завземен ставот дека прекршувањето на човековите права може да се оправда кога се поседуваат "сигурни докази" за вината на осомничениот и дека "сигурните докази" го прават непотребно постпоењето на целокупниот правосуден систем. За среќа, дел од новинарите, а посебно весникот "Дневник" реагира со одлична критика на портпаролот и самото МВР.
Освен нарушувањето на презумпцијата на невиност, во случајот на Слободанка Шуклева посебно загрижува злоупотребата на мерката притвор. Имено, ова не е единствен случај кога е определен притвор пред да се соберат претходни докази од кои ќе произлезе релевантно сомнение (во конкретниот случај се поставува прашањето дали воопшто има основи за обвинителен акт). Како и кај поивеќе други случаи, не е исполнет ниту еден од условите набројани во законот за определување на мерката притвор. Постојат индикации дека притворот се користи во функција на изнудување признание или давање информации (што не внесува во сферата на тортурата и мачењето). Покрај наведените елементи, во случајот Шуклева е индикативно различното третирање на субјектите на ист начин инволвирани во случајот (едни како осомничени и обвинети, а други како сведоци).
Хелсиншкиот комитет предупредува зголемениот број случаи на нарушување на презумпцијата на невиност од страна на органите за внатрешни работи (а посебно портпаролката на Министерството за внатрешни работи) и апелира за сведување на мерката притвор на нејзините законски и нужни граници.
КОЈ Е ЕПИЛОГОТ СО СЛУЧАЈОТ ШУКЛЕВА=
Слободанка Шуклева ја тужи Република Македонија пред судот за човекови права на ООН во Женева и тоа заради постапките на судовите и полицијата кој се во спротивност со одредбите од членовите 9, 10 и 12 на Универзалната декларација за човекови права, членовите 9, 10, 14 и 17 од Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките човекови права, како и членовите 6 и 8 на Европската конвенција на човековите права и основни слободи.
ШТО ВЕЛАТ ЕКСПЕРТИТЕ =
-За правната какафонија што цела недела се спроведува во Македонија, пенологот Љупчо Арнаудовски вели дека е одговорно МВР. "Полицијата мора еднаш да престане да ги објавува кривичните пријави во јавноста, бидејќи тие, според начелото на пресумпција на невиноста, ништо не значат за судот. Судот треба да реши и да објави со пресуда дали некој е виновен или не. Оваа држава мора да сфати дека без одговорно, независно и самостојно судство нема правна држава. Последните случувања во врска со поведената или неповедената постапки против одредени лица е повреда на правата и слободите на човекот. На државата и се нанесуваат огромни штети. Прво таа се компромитира, а второ, самата постапка се вади од нејзиниот контекст и подоцна не може успешно да се реализира", разочарано објаснува овој искусен правник. За него, вина за ваквата ситуација во која е државата во поглед на почитувањето на правото и процедурата голема вина имаат и двете главни партии, кои преку криминалитетот се пресметуваат меѓу себе, бидејќи ако не се обвинуваат за криминал, тогаш и двете немаат што да си кажат.
|
Strelec |
quote: Originally posted by f9
Во долниов текст нема ниту еден киднапиран!:)
ama go nema nitu Ljube vo tekstot!!!
od naslovot na ovoj topik, Aristotel go videl samo zborot 'reshetki', pa zatoa zalutal!
|
f9 |
За да се читаат моите постови,потребен е соодветен процент на интелигенција.Според твојов коментар Стрелец-убеден сум дека си надпросечно интелигентна личност.Си ја сватил суштината 100%. |
Strelec |
Ne filozofiraj!
Kazi kakva vrska ima pritvorot na Slobodanka Shukleva so krivichnoto gonenje na Ljube!?
|
fio |
quote: Originally posted by Strelec
quote: Originally posted by f9
Во долниов текст нема ниту еден киднапиран!:)
ama go nema nitu Ljube vo tekstot!!!
od naslovot na ovoj topik, Aristotel go videl samo zborot 'reshetki', pa zatoa zalutal!
quote: ШТО МУ СЕ СПРЕМАШЕ НА ЉУБЕ-ВЕКЕ ГО ДОЖИВЕА СЛОБОДАНКА!ИСПОВЕД НА СЛОБОДАНКА ШУКЛЕВА
|
Strelec |
Pa ako Slobodanka Shukleva istresla gluposti, ne znachi deka treba da ja citirame ovde!!!
I ushte kako pravna aksioma da i' gi tretirame nejzinite zborovi da ne treba!?
Na Slobodanka Shukleva i' bila izrechena krivichna prijava poradi zloupotreba na sluzbena dolznost!
Ljube Boshovski se tovari za neshto sosema drugo!
I problemot EDINSTVENO e vo toa shto dvajcata na svoite mesta bile postaveni od VMRO DPMNE!
E toa e toa shto BOLI!:)
A prikaznite i filozofiite so obid da se zamachkaat rabotite, nema nikomu da mu pomognat... Duri i na tie so visok IQ!
|
OooOo |
ti go krstish on ti prdi ... aj shto ima ova vrska so Ljube sea?
|
Strelec |
More batali gi... skojevac i filozof napravija koalicija!:)
|
fio |
quote: Originally posted by Strelec
Na Slobodanka Shukleva i' bila izrechena krivichna prijava poradi zloupotreba na sluzbena dolznost!
Е затоа ти рече човекот да прочиташ убаво ;-)
Против Слободанка беше поднесена кривична пријава со лабави докази само за да ја држат у притвор за да ја испрашуваат и да дојдат преку неа до Војо Михајловски. Сега е пуштена на слобода, а од кривична и од судење нема абер :-) Тоа се граничи со шиканирање според мене.
Е сеа, филозофот сакаше да каже дека претпоставува дека и со Љубе ќе биде ист муабетот, тоа му беше целата поента, барем според мојот IQ :-)
А шо има врска мојата квази-коалиција со Љубе? Ај сеа?! |