acid |
На почетокот на март годинава RS конфигурацијата MAS-FYROM беше нападната од вирус под работен наслов UCK (Utilities Crash Key) произлезен од некоја соседна конфигурација (веројатно од KOS-UMNIK) и е навлезен преку мрежниот систем Network Neighbourghood.
Првичните ефекти од нападот на овој вирус беше блокирањето на периферните уреди (маусот не функционираше, како и зв-учк-ите), па така на уредот мораше да се работи исклучиво рачно и со тастатура, додека звучките испуштаа звучни експлозии многу непријатни за слушање. Исто така некои фолдери (SHARA i TETEX) беа оштетени, додека субфолдерот TANUSHEC беше целосно избришан и без податоци. Исто така вирусот има тенденција да навлезе и во системските фајлови во Њиндоњс фолдерот и да изврши промена во истите.
Нападот на овој вирус отпрва предизвика блага паника и вирус-психоза, но лека-полека работата се рационализираше и се бараа решенија. Прво домашните програмери извршија дефрагментација на дискот и оптимизирање на брзината на истиот, со што најупотребуваните фајлови се најдоа во првата употребна линија (PUL).Како што се претпоставуваше вирусот не реагираше на ова. Бидејќи домашните програмери беа особено невнимателни со упдате-увањето на анти-вирусите единствениот активен и дотогаш одвреме навреме употребуваниот антивирус MVR (Micro-Virus Register) не можеше да го неутрализира истиот.
По ова се прејде на барање на соодветни анти-вируси, при што на нашите програмери веднаш им беше понуден анти-вирусот SOPHIOS, додека оние што беа опфатени со повисок степен на вирус-психозата предложија употреба на најпознатиот анти-вирус оператор NATO Utilities 2000. Сепак американските програмери не беа особено расположени да го понудат овој програмски пакет, пред сe заради тоа што се опекоа со нашите програмери во врска со авторските права и со слични тракатанции. На ова претседателот на здружението на нашите програмери регираше бурно и ги обвини американските провајдери (и некои германски провајдери исто) дека знаеле и за вирусот и за хакерите, но не реагирале на време, па сега ние мора да си кршиме глава со нив. Американскиот провајдер само кажа дека тоа е смешно и си продолжи со својата агенда, додека германскиот провајдер се воздржа оти конекцијата со Германија не му беше активна во моментот и беше тотално off-line.
Сепак се заврши со тоа што покрај MVR анти-вирусот беше употребен и ARM (Automatic Restore Manager) анти-вирусот. Додека овие два анти-вируса с# уште процесираа и работеа на случајот некои странски програмери сепак подадоа рака и пратија програмски пакет EURO DISK DOCTOR од кои за нас најпознат беше програмот SOLANA 2001, употребуван и во претходните проблеми со мрежата, додуша со своите постари верзии SOLANA 98, 99 i SOLANA 2000b (beta верзија). EURO DISK DOCTOR беше употребуван и порано на нашата конфигурација, кога беше констатирано дека системот е стабилен, иако има некои некомпатибилни хардверски елементи. При прегледот (всушност се направија два исцрпни прегледа + еден Scan Disk) се констатира следната конфигурација на MAC-FYROM 2001:
PC 486 персонален сметач:
procesor Balcan 80486 на 45 MHz со надградба на 91 MHz,
матична плоча Yugo 44 (серијал Yajce 43.0010b)
внатрешна меморија 8 MB (серијал "кратко паметење 1.0001a")
надворешна меморија 1.5 GB COALITIUM - три партиции,
графичка картичка MRTV & A1 Onboard AGP,
CD ROM Amdi 99.102 со 8X брзина,
монитор 14'' PHILIPS 340 BC,
дискетна единица 3.5 Floppy Andow All Timer 75-2001LP,
звучна картичка Onboard,
модем Southeastern Europe Coop. 2000
тастатура Byrocracy Typo;
Некои од хардверските елементи не беа препорачани како што се графичката картичка SILTEL 4.70 во комбинација со драјверите Latas Prompt, потоа звучната карта BBC, а имаше забелешки дека тастатурата треба да се замени со нова од серијалот Administro Minimum 2001.
По ова програмскиот пакет беше употребен и на KOS-UMNIK за да се спречи некој нов вид на вирус од таа страна. Додека EURO DISK DOCTOR-от работеше на KOS-UMNIK кај нашите програмери, особено некои програмери од сенка коишто претходно многу р'чкаа на конфигурацијата, ја активираа расправата за правење на нови партиции на хард дискот и тоа од три на шест или седум партиции, со цел подобро да се зачуваат податоците од вирусот. Имено дотогаш хардискот беше поделен на три партиции (VMRODPMNE на 800 MB, DPA на 500 MB и LP на 200 MB) и како таков некако работеше. Овие барања за нови партиции не беа прифатени зашто некои програмерки мислеа дека има доста партиции. По ова програмерите од сенка на странските програмери почнаа да им потшепнуваат да ја наметнат постапката на форматирање на дискот со следнава командна линија:
C:\ format vmrodpmne:
D:\ format dpa:
..a potoa da se premine na:
C:\ F:
F: \ install sdsm.exe
F:\ install pdp.exe
Сепак ова од нив не беше пречекано со одобрување зашто сите податоци ќе мораат да бидат избришани, и некои многу битни програми во Program Files како што се Stability Pact програмот и Association Agreement програмот ќе мора повторно да бидат инсталирани, за што сепак треба и време и пари. Откако ситуацијата ќе се врати на нормала странските програмери препорачуваат инсталирање во Control Panel \ Languages \ Add languages \ Albanian, што ќе поддржува некои Shareware програми, потоа предложија деинсталирање на некои програми од Office-от (како што е Поњер Поинт), додека нашите побараа кон ова деинсталирање да се приклучи и Microsoft Access.
Како и да е состојбата на системот ќе биде внимателно следена...
(извор он.нет) |