Писмото на Леополд!
Писмото на Леополд!
highlander Дали некој знае каде може да се прочита содржината на писмото кое Австро-унгарскиот цар... или па крал беше[:p], Леополд, го испратил специјално до Македонскиот народ, и има ли некаде карта на Османлиската империја од тоа време
Misirkov Ne se gleda kartata. Postiraj ja povtorno. I sekoja korisna istoriska informacija kazi kade moze da se najde, odnosno citiraj izvor (proveri ubavo). Pozdrav,
bojan81 Dobro e postirana kartata se gleda, izgleda problemot e do tvojt kopljuter. Lighlander neka postira link od stranata za da moze da ja vidis.
Misirkov http://www.macedonia-info.org/history/Leopold.jpg
highlander Фала... Тоа е тоа, и тоа оригиналот си го пронашол... Ги најдов и јас на македонски, две писма биле едно до сите балкански народи а едното под влијание на некои македонци од Солун го испратил само до македонскиот народ... Ќе ги напишам и тука ако некој евентуално сака да ги прочита.
Ceki Uste prasuvas!!!
highlander
Манифест на австрискиот цар Леополд I до балканските народи 1690 година.
Ние Леополд итн. На сите народи, кои зависат од нашето наследно Унгарски кралство и на сите други кои што ќе читаат за ова или ќе слушнат за него, особено на албанскиот народ (им ја искажуваме) нашата царска и кралевска милост и (им пожелуваме) секое добро. Нека ви биде познато дека Турската војна, на која неправедно сме предизвикани, поради кршење на договорот, според нашата кралска и царска должност, уверени во божјата закрила и правдата на нашето дело, ја водиме единствено со таа цел - народите, кои по правото нам ни се потчинети и по правото зависат од споменатото Унгарско кралство, како и сите други христијани - да ги оттргнеме од страшното турско ропство и да им ја вратиме преѓашната слобода, преѓашните привилегии и преѓашното единство со телото од кое зависат, откако отстранивме секаква злоупотреба и ја поправивме штетата, сторена од турската тиранија, како и да го вратиме секому неговото право. Поради тоа љубезно ги повикуваме сите народи, населени низ цела Албанија, Сервија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, како и другите земји, што зависат од гореспоменатото наше Унгарско кралство, и сите други народи кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба и во оваа толку поволна околност, кога силите на Турците се сотрени во многубројните порази од нашето победоносно оружје, да прминат сите на наша страна и да земат оружје против Турците, за својот спас и ослободување и за напредокот на христијанската религија.
highlander
Заштитно писмо на царот Леополд I за македонскиот народ 26 април 1690 година
Виена 1690, 26 април Ние Леополд итн. Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Крајда, роден во Косана и Димитриј Георги Поповиќ, роден во македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело, а со жар и ревност кон нашата служба, со сериозна намера е склоно да премине од преголемиот турски јарем под наша заштита, доколку му биде дадена нашата милост и сигурно покровителство. Поради тоа согласно со нашата вродена добрина, со која, поттикнати од милоста да им укажуваме заштита на оние што ни се приврзани и нам и на нашата христијанска религија, милостиво го прифаќаме и го примаме под наша царска и кралска милост во секој начин и вид гореспоменатиот македонски народ, љубезно препорачувајќи им, поединечно и на сите наши волни заповедници, да не го напаѓаат споменатиот македонски народ, ниту да му причинуваат непријатности, туку според силите, секојпат и во секоја околност да го заштитуваат, бранат, и да му помагаат за таа цел. Воопшто, да му овозможат нему сигурност и увереност за да запазат повеќе наши царски и кралски милости, права и слободи. Во случај некои припадници на истиот народ да сакаат да војуваат под водство на нашите гореспоменати капетани и под наше знаме, нека се настојува повеќе да се поттикне таквата намера одошто да се спречи. Исто така допуштаме, со претходно знаење и согласност на нашиот тамошен главен командант, да се собираат во одред и одделно да дејствуваат или да се поврзуваат со нашите, за да можат така да имаат сила да се борат против заедничкиот непријател. За таа цел тие ќе се пријавуваат кај споменатиот командант, па според неговите наредби, со божја помош нека ги чуваат нашите краишта за општо добро. Секој според силите, да не пропушта секоја околност да соработува.
highlander Кога сме веќе тука еве и дел од писмото кое австрискиот генерал Пиколомини му го испратил на Леополд откако овој го запалил половина Скопје, оти во Скопје во тоа време беснеела чумата. „... се решив, иако не од се срце, градот под пепел да го закопам. Ми беше жал за зградите, какви што во оваа војна уште не бев видел, џамиите од најубав мермер и порфир со илјадници кандила и позлатени анкорани, на кои би им посветил внимание човек и во Рим, убавите старини, бавчи и забавишта, иако со варварски вкус направени, големите резерви од средства за живот, сето тоа на пламенот сакал - нејќел да му го дадам. Но, да не му оставам на непријателот ништо што неможе да се зачува, страв и трепет меѓу варварските народои да раширам и оружјето на својот господар и во најдалечните краишта да го направам страшно, се решив да ја извршам таа работа... По сите градски агли се поставија луѓе со гламни. На знак од три топовски истрели се вивна пламенот, и чадот го помрачуваше сонцето на 26 октомври и другиот ден по него; ние стоевме на еден висок рид и под звуците на војничките инструменти го гледавме огинот на ова убаво место, навистина не без мака и жал, додека ни идеше на ум мислата дека и убавите предградија на Виена ја доживеаја истата судбина. Што можев да сторам? Да имав доволно трупи да се затврдам овде и натаму ќе отидев“. Ова се случило на 26 Октомври 1689. Скопје по палењето горело цели два дена
Misirkov Highlander, te molam ostavi e-mail da ti se javime. Sakame da ti napiseme od [email protected] za da znaes deka sme nie. Pozdravi.
Ceki Ti si ubermakedonische??? Od forumot na filmot Alex the Great?
highlander Не сум јас, мојот маил е без ц тој ми се чини беше Uber Makedonische...
Ceki Onda go znajs nego? Da ne postirase i ti na toj forum, mene mi se zdosadi i prestanav.
highlander Ne go znam... mi vleze u oci oti imase nick kako mojot mail Tuka ima uste nesto povrzano so ovaja tema: http://www.gate.net/~mango/Karpos.htm
highlander Еве и карта баш од тоа време само незнам што значи тоа што го пишува под Macedonine. [img]http://www.unet.com.mk/oldmacedonianmaps/images/64.jpg[/img]
Misirkov Sega se gleda, izvini.
highlander Еве тука има повеќе мапи од Македонија http://www.unet.com.mk/oldmacedonianmaps