Манастири - легенди, преданија
Манастири - легенди, преданија
ozonce Доколку има легенди, преданија за тоа како се изградиле манастирите во Вашиот град ставете ги тука... ЛЕГЕНДА ЗА МАНАСТИРОТ СВ. ЃОРЃИ Неготино Многу одамна уште во 1866 година во Неготино живеел еден бег со својата ќерка. Една ноќ неговата ќерка сонувала еден чуден сон. На тој сон таа се видела себе си како прави две бразди, со два вола, едната нагоре другата надолу. Исто така, таа сонувала како прави темели на манастир. Утредента својот сон го кажала на нејзиниот татко, но тој не верувал во тоа. Овој сон беговата ќерка го сонувала три ноќи, но бидејќи нејзиниот татко не верувал, не направиле ништо за да го остварат сонот. На четвртиот ден таа легнала болна. Тогаш нејзиниот татко земал два силни вола и ги дал на својата ќерка да го исполни сонетото. Таа направила две бразди, една нагоре една надолу. Правјеќи ја првата бразда – надолу, таа пронашла плоча на која што имало човек со копје во раката како убива животно – змеј. На втората бразда – нагоре пронашла плоча на која што бил нацртан лик на жена со дете во рака. Така оваа девојка откако го исполнила сонот и ги поставила темелите на овој манастир, од жителите на Неготино бил дограден манастирот. Една година подоцна во 1867 година била направена камбанаријата која што тогаш била дрвена. Фреските во манастирот се направени во 1866 година. Тие се изработени рачно и постоеле до пред некоја година кога и се реставрирани. Конаците биле изградени во 1954 година. Тие тогаш биле изградени од дрво, а сега се ѕидани. За манастирот Св. Ѓорѓи е интересен податокот за бабата Митра. Таа била 90 годишна баба која што живеела во овој манастир. По завршувањето на војната Германците сакале да го напуштат градот, меѓута Партизаните ја минирале железничката пруга која се наоѓа близу до манастирот. Германците го дознале тоа и заробиле 20 малди партизани во манастирот. Тие помеѓу себе зборувајќи на германски се договориле да ги запалат. Но ова го слушнала бабата Митра и додека германците биле покрај пругата таа ги ослободила партизаните со зборовите: „Бегајте пилци во гората“. Кога Германците се вратиле дознале за делото кое го направила бабата Митра, ја завиткале во рогузина и ја запалиле. Денес во дворот на манастирот има направено споменик за баба Митра, но исто така и во конаците има посебна соба во која живеела таа. Песна за бабата Митра Tamu kraj vardarot negotinsko pole boj se zapochna boj neramen germanci begaat vozovi palat plamen se diga duri do nebo Vo manastirot Sv. Gorgija gi zatvorile partizanite i taka neshto na germanski jazik tie zboreja da gi zapalat Toa go slushna babata Mitra i skrishum poshla kaj partizanite porti otvorila so dvete krila begajte pilci v gora zelena Kletite fashisti benzin frlija i zrno kibrit na starata plamen se diga baba Mitra gori na mesto dvaeset partizani