fio |
Дали се сеќавате за време на кризата 2001 година, кога во Гази Баба на спиење беа убиени 5-ца терористи на чело со “командант“ Тели? Кај нив беа најдени некои скици, шеми, оружје и експлозив.
Се шират муабети низ јавноста дека ќе биде отворена нова “истрага“ за овој случај по ист принцип како раштански лозја. Што значи дека Љубе Бошковски најверојатно ќе биде повторно обвинет дека убил “невини цивили“ кои со оружје и експлозив дошле на гости кај роднините во Скопје.
Топиков го отварам не за да развијам дискусија, туку за да ја имам теоријава на писмено во архивата на форумов.
Доколку е вистина ова што го прочитав/разбрав од извори “несакајќи блиски на власта“, тоа ќе биде уште еден голем резил за Македонија, а да не ја споменувам оштетата која сигурно ќе треба да биде исплатена на фамилиите на “невините случани минувачи“ |