Bistra-Storija od Vest
Bistra-Storija od Vest
StormAngel ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА ТЕЛАТА НА БИСТРА Во јамата има и Бугарин Вчера на планината Бистра продолжи извлекувањето на пронајдените тела за кои само се претпоставува дека се Албанци, киднапирани во војната пред три години [img]http://www.vest.com.mk/images/{EF761DEE-10FC-4C4F-A1EC-B4403613D19F}_naslov-3.jpg[/img] Во педесетметарската јама во близина на Лопушник, на планината Бистра, меѓу четирите тела било и телото на еден бугарски државјанин, тврдат високи полициски извори. Тие претпоставуваат дека станува збор за еден бугарски државјанин што работел со семејството Велиу, кој бил киднапиран кај струмичко Ново Село за време на конфликтот во 2001 година. Под силно полициско обезбедување, вчера беше извлечено уште едно тело од длабоката јама на планината Бистра. До сега вкупно се извлечени две тела чиј идентитет не е утврден. Вчерашното извлекување го следеа роднините на исчезнатите Албанци за време на воениот конфликт во 2001 година, претставници на Проксима и од Бирото за исчезнати лица. Тие не сакаа да дадат изјави за медиумите. Се претпоставува дека во јамата се фрлени телата на некои од исчезнатите Албанци. Со ова постои можност да се расветли судбината на исчезнатите Албанци пред три години. Освен овие тела, едно тело, како што тврдат високи полициски извори, е најдено кај Железник во Демир Хисар, а едно тело, чијА идентификација е во тек, е пронајдено под мостот во непосредна близина на Велес. Телата што се извлекуваат од јамата, како што изјави истражниот судија Панче Софрониевски, се пред распаѓање, но идентификацијата ќе оди полесно бидејќи може да се препознаат по облеката и по другите предмети што ги носеле на себе. Од високи полициски извори дознаваме дека едно од телата е најдено во полузгрчена состојба. Извлекувањето на телата оди тешко. Местото каде што се фрлени телата е непристапно. Има одрони од камења и земја. Во јамата има мраз, па веројатно затоа и е забавен процесот на распаѓање на телата. До сега никој не се има спуштено во јамата. Се уште со сигурност не може да се тврди дали телата во јамата се фрлени живи или, пак, претходно се убиени. Тоа треба да го покажат истрагата и обдукцијата, која се врши врз извадените тела. Завчера на местото се појавија и роднините на киднапираните Македонци кои по кусо време си заминаа. За време на конфликтот во 2001 година се киднапирани тројца од семејството Велиу. Ружди, братот на Фазли Велиу, сега пратеник, а тогаш идеолог на ОНА, бил киднипарин кај охридското село Ботун, а братучедите Исљам и Ајретин исчезнале во Струмичко. На местото вчера беше присутен и Фазли Велиу кој одби да даде изјава, освен дека бил повикан од полицијата да присуствува кај јамата при извлекување на телата.
fio Кај се нашите?
dejan I jas toa se prasuvam.