Туѓино Јабано |
Strelec |
Македонците важат за една од најраселените нации на светот. На секоја точка од географската карта на светот, чиниш има по некој македонец. Но, никој не знае каде се’ и колку се’ македонци има. Канада е една од земјите со најголем број на македонски иселеници. Постојат најразлични бројки за тоа колку македонци има во Канада. Најчесто се спомнува бројката од близу 200 илјади македонци, но за жал, во статистичките податоци на Канада се евидентирани само неколку илјади.
Македонците во Канада се организирани на разни начини. Најчесто преку црквите кои што даваат клучен тон на сите збиднувања врзани со активностите на македонците во Канада. Сепак можеме да констатираме дека постои сериозен недостаток во нивното организирање. Евидентна е неинформираноста за многу важни прашања врзани за животот во Канада, а истовремено загрижува и фактот дека вон активностите на црквите, македонците во Канада немаат речиси никаква меѓусебна поврзаност.
Водејќи се од гореизнесените факти, ние неколкумина македонци во Канада, се обидовме да создадеме нешто што ќе внесе малку повеќе светлина и надеж за вистинско организирање на македонците, па од тие причини го создадовме порталот со име ’ТУЃИНО ЈАБАНО’.
Покрај останатите на кои што сакме да се заблагодариме, особена благодарност му упатувам на кумот Maverik за убавото име на овој портал, а и на сите други кои што вложија напор да се изнајде вистиското име.
Е сега, наместо да ви ја набројувам содржината на овој портал, ве поканувам да го посетите истиот кликнувајќи на http://www.tugjinojabano.com/
Вашата единствена задача е да ни упатувате предлози, критики, сугестии и пред се’ пофалби:), кои што понатаму ќе ни помагаат да го подобруваме квалитетот на овој портал, a не би било лошо и да го препратите линкот на сите адреси од вашиот address book.:)
|
DJ_SHEMA |
Odlichna rabota strelcho. Mozesh da rachunash na moja pomosh. Imam nekolku idei pa moze da pomuabetime. |
c0nGuR |
Stvarno svaka mu chast na toj shto ja sredil stranava kako shto treba i sve uz nea,ali bi mu dal idea na toj shto e negova stranata i za eden forum da se napravi da ima.... Kamo taka da se najde nekoj od EU shto ke saka da se izraboti edna dobra strana za Makedoncite niz EU shto se bi bilo super,eve jas sum za samo ke mi treba pomosh od nekogo okulu sreduvanjeto,ako ima nekoj zainteresiran neka pishe na PM. |
StormAngel |
Da,dokolku e potrebna nekakva pomos,bilo kakva,vi stojam na raspolaganje.[:)] |
Strelec |
Би бил многу благодарен доколку некој биде во можност да ми обезбеди фотографии (градски панорами) од градовите Крива Паланка, Пробиштип, Радовиш, Македонски Брод, Дебар, Валандово, Демир Хисар и Ресен.
Исто така, ми требаат фотографии и од градовите Разлог, Банско и Неврокоп кои што се наоѓаат во Пиринска Македонија.
Воедно им благодарам на ozonce, bluehim, deni, Thief & ace6vel за фотографиите што ми ги пратија.
|
Ceki |
Bravo na sekogo sto pomogna da se naprajt ova strana. Samo taka napred luge. Se nadevam deka ke ima uste poveke sliki.
quote: Kamo taka da se najde nekoj od EU shto ke saka da se izraboti edna dobra strana za Makedoncite niz EU shto se bi bilo super,eve jas sum za samo ke mi treba pomosh od nekogo okulu sreduvanjeto,ako ima nekoj zainteresiran neka pishe na PM.
Super ideja, i nije da imame nesto vakvo, samo za zal ne znam nisto da ti pomognam. |
Thief |
Јас сакам колумна на сајтов! [:D]
Се шегувам, макаршто пред неколку години си имав свое „политичко катче за забава, одмор и рекреација“[:p] на ajvar.com... Мислам дека беше за локалните избори, значи 2000... [;)] |
StormAngel |
Dobra ideja e,da se ima useri i komentari od istite na webov.
Nesto kako forum,prvicno namenet za Makedoncite u Kanada.[;)] |
Thief |
Тоа може да го има на форумов, односно како што тоа го имаат нарпавено МММ и ајварфорум (знали, оддел на форумов - официјален форум на сајтот!). Нема потреба од нови форуми...
Само, ова за колумнава почна да ми станува интересна идеја, само не мојата шега дека јас треба да бидам колумнист, туку можеби некој наш Македонец таму да пишува за свои погледи кон татковината, за тоа како се живее таму... И, пандан со Македонец, којшто си живее во татковината... еднаш неделно, на пример.
Да видите како таму си „канадизирале“ и „асимилирале“, а ние живееме во 16. век на брдовитиот Балкан! (не се ова мои ставови, туку можни споротивтавени гледања на една иста работа). Мене би ми било интересно да читам такво нешто...
Може малку конфузно ја изложив идејава, но во збрка сум деновиве, па брзам да си одам...
Од петок до недела ќе бидам отсутен (Охрид[:p] - Претор [;)]), па во поенеделник очекувајте појасни и други идеи од мене...
Ацо, пофалби за сајтот, но, се разбира, јас како човек кој се стреми и тежнее кон иделност на нештата, мислам дека треба, може и мора уште многу да се работи и да се направи уште подобар (на не речам: најдобар).
Поздрав! |
Strelec |
Како идеја е зацртана изработка на нешто што треба да личи на форум, но сосема поинакво од ова овде. Тој форум нема да има субфоруми и единствени теми ќе бидат оние што се поврзани со македонската имиграција во Канада.
А инаку, не знам колку е Thief сериозен, но за негова колумна правам место во рок од две минути!:)
И веќе ја замислувам колумната на која што најгоре пишува ’Бобанова Колумна’, а најдолу потписот Бобан Карапејовски - Тиф.:)
|
colo |
Moram da ti priznaam deka sajtov moze da pomogne ne samo za makedoncite tamu tuku i za ovie od ovaa strana. Da sa zapoznaat edni so drugi, so zivotot i sve drugo.
Chestitki ! |
Thief |
quote: Originally posted by Strelec
А инаку, не знам колку е Thief сериозен, но за негова колумна правам место во рок од две минути!:)
И веќе ја замислувам колумната на која што најгоре пишува ’Бобанова Колумна’, а најдолу потписот Бобан Карапејовски - Тиф.:)
Почестен сум, но за жал, се‘ до понеделник не можам апослутно ништо!
А, иако го кажав тоа на шега, се присетив на убавите ајваровски денови кога го „дрвев“ (како што вулгарно ви се изразиле некои), па почнав и сериозно да размислувам на оваа тема... [;)]
Но, ајде нека поминат овие стресни денови за мене, па ќе разговараме во недела или понеделник.. се надевам дека можеби првата колмуна ќе ми биде за Охрид и Претор и за макеоднскиот јазик!
„Дај боже“, воскликна атеистот кого повтор го мачеше несоница.
Не онаа „предизвикана“ од ништо, туку онаа кога посакувате нешто „од мерата згора“, а се сомневате дали ќе го остварите...
Претходниве два реда сфатете ги како скромна подготовка за место на „туѓинојабано“[:D]
А, сега најсерозно: мислам дека неколкумина луѓе (мои блиски пријатели) би можел да ги мобилизирам да пишат понекогаш... Едно време во неврзан виртуелен муабет зборувавме за нешто такво со Борис(во смисла на информативен и „пишувачки“ дел. За волја на вистината, идејата беше сајт за Тетово, нешто што воопшто нема врска со ова; тој можеби веќе не се сеќава на тоа), но многу изводливо е од Тетово да „мобилизирам“ неколкумина кои можат да придонесат...
|
StormAngel |
Epten dobar design ima web site-ov.Pofalbi na site koi sto rabotele za ovoj web site.Dobra rabota napravile.[;)] |
OooOo |
Super stvar. Ubava zamisla i izvedba. Kje go prepratam sajtov do site shto gi poznavam.
|
ozonce |
I jas imam neshto kolumnichki, ama treba da gi sredam... a plus i mnogu se crni i mrsni :) |