highlander |
Незнам дали сте ја гледале, ама една реклама која ја пуштаат на оваа идиотска телевизија... во однос на рекламите... (а богами и за други работи, но тоа е нешто друго).
Значи овие луѓе рекламирајки го зачинот Тузот го достигнале "врвот" на заведувањето луѓе за да го пробаат нивниот зачин, кој не се троши затоа што е 2-3 пати поскап од останатите слични на него.
Значи не се троши па ај вака ќе напраиме... Башка што лани открија непожелни микроорганизми во него
Инаку рекламата е ептен добро осмислена и направена... нема што, пакетче Тузот на едната страна, хендикепирано дете на другата, и глас кој ве убедува да купите Тузот оти 5 % од продажбатa оделе за помош на лицата со посебни потреби.
Епа добро бе има ли тој човек малце осет, дали тој има чувства?
Ако сака да помогне нека им помогне... но на ваков начин НЕ, нека отде во некоја клиника и нека донира пари или било што, па макар и нека однесе од сопствениот зачин
Што сака... да капари на маката на рајата?
И како не им е грев да пуштаат такво срање по телевизија. Што мисли тој ако каже дека 5 % од тие 2-30 денари што треба да се доплатат за да се проба овој обичен зачин ке го залаже народов?
Мислев дека ќе им текне дека не треба вакви реклами да пуштаат по ТВ но веќе 2-3 месеци упорно ја вртат.
Инаку немам ништо ни против Тузот ни против А1 за да не ме разбере некој погрешно но ова стварно нема смисла...
Сеа замислете некој родител кој има дете кое е хендикепирано, не дај боже... ја гледа рекламава и трчи у маркет да купи Тузот.
Ова може да се случи само кај нас.
|