Сведоштва!
Сведоштва!
highlander Прашањето за народноста на Македонците, на кое Берлинскиот конгрес му даваше особено внимание, одеднаш и неочекувано прерасна во прашање од првостепена и општа важност, не само од политички, туку и од научен аспект, па на тоа прашање се сруши и санстефанската фикција која ја создаваше царска Русија поради своите посебни интереси на балканот, кадешто Македонија беше ’златна резерва’ во политичките комбинации на царската руска политика помеѓу Србија и Бугарија. Во врска со тоа, рускиот гроф Шувалов, во писмото испратено до својата влада после Берлинскиот конгрес помеѓу останатото вели: „Македонското прашање на Берлинскиот конгрес остана нерешено поради повеќе причини. Меѓутоа тоа може да ни послужи за постигнување на одредени цели. После повлекувањето на руската војска од Бугарија, лесно може да дојде до промена на бугарската приврзаност кон нас, особено поради тоа што веќе се јавува ваква тенденција. Ако Кнежевството Бугарија остане до крај со нас, тогаш може да се работи на припојување на Македонија кон него. Меѓутоа постои и друга алтернатива - Македонија да се припои кон Србија, доколку Србија ја напушти својата про-австриска политика. Македонија треба да ни послужи како ’златна резерва’ за нашите политички комбинации во врска со нашата источна политика. (Документи од тајните архиви на руската влада, Софија 1893, 11-13.)
highlander
ПРОГЛАСОТ НА ЦК на БРП „ЗА СЛОБОДА, РАМНОПРАВНОСТ И САМОУПРАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА“ (Декември 1941. година) МАКЕДОНЦИ!
Сведоци сме на најголемата битка во историјата, која се води денеска на широката руска земја. На едната страна е побеснетоиот и крвав германски фашизам, заедно со сите свои вазали и слуги, а на другата страна - големта Советска земја на чело со славниот братски руски народ, поткрепен морално, материјално и војнички од најмоќните слободољубиви и демократски народи во светот, како и од многуте народи на Балканот - особено од српскиот и од другите народи на победената Југославија. И покрај толкавиот број на Пирови победи, наоѓајќи се во безизлезна положба, претставникот на беспримерниот, варварски германски империјализам, Хитлер, откако пороби и опљачка голем број културни народи во Европа и на Балканот, се фрли во нова крвава авантура, која сигурно ќе го доведе до крах. Без некаков повод и без предупредување, на подол и беспримерен начин, во историјата на човештвото. Хитлер, тоа надуено темно лице, цинично го прегази пактот за ненапаѓање склучен со СССР, и како вулгарен разбојник, изненадувачки, преку ноќ, ја нападна големата земја на Советите, со цел да ги опљачка нејзините богатства и да ја продолжи својата најнеправедна и најнепопуларна војна. До војната на Балканот, до окупацијата на Македонија од страна на германската и бугарската војска, некои од вас искрено веруваа во приказната дека Хитлер е борец против Версајскиот, Нејскиот и другите ’мировни‘ договори и дека тој се бори за слободата на поробените народи, па и за слободата на Македонија. Каква голема лага! Вие денеска и самите гледате дека сте сто пати повеќе поробени и опљачкани, отколку што бевте обесправени и гонети заедно со српскиот, хрватскиот, словенскиот и другите народи на Југославија за време на таканаречените ’српски великани‘. Заедно со сите работници на Југославија вие не добивте никаква слобода, туку сурово ропство. Предупредувањата кои ви ги даваа македонските комунисти за тоа дека Хитлер е ’зла напаст‘ за човештвото, дека тој не носи слобода туку ропство, дека тој доаѓа во Македонија не за да и даде нешто туку за да земе, да ја опљачка, да ја експлоатира - заедно со својот слуга - бугарскиот фашизам, денес се обвистинија. Германците на брза рака опљачкаа се што беше останато кај вас - жито, тутун, афион, волна и друго. Уште повеќе: не се ретки случаите германските војници да пљачкаат цели македонски домови. По германците дојдоа бугарските фашисти, за да го опљачкаат преостанатото. Ви испратија и ви поставија фашистички чиновници и градоначалници. Бугарските колонизатори за време на доаѓањето рекоа „Србите не ве научија 23 години, но ние наскоро ќе ви го дотераме умот“. Бугарските фашистички чиновници и полицајци го продолжија во голема мера делото на најлошите претставници на минатиот режим - т.е подмитувањето, поткупот. Зарем аѓудантот за скопскиот командант, мајорот Лилов, не беше фатен во кражба? Зарем македонските предавници - председателот на таканаречениот ’македонски комитет‘ Стефанов и организациониот секретар Васил Х. Кумов - не беа оние кои за себе ги приграбија оризовите полиња во Кочанскиот крај? Зарем членовите на централниот ’македонски комитет‘ во Скопје, заедно со бугарските фашистички власти не го приграбија за себе брашното, маслото и друго, и под закрилата на комитетот тргуваа со цигари и друго, продавајќи за динари, а купувајќи во Бугарија за левови, разменети во бугарската народна банка... Ете денеска, исто така како и порано, вие немате политичка и културна слобода. Додека таканаречените српски великани не ви дозволуваа да се нарекувате Македонци и поради тоа ве прогонуваа, денеска бугарските шовинисти и фашисти со сила ве тераат да се нарекувате македонски Бугари, и исто така ве прогонуваат ако кажете дека сте Македонци. Вашите водачи и борци од минатото, како Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Дими Хаџи Димов, и другите ви ги претставуваат како стопроцентни бугарски фашисти и шовинисти. Во сите свои пораки, властите и продадените Македонци, Гоцевата борба за слобода, демократија, рамноправност и самоопределување на македонскиот народ ги споредуваат со борбата која бугарските фашисти и Хитлер ја водат, за освојување и пљачкосување. Какво одвратно сквернавење на спомените на вашите големи апостоли и какво грозно изопачување и фалсификување на македонската борба за слобода! Оваа година фашистите се обидоа да се замаскираат со најголемиот, со најславниот датум од револуционерната историја на Македонците - Илинденското востание. Тие бессрамно тврдеа дека идеалите на Крушевската република се идеалите на Хитлер и Цар Борис - тие заколнати непријатели на слободата на народот. Вие, старите Македонци, живите сведоци на Илинден, потврдувате дека Илинден беше и сеуште е македонски, а не Илинден на бугарските фашисти, дека на црвениот крушевски бајрак беа испишани зборовите „слобода, братство и рамноправност“. Во име на слободата и рамноправноста загинаа илјадници Македонци на Мечкин Камен и во цела Мекедонија. Наместо слобода, бугарските управници донесоа масовни пребивања, затвори, убиства, бесилки од кои денеска пропиштеа целото македонско, шиптарско и турско население. Цели градови и села се блокираат во Македонија со денови, и секој еден кој ќе се најде на улица, тепан е со кундаци. Населението е подлегнато на нечовечни малтретирања и мачења, какви што имало само во султан - Хамидова Турција. И фашистичка Бугарија ги има за Македонците Куршумли-ан, Беас-куле, Диар-Бекир, Фезан и други каде што младите македонски синови го оставаат здравјето и животот. Ако се осмелите да се наречете Македонци, вас ве гонат, ве тепаат, не добивате служба, па дури ни пропусница. Во институциите не смеете да зборувате на македонски јазик, и секој македонски разговор се обележува како србоманство. Целата Македонска историја, култура и борбите се изопачуваат од страна на бугарските фашисти и шовинисти, против вољата и протестите на бугарскиот работен народ, како што до вчера тоа се правеше од страна на големосрпските шовинисти против вољата и протестите на српските работни народни маси и најкултурните и најнапредните елементи на братскиот српски народ. (Прогласот на ЦК на БРП „За слобода, рамноправност и самоуправување на Македонија“. Декамври 1941. година, Историски архив на КПЈ, том VII, Белград 1951.)
highlander „Низ целиот период на новата политичка историја на нашата земја, и покрај повремените исклучоци, основната линија на бугарската надворешна политика беше во служба на германскиот империјализам, кој систематски се трудеше да ја оствари својата поитика „Drang nach Osten“. (Продор на Исток). Тоа беше линија на непријателство помеѓу Бугарија и нејзините соседи, линија на спротивставување на Бугарија кон нејзиниот ослободител големата Русија; тоа беше макијавелистичко спроведување на принципите на пруските барони и јункери „ПОДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ“! За таа цел беа нашироко искористени големобугарскиот шовинизам, големосрпскиот шовинизам, големогрчкиот шовинизам и другите големодржавнички струења на Балканот. Обидот на големиот бугарски државник Александар Стамболиски да ја промени оваа линија на надворешната политика, како што е познато, заврши со насилно рушење на неговата влада и со злосторничкото убиство на самиот Стамболиски... Надворешната политика на Отечествениот фронт е вистинската национална бугарска поитика. Таа произлегува од реалните национални интереси на Бугарија. Таа ги свати горчливите искуства од минатото, кога прашањето за Македонија беше искористувано од странските империјалисти и нивните балкански агенти од редовите на владеачките клики за да се спротивстават Бугарите против Србите и Србите против Бугарите. Отечествениот фронт смета дека треба да направи се за да Македонија еднаш и за секогаш престане да биде јаболко на раздорот на Балканот и да стане мост на соединување помеѓу Бугарите и Србите, помеѓу новата Бугарија и новата Југославија....“ (Од говорот на Георги Димитров на 26 - тото редовно народно собрание во Софија, книгата „Говори по повод одговорот за предстојната беседа“ Софија 1945 год.)
highlander Обраќајќи му се на централниот комитет на БРП, на 28. Септември 1944. во Москва, Георги Димитров, помеѓу останатото пишува: „Денеска за никој од нас неможе да биде тајна дека еден од најважните корени на сите неционални несреќи и катастрофи кои го снајдоа нашиот народ, последните децении лежи во големобугарскиот шовинизам, во големобугарката идеологија и политика за хегемонија на Балканот и владеење над соседните народи. На тоа тло, со години фашизмот кај нас, вршеше големи насилства. На тоа тло, германската агентура за време на царот Фердинанд и царот Борис ја предаде Бугарија на Германците, и ја претвори во оружје на германскиот милитаризам против нашите ослободители и нашите соседи, западни и јужни. Во име на ’Голема Бугарија‘ големобугарските шовинисти - предавници на нацијата и германските агенти - ја доведоа по трет пат нашата татковија на прагот на катастрофата, и замалку не ја уништија. Без немилосрдно уништување на големобугарскиот шовинизам, таа рак-рана на живото тело на нашата земја (Бугарија) - не е можна изградбата на преродената нова Бугарија. Неопходно е, паралелно со уништувањето на носителите на таа смртна зараза, да се изврши огромна разјаснувачка, идеолошка работа кај народот и кај неговата интелигенција, за да не остане спомен на големобугарската идеологија и авантуристичка политика...“ („Работническо дело“ 2. 10. 1944. година)
highlander Еве како министрите за надворешни работи на Англија, Австрија и Франција реагираа непосредно после заклучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу царска Русија и Турција. Лордот Солзбери англиски министер за надворешни работи, во инструкциите кон својот амбасадор во Цариград датирано на 18. Април 1878 год., во врска со ова напишал: „Вака зацртаното бугарско кнежевство во Санстефанскиот мировен договор, не смее да остане во такви широки граници и да држи територии кои етнички не му припаѓаат“. Австрискиот министер за надворешни работи, во инструкциите кон својот амбасадор од 17. Мај 1878 год. го напишал ова: „Дајте му на знаење на Недилов, рускиот амбасадор во Цариград, дека нашата влада никако нема да толерира едно широко бугарско кнежевство. Во Санстефанскиот прелиминарен договор воопшто не е запазен етничкиот принцип. Нам ни е познато по статистичките податоци со кои располагаме, дека Бугарите и Србите ја населуваат земјата од Црно до Јадранско море. Србите се протегаат на запад и на левиот брег на реките Дунав и Сава., додека Бугарите се протегаат од Дунав до Стара планина. Територијата на Македонија е населена со разнородно население. Меѓутоа познато е дека во тамошното население се јавува една силна струја, која настојува да тргне по сопствениот пат. Нашите најнови интереси ни наложуваат да продреме во Македонија и да излеземе на Егејско море, користејќи ја наклонетоста на населението во Македонија“. На истото стојалиште, во однос на посебноста на Македонија и на Македонците како небугарска земја, стоела и француската влада, што може да се види од телеграмата на францускиот министер за надворешни работи кон својот амбасадор во Цариград. Во телеграмата помеѓу останатото пишува: „Ние и понатаму стоиме на гледиштето дека освен бугарскиот, постојат и други народи на Балканскиот полуостров, кои во догледно време треба да бидат ослободени. Населението во Македонија во ваква ситуација лесно може да се приврзе кон Франција, со што ќе пораснат нашите позиции во овој дел на светот. Нашата влада остро се противи на Санстефанскиот прелиминарен договор...“. (Hof - und Slaatsarchiv Wien, "Politishes archiv XXXIII Turkei") Documents diplomatique, t. III 431 14. 06. 1878.
highlander „Во Македонија имаше повеќе востанија, но првото беше во Разловци 1876. Под раководство на Димитрија Поп Георгиев - Беровски и поп Стојан од Разловци. Ова востание немаше никаква врска со априлското востание (Во Бугарија) истата година, а тоа што се подигнати во исто време е само случајност“. (И.Д. Македонските востанија, свјато дело, Ќустендил, 1903, стр. 297-298).
highlander „Плановите на руската влада, без сомнение, беа големи. ’Ослободувањето на братушка’ би било навистина „царско“. Но големите планови на руската дипломатија во Сан Стефано, крај Цариград, претрпеа потполно фијаско... А за да го спаси своето реноме и за да создаде погоден терен за своето идно „покровителство“ над Бугарија, таа ја создаде фикцијата за „Санстефанска Бугарија“. (Д. Благоев, Сочиненија, том VIII Софија 1958, стр 526).
highlander „Нека еднаш за секогаш се свати дека бугарскиот државен патриотизам, со кој се гордеат бугарските државници од 1890 година до денес, и македонскиот патриотизам - две работи меѓу кои не само што нема ништо заедничко, туку се и противречни еден на друг...“ (Меморандум на илинденската организација во Бугарија „Македонско дело“, год 1 број 10, 25. 01 1925, стр 5.)
highlander Кабакчиев, истакнат бугарски револуционер, критикувајќи ја империјалистичката политика на бугарската буржоазија во првата светска војна, во говорот одржан во бугарското народно собрание на 25. Декември 1918 год. вели: „Бугарската буржоазија, во ликот на денешната влада, направи само едно: ги промени своите господари, но остана во сервилна положба на слуга, прислужничка. Тоа вие го вршите со целиот бугарски народ. Вие му ги променивте господарите; денеска, наместо централните сили, сојузниците се разместуваат по Бугарија... Господа народни представници! Вие се сеќавате на тоа што овде, од министерската фотеља, се зборуваше во текот на трите години. Бугарија одеше по патот на победата, ја окупираше Македонија, половина Србија, цела Добруџа, и првиот министер на Бугарија изјави дека „Таму каде што ќе стапне бугарската нога, тоа ќе остане бугарско“. Во вообразбата на бугарската патриотска буржоазија, Бугарија навистина постана една ’голема’ држава... Меѓутоа само за 2-3 недели целата таа кула од карти на песокот пропадна, се сруши, исччезна. Во 1918 год. централните сили широко ја искористија Бугарија за да си отворат пат кон исток, и во решавачкиот момент, ја фрлија во една национална катастрофа ... Вие гледате дека бугарските влади, во последните години на војната, ниту во еден момент не водеа самостојна политика... Нема потешка пресуда за таа слепа, националистичка, агресивна политика, од националните катастрофи во 1913 и 1918 година; катастрофи во кои причините се едни и исти... Но, што тоа значи? Тоа говори, господа, дека бугарската буржоазија треба да престане да тежнее кон плодните полиња на Македонија, кон даночните обврзници на Србија, кон пристаништата на Егејското и Мраморното море, таа треба да престане да тежнее кон тие богатства како кон свои исклучителни добра, а бугарскиот народ треба да побара сојуз, меѓусебно разбирање, не кај големите капиталистички сили, туку кај нашите соседи, кај балканските народи...“. (Христо Кабакчиев, Избрани дела, Софија 1953. Виновниците за катастрофата, стр. 535-540).
highlander Коста Новаковиќ: МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ! По налог на КПЈ, Коста Новаковиќ во средината на 1924. година. престојувал во Македонија и ја напишал својата позната брошура „Македонија на Македонците! Земјата на земјоделците!“. - во која за Македонците се говори како за посебна нација. „Јас сметам дека секој народ, па и Македонците, треба да добијат право на самоопределување, македонското население е национално поробено, и единствено решение кое се наметнува е Македонија да добие независност и самостојност, и да постане врска за другите балкански народи...“. (Коста Новаковиќ, Македонија на Македонците! Земјата на земјоделците!, 1966).
highlander ПИСМОТО НА ГЕОРГИ ДИМИТРОВ ОД 13 МАЈ 1934 ГОДИНА Маркантни фигури на бугарската социјалдемократија имаа реални погледи за македонскта националност, како и за македонскиот национален развој. Георги Димитров исто така имаше јасен став за македонската национална посебност, која ја изразил и во писмото упатено до Централниот комитет на Македонскиот народен сојуз во Детроит од 13 Мај 1934 година. Во кое се вели: „Јас се чувствувам нераскинливо поврзан со судбината на македонскиот народ, и како бугарски пролетерски револуционер и како син на семејство кое потекнува од Разлог - долината на историското илинденско востание... Македонското движење има многу непријатели. Меѓутоа негов најопасен внатрешен непријател се агентите на бугарскиот империјализам, бугарскиот монархизам, бугарскиот фашизам, и, пред се, бандата Михајлова (реакционерната организација на Ванчо Михајлов)... Не може борбата против националното угнетување и ослободување на македонскиот народ да биде насочена, без конечна изолација на таа опасна банда од македонската маса, без потполна елиминација на нејзината јудејска улога во македонското движење и во внатрешниот политички живот на Бугарија... Само единствена револуционерна борба на македонскиот народ и тоа во најтесен сојуз со работниците и селаните од Бугарија, Грција, Југославија може да доведе до победа на македонската ослободителна револуција. („Гласник на институтот за национална историја“. год. XVII бр. 1, Скопје 1973, стр. 183-185).
highlander БКФ ЗА НЕЗАВИСНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Балканската комунистичка федерација на шестата конференција одржана 1924 год. ги поддржа тенденциите за создавање „обединета и независна Република Македонија“ како потполно правилни и револуционерни. Истовремено ја поддржа резолуцијата на Коминтерната за тоа дека борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување, може да се реализира само во заедница со револуционерните движења на балканските земји. Во врска со ова помеѓу останатото се наведува: „Комунистичките партии од Балканот и Балканската комунистичка федерација должни се да дадат енергична поддршка кон национално-револуционерните движења на угнетените народи на Македонија и Тракија за создавање независни држави“. (The Communiste International, 1924, br. 7, str. 95)
highlander ОТЕЧЕСТВЕНИОТ ФРОНТ ЗА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА „... За да се избегнат било какви историски грешки и за да и се даде на Македонија цврсто уверување, ОТЕЧЕСТВЕНИОТ ФРОНТ ЈА ПОДИГА ПАРОЛАТА ’МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ’!. Со оваа парола ќе се стави крај на соперништвото помеѓу балканските држави. Никаква измена на сегашната распарченост на Македонија од нејзините непријатели, ниту пак нејзино присоединување кон било која балканска држава. ЕДИНСТВЕНО СПАСОНОСНО РЕШЕНИЕ Е - ЦЕЛОКУПНА СЛОБОДНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА. САМО ТАКА ТАА ЌЕ ПРЕСТАНЕ ДА БИДЕ ЈАБОЛКО НА РАЗДОРОТ И ЌЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЗДРАВА КАРИКА НА СОЕДИНУВАЊЕ ПОМЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ. Советскиот Сојуз и силите на демократијата ќе бидат гарант на една слободна и независна Македонија. За да се постигне таа голема историска цел, се наложува на чело на балканските држави да станат вистинските народни влади, на кои им се туѓи било какви империјалистички аспирации, кои би се држале до принципот за НЕЗАВИСНОСТ И САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ НА БАЛКАНСКИТЕ НАРОДИ...“. (Од декларацијата на отечествениот фронт на Бугарија Декември 1943 год.) Историски архив на КПЈ, том 7, Белград 1951.
highlander Димитар Благоев, социјал-демократски претставник во бугарскиот парламент, во неговиот настап од 10. 12 1917 година. ги разобличува целите на бугарската националистичка политика, во првата светска војна и во таа пригода помеѓу останатото вели: „Војната која ја води бугарската буржоазија не е ни за какво обединување на бугарското племе, туку за бугарска хегемонија на Балканот, поточно со тоа да завладее со местата неопходни на бугарската буржоазија, за тоа за излезе на големите поморски патишта и на Егејското море... Ако сте убедени, господа пратеници дека во Добруџа живеат Бугари, дека во поморавје или во Македонија живеат Бугари, дека во Серес, Драма и Кавала живеат Бугари, зошто тогаш се плашите од формулата која предлага ’руски мир’ „мир без анексии, без обештетување, со право на нациите за самоопределување“. Ако сте убедени дека во некое од овие места има Бугари, нека се спроведе референдум па ќе видиме што тие имаат да кажат... Зошто кревате галама? (изгледа дека во овој момент се слушнале негодувања од другите пратеници) Значи не сте сигурни. Значи има нешто што ве возбудува. Постојат некои области со коишто завладеавте а кои ќе ви испаднат од рака ако подлегнат на референдум“. Кажувањата на Димитар Благоев пред бугарскиот парламент за народноста на Македонците 1917 година.
Misirkov Vo izvestajot od 1923 godina na univerzitetskiot profesor Reiz do francuskiot minsiter za nadvoresni raboti Rajmon Poankare, francuskiot diplomatski pretstavnik vo Belgrad Kleman Simon vo svojata analiza kon izvestajot na profesor Reiz naglasuva deka: "Ima vo Makedonija luge so bugarsko cuvstvo, no tie se vo mal broj... ovoj narod [makedonskiot] e miren i miroljubiv... najprvin treba da se istakne deka intenzivnata bugarska propaganda se odvivase preku crkvata i ucilisteto. Ne treba da se zaboravi deka mnogu Makedonci emigriraa vo Bugarija kade uspeale da zazemat znacajni funkcii vo armijata, vo administracijata pa duri i vo vladata. Opsto gledano, Makedoncite se povesti i pointeligentni od Bugarite. Vo Srbija tie se megu pointeligentnite sredini, no im bilo potesko da zazemat znacajni mesta vo administracijata... so primena na nasilni sredstva Bugarite go teroriziraa makedonskoto naselenie. Narodot [makedonskiot] ima strav od Bugarite... moze li ovie Makedonci da se transformiraat vo dobri Srbi? Nikako. Kako zaklucok se preporacuva, bidejki makedonskoto naselenie nema doverba vo Vladata na SHS, treba da ja vrati doverbata kaj ovoj narod. Ako Vladata ne go promeni metodot, idnite izbori ke bidat uste poteski od poslednite." (Archives diplomatique... Paris... serie Z, Eirope, sous-serie Yougoslavie 1918-1929, vol. 68 - Repport de M. Reiss sur la situation en Macedoine).
Misirkov GEORGI BAKALOV (roden 1873 g. vo Stara Zagora), sozdavatelot na bugarskata marskisticka knizevnost. Prevel ili napisal nad sto levicarski brosuri i izdavale nekolku marksisticki spisanija. Bil progonet od strana na bugarskite fasisti vo 1925 g. "I POKRAJ DOLGITE KRVAVI BORBI STO GI VODESE MAKEDONSKIO NAROD ZA DA DOBIE SLOBODA I NEZAVISNOST, OVAA ZEMJA EDNOSTAVNO BESE RASPARCENA NA TRI DELA, OD KOI NAJGOLEMIOT I BESE DADEN NA JUGOSLAVIJA,A DRUGITE DVA NA GRCIJA I NA BUGARIJA. ZNACI PRASANJETO BESE RESENO VRZ PRINCIPOT NA ANEKSIJA I PROTIV VOLJATA NA ZASEGNATIOT NAROD. MAKEDONSKIOT NAROD OCIGLEDNO KJE JA PRODOLZI BORBATA ZA SLOBODA. NO OSVOJUVACITE NA DENESNA MAKEDONIJA SAKAAT DA GI PROGOLTAAT NIVNITE VNATRESNI BORBI, A ZAD NIV SEKOGAS KJE GO NAJDEME IMPERIJALIZMOT NA GOLEMITE SILI. ETE KAKO SVETSKIOT IMPERIJALIZAM GO RESI MAKEDONSKOTO PRASANJE. ZAD OVA PRASANJE SE NAMETNUVA EDNO DRUGO RESENIE, DIJAMETRALNO SPROTIVNO, STO SE SOSTOI OD PRINCIPOT ZA CELOSNA NEZAVISNOST NA SITE BALKANSKI ZEMJI, OD PRAVOTO NA BALKANSKITE NARODI SAMI DA RESAVAAT ZA SVOJATA SUDBINA I OD NEOPHODNATA POTREBA OD FEDERATIVEN SOJUZ MEDJU OVIE NARODI. SAMO TAKVOTO RESENIE MOZE DA GARANTIRA MIR NA BALKANOT I ZA MOZNOSTITE ZA SLOBODEN RAZVOJ NA NASELENIETO NA POLUOSTROVOT. OVAA IDEJA NE E SON STO SE RODILA VO GLAVATA NA NEKOJ MECTATEL. TAA E ZIVA, RODENA VO SAMATA BORBA NA RAZNITE BALKANSKI NARODI ZA NACIONALNA NEZAVISNOST. OVAA IDEJA...NA BALKANCITE IM JA PREPORACUVAA VETERANI OD REVOLUCIONERNATA BORBA, KAKO GARIBALDI ILI cERNISEVSKI. ISTATA IDEJA JA ZASTAPUVAA I VODACITE NA NARODNATA REVOLUCIJA KAKO RAKOVSKI, KARAVELOV, LEVSKI, KAKO I PIONERITE NA SOCIJALIZMOT NA BALKANOT KAKO SVETOZAR MARKOVIC I HRISTO BOTEV. TAA IDEA ZREE, SE RAZGLEDUVA, SE RAZVIVA I ZA NEA SE DISKUTIRA VEKJE NEKOLKU DESETICI GODINI." (La Macedoine vue par l'Europe 1925-29, SKopje 1991, str. 182).
Misirkov VASIL KOLAROV, vodac na bugarskite komunisti medju dvete sevetski vojni i niven pretstavnik vo Izvrsniot komitet na Kominternata. Dipomiral pravo vo Zeneva. Interesno e da cueme sto toj veli za makedonskoto prasanje: "NIE, BUGARSKITE KOMUNISTI, OTSEKOGAS SME GI ODOBRUVALE BARANJATA NA MAKEDONSKITE REVOLUCIONERI ZA SLOBODNA I NEZAVISNA MAKEDONIJA I OTSEKOGAS SO SITE SILI SME JA PODDRZUVALE NIVNATA BORBA ZA OSTVARUVANJE NA TAA CEL. A DENES POVEKJE OD KOGA I DA BILO GO PRIZNAVAME PRAVOTO NA SAMOOPREDELUVANJE NA RASPARCENIOT MAKEDONSKI NAROD I PODGOTVENI SME SO SITE SILI DA MU POMOGNEME DA STANE GOSPODAR NA SVOJATA SUDBINA. ... SUDBINATA NA SITE BALKANSKI NARODI E TOLKU TESNO ZAEMNO POVRZANA STO ROPSTVOTO NA EDEN OD NIV PREDIZVIKUVA STRADANJA VO ZIVOTOT NA SITE DRUGI. VEKJE POLOVINA VEKEDNA OD GLAVNITE PRICINI ZA ALARMANTNATA SOSTOJBA NA NESIGURNOST NA BALKANOT BILO MAKEDONSKOTO PRASANJE: UGNETENA, POROBENA, MAKEDONIJA BILA JABOLKO NA RAZDOROT MEDJU BALKANSKITE DRZAVI I NIVNITE ASPIRACII DA JA POSEDUVAAT, POVEKJEPATI ZAPALILE POZARI STO GO OPUSTOSILE POLUOSTROVOT I OD KOI KRVAVELE SITE BALKANSKI NARODI. I DENES, OD ISTITE PRICINI, SE TRUPAAT NOVI NEMIRI I NOVI OPASNOSTI...SVESNI SME ZA TAA SITUACIJA I ZATOA SLOBODNA I NEZAVISNA MAKEDONIJA E EDNO OD BARANJATA VO NASATA PROGRAMA. ... NE GI ZATVORAME OCITE PRED TESKOTIITE STO I STOJAT NA PATOT NA REVOLUCIONERNATA BORBA NA MAKEDONSKIOT NAROD. TIE SE OGROMNI. TOA STO MAKEDONIJA E MALA ZEMJA I STO NEJZINIOT NAROD E BROJNO SLAB ZA DA JA OSVOI SO SOPSTVENI SILI SVOJATA SLOBODA, NE E NAJGOLEMATA TESKOTIJA. IMA I DRUGI MALI NARODI CII STO BORBI ZA NEZAVISNOST BILE KRUNISANI SO USPEH. NO BIDEJKJI PRIRODNO, NA MAKEDONSKIOT NAROD MU TREBAAT SOJUZNICI I BIDEJKJI MNOGUMINA MU GI NUDAT SVOITE USLUGI, NAJGOLEMATA TESKOTIJA E DA SE RAZLIKUVAAT VISTINSKITE SOJUZNICI -- ONIE STO SE ISKRENI I CIJ INTERES E DA SE BORAT RAMO DO RAMO SO MAKEDONSKIOT NAROD PROTIV ZAEDNICKIOT NEPRIJATEL -- OD ONIE KOI...NASTOJUVAAT DA JA ISKORISTAT BORBATA NA UGNETENIOT MAKEDONEC ZA SVOITE EGOISTICNI OSVOJUVACKI I UGNETUVACKI CELI. ZNACI NAJGOLEMATA TESKOTIJA E TOLKMU TOA: MAKEDONSKOTO REVOLUCIONERNO DVIZENJE MORALNO I MATERIJALNO DA SE ODSLOBODI OD "SOJUZNISTVATA" I "PROTEKTORATITE" NA SITE OTVORENI I PRIKRIENI UGNETUVACI NA MAKEDONSKIOT NAROD. ZA NIKOGO VEKJE NE E TAJNA DEKA MAKEDONSKOTO REVOLUCIONERNO DVIZENJE OTSEKOGAS BILO NAGRIZUVANO ODNATRE I PARALIZIRANO ODNADVOR OD TAKVITE "SOJUZNISTVA". SITE MONARHISTOCKO-BURZOASKI VLADI NASTOJUVALE DA MU GO NAMETNAT SVOETO VLIJANIE BAREM NA EDEN DEL OD OVOJ NAROD, DA GI NASOCAT MAKEDONCITE VO PRAVECOT NA SVOJATA NACIONALISTICKA OSVOJUVACKA POLITIKA. I SITE VO POMALA ILI POGOLEMA MERA USPEALE. TAKA SE SLUCI VO NAJRESAVACKIOT MOMENT ZA MAKEDONSKIOT NAROD -- VO BALKANSKATA VOJNA -- DA NEMA MAKEDONSKA REVOLUCIONERNA ORGANIZACIJA, SILNA EDINSTVENA, NACIONALNO OFORMENA STO KJE MOZESE DA IM SE SPROTIVSTAVI NA OSVOJUVACKITE I RASPACUVACKITE ASPIRACII NA BALKANSKITE VLADI. TAKA SUDBINATA NA MAKEDONIJA BESE RESENA BEZ UCESTVO NA MAKEDONSKIOT NAROD I TAA SUDBINA GO MACI DO DENESNI DNI. NO PO GORCLIVO ISKUSTVO OD VOJNITE, VNATRESNATA SLABOST NA MRD NE ISCEZNA -- VLIJANIJATA NA ZAINTERESIRANITE BALKANSKI VLADI I PONATAMU GO PODELUVAAT. STO E USTE POLOSO, TIE VLIJANIJA PREDIZVIKAA, VO RAMKITE NA OVA DVIZENJE, STRASNA BRATOUBISTVENA VOJNA STO SE ZAKANUVA USTE POVEKJE DA GO OSLABNE, I TOA NA PODOLGO VREME. KRVAVATA VNATRESNA VOJNA, STO VEKJE NEKOLKU GODINI MASOVNO GI KOSI REDOVITE NA MAKEDONSKITE REVOLUCIONERI, E EDINSTVENA VO ISTORIJATA NA RAZNITE REVOLUCIONERNI DVIZENJA... ...REVOLUSIONERNO DVIZENJE STO DOSLO DO TAMU DA SE UNISTUVA SAMOTO SEBE SI, PRESTANUVA DA BIDE OPASNOST ZA UGNETUVACOTE I JA GUBI POPULARNOSTA MEDJU NARODNITE MASI, GO GUBI SVOJOT REVOLUCIONEREN KARAKTER. GOLEMO DZVONO ZA PREDUPREDUVANJE NA ISTORIJATA VEKJE DOLGO VREME ZVONI NAD GLAVITE NA VISTINSKITE MAKEDONSKI REVOLUCIONERI I IM JA POKAZUVA BEZDNATA KOJA SE ZAKANUVA DA GO PROGOLTA REVOLUCIONERNOTO DELO NA EDEN STRADAN NAROD PREKALEN VO KRVAVI BORBI. KONTAKTOT NA MAKEDONSKOTO REVOLUCIONERNO DVIZENJE SO KOJA BILO BALKANSKA VLADA SE POKAZA KRAJNO OPASEN NE SAMO ZATOA STO TAKVIOT KONTAKT GO OSLABNA, ZAPRE, PARALIZIRA OVA DVIZENJE KAKO MAKEDONSKO...TUKU I ZATOA STO TOJKONTAKT DOVEDUVA DA GI ZAGUBI SIMPATIITE NA BALKANSKITE MASI, ODNOSNO DA GI ZAGUBI SVOITE VISTINSKI SOJUZNICI. BUGARIJA E DOBAR PRIMER ZA TOA. UCESTVOTO NA VMRO VO KRVAVOTO ZADUSUVANJE NA BUGARSKITE RABOTNICI I SELANI PRI RESTAVRACIJATA NA BURZOASKATA MONARHIJA I NANESE UDAR NE SAMO NA BORBATA NA BUGARSKITE RABOTNICKI MASI TUKUI NA MAKEDONSKOTO REVOLUCIONERNO DVIZENJE....PREDPOCITANJETO NA PRIJATELSTVO NA VOENO-BANKARSKATA KLIKA PRED PRIJATELSTVOTO NA OGROMNOTO MNOZINSTVO NA BUGARSKIOT NAROD, PRETPOCITANJETO NA TAA BANDA STO MU SEDNALA -- PRIVREMENO -- NA VRATOT NA BUGARSKIOT NAROD, E NEVIDENO ZLOSTORSTVO SPREMA SAMOTO MAKEDONSKO REVOLUCIONERNO DVIZENJE, STO ISTORIJATA SIGURNO KJE GO ZIGOSA. ... POLITICKIOT REALIZAM BI NALAGAL DA S EUCI OD ISTORIJATA I DA SE VODI SMETKA ZA NASTANATITE PROMENI VO ODNOSOT NA OPSTESTVENITE SILI. TOKMU TAA ZALNA ISTORIJA OD POSLEDNITE 50 GODINI GI UCI VODACITE NA MAKEDONSKOTO REVOLUCIONERNO DVIZENJE DEKA VO PRESTOLNINITE NA BALKANSKITE DRZAVI NE SE PODGOTVUVA SLOBODA TUKU ROPSTVO ZXA BALKANSKITE NARODI. (La Macedonie vue par l'Europe 1925-29, Skopje 1991, str. 149-52).
Ceki Ako ne sum vo zmota, mislam deka i grckite komunisti ne podrzuvaa, dali znajt koj nesto za to?
Misirkov I da i ne. Ima periodi koga moraa da ja priznaat realnosta kako na primer vo periodog od 1931 koga eksplicitno priznaa deka postoi makedonska nacija so svoj makedonski jazik. Primer od vesnikt "Rizospastis" (Radikal): "Makedonskata nacija ne e nitu bugrska, nitu srpska, tuku MAKEDONSKA...zosto vo Makedonija pod Bugarija, Grcija i Srbija nbe postojat nitu Grci, nitu Srbi, nitu Bugari, postojat samo Makedonci...Za da se uverime vo toa, dovolna e edna obicna poseta vo mestata i planinite vo Makedonija za da se svati toa. Odgovorot se dobiva od nivniot obicaj i nivnata priroda koja voopsto ne e grcka, nitu buharska, nitu sprksa. Nivnata obleka e nesto posebno...Nivniot slovenski jazik lici na bugaskiot no ne e ist. Znaejkji go makedonskiot jazik, mozes da se razberes i so Srbite i so Bugarite. Toj jazik go zboruvaat denes 100.000 ludjer kako niven majcin jazik." (O Neos Rizospastis, 24, 11, 1932). No podocna, posebno za vreme na Vtorata svetska vojna, KPG realno gi stitese grckite interesi (teritorijalniot integritet na Grcija) a samo stranicno makednskite interesi (obicai, tradicii itn). Koga i da se zajaknese makedonskoto medju Makedoncite, KPG ja zajaknuvase ideoloskata propaganda medju niv za "klasna borba" i slicni ideoloski a ne nacionalni raboti -- a zaradi zelbata za nacionalna sloboda vprocem Makedoncite masovno pristapija na levite dvizenja. Znaci celta im bese da se zacuva "GRACKATA KUKJA" kako sto velat tie t.e. grckiot teritorijalen integritet legaliziran so Bukureskiot i Versajskiot dogovor. Vrz osnova na edna vakva nacionalna politicka programa, KPG mozese da vodi razgovori i da gi priovlece SITE demokratski i nacionalni sili za na 27mi septemvi da se sozdade EAM (grckiot nacionalen osloboditelen front). Vo politickata platforma na EAM se veli deka negovata osnovna zadaca e da ja "OSLOBODIME NASATA NACIJA...I DA OSTVARIME POLNA NEZAVISNOST NA NASATA ZEMJA." (To KKE, Epsima Kimena, Tomos pemtos (1940-45), 1973, str. 82-83.
Christian
quote:
mislam deka i grckite komunisti ne podrzuvaa,
da,inace nema osnova iljadnici makedonci da gi dadat zivotite za tuga drzava.
highlander „Големобугарските стремежи на владеачката класа уште пред балканските војни доведоа да братоубиствена војна на Балканот, која се заврши со првата национална катастрофа на Бугарија. Виновник за таа политика и катастрофа на Бугарија беше реализаторот на германската поитика во Бугарија - царот Фердинанд и неговата камарила. Учеството на Бугарија во првата империјалистичка војна 1914-1918. беше диктирано од истите завојувачки стремежи. Младиот бугарски империјализам беше експанзивен, сонуваше за нови земји и пазари. Идејата за голема Бугарија беше идеја на младите бугарски империјалисти... Овие војни беа водени под знамето за остварување на ’националните идеали‘. Тоа беше едно лажно знаме под кое се криеја освојувачките империјалистички стремежи на владеачката империјалистичка група кај нас... Носители на големобугарската идеа кај нас се фашистичките кругови на дворската клика, реакционерниот дел на финансиско-капиталистичките кругови, фашизираната младинска организација - војници, легионери, отец-паисијевци и други, како и сите пропаднати бугарски политичари и превртливци. Официјалната наука и училиштата сторија многу за всадување на таа идеологија. Борбата против неа не е лесна и нема да заврши со еден удар. Борбата треба да се води со сите средства“. (Корените на големобугарскиот шовинизам, воведен чланок во „Работническо дело“, 6.10.1944)
highlander „Тие (бугарската влада) инсистираат на тоа што бугарската војска, со германска помош, ја зазеде Македонија и Тракија. Но секој бугарски родољуб не може, а да не биде длабоко загрижен за судбината на таканареченото „национално обединување“ остварено со помошта на еден тиранин и убиец... Ние ќе постигнеме вистинско обединување, како и безбедност на нашата државна независност, само ако побараме помош и поддршка од слободољубива Европа, ако ги придобиеме нејзините симпатии со борбата против Хитлер, и само ако им помогнеме на поробените балкански народи да се ослободат од крвавите шепи на Хитлер и Мусолини“. (В. Коларов, Против хитлеризма и неговите б`лгарски слуги, Софија 1947, стр 9-10)
highlander
КОИ СЕ АСЕН БОГДАНОВ И ИВАН МАРИНОВ
По повод судењето на Асен Богданов, бугарски полициски началник во Скопје во периодот на Бугарската окупација, „Нова Македонија“ (21 Ноември 1941 год.) најавувајќи го судењето изнесува: дека процесот против воениот злосторник А. Богданов почнува со задоцнување, бидејќи бугарските власти несакале да му го предадат на народниот суд. Бугарските власти долго време го одлагаа предавањето на Богданов, бидејќи тој, заедно со генералот Маринов, командант на Петнаесеттата бугарска окупаторска дивизија (штаб во Битола) наводно одиграл значајна улога во деветосептемврискиот преврат во Софија, во отечествено-фронтовска Бугарија Маринов за ’заслугите‘ постана главен командант на бугарската ОФ армија, а Богданов директор на софиската полиција. На оптуженичката клупа, заедно со Богданов, седеа уште неколку негови соработници. Во обвинението на јавниот тужител помеѓу останатото се изнесува и следново: „Како помошник на обласниот директор и обласниот полициски началник во Скопје од Јануари 1943. до крајот на Август 1944. година, Асен Богданов, потполковник на фашистичката полиција, е еден од највисоките функционери на бугарските фашистички власти во Македонија... кој е одговорен за многубројни ѕверства од страната на окупаторот во Македонија... Како обласен полициски началник во Скопје, Богданов организираше цела мрежа на соработници во цела Македонија и создаде специјални полициски органи и контрачети, се поврза со озлогласениот Гестапо, ги координираше и раководеше бугарската полиција и бугарската фашистичка војска на генералот Бојдев, Маринов, Поп-Димитров, како и специјалните одреди на Гестапо и поручникот Бирман...“ (Јован Павловски „Судењето како последен пораз“, Тетово, 1977. стр. 71).
highlander Асен Богданов, бугарски полициски начелник во Скопје, за време на бугарската окупација (1941-1944), одговарајќи на прашања на јавниот тужител за методите и мерките кои бугарската окупаторска власт ги применуваше во Македонија за да му всади на македонскиот народ убедување дека Македониците се Бугари, помеѓу останатото вели: „Пред да дојдам во Македонија имав впечаток дека овде, навистина, постои бугарски елемент. Со години нам ни беше всадувана идејата дека Македонија и припаѓа на Бугарија, дека македонскиот народ е бугарски, и дека тука било бугарско царство. Изненадувањето беше огромно. Можев да констатирам дека како бугарски елемент се чуствуваа само неколку богати луѓе, кои се беа доближиле до бугарската власт, интелектуалци кои се броеја на рака, а кои и припаѓаа на организацијата на нашиот народ (бугарскиот - авт.). Сите останати се чувствуваа како Македонци. - Кој ги организираше специјалните служби за бугаризирање на македонскиот народ? (прашање на судијата - поротник *) - Овие служби се организирни со решение на Министерскиот совет, а беа раководени директно од Министерството за внатрешни работи. - Што се бараше од лицата кои беа испратени да работат во бугарскиот окупаторски административен и полициски апарат во Македонија? * - Од нив се бараше да бидат задоени со идеата за бугаризација на македонскиот народ, и за задржување на овој крај (Македонија - авт.) по секоја цена, под Бугарија. - Дали тие ја оправдаа довербата? * - Да. - Како? * - Со борбата којашто ја водеа и безусловната примена на мерките на бугарската влада - терор, ликвидација, егзекуција, палења итн. - Кој всушност, го вршеше тоа - војската или полицијата? * - Заедно. - Како се убивани Македонците? * - Имаше стрелања, имаше случаи на претепување, а и фрлања во Вардар...“ (Од судењето на Асен Богданов, полициски начелник во Скопје, од книгата на Јован Павловски „Судењето како последен пораз“ Тетово 1977, стр. 75)
highlander Бугарскиот началник на групата „А“ - во Скопје, во периодот на бугарската окупација, Љубомир Јорданов, непосреден убиец на народните херои Цветан Димов, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и други. пред органите на ОЗНЕ, за убиството на Цветан Димов, помеѓу останатото, вели: „... Уште истата вечер кога Цветан Димов беше задржан во управата беше многу тепан по нозете. Тој рече само дека е член на Комунистичката партија и член на Месниот комитет на Скопје. Другиот ден пак го тепавме јас, Мачков, Крум Панков и Тењу Рајков но (Цветан Димов - авт.) одбиваше да даде било какви податоци. Го тепавме два-три пати. Тој и понатаму одбиваше да говори. Меѓутоа на 7-ми Јули, кога го повикавме на испитување, одби да дојде со мотивација дека е болен. Го испратив агентот Чурков да го доведе, но овој се врати и ми рече дека Цветан е болен. Поради тоа многу се налутив и појдов кај него во ќелијата... Тогаш тој стана... Кога стигнавме до мојата канцеларија, тој одби да влезе. Тогаш јас го турнав кон прозорот тој се затетерави и се задржа. Го фатив за нозете и го фрлив низ прозорецот. Од вториот кат падна на бетонот, во внатрешниот дел на дворот... Во тој момент во дворот се најде еден од работниците во управата, а Цветан падна близу до него. Веднаш го известив началникот Ценков, дека Цветан Димов сам се фрлил низ прозорецот. Истото тоа му го кажав и на обласниот началник Симеонов, кој дојде да види што всушност се случило. Потоа дојде болничка кола и го однесе Цевтан во затворското одделение, со него отиде и Чукуров. Се сеќавам дека Чукуров ми кажуваше како некој лекар во болницата инсистирал Цветан Димов да го пренесат на хируршкото одделение, но тој одбил и не дозволил да се направи тоа. Потоа ги собрав моите агенти и ги распоредив да стражарат пред затворското одделение... другиот ден ми јавија дека Цветан Димов умрел во болницата. Веднаш после тоа телото на Цветан Димов им беше предадено на неговите роднини и погребано...“ (Јован Павловски „Судењето како последен пораз“, Тетово, 1977. стр. 127-128)
highlander Георги Трендафилов, началник во околиската бугарска полициска управа во Прилеп во периодот на бугарската окупација, за злосторствата на бугарските окупатори, помеѓу останатото вели: „Во Јули 1944. година уапсивме 10 до 15 лица од Прилеп, меѓу кои беа и Цена Богоева, Трајко Марков - Сандански, Киро Шими и Ристо Ковач (Николов). Ги малтретиравме и ги тепавме со гума по табаните. Киро Шими, Ристо Ковач, Цена Богоева, и Трајко Марков се задавени... Задавени се на овој начин: ... На стража беа поставени доверливи полицајци, од мојот кабинет преминавме во друга соба, а на подот распославме ќебе. Молов нареди да се донесе Трајко Марков кому му ги врза рацете и го легнаа на подот. Околу вратот му ставивме амови, кои на едниот крај имааа дрво долго 20 сантиметри... Додека му ги државме нозете К’нчо Бојанов и јас, Молов и Димитар Јованов го давеа. Полицискиот началник на втората полициска станица (участок) Коце Георгиев го удари неколку пати со чекан по срцето, после десетина минути Трајко веќе беше мртов. Го соблековме и го фрливме во дупка, близу до клозетот во дворот, која тој ден специјално беше припремена за тоа. После него го внесовме и Ристо Ковач. Јажето го стегавме јас и Коло Желев. Командантот Молов потоа три пати со чекан го удари Ковач по срцето, додека ние му го стегавме вратот. Ковач беше доста снажен и не умре, па поради тоа бевме принудени работата да ја повториме уште еднаш. И него го соблековме и го фрливме во дупката. Потоа го доведовме Киро Шими. Завршивме и со него. Последна ја воведовме Цена Богоева, и ги врзавме рацете и ја легнавме на подот. Желев и К’нчо го тегнеа јажето, додека јас ја држев за нозете. Молов ја удари седум до осум пати со чеканот по срцето и таа набрзо умре. Неа не ја соблековме гола, туку само џемперот, и со кошула ја фрливме во дупката на ист начин. Другиот ден јас и командантот Молов ги известивме нивните роднини дека сме ги пратиле дома. За да не се дознае за убиствата, облеката им ја затрупавме во друга дупка. Кај Трајко Марков пронајдовме 9.000 лева и ги земавме. Од тие пари јас добив 5.500 лева за да ги поделам со другите агенти. Молов задржа за себе 1.000 лева, а за 2.500 лева купи канцелариски материјал...“ (Јован Павловски „Судењето како последен пораз“, Тетово, 1977. стр. 89-90)
highlander
ДОБРИ ТЕРПЕШЕВ ЗА РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ СТАРАТА И ОТЕЧЕСТВЕНО-ФРОНТОВСКА БУГАРИЈА
Министерот во првата отечествено-фронтовска влада на Бугарија и член на Политбирото на ЦК БРП, Добри Терпешев, во поздравниот говор по повод второто заседание на АСНОМ во Декември 1944. година во Скопје, помеѓу останатото, го изјавил и ова: „Разликата помеѓу старата и отечествено-фронтовска Бугарија е и во тоа што отечествено-фронтовска Бугарија смета дека треба да и се врати на Македонија оној дел, кој денеска се наоѓа во границите на Бугарија и да се припои кон Македонија и Југославија“. („Нова Македонија“ 31. 10. 1944. год)
highlander 1) Бугарското министерство за народна просвета во писмото под број 16665 од 10. 11. 1941 година, помеѓу останатото пишува: „... Кај граѓаните на Македонија забележани се појави кои не ги задоволуваат очекувањата на окупаторските власти, бидејќи кај поголемиот дел од населението се јавува сериозен тон на отпор“. (Архив на Македонија, Основно училиште Долнени, кут. преписка 1941-1942) Во писмото на Скопската обласна дирекција бр. 1173 од 20 Јануари 1942 година, помеѓу останатото, стои: „...Македонските селани не се заинтересирани за бугарските училишта... ги бојкотираат бугарските учители, недавајќи им го потребното сместување, храна и други потреби... не очекуваат ништо особено од бугарската просвета...“ (Архив на Македонија, Фонд на обласната дирекција, кут. бр. 8 1942-1944) 3) Во писмото на Битолската обласна дирекција бр. 6845 од 6. Јуни 1942 година, помеѓу останатото, стои: „... Населението на овие области во сите свои постапки е крајно воздржано и прикриено. Се воочува кај месното население дека бугарската власт се чувствува како ненародна...“ (Околиски историски архив Битола, Фонд: Битолска обласна дирекција 1941-1944 година.)
highlander Пано Ветерски ’војвода‘ на една од контрачетите, кои ги формираа бугарските окупаторски власти за борба против партизаните и вршење терор над народот, пред иследниците на народниот суд, помеѓу останатото изјавил: „Кога стасавме таа ноќ во Јаболчиште, според писмото на полицискиот началник, имавме петторица за апсење. Јас прво ги тепав уапсените... но бидејќи имав некоја друга работа им ги предадов на четниците. Тие ги тепаа со кундаците, стапови, нозе, со се што ќе им паденеше на рака. На крајот кметот призна дека Ќамил и Беџет работат во организацијата. Го гурнав Беџет и го тепав со кундакот дотогаш додека не призна дека доаѓале партизаните и дека тој им давал храна... Тргнавме кон изворот на Бабуна и едена селанец ми рече дека горе, на ридот, сретнал тројца... Ги опколивме а тие се разбегаа... Јован од општината припука, а еден од нив падна ранет. Прашав како се вика овој човек, а моите ми одговорија дека тоа е Љубо Зафиров од Велес... Малку подоцна во Нежилово групата која се бореше со партизаните, заедно со Панче Гулев од Велес, донесе во рацете глава на една партизанка. Четниците ми рекоа дека тоа е главата на партизанка од Скопје - Дуња (Невена Георгиева - Дуња, убиена на 6 Декември од Ристе од Ораовец, Апостол од Деловец и Петар од Отишино. Тоде од Нежилово со нож и ја пресекол главата, а подоцна за ова добиле од околискиот начелник во Велес 40.000 лева)... Наредив главата на партизанката да се носи од Нежилово, па се до Богомила, за да види населението и да се заплаши. Во Богомила главата и ја предадовме на управата, а ранетиот Љубо на полицијата...“ (Јован Павловски „Судењето како последен пораз“, Тетово, 1977. стр.210)