Nesto originalno od Thief`
Nesto originalno od Thief`
StormAngel Po moe baranje,Boban ke postira nekoi svoi dela.
StormAngel
quote:
Originally posted by zaljubena vo tebe
JAS mu sum inspiracija zato vaka ne odkrien talent :) **************** Theif`
Bidi mi i mene muza.Bidi mi inspiracija.[^][:X]
AaaAa
quote:
Originally posted by Thief
Tи кажав: Срби на кои професија им е српскиот јазик знаат да речат дека комотно можам да предавам српски јазик и книжевност, ама овојпат не сум навлегол доволно во значењето. Не е тоа до јазикот, туку до начинот на читање... Воопшто не се задлабочив. Признајем! :) Инаку, да! Мислав дека пак, стандардно, тераш инает :) На крајот се решив за „ човек е желен, се` дур’ желбува, нели?“ :)
Misliti i s**** nije isto rekle srbive [:)]
Strelec Дали знаете од кој автор се овие стихови? Кад сам се ја родио, био сам једна лепа беба. Као на реклами за сапун. Али су ме у породилишту заменили за неко носато и буљаво дете, па ми зато сад нос оволики. Е сега, можеби и да сум згрешил во некој збор, ама мислам дека отприлика вака беше!
StormAngel Uste,uste.[;)]
Thief Ајде таа вчера што ти ја испратив, да ја наречеме песна, датирана од 2002 година, која има и политичка нишка, а не знам колку и уметничка?! Само имајте ги на ум тогашните случувања и тоа дека ја напишал мнооогу неискусен автор!
Thief Песок од дното на морето и апатичен поглед од денешнинатакон терциерот, ил‘ восклик – како рикошет во вечноста: трепери, бранува, се лула помеѓу срамот и стравот, се стрелка кон бездната, го лазат трпки од лудоста, а таа му е секојдневие. И во ова ново утро и на овој нов плебисцит одговараме истоветно. Не‘ води идеалот, не‘ убива разногласието, и ќе не‘ нема – го заслуживме тоа. Во некое друго време и на некое друго место: патот на надежта и светлината на новото утре, ќе се сплетат и ќе не‘ одведат по патот кој ветува. Ветување... Во суровоста на новиот ден и речта го изгубила значењето. И лингвистите и лексиколозите ќе ја загубат работата, оти нема сила на зборови, ами зборови на сила. Наизуст ја кажувам нивната химна на гордост, а нашиот срам: „Не мир, туку војна ви донесов!“* Идеалот на утопијата... Човек кој живее за дурги... Радост од срамот и безначајноста на теророт на „тие“ врз големината на нашите дела. Од бесчувствителноста за минатото, не‘ гуши јадот во сегашноста и големото ништо на иднината. *Позајмено од поезијата на еден поранешен политичар со амбиции пак да се врати на таа сцена.
Thief Глуво доба, несон мори, глуво доба – срце гори, јад го стега, бес го толчи, нема веќе: „Ќути! Молчи!“ Душата моја разговор буди: дијалог вечен: добро и зло, се‘ помалку бела зора се руди, и бега, од под нозе ми бега, земјиново тло. И еве сега глас кревам, и божем нем сум, а најгласно викам. И несонот од болест се стoри врева, и песот негде, со мене, еднодушно рика.
ozonce Thief daj da izdadime edna kniga, seriozen sum mozam da pomognam :)
n/a ja sponzor ke vi bidam!;))))
ozonce Bravo!
Thief Упс, се провлекла печатна грешка во онаа ненославената и првиот стих е двапати напишан! Кога ќе дојдам дома ќе коригирам и ќе ја видите вистинската верзија! Озонче, благодарам!
StormAngel Da ti e merak da citas.Talentiran si dete.[;)]
Thief
quote:
Originally posted by ozonce
Thief daj da izdadime edna kniga, seriozen sum mozam da pomognam :)
Јас мислам дека можам да бидам многу подобар, па како еден книжевник од светски формат, а во нашата литература забележано кај Конески, повеќе сум склон кон уништивање на досегашното творештво, отколку кон издавање, а второ, мислам дека немам доволно за да се направи една книга... Блуе, помогни ми кој беше оној светски книжевник кој си ги беше уништил дотогашните дела, отприлика на моја возраст или можеби малку постар?!
StormAngel Sarl Bodler ili Edgar Alan Po.I dvajcata imale piromanski sklonosti kon svoite dela.[;)]
n/a JAS mu sum inspiracija zato vaka ne odkrien talent :) **************** Theif`
Thief Нешто од серијалот кога бев во родољубив занес: Проговори сега, еј да те слушнам, ти сурова земјо: на јадот, прекорот, на суровиот непребол, на вечните страдања и стремежи, на гневот и патилата, на црната зора и „Белите мугри“. Проговори страдална, мачна земјо: на добрите, твои милички луѓе, на убоста на вишното и високото и на ниското и приземното... и подземното кај тебе! Збори! Да, сега збори, оти сакам да те чујам! Оти сакам да ги чујам твоите жуборења и предци, сакам да чујам: оти си проколнато, мајче?! Дали ти е уште в клетка запишано плач да живееш или потомциве беа те расплакале?! Бран се крена, убост дојде, самовила бела разјареному поету рече: „Ниту в клетка плач ми пише, ниту предци лошо прајле, ниту клетка лоша имам, ниту Бог ме мрази, демне! Земја сум јас на воини, (на) храбри чеда, кој рака на мене крене, Бог ќе го столчи, кој сака лошота да ми стори – ужас ќе го следи, крв ќе лие... Оваа земја божја, библиска е!“
ace6vel Tif samo napred turi copyright da ne ima problemi :D
Thief Скица на збир од великаните (недовршена верзија, се‘ уште „скица“) 1.Зарем животот не е прост мозаик од различни собитија? Зарем јас не сум уште една мала незабележителна сотворена нишка на светот беседнички? Беседнички! Оти само речта ни остана за да ја докажеме човештината во беспоштедната борба меѓу нас, а против нас! Кој победува? Ако се бориш против себеси-мора и ти да победиш...Секако си победник, ама секако и ти мора да загубиш!) 2. „Целиот македонскиот гениј збран кај ’него‘“ напиша: „По законот на местото, можеме да го сфатиме само животот, не смртта. Затоа е оправдана надежта и секоја оптимистичка илузија“. Ако се водиме според законите на битисувањето, нашите слабости ќе бидат поразени, ама во беспоштедната борба може да се изгубиме автентичните „ние“. (Според „професорската“ Таблица Перваја, според Блаже Конески, според Џинот) 3.Друг дел од трошката на претходната генијалност беше се вознела мислиш од истиов: Бог ќе не‘ казни ако го оправаме тоа што тој го оставил недоправено? Зарем не е целта да се стремиме кон идеалот, да поправаме, да му дотуриме световен малтер на божјото направено?! (Според јазолот, според Папочната врвца на Светов, според Венко Андоновски) 4.„Секој човек си го планира некако животот. Но кој знае кај згрешил,(...) кај му измрдала либелата?“ Ако забележуваме кај измрдува либелата, ако свесно го гледаме бегањето од мерата, зарем ќе стоиме неми? Зарем нема високот подобро да го наместиме за да не ни оди, ами да ни иде благоста Негова, на животот кој го живееме, проживуваме или преживуваме? (Според неименливиот животен Тунел, според Петре М. Андреевски) 5. „Тоа што се занимава со минатото, што го допира она што во него е стварно, тоа е негово прво изедначување со просечниот живот.“ Занимавајќи се со минатото-се занимаваме со просекот. Просекот на човечкиот живот од памтивека ја поседува истата маргина...Сме еволуирале ли? Стоиме кип-кипосани, стоиме скамењени од чудење, смраморени, како неми, како неживи, а катиљ-битот го живееме се‘ уште - од преди па довека! Како сме го живеле тоа што мислиме дека е надживеано, проживеано, а секидневие ни е! Ние сме му сочинители, а остро го плукаме. ( Според сработениот страв, според Јован Павловски-Бутика) 6.„Оваа земја по која чекорам денес, Оваа земја која ја буди ветер од мугра, Оваа замја не е моја-не, Оваа земја, простете, е туѓа!“ Чија е Земјата, а богами и земјата, ако не е човечка? Каде е националното родољубие, ако го нема човечкото вљубување во Земјата - родилка? Која ни е мајка - Земја, ако тоа не е светлоста, мудроста...! Загубени сме во универзумот ако не сме Земјини родољуби! (Според Земјата, според Никола Јонков Вапцаров) 7.„Погребна поворка. Не прекинуваат пев неколку дрозда“. Значи, животот тече! А, додека тече, не ги почитува правилата на флуидот. Не е секаде неговиот пресек константа! Ту ќе надојде, ту ќе го снема! Не се движи по траекторијата! Нема стационарно одење и идење: материјата не се движи еднакво во едните исти точки! Физичкиот непочит е животен восклик на немањето бариери во досегот на „високите височини“. Човекот е чудно сотворение без мерак за покровот на светот...за „покровот од зборови!“ (Според големата висина, според Петко Дабески) 8.„Хоћу да живим животом човјека: Хоћу да љубим, да трпим и страдам, У својој вјери да се добру надам Штоно ће доћи ко’‘ света ријека“ Лесно е да се каже дека човечкиот живот не е тоа без малку страдање... лесно е да се верува во спасението и задгробниот живот, ама дали е така и кога ќе го почувствувате тоа?!
RaGeAnGeL bravo malo:)
Thief Аголот е секипат место кадешто се појавуваат црни дамки! Црнилото секогаш се потпикува на тешко достапните места за чистотата и дободетелта. И... се шири! Небаре малиген канцер. Исконот му е ѓоа прикриен, ама се открива... Се шити по спојката на таванот и ѕидот, немилосрдно го уништува белилото (на бетонската творба?). Почнало да го нагризува и „покривот од зборови“, покровот на светот* . Кога ќе го зафати целото наше надглавје – - дури тогаш ќе ја сфатиме неговата боја, неговото зло... * Ставено под наводници зашто е „позајмено“ - наслов на поетска збирка на Петко Дабески
Thief Двогласно ехо на утринската птица, сино-розов поглед на хоризонтот; сликар без талент, на тераса, чини пејзаж на несоодветна хартија, со несоодветен прибор; Го мачи несоница? Или, не insomnia, ами некој „нов“, „модерен“, „новосоздаден“ начин на живот му создаде несон? (Звук на машинерија, удари по „чукалото“, по тастатурата... „Новото“, неповиканиот сонокрадец или, едноставно, воскликот на негодување, на човечко себеуништување... Зарем е важно зошто некој не заспал?)
n/a Bravo be Thief alal da tie car si nema sto[:)] ubajni!!! se iznacitav samo prodolzi man[;)]
Thief Драгата муза форумска, пред некој ден ми исрпати една песничка (море, песниште!) од Мирослав Антиќ. Откако денеска им ја прочитав в училиште, а бидејќи се` повеќе „новиве генерации“ не знаат српски побараа превод. Им ја преведов грубо, но вечерва добив порака со уште една молба за „убав превод“... А, јас знам дека поезија не се преведува, ами се препева... И, се обидов (обидувам) да им угодам на моите школски... За неполни дваестина минута ја направив скицата за која сакам мислење, особена од музата :) Во оргиналот авторот започнува во десетерец, но не секогаш го почитува и отстапува на едно место со деветерец и единаестерец. Јас се држев до четиринаестерецот и единаестерецот. Еве го оригиналот: OPOMENA Vazno je, mozda, i to da znamo: covek je zeljan tek ako zeli. I ako sebe celog damo, tek tada i mozemo biti celi. Saznacemo tek ako kazemo reci iskrene, istovetne. I samo onda kad i mi trazimo, moci ce neko i nas da sretne. Miroslav Antic; А, еве го мојот обид: Опомена За нас, можеби, и ова треба да е знајно: човек е желен (страден), се` дур’ посакува, нели?* И, ако се предадеме молкум и трајно, дури тогаш ќе сме потполни, цели. Сознавање е кога ќе кажеме зборој искрени, истоветни сетне. (И само)** Тогаш кога и ние бараме без лажење, само тогаш може некој и нас да не` сретне. *Првично ситхот гласеше: Човек е сакан, се` дур’ сака, нели? (или: човек е сакан, ако и самиот сака, нели?). Благодарност до АааАа за сугестиите :) ** Заградата е всушност колебање дали тие два збора да се употребат!?
AaaAa Jas pojma nemam poezija kako se prepeva, i si postavuvam sama sebe prasalnici nikako na tebe u odnos dali se dodavaat zborovi koi vo originalot ne se kazani... ne samo shto gi nema no mene nekako i ne mi pripagjaat tamu , nejse "Vazno" ne e isto so znajno--a mislam deka vazno e key zeljan ne e sakan Molkum i trajno mozesh da se dadesh, no nemorash cel da se dades!? Potpolno i celo neznaci deka e edno isto... "bez lazenje" -odvisno mi e nekako bidejki iskrenosta e potencirana vo predhodniot stih Bi se obidela i jas da ja prepeam ama 11terci 16terci i ostali stvari ne sakam da r'ckam Ova gore samo prasalnici nikako zaklucoci.
AaaAa Aaaaaaa... vrakjame u rikverc. Ova e dobro... drago mi e shto postirashe vakva tema, koja uzasno ja dokazuva smislata za mojata zelba da mozam da citam sve na jazikot na koe e originalno napisano. Ama i tuka ima ponekogash mala sopka, ne e samo da go znaesh jazikot nego da znaesh i da go citash. Inicijalno se zaletav ko tebe i rekov zeljan ne e sakan mislejki deka e posakuvam shto bi bilo; " covek e posakuvan samo od ko ke saka (posaka), "a man is wanted only when he wants" shto ne prai nekoja razlika,no od ko ja procitav nekolku pati skontav deka pisatelot ne go veli toa. Ne smee da se cita tolku povrsno-- kako i da e, samo za da ne ja razberat tvoite prijateli pogresno eve ti interpretacija... ti probaj najdi zborovi soodvetni makedonski, no jas mislam deka toa e nepravda shto e ocigledno posle ova... ........... Vazno e, mozebi i ova da go(se) znaeme, covek e z'elen samo od ko ke posaka. I ako sebe celosno se dademe(predademe) tek togash ke bideme celi Ke soznaeme tek od ko ke receme (izreceme) zborovi iskreni, istovetni I samo togash koga i nie barame ke moze nekoj i nas da ne sretne Zelen neznam kolku e literaturen makedonski ama go upotrebuvame taka da se nadevam deka go razbirame. Zelen ne ko bojata nego ko covek e z'elen (saka neshto eptem mnogu sto i dusa mu pati i samo na nego mislii bilo toa sprotiven sex ili kako jas sto sum "zelna za pastramajlija). Z ko 8ma bukva u azbuka. Znaci zelen si , patish po neshto samo od ko ke go posakash toa edno neshto inicijalno. Nemozesh da patish za nishto ako ne posakash neshto Isto ko shto cel ke bdiesh samo od koa celosno ke se odades i predades (za da nekoj drug se potpolni--i obratno ) Isto ko shto ke spoznaesh samo od ko inicijalno iskreno se ke kazes (Ako drugite ne kazuvaat iskreno nema shto ti da spoznaesh, ako ti ne kazuvash iskreno nema shto drugite da spoznaat) I samo ako ti barash nekoj tebe moze ke te sretne, bidejki ako nekoj neshto bara toj nema da go najde se dur ti ili site drugi ne se stavat i dadat na raspolaganje da nekoj gi najde ili neshto nivno najde. Se nadevav ja doloviv mojat... a interpretacija... Ali ako se naprai greska u vtoriot stih celata smisla se gubi. p.s. Miroslav Antic-veciti romantik.. shto me potseti da iskopam po kutii sea neshto :) p.s.1 Mi tekna: Zelen as in "longing" "yearning"
Thief Aj, да ти доловам како се препева поезија :) Десанка Максимовиќ: Не, не остави ме приќи и пусти да те гледам издалека, јер љубав је лепа само док се чека док од себе само наговештај да`. Препевот на Блаже Конески: Не, не иди близу! А и зошто така? Оддалеку само свети ѕвезден зрак; оддалеку само занесно се сака. Не да ми се ближи твојот поглед драг! Драги Михајловски во својата докторска дисертација ја толкува идејата на Валтер Бенјамин, пишува за преводот: „Преводот, наместо да виде сличен на смислата на оргиналот, напротив, мора во сопствениот јазик, со љубов и до детаљ, да го вгради начинот на мислење на оригиналот, на тој начин правејќи ги обата, и оригналот и преводот, препознатливи...“ Е, сега, не контам: сум ја утнал поентата на авторот? Ако направиме груб превод, тој звучеше (на почетокот), отприлика вака: Важно е, можеби, и тоа да го знаеме, човекот страда дури тогаш откога ќе посака. И ако себеси целосно се предадеме, дури тогаш можеме да бидеме вели. Ќе дознаеме само ако кажеме (дури откако ќе кажеме) зборови искрени, истоветни. И само тогаш кога и ние бараме, ќе може некој и нас да не` сретне. Желен, во македонскиот е еквивалент на српското желен, т.е. страден само фигуративно, на пример (примерот земен од објансувањето од РЕчникот на македонскиот јазик) „не сум страден за ништо = нисам жељан ничега“. Да нагласам, како што е и таму нагласено, тоа му е вторичното, фигуративно значење. Еве уште еден пример кој го доловува и преводот и фигуративноста на зборов: „Страдна мајка за слепаго сина = (пословица) кад нема кише, добар је и град“. И, се разбира, желен = има желба за (по) нешто. Посакува/сака нешто.
AaaAa E e e
quote:
Преводот, наместо да виде сличен на смислата на оргиналот, напротив, мора во сопствениот јазик, со љубов и до детаљ, да го вгради начинот на мислење на оригиналот, на тој начин правејќи ги обата, и оригналот и преводот, препознатливи...“
Zborot e Straden, zelen... ne e Covekot e posakuvan samo ko saka Tuku , covekot e straden/zelen samo od ko ke posaka Toa se dve razlicni misli od koja vtorata e verodostojna interpretacija na originalot, ne prvata.
Thief Е, ако, де... препевувачот секогаш дотура сопствена нишка во препеаното и тоа не нужно треба да го отсликува секој збор и мисла во оргиналот. Затоа и вели дека треба да го ВГРАДИ начинот на мислење на оргиналот, а да ги направи обата препознатливи на свој начин. Иако, ќе преспијам, па можеби утре ќе се одлучам за варијантата „човек е желен, страден по нешто, само откако ќе го посака“. :) И двете интерпретација чинат убаво дело... Можеби едното има поголема веродостојност со оригиналот, а на другото сум му дотурил повеќе моја авторска нишка ;)
AaaAa ama doturi mu ama ne ja menuvaj osnovnata misla. Jas mislam deka inicijalniot prevod tvoj i inicijalniot moj bi napravile nepravda. Posto ima ogromna razlika pomegju ON JE ZELJAN i ON JE ZELJEN/
Thief Ајмо... се` исто останува, само вториот стих го менуваме во: „(...) човек е желен (страден), се` дур’ посакува, нели? (...)“ Сега сконтав дека имам проблем со читањето, а не со разбирањето [:D] Како и да е, и двете толкувања ми се допаѓаат, ама дефинитвно се решавам за второво... страден сум, откако ќе посакам! Се мислам само да ли во стил на Гане да го направам: „Човек е желен, се` дур’ желбува, нели?“
AaaAa Utre nova... :) I like this
Thief Запомни го македонскиов препев, ќе се учи по читанки! :) А, ти ќе се фалиш дека си му помогнала на препевувачот! :) U ovom kontekstu "zeljan" oznacava coveka koji je pun razlicitih zelja.
AaaAa
quote:
Originally posted by Thief
Запомни го македонскиов препев, ќе се учи по читанки! :) А, ти ќе се фалиш дека си му помогнала на препевувачот! :) U ovom kontekstu "zeljan" oznacava coveka koji je pun razlicitih zelja.
A ti mislish inat teram? Slusaj shto ti kazuvam... ne za dzabe komunist me vikaat ;-) Srpski ko maternji [:)]
Thief Tи кажав: Срби на кои професија им е српскиот јазик знаат да речат дека комотно можам да предавам српски јазик и книжевност, ама овојпат не сум навлегол доволно во значењето. Не е тоа до јазикот, туку до начинот на читање... Воопшто не се задлабочив. Признајем! :) Инаку, да! Мислав дека пак, стандардно, тераш инает :) На крајот се решив за „ човек е желен, се` дур’ желбува, нели?“ :)
Thief Грмна поетот.. .тажеше! А, тоа беше раѓање... Се роди плод на тага, се беше родила песна од бол, не цвркот славејов, не утрина, спроти смрачка, не Сонце, а дожд. А, мраком летимице, стоејќи простум, како почит кон сечија душа, која не се соединила со мене, а сепак страда исто... нехотице минував со мисли низ случки. Тишината глаголеше: и таа е таква – штом не е во мојот кафез канаринката ја нагрдува мелодијата, неубава е... А, всушност - личотија најлична! Вчера... вчера беше кога оваа „грдотија“ посакуваше да ја фати додека таа слободно леташе... Ја љубеше... платонски, оти не му дозволуваше инаку... Сепак, вистински! Ја посакуваше толку снажно, што мелодијата на оваа Лепа Ангелина, полна убост, ама од туѓ кафез, ја доживуваше како ушипарачка пародија на величијата.
Thief Ќе каснат ли и од жолтана (со флека) лубеница? (жолтоно со флека ПАРЧЕ лубеница) Ќе го свлечат ли и него? Ќе падне ли и месецон наземи?
sisi Taka e, ne davaj da ti ja pretvorat vo "seir" poezijata. Ludniva e[:)][:)]
sisi Kako da ti rekov ostaj gi da ti ja unistat rabotata[V]Daj prodolzi,ako nisto drugo pravi mi drustvo na sajtov[;)][:)]
Thief Па, добро, не сум јас толку плоден автор, не зезај! :) Не можам секој ден ново да ставам... Да можев секојдневно да пишувам, ехееееј, кај ќе ми беше крајот и чарето... Плус, како што веќе реков, не сум задоволен од напишаното, така што... Не ми е баш мерак кога и други ми го читаат напишаното... :(
sisi
quote:
Originally posted by Thief
Па, добро, не сум јас толку плоден автор, не зезај! :) Не можам секој ден ново да ставам... Да можев секојдневно да пишувам, ехееееј, кај ќе ми беше крајот и чарето... Плус, како што веќе реков, не сум задоволен од напишаното, така што... Не ми е баш мерак кога и други ми го читаат напишаното... :(
Ne se raboti za plodnost tuka be Thief.Se raboti za inspiracija[;)]Kazi ama te iznenadiv so ovaa novina,ti normalno ne znaese deka taa ne doagja sekoj den[:D]. Samo imam edna mala zabeleska,nikoj od nas ne pisuva sekoj den,samo nekoi od nas imaat vo rodendenskata brojka poveke,a nekoi pomalku denovi[;)]. Apropo i poveke ili pomalku,vo kolicina, tvorestvo. Eee, a za merakot koga drugite ti go citaat napisanoto?-Tuka ima edna dobra stara izreka: Kolku ke im dades na lugjeto-tolku ke dobies za vozvrat[:)]
sisi Znam deka seuste razmisluvas dali da stavis uste nekoja tvoja pesna ovde,ama i edno pile mi kaza deka imas edna nova,bila mnogu ubava[:)],edvaj cekam da ja procitam.Da te molam ili se resi na drugite da im dades malku od sebe,ubavo ke im dojde veruj mi na rec[;)][:)]
Thief Загубената муза... ете ја – дома! Постои ли скрибоман (па, нека тој станал и поет во меѓувреме), кој си ја загубил музата? Може ли да живее среде мноштво работи, а да ја изгубил моќта со збор да наслика? Да се пише денес е потешко од вчера... И полесно од утре... Зашто, пишувањето е убавина, а таа, како да сме и` душмани, сака да ни избега и за навек да исчесне. Но, побогу, „Нема воскрес, ако смрт немаше“.* Та, нека остане за навек убавината на домот свој, оти... Да се биде онаму, кадешто дури и ѕидовите ви шепнат, нивниот распоред - вашиот ноќен визир, да се биде дома ветошар, најголема е душевна наслада... Загубената муза... ете ја – дома! *„Горски вијенац“, П.П.Његош, препев Бл.К. П.С. Добредојде на потфорумов Ангел! Се надевам дека и Сиси ќе ти приреди добредојде како и јас! ;)
Thief
quote:
Originally posted by Thief
Ќе каснат ли и од жолтана (со флека) лубеница? (жолтоно со флека ПАРЧЕ лубеница) Ќе го свлечат ли и него? Ќе падне ли и месецон наземи?
Вака почна, па еволуираше троа: Ќе каснат ли и од жолтана фелка лубеница? Ќе ја свлечат ли и неа? Ќе падне ли и наземи? Ќе стане ли жртва на превртениот кантар, кој одопаку мери? Наспрем величието високо, тој нурна... Не за да стаса најдлабоко, ами за миг да биде на врвот – - најдолу од сите!