Maverik |
Нудизам и во Македонија
Македонија ја збогатува својата туристичка понуда и со нудистички туризам. Тоа засега е само во најава, а во Министерството за економија велат дека оваа новина не се должи на одредени податоци од јавни анкети, туку е вметната како дел од консултациите со европските консултанти, при усогласувањето на домашната регулатива со европската. Според нив, се уште е рано да се прогнозира дали ќе постои интерес за отворање нудистички плажи, но факт е дека нудисти има насекаде и носат солидна заработувачка. Македонските нудисти досега или одеа на диви плажи или, пак, ги посетуваа оние во странство. Меѓу домашните туристи познати се локациите кај Охрид и Струга кои важат за сврталиште на љубителите на нудистичкиот туризам.
Во новиот законски тест е предвиден посебен дел за нудењето угостителски услуги на нудистите, и тоа во посебни кампови и угостителски објекти кои од останатите туристички локации ќе бидат одвоени со ограда.
Со законот се регулираат и останатите видови туризам како, на пример, селскиот туризам кој изминатава година се спомнува како домашен адут за подобрување на туристичката понуда. Селските домаќинства ќе можат да нудат угостителски услуги, но сето тоа ќе биде категоризирано и организирано.
Приватното сместување за туристи, пак, со стапувањето во сила на новиот закон, ќе се нуди исклучително преку туристички агенции или туристичкото биро. Домаќинствата ќе мора да водат книга за евиденција на гости, да плаќаат туристичка такса, да бидат евидентирни во регистарот, и тоа според категоријата на просториите кои им ги издаваат на туристите. На гостинот ќе мора да му издадат сметка за чинењето на престојот
[img]http://vest.com.mk/images/{B6DB4220-6C8F-44C5-9B46-A63E45FFD7F6}_naslovna-3.jpg[/img] |