Иселеници и политика?
Иселеници и политика?
Thief http://www.tugjinojabano.com/kolumni.asp Читајте и коментирајте...
protivpropaganda
quote:
Originally posted by Thief
http://www.tugjinojabano.com/kolumni.asp Читајте и коментирајте...
Thief, „Парите се отепувачка“! Ова најмногу ми збоде очи! Жива превара е оваа фраза, заблуда во акција, бидејки многумина не го имаат прочитано делото, а фразата премногу често ја користат незнаејки што всушност кажуваат. Доколку е човек полуписмен ќе го сфати предложениов текст и ќе престане да ја користи ова фраза: www.angelfire.com/ab6/protivpropaganda/polittemi/franciskopari.htm Што се однесува до останатиот текст можам само да кажам дека уредувањето кое ти е најмило е виновно. На почетокот беше виновно за нашиот развој ама како што врвеше времето тоа уредување неминовно се претвори во режим и создаде толку негативности во нашето општество што веќе секој еден ги осеќа на својот грб. Дали живеел во замок или во колиба. СЕКОЈ!!! ЕЕЕЕЈЈЈ!!! 500 години турско+српско, бугарско, грчко па останавме Македонци и создадовме држава и тоа со неписмено население!!! Доволно беа само 50 години од МАКЕДОНЦИ да се сведиме на македончиња, давај газовци без р`бет, без национална гордост, без чувство на припадност, СТАНАВМЕ ЈУГОСЛОВЕНИ, СЕ СРАМЕВМЕ ДА БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ. Тие кои не се срамеа... единствено решение им беше да си отидат во туѓина јабана. Од друга страна пак не ги обвинувам тие кои со тек на време ќе си ги изгубат своите белези како припадници на еден на времето горделив народ. Што да прават кога биле принудени да си отидат од родната грутка за да можат да заработат барем за пристоен живот. Мораат да се прилагодуваат на условите кои им ги наметнува околината во која живеат инаку не ќе можат да опстанат. Што се однесува до нашите браќа во окупираните делови, оставени се самите да се борат против државни институции без никаква помош од нас, тие кои привилегирано живеат во вечниот сон на Македонците, ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!!! Што се случи со тој сон, каде ли отиде? СЕ СЕТИВ!!! Умре во соц. режимот бидејки тогаш за идеали гинеле само будали, а нели, кој сака будала да биде!!! Е па сега се наметнува со сета своја сила услов за живеење кој вели, не вели, туку вришти, БЕЗ ИДЕАЛИ ЖИВЕАТ САМО БУДАЛИ!!! Прашање се поставува пред нас на кое треба да се даде одговор, а тоа е ДО КОГА ЌЕ СЕ ПРАВИМЕ НЕБУДАЛИ И НЕМА ДА „ГИНЕМЕ“ ЗА ИДЕАЛИ? П.С. Шипците се будали и буквално гинеле за некои свои идеали!!! Е.бати будалите!!! Ни го одзедоа националниот карактер на државата. Ние како небудали само им плукавме под прозорец со повремени безвредни изливи на патриотизам. Бевме небудали, нејкевме да „гинеме“ за нашите идеали. Е ПА! ЧОРБА МАКЕДОНЧЕ! Држи се ти до тој лажго Маркс, убиецот Ленин и ку.рназот Тито. Тие ќе ти го дадат твоето национално достоинство, ќе ти ја дадат твојата среќа.
Thief ЗНачи, добра колумната, а?! [:D] Ај, ќе ти одговорам кога ќе се вратам дома, морам да одам сега... Неколкумина синоќа беа доведени во заблуда дека и јас сум иселеник! НЕ! Не сум, ова е мислење на еден тетовец на случувањата со нашето иселеништво... Ќе добиеш и поопширен коментар!
Thief Колумната се стори форум?! Затоа овде и на ајвар отворив теми, со мисла дека тука ќе се коментира, зашто форум и колумна се различни родови. И‘ пристапив публицистички, а не како ТРендо тоа што го рпави на колумната... затоа од ТРендо се поинтересни, на пример... Добив куп позитивни реакции: од мои драги пријатели, луѓе кои имаат некакви позиции и фукнции, новинари... Се потпишав како Бобан Карапејовски, а не како thief, баш заради тоа... Се иднетификував со име... и сега ќе му споменам на Ацо дека сакам како таков да фигурирам... Многумина од овие кои дојдоа да прочитаат не знаат што е интернет - форум, но сакаат колумни. Противпропаганда, едноставно немам коментар на твоето, зашто би забегале во препукување.. А, јас си ветив дека нема да одговарам на ниту една моја КОЛУМНА... а, колумната треба да биде место кадешто јас ќе го искажам моето мислење, а не некаде кадешто ќе се води полемика... Повторно сум конфузен, но... ме изненадија некои работи... да се надеваме дека ќе ги исцртаме сите линии, а засега тука се само контурите... Поздрав, Бобан
Strelec Ако Бобан не сакаше колумната да се претвори во форумско препукување, тогаш зошто отворил расправа на истата тема на два форуми???:) Или неговата проценка беше дека е добро овде да е колумна, а онде и онде да е форум.:))) Нејсе... Тој што колумната ја претворил во форум, тоа го сторил токму заради фактот што проценил оти авторот сака да се отвори полемика. Значи лоша намера немал, туку тоа го направил само заради Бобан Карапејовски (без Thief). Инаку, работите можат да се вратат на старите позиции во рок од 10 секунди. И се вратија.:) Исто така, Бобан Karapejovski - Thief сега е повторно само Бобан Карапејовски! И за тоа требаше само неколку секунди!:) btw, браво за текстот!:)
Thief Понекогаш сум непотребно суетен и тоа го знам... Знам дека претерувам и не сакам да слушам негативи мислења, но сето тоа може да се поправи, ако сум потрпелив! Поентата ми беше на форумите да се коментира колумната на соодветен сајт! Можеби и јас претенциозно И пријдов и и‘ дадов преголемо внимание... А, го споменав она Тhief, само затоа што им го испратив линкот на луѓе кои не ме знаат така, па можеа да дојдат во заблуда и двосмисленост... Целта ми беше да не се препукуваме таму и да задржиме ниво, а да го напрвиме тоа на веќе постоечки места... Ацика, воопшто не миослев дека некој имал лоша намера, па затоа и ја пишав последната реченица дека „ова се контурите, а понатаму ќе бидат исцртани сите линии“. Ако ја препознавте мојата суетност (како што милува да каже Мирсад [;)]), тогаш длабоко се извиниувам! Немав намера да обвинам никого за ништо, туку чисто да расчистиме... Чисто да расчистиме?! Ух, каква тавтологија![:)]) После Ферид Мухиќ, нема реакции! [:D][:D][:D]
Thief Ајде, да слушнам коментари за втората колумна... одиме! http://www.tugjinojabano.com/kolumni.asp
protivpropaganda
quote:
Originally posted by Thief
Ајде, да слушнам коментари за втората колумна... одиме! http://www.tugjinojabano.com/kolumni.asp
Ќе ги добиеш наскоро!!! Мамичето ти твое болшевичко!!![:D][:D][:D] Тргни ја сликата на тој плочкар кон патот за пеколот, жиф ти се`. Не можам да го гледам.[}:)][;)][8D] П.С. На одмор сум! Напраив гулема згрешка! Не издржав, па морав да седнам на конфјуктор малку. Јеби га шо да праиш, нели?[:D][;)]
Maleshevo ПП, поздрав Убав одмор ти пожелува твојот „соборец“ [;)] Погорниот коментар, кој дури денс го приметив ти е 5+, не сме џабе соборци.