f9 |
КАЈ ИМА СИЛА...
Ако свети сонцето од Вергина, ќе пишува и УЧК
Налутен полицаец му ја сменил "партиската боја" на џипот на еден скопјанец
Кога полицијата ќе те фати на заб, ти нема спас. Ова го потврдува и искуството на скопјанецот Горан Блажевски, чиј "џелат", полицаецот Фејзула Сабадин, најпрво му го искршил ветробранот, а по неколку дена и му го изгребал џипот, пишувајќи врз целото возило УЧК.
- Полицаецот Сабадин во четвртокот, кај "Александар палас" со батериска ламба ми го искрши десното ветробранско стакло. Откако ги известив медиумите, во неделата ми го изгреба целиот џип, врежувајќи УЧК - обвинува Блажевски.
Џипот "сузуки витара", сопственост на скопјанецот, во несекојдневна металик портокалова боја, изгледа му запнала за око на полицаецот курсист Фејзула поради еден необичен детаљ - амблемот со шеснаесеткракото сонце од Вергина, кој стои на резервното тркало на задната страна од џипот. Така барем тврди сопственикот, чии неволји почнале во минатата недела, кога тој ја носел својата девојка на матурска вечер во хотелот "Александар палас". Уредувајќи го сообраќајот во метежот, полицаецот Фејзула му се налутил на Блажевски, се стрчал кон неговиот џип и без причина му го скршил стаклото. При тоа се повредиле и две девојки во возилото.
- Сабадин го знам од порано, ме има застанато десетина пати. Ќе ме запре и бара да ја тргнам резервната гума на која стои сонцето од Вергина. Му реков да ми го плати ветробранот за да не правиме проблем. Наместо да се согласи, тој почна да вика и да ми се заканува - раскажува Горан.
Горан и Сабадин се сретнале уште еднаш во текот на ноќта, во полициската станица во Карпош.
- По инцидентот отидов во станицата во Карпош, а од таму ме пратија во станицата во Пролет. Очигледно сакаа да го забошотат случајот, бидејќи повторно ме пратија на местото на настанот за да се сретнам со полицајците што таму правеле увид. Само што дојдов, полицијата избега, оставајќи го сообраќајот нерегулиран. Се вратив во станицата во Карпош и таму се соочив со Фејзула. Тој пред 12 службени лица, среде станица, ми се закануваше дека ќе ги искрши и автомобилот и мене - вели Горан.
Полицајците го тргнале разбеснетиот колега во друга соба и му рекле на Горан да поднесе претставка во МВР за суспензија на Сабадин и да го однесе џипот да го сликаат. Но, Горан приказната ја објавил во медиумите во саботата и си го бојадисал џипот за до го прекрие натписот - УЧК. Кај има сила, нема правдина.
|
protivpropaganda |
quote: Originally posted by f9
КАЈ ИМА СИЛА...
Ако свети сонцето од Вергина, ќе пишува и УЧК
Налутен полицаец му ја сменил "партиската боја" на џипот на еден скопјанец
...
Полицајците го тргнале разбеснетиот колега во друга соба и му рекле на Горан да поднесе претставка во МВР за суспензија на Сабадин и да го однесе џипот да го сликаат. Но, Горан приказната ја објавил во медиумите во саботата и си го бојадисал џипот за до го прекрие натписот - УЧК. Кај има сила, нема правдина.
f9,
Зошто типацот навистина не поднел претставка во МВР за суспензија на учката-полицаец????
Се` ми се чини дека јанлаш е нешто оваа приказна!
Да не го фати недостаток на јунаштво нашинецов или нешто друго е посреди.
Да си знаеш дека фразата „Кај има сила, нема правдина“ е сама по себе контрадикторна бидејки правдата Е сила. Значи редефинирана, фразата би звучела вака: Кај има сила, нема сила. Не оди, нели? Нема логика!
Останува тоа до каде е човек спремен да оди за да ја добие својата правда.
Од искуство можам да ти тврдам дека
ЗЛОТО ПОБЕДУВА САМО ТОГАШ КОГА ДОБРИОТ ЧОВЕК НЕМА ДА СТОРИ НИШТО ЗА ДА ГО СПРЕЧИ!!! СЕ` ДРУГО Е ПЛАЧЕЊЕ НА СТРАШЛИВЕЦОТ!!!
П.С.
Сори за агресивниот, на звук, начин на излагање ама постои глобално-планетарно вечно правило:
АКО НЕ МОЖЕШ ДА ГО ЗАЧУВАШ НЕМА ДА БИДЕ ТВОЕ!!!
Кој не е спремен да живее по него...
Не го жали, иако е за жалење!!!
Помина времето на владеењето на посилниот. Само страшливците мислат дека нема правда кај што има сила.
Со самото измислување на огненото оружје отиде за навек силата на силниот да го контролира слабиот.
Сега се работи за тоа кој тоа поседува мадиња, а кој г`с. |