OooOo |
В сабота во 19 часот несекојдневен хепенинг на Машинскиот факултет
Најбрзото соларно возило на светот ќе пристигне и во Скопје
[img]http://int.utrinskivesnik.com.mk/izdanija/1482/11766.jpg[/img]
На паркингот на Машински факултет во Скопје, в сабота во 19 часот ќе се одржи хепенинг ?Моќта на сонцето - моќта на техниката", на кој присутните ќе имаат можност да го видат најбрзото соларно возило на светот, наречено ?нуна 2". Возилото ќе пристигне од Атина, појдовен град од каде што ќе почне патешествието ?Адианте" на првото соларно возило, изработено од група холандски студенти. Овој последен крик на технологијата, при своето пропатување, кое ќе трае до 11 јуни, ќе измине вкупно 6.500 километри, поминувајќи низ 15 држави, со застанување во 16 града, не користејќи ниту капка гориво.
Во градовите, локалните претставници ќе организираат пречек на возилото, при што пред присутните, особено пред децата ќе биде презентирана употребата на соларната енергија и начините за искористување на обновливите извори на енергија. Така, можност за вклучување во несекојдневниот настан ќе имаат и децата од нашата република, кои ќе можат со ликовни творби да учествуваат во наградниот ликовен конкурс, организиран од Машинскиот факултет од Скопје во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на деца на град Скопје. Темата за изработка на творбите е ?Моќта на сонцето", при што младите автори ќе треба да ја искажат својата визијата за поздрава иднина. Најуспешните автори ќе бидат наградени на денот на пристигнувањето на соларното возило. (Дс.Т.)
|