Канал 103 престана да емитува програма |
OooOo |
„Канал 103“ престана да ја емитува програма
Првото и, според програмскиот дизајан, единственото музичко радио, популарното „Канал 103“ по 13 години престана да ја емитува својата програма. Првите акорди „стотројката“ ги пушти во етерот на 1 мај 1991 година.
Јавното претпријатие за радиодифузија спроведувајќи го решението на Управата за телекомуникации го исклучи предавателот на музичкото радиот „Канал 103“. Директорот на деловната единица на Пренос и емитување на ЈП за радиодифузија Лазар Данев за Македонската информативна агенција - МИА потврди дека тие „стотројката“ ја исклучиле по налог и со решение на Управата за телекомуникации.
„Предавателот на Каналот 103 беше во сопственост на Македонската радиотелевизија во чиј состав до пред пет-шест години беше и Радиодифузното претпријатие. Со формирање на посебно јавно претпријатие за радиодифузија предавателите поминаа во негова сопственост. Па и предавателот преку кој програмата ја емитуваше 'стотројката'. Ние моравме да постапиме по решението од Управата за телекомуникации“, вели Данев.
Во Управата за телекомуникации, пак, во отсуство на директорот никој друг немал право да дава информации за јавноста и немаат одговор зошто од толкуте диви емитувачи на радио програма е исклучена токму „стотројката“. И оттаму потсетуваат дека сопственик на предавателот на „стотројка“ и оти доставиле решение до ЈП за радиодифузија да го исклучи предавателот на ова музичко радио.
Одговорните во Македонската радиотелевизија, чиј сегмент беше и програмата на „стотројката“ во изминатите 13 години, велат дека немаат пари да ја финансираат, но и оти главната причина за престанувањето на продуцирањето на „стотројката“ е од финансиски причини, но и посочуваат дека „стотројката“ немала концесија и дека нејзиното досегашно емитување било „на диво“.
Заменик-директорот на Советот за радиодифузија Илир Ајдини потврдува дека од оваа институција од страна на МРТ воопшто не е побарана концесија.
„Пред околу два месеца, како што и е познато на широката јавност, е распишан конкурс за нови концесии, па и за концесии на радио на локално ниво. Во Советот за радиодифузија ниту за време на конкурсниот период, ниту досега не е пристигнато какво и да е барање за концесија, односно за легализација на фреквенцијата на Канал 103“.
Срцето на единственото македонско некомерцијално музичко радио - Канал 103 престана да чука завчера во 9 часот наутро. Најавите за укинување на урбаната и прогресивна фреквенција периодично се провлекуваа низ скопските културни кулоари веќе две години наназад, но се чини дека сегашната одлука на МРТВ е конечна. Програмата на Стотројка, согласно со решението на Управата за телекомуникации, досега се емитуваше на нелегална фреквенција, а рокот на МРТВ од една година да го реши овој не толку едноставен проблем истече.
|
GoDsHaNd |
Ne mu pushtale pesni od zlatno slavejce:) |
Thief |
Затоа што имав членови на семејството на „привремена работа“ во МРТВ и знам како функционира таа фамозна „103-ка“...
Поопширно во друга пригода, ви реков! [:D] |
GoDsHaNd |
Pedercinja, a bash beshe ok radioto... |
Thief |
GoDsHaNd,
а нормално, ти слушаше Антена, нели?!
Сите анкети покажуваа непопуларност на тоа радио, а кога го исклучија, сите кажувате дека било ОК.
Нејсе... јас отпочеток бев за негово затворање! Во друга прилика ќе кажам зошто и како...
|
GoDsHaNd |
Bravo! Ne jas city slushav:) |
AaaAa |
Zashto bese za zatvaranje Thief? Bash me interesira :-) |