Уапсен Драган Даравелски |
OooOo |
Уапсен Драган Даравелски
Портпаролката на Белградската полиција Драгана Кајганиќ потврди за А1 дека во утринските часови го уапсила поранешниот директор на македонската царина, Драган Даравелски.
Тој е уапсен во Белград и предаден му е на истражниот судија, а по изјаснувањето на српското министерство за правосудство ќе и биде испорачан на Македонија.
Во Белградската полиција велат дека Даравелски не пружал отпор при апсењето, а во трага му влегла по информацијата која ја добила од македонската полиција. Имено македонската полиција ги следела патувањата на неговиот татко и така дознала дека Даравелски се крие во Белград.
Македонија има издадено меѓународна потерница за Даравелски во јуни минатата година.
|
NARCIS` |
Ke se vrati povtorno VMRO na vlast...togas i idrizovo malo ke im bide na komunjarite. |
OooOo |
quote: Originally posted by NARCIS`
Ke se vrati povtorno VMRO na vlast...togas i idrizovo malo ke im bide na komunjarite.
Te razbiram. Ako si perel pari so Daravelski i si zhiveel od siva ekonomija togash ova prashanje tebe te zasegnuva.
|
OooOo |
Српскиот суд определи екстрадициски притвор за Даравелски
Српскиот окружен суд денеска му определи екстрадициски притвор на поранешниот директор на македонската царина Драган Даравелски, кој минатиот четврток беше уапсен во Белград откако македонската полиција по него распиша меѓународна потерница заради злоупотреба на 2,2 милини евра.
Полициски извори потврдија денеска за Макфакс дека Драган Даравелски се очекува да биде екстрадиран во земјата најдоцна за 40 денови.
Истите извори потврдија дека денеска до македонското министерство за правда МВР ги доставило сите потребни документи со кои од официјален Белград ќе се побара да го испорача Драган Даравелски.
Некогашниот прв цариник повеќе од една година е во бегство, а обвинението го товари за „злупотреба на службена должност и злоупотреба на средства во износ од 2,2 милиони евра“.
|
kopacot |
ovoj epten opljacka....redno bese i toj da ja pomirisat sHutka :))) |