OooOo |
Se povekje veruvam deka pravniot sistem vo Makedonija zapochnuva da se dvizhi vo prava nasoka.
Аптеката „Виола“ во Буњаковец затворена
Аптеката „Виола“ во трговскиот центар Буњаковец денеска е затворена поради поседување на голема количина на лекови кои во државата биле внесени илегално.
Инспекторите од бирото за лекови во оваа аптека пронашле неколку видови цитостатици и лекови кои се дефицитарни во државата.
„Во аптеката „Виола“ најдени се лекови од Грција и нема докуменатација дека се правилно увезени, најдени се доста цитостатици“, изјави министерот за задравство Селмани.
Инспекторите најавуваат дека против сопственикичката на аптеката ќе биде поднесена прекршочна пријава, а судот ќе одлучи дали ќе и биде одземена дозволата за работа.
На неа велат ова не и е прва пријава. Само неколку минути пред затварањето вработените револтирано тврдеа дека нема причина зошто да биде затворена аптеката.
да овие денови проверувале многу аптеки, но само овде нашле нелегални лекови.
И покрај малиот број на инспектори, во министерството за здравство најавуваат засилени контроли во сите аптеки во државата, а особено во оние за кои им е познато дека внесуваат цитостатици без дозвола за увоз.
Акцијата за чешлање на аптеките започна откако директорот на фондот за здравство јавно предупреди дека одредени аптеки продаваат шверцувани цитостатици, а на болните им издаваат фалсификувани потврди од непостоечки аптеки во странство.
|