За краток рок нема спектакуларни резултати |
OooOo |
Костов: „За краток рок нема спектакуларни резултати“
Првиот македонски премиер - економист, најавен како можен реформатор, Хари Костов, во своето експозе ги пресече надежите за брзи економски резултати. Сиромаштијата и невработеноста се најголемите проблеми кои, рече Костов, не се решаваат брзо.
„Спектакуларни резултати неможе да се очекуваат на краток рок. Предуслов за позитивни резултати во овој домен се спроведувањето на неопходните структурни реформи, кои досега многу често се одложуваа“, рече Костов.
За такви реформи - ќе треба: подолг аранжман со ММФ, намалување на јавната потрошувачка, на мешањето на државата во стопанството и подобрување на амбиентот за водење бизнис. Државата може да ги постави општите услови на стопанисување, но приватниот сектор треба да биде носител на развојот, вели Костов.
„Затоа во иднина кога пред Владата ќе се собираат и протестираат на пример, млекопроизводители, нека се сетат дека Владата не е таа која купува и продава млеко, нека се сетат дека владата не исплаќа неисплатени палти и не исплаќа струја и вода за други“, рече Костов.
Единствена гаранција за мир и политичка стабилност се стабилните меѓуетнички односи, рече Костов и се обврза на доследно спроведување на Охридскиот договор. Последната обврска- законите за децентрализација владата до собранието ќе ги достави во јуни.
Темелната реформа на правосудниот систем за што сме најмногу критикувани однадвор, е следниот приоритет за кој владата ќе изработела стратегија во следните 3 месеци.
Мандатарот најави поинтензивна борба против криминалот и корупцијата-приоритет кој досега беше негов ресор. Костов во денешното експозе сакаше да објасни дека како министер не се водел од принципот на партиски реваншизам.
„Доколку се работеше за селективност и партиски реваншизам, а не за покренати обвиненија со валидни докази и аргументин тогаш како ни се случува во судските постапки некој од носителите на значајни фумкции да се бранат со молчење, а не со докази. Зашто често се случува одложување на судски процеси и храбри пребегнувања од Македонија“, нагласи Костов.
Спроведувањето на владините приоритети ќе значи реализација на стратешката цел, прием во НАТО и ЕУ, рече Костов.
Во Собранието тој влезе придружуван од единствениот нов министер во владата-неговиот наследник Сиљан Аврамовски. Пред пратениците, министрите и претседателот, но без лидерот на опозицијата во салата, новиот мандатар се обврза:
„Моажм да ви ветам законско, одговорно и транспарентно работење на секој челн на владата без афери и скандали. Компроментацијата меѓу министрите и нивните заменици повлеклува со себе откази и разрешувања“, додаде Костов.
А експозето го заврши со максимата на американскиот претседател Кенеди кажана пред половина век:
„Не прашувајте само што може државата да направи за Вас. Прашајте се што можете Вие да направите за Вашата држава“, рече Костов.
|
dejan |
Jas mislam Kostov e dobar, uporen a za da napravi nesto. |
OooOo |
Dodeka beshe direktor na komercijalna uspea da napravi neshto i da ja izdigne taa banka na dosta povisoko nivo od drugite banki. Toa e edinstvenoto neshto shto go znam za nego. Neznam mnogu za Hari Kostov, taka da nemam oformeno mislenje.
|
fio |
Мене ми е ептен лигав некако, можда грешам, али мислам дека беше лош избор |
DJ_SHEMA |
Konechno premier koj barem ima struchni poznavanja od sferata na ekonomijata. OD daleku izgleda vetuvachki. Sekoj koj misli deka MAkedonija moze da se sredi za godina dena ili dve se laze. Ima nekolku raboit koi se najvazni i treba da bidat osnovni vo rabotenjeto na vladata:
Sudstvoto mora da raboti kako shvajcarski sat
Korumpcijata i nepotizmot mora da se iskorenat
DA nema revanshizam tuku naprotiv da ima sorabotka so opozicijata i pomalite partii.
|
fio |
quote: Originally posted by DJ_SHEMA
Konechno premier koj barem ima struchni poznavanja od sferata na ekonomijata. OD daleku izgleda vetuvachki. Sekoj koj misli deka MAkedonija moze da se sredi za godina dena ili dve se laze. Ima nekolku raboit koi se najvazni i treba da bidat osnovni vo rabotenjeto na vladata:
Sudstvoto mora da raboti kako shvajcarski sat
Korumpcijata i nepotizmot mora da se iskorenat
DA nema revanshizam tuku naprotiv da ima sorabotka so opozicijata i pomalite partii.
Економист да.
Судство пропало.
Корупција колку сакаш.
Реваншизам? ТОЈ го спроведува откако е министер |
f9 |
Хари Костов ја црпи програмата од :
http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=6629
Од таа програма ни се случи и ова:
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=1701&stID=6801
|
RedAlert |
kako be ne go znaes Hari.Go ubi onoj Dime Ickovski-Postar bez oko da mu trepne.Organizirase hajka protiv site bivsi pripadnici na Lavovite a licna opsesija mu e Ljube Boskovski.Go fati breza i Cakala za mesec dena(ova e ironicno).Komercijalna Banka ja napravi filijala na SDSM glaven spoznor za nivnite kampanji mu pomogna Na Sterjo Nakov(negov rodnina) da go lapne Fersped,preku "Macedonia Enterprise" perese del od parite na Milosevik vo 90-tite,a kako sovetniche vo Svetska Banka go kodosese Petar Gosev kaj B.C.Nikoj od nego ne bara nisto da veti tuku da kaze sto ke raboti a ne da povtoruva prazni frazi od poslednive 50 godini koj gi znae sekoj covek so fakultet.Covekov e losa kopija na najlosiot politicar vo MKD - B.C.(popoznat kako drzalnik) |
The_Crow |
Iskreno ne ocekuvam nekoi pogolemi rezultati od Novava Vlada so ogled deka e skoro prodolzena raka na prethodnata. Sepak spored mene koj i da dojde malku tesko ke mu bide da se spravi so nekolku bitni problemi. Nevrabotenost, Trgovski Deficit, reforma vo sudstvoto i korupcijata. Ima edna stara rimska poslovica ja zaboraiv koja vika Dela ne zborovi. zatoa mislam deka hari Kostov nema da napravi nisto spektakularno za mandatot megutoa vredi da vidime so ke napravi. |
protivpropaganda |
Демагошки одлично кажано, но до сега ништо ново од арсеналот на нашите политиканти.
Одлична реторика, никакви, слаби или неосетни реални успеси или пак видливи, јасни и поволни резултати за малкумина одбрани.
Од една страна изјавува дека богати граѓани сочинуваат богата држава (како мене да ме читал по форумиве[:D][8D]), од друга страна се служи со колективистичката премиса на Кенеди. Нека се реши или ние да црнчиме за државата (бирократите) или да си работиме за самите нас.
Оваа премиса ништо друго не значи од погоре напишаното.
„Не прашувајте само што може државата да направи за Вас. Прашајте се што можете Вие да направите за Вашата држава“, рече Костов.
Кога ќе барате „државата“ нешто да направи за вас, не правите ништо друго освен што му давата не некој бирократ или политичар моќ да управува со вас и вашиот живот, вака си ја отфрлате сопствената слобода.
Кога ќе работите за „државата“ не правите ништо друго освен што ги предавате плодовите на вашиот труд на некој бирократ или политичар за тој да располага со нив потоа тој да ви кажува како да си го живеете вашиот живот.
И двете премиси се со фалинка, нели?
Затоа доколку не барате од „државата“ туку си ја гледате сопствената среќа и среќата на својот ближен вие фактички, индиректно, придонесувате за општата благосостојба на општеството.
Еј ги ди, требаше јас да правам експозе!!![:D][8D]
Ех, како и да е. Надежта умира последна, нели?
|
f9 |
Jas samo brojki priznavam.Ovoj go pochnuva mandatot so 400000 nevrabotani.Koga ke zamine ke se navratam na temava kolku da potsetam kolku uspeal...da izbrka... |
gisot |
A koj rok za noviot premier e dovolen za da pokaze rezultati? 100 godini? ... aj, mladi sme, belki ke dochekame da vidime i toa chudo :P |
RedAlert |
Cekajte be luge pa oni se SAMO 9 godini na vlast sega se zagrevaa,gledate kolku dobri bea za pocetok kojznae sto ubavini ne cekaat.Dajte mu samo sute 20-30 godini i se ke bide super. |