RedAlert |
ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА НА ТЕЛЕФОНИЈАТА ДИКТИРАНА ОД ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ
Митото ќе го одреди конкурентот на Телеком
Унгарците и Грците лобираат кај државни службеници за прифаќање на нивните експертски усуги за новиот закон со кој треба да се либерализира телефонијата, едните "Телеком" да остане сам најмалку до 2007 годи
Премиерот Хари Костов завчера пред пратениците најави дека веќе на првата конститутивна седница ќе формира работна група која ќе работи на подготовка на законскиот текст за либерализација на телекомуникацијата. Работна група најитно ќе ангажира странски експерти и ќе распише тендер за втор фиксен оператор во Македонија.
Едена работна група веќе работи на нов заакон. Но, дознаваме дека тие се потпреле на услуги од странци. Веќе неколку месеци во владините кулоари, како што тврдат извори на "Вест", кружат два предлог текста на новиот закон чии автори се кријат. Едниот е подготвен од унгарско - германски експерти кои треба на единствениот фиксен оператор да му обезбедат пролонгирање на монополот најмалку до 2007 година. Другиот текст е пишуван од грчки експерти, кои сакаат да создадат услови веќе во јануари да може во Македонија да се појави грчка конкуренција на "Македонски телекомуниакции". И двата текста се туркаат како закони по европски стандарди кои треба да обезбедат куртул од монополското работење на единствениот телеком. Сега е прашањето кој повеќе ќе плати.
Извори за "Вест", кои инсистираат да останат анонимни, тврдат дека државни службеници, во зависност од тоа од каде имаат личен интерес, лобираат за еден од двата текста. Тие службеници се членови токму на работната група, која треба да отвори пат за конкуремнција во телефонијата. Во неа членуваат надлежни службеници за телекомуникациите од Министерството за транспорт и врски, но и до сега анонимци во својот занает. Министерството ја формирало групата согласно стручноста на членовите, но и согласно рамковниот договор.
Интересно е што во ова работно тело учествува и еден државен службеник, кој како експерт во Министерството за транспорт и врски, порано работеше на подготовката на постојниот Закон за телекомуникации, сите законски измени, и на договорите за концесија на "Македонски телекомуникации", "Мобимак" и "Космофон", а под негова надлежност се реализираше и тендерот за втор мобилен оператор. Децата на овој службеник сега се вработени во "Мобимак" и "Космофон", а сопругата во "Телеком".
Како што стојат работите веќе сега е доцна на 1 јануари 2005 година "Македонски телекомуникации" да добие конкуренција. Новиот закон веќе требаше да биде донесен, за да може следниве неколку месеци да се работи на подготовки за либерализација на пазарот и точно да се одредат условите под кои Телеком ќе мора да им дозволи интерконекција на конкурентите. Уште повеќе, луѓе блиски на власта кои работат за "Телеком" им ветуваат на Унгарците дека со нивното влијание во СДСМ ќе му обезбедат на "Телеком" оддолжување на процедурата за донесување на новиот закон во Собранието. На тој начин монополот на "Телеком" ќе се продолжи.
Kakvi se ovie lagi protiv "cesnite" momci od SDSM a?:)
|