f9 |
3 јуни 2004 година, Ротердам, Холандија (Пишува Гоце Дуртаноски) - На познатата Кримска конференција на Јалта одржана од 4 до 11 февруари 1945 година во која учествуваат тројцата политички великани Черчил, Рузвелт и Сталин има момент кој е многу значаен за нас Македонците. На таа конференција во делот од прашањето за светската поделба на интересни сфери претседателот Рузвелт поднел предлог на своите колеги во врска со Македонија кој гласел: „Почитувана господо, кога сме кај Макеоднија треба да имаме во предвид дека тоа е земја со антички корени и со долга историска традиција. Врз основа на тоа сметам дека за целосно и правилно решавање на македонското прашање потребно е по завршувањето на војната да му овозможиме на македонскиот народ со самоизјаснување да се искаже дали е за национална и класна слобода, дали сака самостојно да живее во своја држава или во некаква федерација.“ Во прилог Рузвелт приложил и соодветна литература и документација пред колегите.
По ова искажување Сталин бил видно возбуден, изненаден и збунет. Тој го одбива овој предлог кој бил поддржан и од Черчил дека денешните Македонци се нов народ и немаат никаква врска со античките Македонци и декаа својата, пред се’, класна слобода ја добиваат токму во рамките на федеративна Југославија.
Ако Македонија и Македонците се вештачка псевдо-комунистичка творба (како што тврдат Грците) зошто тогаш Сталин не дозволил создавање на Македонска држава? Од причина што тој ја знаел вистината исто како и Рузвелт, само не му одговарала бидејќи претходно се договорил со Тито и Черчил за статус кво во поглед на тоа прашање, на тој начич задоволувајќи ги апетитите на вечните пријатели Грција, Бугарија и Србија.
|