Koj bi bil "podobar" za makedonija?
Koj bi bil "podobar" za makedonija?
AaaAa Vakvi analizi ko ke procitam mi se eze kozata. Samo nekolku poenti od moja strana, a na drugoto mozete da se osvrnete so svoe mislenje. Prvo i osnovo stavot na Amerika ili bilo koj drug, nikogash ne zavisel i nema da zavisi od koj e predsedatel tuku od koj LOBIRA. Ako nekoj stvarno misli deka bilo koj amerikanski predsedatel ke trosi makar i edna sekunda od svoeto vreme da na svoja raka razmisli okolu Makedonija i specificno nejzinoto ime gadno se vara; i za generalnite sostojbi u regionot, se pokaza deka nikoj ne trosi vreme sem ako nedaj boze ne se sluci neshto. Kolku vo ex YU za vreme Klinton uloga igralo nekoe albansko lobi e golemo prasanje, no i da se prifati vaka ko apla face value ko shto doticnata gospogja naveduva, togash problemot ne e vo Clinton tuku vo Lobito, ne Albansko tuku nase. Isto i so imeto, Grcive donirale grdi pari na demokratite, grcive ke doniraat i doniraat i fakjaat vrski i so republikancite sekogash koga prasanjeto ke se stavi na masa. Toa sto sea e status quo i shto izgleda deka Bush e na nasa strana ne e rezultat na nekoja negova razlicna politika tuku e rezultat na momentumot vo odnostite nasi so Grcija a i na celiot svet kon nas, koj konta deka celiot spor okolu imeto e bezsmislen. Se gledaat nijansi na toa raspolozenie i ne se zgolemuvaat ne zatoa shto Grcite kocat, ili vojnata u Irak smeta, tuku zatoa shto nemame nie NASE lobi da inicira i pritiski da toa ostane i prodolzi da bide taka. Baska ako nekoj misli deka Hoolbrook imal vlianie za vreme Klinton a nema denes zatoa shto e demokrat, pak gadno se vara. Amerikanskata politika e kontinuitet kolku nekogash i da ne izgleda taka. Ako hoolbrook bese glavniot pregovarac na Balkanot negovoto mislenje seuste igra ogromna uloga, a se prezema od negovi analizi, stavovi, natpisi koi i te kako im sluzat na oficijalnite lica vo pentagon. Nego edno e ustvari bitno, za vreme demokratite svetot ne go demneshe opasnost od podpagjanje pod teroristicki lideri. Bush e losh za svetot, i ako ostane uste eden mandat, osudeni sme na vloseni megjunacionalni odnosi, na porast vo fundamentalisticki dvizenja, na zgolemena nesigurnost, ekonomska Svetska unazadenost i nestabilnost. Makedonija e kapka u vodata koja sama po sebe nitu za sebe moze da resava neshto, nitu pak znae, no ako svetot ide nadolu, ideme i nie so nego. Ke se zatvorat mnogu vrati i ke se stegnat mnogu obraci, momentalno e stegnat obracot prema amerika, nema da bide dolgo koga nacionalistickive custva ke prodrat sekade ko odgovor na ne daj boze "vekje povekje od 4 godisna" samoubistvena americka unilaterarna politika. Keri ne e sjajna varijanta isto taka, mene me razocaruva demokratite imaat mnogu po sposoben kadar od nego-ali coek koj neznae da go zbori sopstveniot jazik e mnogu polos. Bush e los za Amerika, CLinton bese son za Amerika. Ako Amerika e vo nesigurna situacija, huh mu se ebala majkata na svetot, ko shto se pokaza poslednive cetiri godini posebno posle sep/11. KOlku ke bide Bush dobar za Makedonija, dokolku istava bi mu ostanala ko sojuznik ko shto naveduva analizatorot e lesno prasanje. Site sojuznici mu vrtat grb, onie koi do vcera odea raka uz raka so Amerika.Koj mu e denes sojuznik? Makedonija so Marutinija i jebi vetri.Normalno deka ne ne cacka, 200-300 vojnici, sepak ekstra mu se da si igra bam bam u irak.Pa ne sme normalni. I nie sakame u Evropska Unija so ovakvi razmisli? So Bush? Neka ni e so srekja ----------------------------------------------- И за Македонија е многу значајно каков ќе биде исходот од американските претседателски избори наесен Македонско лоби нема кај Кери, од Буш може да очекуваме повеќе По искуствата со Клинтоновата администрација, која водеше војна во соседството, Буш, сепак, е подобра опција за Македонија Албанското лоби е секогаш со демократите и веќе донираше 500.000 долари за кандидатурата на Кери и за независноста на Косово Слободанка Јовановска Пет месеци пред неизвесните претседателски избори во САД, чиј исход со нестрпливост се очекува во Европа и во целиот свет, демократскиот кандидат за претседател, Џон Кери, ги формулираше основните приоритети на неговата надворешна политика. Тие приоритети во голема мера ја засегаат и Македонија. По случувањата од 11 септември, а особено по интервенциите во Авганистан и во Ирак, по судирот на релација САД-ЕУ, па и внатре меѓу сојузниците во НАТО, Македонија стана ранлива на глобалните случувања, па овој ноември не треба да ни биде сеедно кој од двајцата претседателски кандидати - републиканецот Џорџ Буш или демократот Џон Кери - ќе биде идниот станар на Белата куќа. Непостоењето на македонско лоби, кое би ја поткрепило нашата позиција сега, кога претседателските кандидати се најчувствителни за влијанија со донациите што ги примаат во кампањата, не значи дека не постои дилемата дали политиката на Кери ќе кореспондира со интересите на Македонија, бидејќи ефектите од владеењето на Буш ни се познати, а можат да се предвидат и идните потези. Со оглед на процените во САД изминативе денови дека рејтингот на Буш е на критичната граница и дека првпат шансите на Кери да победи во ноември почнуваат да изгледаат реални, иако не и извесни, актуелно прашање во моментов е што нуди демократот претседател на САД и колку таквиот исход е во прилог на нашите очекувања? Анализирајќи ја надворешнополитичката агенда на Џон Кери, јасно се гледа дека Балканот не е ни оддалеку меѓу приоритетите со кои ќе се занимава во својот мандат и дека едвај има изградена позиција која излегува од рамките на тоа ќе треба ли или не САД да бидат присутни во регионот и каква ќе биде косовската иднина. Имајќи ги предвид луѓето со кои се опкружува Џон Кери, како Ричард Холбрук, Џејмс Рубин, Семјуел Бергер, а во игра за потпретседател е и Весли Кларк, како и начинот на кој функционира американската администрација, некои потези уште отсега можат да се претпостават, со генерална оцена дека за Македонија, сепак, е подобро да си остане Буш во Белата куќа. И поради искуствата од Клинтоновата ера, и поради фактот дека овие четири години премногу се инвестираше, па и се жртвуваше во односите со САД, а најкрупните резултати се очекуваат не во овој , туку во следниот мандат, иако дарежливоста на Вашингтон не е нешто на што може да се смета со некаква гаранција. Она што е битно за Македонија како држава е политиката на Кери наспроти таа на Буш во врска со Ирак, неговата позиција околу новата улога на НАТО надвор од границите на Европа, неговата политика спрема Европската унија, спрема Меѓународниот кривичен суд, статусот на Косово, спрема проширувањето на НАТО и како клучно спрема спорот околу името на државата, поради исчекорот на овој план од страна на актуелната американска администрација. За Македонија не е помалку битно и тоа дали новата администрација ќе гради нов имиџ меѓу европските сојузници спротивен од робусниот на Бушовата влада и дали некритичкото македонско воено коалицирање ќе ни се врати како бумеранг ако се смени гарнитурата на власт во САД. Иако на сите овие прашања нема директни одговори, тие можат да се насетат од генералната политика што лично или преку советниците ја промовираше изминативе неколку недели Џон Кери. Она што разбесни некои демократски насторени аналитичари деновиве е оцената на Би-Би-Си дека надворешната политика на Кери е копија на онаа на Буш, бидејќи и двајцата имаат исти приоритети и цели, а разликите се само во стилот, т.е. методите со кои сакаат да ги постигнат. Кери, како и Буш, воопшто нема дилема околу потребата од воената интервенција во Ирак и симнувањето од власта на Садам Хусеин, а не најавува ниту повлекување на американските трупи од таа земја, туку нуди поголема соработка на САД со ОН и со сојузниците, со главна поента дека кога ќе влезат во војна или интервенција, САД треба да бидат подготвени да го обноват разурнатото и да ја консолидираат победата. Сумирано кажано, Кери, како и Буш, ќе продолжи да работи на глобалната агенда што ја почнаа републиканците, но не сам, туку барајќи меѓународна поддршка и соработка, а преведено во наш случај тоа значи дека кој и да е во Белата куќа од ноември, борбата против тероризмот ќе трае, а Македонија ќе мора да остане во Ирак и во Авганистан за да ја заврши американската задача. Кери, за разлика од Буш, сепак, е подготвен да ги стави САД под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, нешто што по скандалот околу ирачките затвори има поголема тежина како внатрешно американско прашање, отколку како проблем на Македонија. Се очекува, исто така, дека Кери ќе ја продолжи политиката на Бушовата администрација за проширувањето на НАТО и дека поддршката што ќе и ја дава на Македонија ќе биде со иста тежина, бидејќи јакнењето на Алијансата колку што е наш приоритет, толку е приоритет и на Вашингтон, и таа е дел од долгогодишните планови на САД кои не се менуваат со смената на власта. Најсуптилните промени затоа не се очекуваат во однос на американските ветувања за членството на Македонија во Алијансата, туку во однос на политиката на САД спрема косовското и, генерално, албанското прашање, како и спрема спорот околу името, за кој решение сў повеќе се гледа токму во Вашингтон. Силниот антиамериканизам во Македонија за време на Клинтоновата администрација, всушност, беше резултат токму на влијанието на албанското лоби кое традиционално соработува со Демократската партија и кое за претседателската кампања на Кери, според американски извори, веќе донирало 500.000 долари, со тенденција таа сума да се зголеми. Кремот на демократите, и добар дел од советниците на Кери, а пред сў Џејмс Рубин, со години наназад се добитници на некакви почести и награди од албанската емиграција, која со своите блиски врски и донации влијаеше да има воена интервенција во СРЈ и толерантност кон дестабилизација на Македонија, а овој пат е фокусирана на амбицијата да избоксува што побрза независност за Косово - за што, наводно, веќе добила ветувања. Блиско на демократите е и грчкото лоби во САД, кое во претходната гарнитура на Клинтон имаше свој висок претставник во администрацијата, шефот за односи со јавност за време на неговиот прв мандат, Џорџ Стефанопулос. Со Кери во Белата куќа нашата Влада тешко може да се надева на победа околу уставното име која би ја извојувала со поддршка на Вашингтон, туку на уште една стерилна етапа на барање решение во преговорите во Њујорк, без оглед на улогата што евентуално би ја имал главниот преговарач Ричард Холбрук, кој откако си замина од функцијата го миминизираше до апсурд грчкото противење на името Македонија. Генерално, она што е важно за нас, иако не толку колку за Европа, е интенцијата на Кери да ја врати реториката и стилот на владеење од времето пред Бушовата ера, не менувајќи ги, сепак, приоритетите на Бушовата администрација. Точка по точка, тој ги нареди тие приоритети вака: поголема безбедност на САД и пресметка со Ал Каеда, стабилизирање на Авганистан и Ирак, мировно решение за Блискиот Исток (произраелско и речиси идентично со тоа на актуелната администрација), јакнење и модернизација на американската војска, промовирање на демократијата и човековите права во светот, контрола на вооружувањето и обезбедување енергетска сигурност на САД.Балканот евентуално ќе стане актуелен на некое петто ниво на администрацијата и тоа нема да биде многу поразлично од третманот што го добива и сега од Вашингтон.
DJ_SHEMA Brachedata od zenata na keri bila Albanka od kosovo, demek, ko sho iznajdoa shiptarski vrski za site dosegashni pretsedateli eve i jas da rashiram edna totalno neproverena glasina. Pa kje kazam, se nekoj drug ni e kriv i e faktor shto vlijae.
RedAlert A da frlea del od budzetot malce da ja zajaknat nasata dijaspora vo nejzinoto lobiranje?Ne be site si gi sakaat parite za sebe.
AaaAa
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA
Brachedata od zenata na keri bila Albanka od kosovo, demek, ko sho iznajdoa shiptarski vrski za site dosegashni pretsedateli eve i jas da rashiram edna totalno neproverena glasina. Pa kje kazam, se nekoj drug ni e kriv i e faktor shto vlijae.
Da i Hashim Taci so cvekje dojde denes na pogrebot na Reagan
AaaAa
quote:
Originally posted by RedAlert
A da frlea del od budzetot malce da ja zajaknat nasata dijaspora vo nejzinoto lobiranje?Ne be site si gi sakaat parite za sebe.
Da isto ko shto drzavata Albanija im dava na Albancite da lobiraat. na lobi ne treba da odat pari od Budzet, pari za lobiranje se od donacii, koi nekoj treba da gi bara umesto da si go gree gazot u stan od koj znae kolku dolari mesecno ovde u washington. Edna stvar primetiv na edna prosetka do nasava ambasada (uz pat nekolku drugi)so e glupost koja objasnuva mnogu shto za nasiot mentalitet na liderstvo. Pred ambasadava na Turcija u kutiive za recikliranje imashe eden kup plasticni sisinja od sprite i coca cola ($1.09 u prodazba na malo), kaj grcive imashe sisinja em od koka kola em od voda(ista cena). Pred italijanska toa plus nekoe sise Peroni. I ne ni primetiv u nekolkute naredni dur ne dojdov do nasava-Perier ne evian let alone aquafina, heiniken(u ambasada mislev kokteli se piat na sveceni priemi, kaj nas se cuca pivo na dnevna baza izgleda)+Sisinja od vino-od voda aber nemase. Lobi? Rabota?Branenje interesi? Am koj e lud, zlaten washington za setanje i pari za trosenje. Zatoa Bush ni e najdobar, on bar ne fali(da ne pratevme vojnici jasni ke bevme) i ne ne perka u faca da ni kaze kolku sme ustvari nikakvi-zatoa Clinton ne ne bendisuva. A so tie bazive i interesi na Balkanot... i conspiracy theories so izleguvaat na povrsina vekje 10 godini nikako da izlezat. Koridorot 8 edno vreme bese pricina, aber on nego nema, pa bazi na kosovo, pa u Makedonija, pa uranium ke se iskopuvalo od Makedonija... ah bre lugje. daj kazete so e najnovava pricina, da videme so drugo ima vredno za makedonija so mozda ke mozeme da go eksploatirame u idnina poso Amerive neso spori se :(
marko_polog Amerika ima svoi interesi na Balkanot i planot e vece odamna na masa i se sproveduva den denes, Siptarite im bea i se uste im se potrebni sojuznici na Amerika za da moze nivnata propaganda da se sprovede, Lobito e vazno no Amerika nema da izgradi najgolema voena baza(Camp Bondsteel-Kosovo) nadvor od Amerika samo poradi toa sto Siptarite ke frlat nekoe milionce.