ozonce |
Denes u negotino se odrza protest po povod najavata za pokachuvanjena telefonskite impulsi od strana na AD Makedonski telekomunikacii. Vakvi protesti se odrzani niz 12 gadovi vo Makedonija kade ima Centri za poddrshka na NVO.
Sliki od protestite vo Negotino imate na:
http://www.negotinskikrug.net/protest.htm <--- se izvinuvam sho slikuite se ogromni[:D]
Protesnoto pismo vo celost:
Do Влада на Република Македонија
- Ministerstvo za transport i vrski
- Uprava za telekomunikacii
- Uprava za monopol
- Upraven odbor na AD Makedonski telekomunikacii
- Anketna komisija za ~ovekovi prava i do Sobranie na R. Makedonija
P R O T E S T N O P I S M O
Po~ituvani,
Сите досегашни влади на Република Македонија од осамостојувањето до денес, па вклучувајќи ја и актуелната, се однесуваат игнорантски кон основните човекови потреби. Како последица на лошото владеење, земјата западна и сеуште запаѓа во длабока економска, социјална и политичка криза, која директно ги погаѓа граѓаните на Република Македонија.
Деновиве кризата се продлабочува со најавите за покачување на телефонските услуги од страна на АД „Македонски телекомуникации”, штo уште повеќе ќе го ослаби и така нискиот стандард на обичниот македонски граѓанин.
Тргнувајќи од таа гледна точка, ние решивме да застанеме зад интересите на граѓаните, и да го дадеме својот максимален придонес во зачувувањето на основните човекови права, меѓу кое е и правото на комуникација. Недопустливо е и срамота во XXI век, во ерата на интернет и современа комуникација да се откажуваат од своите телефонски броеви, од причина што не се во состојба да ја платат телефонската сметка.
Затоа бараме од Вас, како претставници на извршната и законодавна власт, да се ангажирате со сите свои расположиви потенцијали за цената на телефонскиот импулс да остане на нивото пред 1 јули 2004 со вклучување на 80 бесплатни импулси во цената на претплатата. Освен ова, бараме и потполна либерализација на пазарот na телекомуникации, со донесување на Закон за либерализација на телекомуникациите.
Доколку не сe остварат нашите барања, ќе се соочите со сериозна граѓанска сила која ќе ви се испречи на патот во понатамошното Ваше владеење.
Ако во предизборниот период ја баравте нашата поддршка, која несебично Ви ја дадовме, така и ние обичните граѓани бараме од Вас да застанете сo нас против самоволието на една ненародна телефонска компанија-Македонски Телекомуникации, која ја изгради овој народ.
Ако не сте способни да ги заштитите интересите на народот во сопствената држава, тогаш не се декларирајте како негови претставници!
Со почит,
11.06.04 Граѓанска Акција
ПРУЖИ ОТПОР, КАЖИ НЕ !
[img]http://www.negotinskikrug.net/1.jpg[/img]
|