ozonce |
Здружение за
Итно Сочувување на Културната
Оставнина и Наследство
ИСКОН
Тел: 070-602828 043-370670
ул..Маршал Тито 132/5 Неготино
ул.Борис Кидрич 24/2 Прилеп
ПРЕДМЕТ: СООПШТЕНИЕ
„Интеграторот“ - сепак за дезинтегрирање и сепарирање
Како здружение со основна грижа – заштита на културното наследство, со неверување и згрозеност го следиме она што се случува во Маврово. Како и Охрид и Маврово „релаксирачки“ делува на „фините луѓе“ кои би да решаваат за тоа што доостана од Македонија.
Таму е позицијата но и опозицијата, по некои „меѓународен“ но и оние од „интеграцијата“. Тие пак се за интегрирање со светот, за човечки права, за „мултикултурата“, за еднаквост, соживот…
Но тие се и за „свои“ Струга, Кичево, Скопје, (Житоше?). Се исцртува ли т.н „Голема Албанија?!“. Интеграторот сепак бил за дезинтегрирање и сепарирање.
Што со нас кои верувавме дека сепак нешто добро и ќе излезе од т.н „Рамковен договор?“
Како НВО ни се држеа трибини, не убедуваа дека „луѓето се за интеграција“ па морале да бидат во власта по изборите на кои „вољата на Албаниците“ била јасна?!?
Малку не збунуваше зошто и „вољата на Австријците“ на пр. да е помалку важна кога си го избраа Герт Хајдер иако човекот никогаш и не бил терорист. Но Герт не е Али нели?!
Како НВО не збунуваа ваквите двојни аршини на „меѓународните“. Не збунуваше и кога некој „обесправеноста“ ја решаваше со одземање права на „обичните“. Најчесто преку киднапирања земјоделци, работници, минувачи и убиства на деца кои играат кошарка на пример.
Но верувавме дека сепак неможното можеби е можно, та терористите ќе станат „миротворци“. И „луѓето“ станаа власт – наша. Но „Рамковниот“ си го читаа еднострано. Така ако во „Рамковниот“ стои посредување при децентрализацијата веќе тоа се чита како отстапка од „македонската страна“, а не и „другата“ на пример.
До „нашата“ страна – господо зарем не гледате дека на „интеграторот“ му се брза, а ги нема повеќе ни „играчките“ што ги имаше на располагање?
Нека не Ве „мавтат“ (ниту пак Вие нас) со некаква условеност за прием во НАТО или ЕУ. Изгледа дека таму ќе влезиме кога веќе нема да остане ништо од името Македонија и македонскиот народ, туку некоја „обезличена“ маса која ќе се користи за „обезличени“ воени походи низ светот.
Ако „менторите“ се толку демократични и со јаки економии ќе си ја бараа и произведуваа нафтата кај нив, а не во Ирак или утре Иран.
До „нашата“ македонска страна уште нешто. Да Ве потсетиме создадени сме од пепелта и правта на оваа македонска земја и во неа ќе се слееме заедно со онаа од предците наши. Таа не се плука, таа не се подарува, таа е светост и се почитува, и никакви „овоземски богчиња на минливоста“ не смеат да Ве одвратат во сочувувањето за поколенијата Ваши.
Дојдени сме до крајот на сите краишта од кои понатаму отстапки нема.
И затоа ги повикуваме сите здруженија, НВО, институции и поединци да застанат на патот на „едностраното“ читање на Рамковниот, да се обединат во движење против прекројувањата, поделбите, сепарирањата со нови национал-општински граници. Та нели бевме за Европа без граници?!
Претседател
Драги Трајков
|