Za decentralizacijava |
RedAlert |
A be sto se stishavte za ovaa tema.Pa imavme konkreten predlog od SDSM kon DUI.Toj glasi : Kicevo i Struga so mnozinsko albansko naselenie a Skopje preku sovetot na gradot da si resel za upotrebata na albanskiot jazik.Pa me interesira dali e ova dobra ponuda spored vas?I koi se argumentite za ili protiv?Jas mislam protiv ima mnogu mnogu poveke pocnuvajki od nepotrebnite etnicki tenzii koi ke se sozdadat,finansiski,kulturni i tn. i tn.Sevo ova spored mene e maska za pocetokot na federaliziranje na Makedonija a ovie pazarenja sto se slucuaat sega se sramni zosto decentralizacijata e pred se za graganite a ne za edna raka politicari.A graganite preku referendumi kazaa deka sakaat da ostanat opstinite! |
marko_polog |
Zalosno e normalno, se bese jasno koga stapiva vo koalicija Branko i Ali, i ova e rezultatot(pazarot).
Sto moze drugo da se ocekuva od koalicija sostavena od Anti-Makedonci, e sega vo Struga i Kicevo se bunele "cesnite" SDSovci, djabe im e sega, trebase da se bunat koga Branko stapi vo koalicija so Teroristi, sega moze samo da molcat, samo bez gajle Branko e drzavnik, on ke go pocituva glasot na gradjaninot sto se sprotistavi na ovaa podelba, zhimi tase. |
RedAlert |
Toa e tocno.No da ne gi obeshrabruvame Strushkiot i Kichevskiot SDS(osven ako ne e ova nekoja nova finta).Zatoa sto nikogas ne e docna da se kaze deka si zgresil.Znaci koj e sega hrabriot sto ke ja negira voljata na SITE gragani na Struga i Kicevo bez razlika na partiska i nacionalna(oven albancite iako i ova e pod znak prasanje zaradi zakanite na ali ahmeti i vrz nekoi svoi luge) pripadnost?Eve slusam ke ima nekoj protest od Tretiot Pat pred da se nosi zakonot ako ostane vakov kakov sto e.Na toj protest idam sto posto iako ne sum poddrzuvac na Tretiot pat no ovoj pat protestot ke im bide 100% opravdan!Se prasuvam dali ke dojde OooOo...so babite i dedovcite:). |
OooOo |
OooOo ti e tebe opsesija, u sekoj post morash da me spomnesh. [:p]
|
RedAlert |
Pa administrator ne e zaebancija!ideme na protest? |
acelav |
Ke ima protesti sto dosega ne sme gi videle na makedonskite protesti.A ako padnat Struga i Kicevo najgolemiot protest ke se desi na smrdeniot 15 septemvri |
f9 |
07.07.2004 Со провокации и инциденти, судири меѓу демонстрантите и полицијата, приведување и многу тензична атмосфера пред околу 1 час започна најавената блокада на магистралниот пат Охрид-Скопје кај месноста Подмоље од страна на граѓани на Охрид и Струга кој во организација на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ протестираа во знак на револт кон предлогот на новата територијална поделба со која на Струга и се прекројува етничката структура.
Во моментов патот е блокиран, има кордони полиција кои се обидуваат да ја контролираат состојбата и да спречат нејзина ескалација. Возилата и камионите со кои беше блокиран патот сега се отстранети, а граѓани се уште пристигнуваат на протестот.
Од време на време доаѓа до судири на демонстрантите и полицијата, во полициските комбиња завршуваат порадикалните демонстранти. Граѓаните на протестот се појавија со транспаренти во стилот „Како Струга нема друга“, „Бранко сочувај ја Струга, а не фотелјата“.
|
f9 |
07.07.2004
„Во Струга имало најголемо тепање што во последно време се има случено на сопствениот народ“
Денеска во 18 часот на регионалниот пат Кичево-Охрид кај месноста Горица село Другово беше поставена блокада како протест против новата територијална поделба. Беше присутен лидерот на ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на ДА Васил Тупурковски.
Груевски рече дека денешниот протест е само почеток и дека во наредните неколку денови ќе продолжат протестите и дека владата сигурно ќе размисли и ќе го слушне гласот на народот.
„Блокиран е патот Кичево-Охрид има многу полиција и во еден момент имаше жестоки реакции на полицијата, практично македонската полиција го тепаше сопствениот народ. Ми јавија од дека во Струга имало брутално однесување на полицијата и можеби најголемо тепање што во последно време се има случено на сопствениот народ“
|
f9 |
07.07.2004
„Ако Бранко го слушна гласот на народот на 15 септември нека го слушне и сега кој вели Не на поделба на Чаир и на Македонија“
Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска почна со најавените блокади на патиштата низ Републиката. Спроти киното Бутел неколку стотици граѓани се собрани во знак на протест против најавениот договор за новата територијална поделба на коалицоните партнери СДСМ и ДУИ, која предвидува општина Чаир да стане скопска населба со мнозинско Албанско население со припојување на Бит пазар. Граѓаните протестираат и против најавениот договор Скопје да стане двојазично
07.07.2004 Најавените блокади на магистралните и регионалните патишта во Прилепско не започнаа. Протестантите предводени од ВМРО-ДПМНЕ беа спречени од полицијата да ги блокираат излезите на градот кон Скопје и Македонски брод. Полицијата ја спречи блокадата со оглед на тоа дека не е дозволено организирање на протести на јавни патишта
07.07.2004 Членовите на ВМРО-ДПМНЕ од селото Куклиш и други поткомитети од струмичкиот регион денеска беа спречени од полицијата да ја одржат најавената блокада на патот Струмица-Валандово.
Силни полициски сили го обезбедуваа пристапот до клучката на овој регионален патен правец, а демонстрантите без запрени кај мостот на реката Тркања.
Жителите на Куклиш велат дека голем број од граѓаните останале дома заплашени од протисоците на полицијата.
Во поткомитетот на ВМРО-ДПМНЕ велат дека вчера неколку мина активисти биле повикани на информативен разговор во струмичката полиција.
|
f9 |
Територијалната организација на локалната самоуправа не е идеална, но е оптимална и тоа е единствено решение за стабилност, мир и меѓуетничка толеранција. Секоја друга варијанта води кон свесна, а непотребна дестабилизација, забрзано тивко етничко чистење, дезинтеграција и етничка поделба на земјата. Развојот на недоволно развиените подрачја не се решава со укинување на општините поради наводно недоволен капацитет за остварување на уставните надлежности, туку со национална стратегија за развој на недоволно развиените подрачја и буџетски трансфери со цел репатријација, миграција град-село и производство на здрава храна и енергија, - истакна денес на прес-конференција на Светскиот македонски конгрес претседателот на СМК Тодор Петров во врска со граѓанската иницијатива за референдум за територијалната организација на локалната самоуправа и за одржувањето на локалните избори.
Резултатите од 41 општински референдум за непроменливост на општинските граници веќе е очигледно дека не се задолжителни за владата, па затоа јавно ги охрабруваме граѓаните да разберат дека единствен дозволен уставен инструмент за остварување на таа цел е само и ништо друго освен граѓанската иницијатива за собирање на 150.000 потписи од избирачи кои како овластени предлагачи на Собранието ќе му предложат распишување на задолжителен законодавен национален референдум за непроменливост на 123-те општини и седумте во градот Скопје и границите утврдени меѓу нив. Граѓанската иницијатива е во тек и трае заклучно со 23 август 2004 година, секој работен ден и сабота од 8 до 16 часот, а секоја среда од 8 до 20 часот.
Освен ние самите, никој друг не може да ја промени нашата судбина и егзодус и граѓаните за тоа мора да бидат свесни!
Од 23 февруари до денес, во 34 подрачни одделенија и 91 месни канцеларии на министерството за правда собрани се околу 63.350 потписи.
За иницијативата, уште пред нејзиниот почеток, известени се граѓаните, партиите и општините. Светскиот македонски конгрес доби поддршка од определени поединци, партии и општини, но тоа заврши само вербално. Оние кои ветуваа покривање на трошоците за поквалитетна медиумска кампања се повлекоа, а дел од нив беа опсервирани од странски дипломати за дистанцирање од најавената поддршка, најверојатно со цел имплементација на босанскиот модел за етничко кантонизирање на земјата, што носи катастрофални последици по стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот. Медиумската кампања не е само обврска на иницијаторот, затоа што иницијативата ги засегнува интересите на сите граѓани и субјекти во земјата. Ниту пак, иницијативата значи промоција на организации и поединци во национални херои. Малициозно и анационално е ако некои така му приоѓаат на ова најсериозно прашање по независноста од 1991 година! Тоа е обврска на сите граѓани и субјекти во земјата, кои единствено имаат право - на референдум - да решат за вака важно судбинско прашање по државноста, кога кроењето на општинските граници е оставено на импровизации од дневно-политички пазарења на владините коалициони партнери што се сведува на етничка поделба на земјата! СМК, направи с# за промоција на иницијативата, колку што му дозволуваат материјалните и кадровските можности и тоа ќе го прави до нејзиниот крај. Но, секој треба да го понесе делот од одговорноста, бидејќи СМК не може никој од дома со сила да го пренесе до местата за собирање на потписите. Партиите, невладините организции, општините и медиумите имаат решавачка улога во анимирањето на граѓаните за остварување на оваа иницијатива, од која зависи дали утре гробиштата ќе ни бидат во Австралија, Америка, Европа или Албанија!
Џабе ни е констатацијата денес, после 50 години, дека Лазар Колишевски своевремено му ги предал на Србите Гора, Генерал Јанковиќ, манастирот Свети Отец Прохор Пчињски, Ристовец, Бујановец, Прешево, Медвеѓа, кои не останаа ниту во Србија, туку завршија во Косово, за да од преголем интернационализам и наводно мирно Водно денес, по 50 години расправаме каде завршиле Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чаир и други населени места заедно со многу извори на вода за пиење во Македонија.
Граѓаните имаат единствена и неповторлива историска шанса да ја сочуваат унитарноста, територијалниот интегритет и суверенитетот на земјата. Ако референдумот на 8 септември 1991 година беше референдум за независноста, ова е референдум за интегритет на државноста. И затоа Светскиот македонски конгрес апелира до граѓаните, независно од нивното етничко потекло, верско уверување, партиска припадност и социјална положба, масовно и веднаш, ако не вчера тогаш уште денес, да го дадат својот потпис за поддршка на оваа граѓанска иницијатива додека с# уште има време, за да веќе утре не биде доцна, зашто влогот е нашата држава и иднина. Нека секој потроши десетина минути од својот живот во мир, за да не го изгубиме сите задено мирот за цел живот! Ако сега се пропушти оваа историска шанса општинските граници никогаш повеќе не ќе може да се променат освен со војна, но на штета на Македонците како што тоа се случува денес.
Впрочем, децентрализацијата не значи нова територијална поделба на земјата, туку само законско пренесување на уставните изворни надлежности и приходи од централната власт на локалната самоуправа.
Дури и Охридскиот договор не утврдил обврска за промена на општинските граници и бројот на општините. Охридскиот договор утврдил само можност за ревизија на општинските граници по пописот на населението. Но, ревизијата на општинските граници значи само нивна проверка, а проверката не значи ниту промена на општинските граници, ниту промена на бројот на општините. Охридскиот договор многу децидно прецизира дека “нема територијални решенија за етничките прашања” и дека “развојот на локалната самоуправа” мора да го “унапреди почитувањето на идентитетот на заедниците.” Оттука, не е можно почитување на идентитетот на локалните заедници ако се предлага промена на етничката структура на населението со механичко придодавање на населени места и нова територијална организација на општините со цел Македонците и другите не-албанци во новите општини од мнозинство да добијат статус на малцинство или, половина од територијата на Македонија да добие двојазичен статус или, државата да ја изгуби контролата над изворите на вода за пиење!
Уште помалку апликацијата и полноправното членство на Македонија во Европската Унија се условени од нова територијална поделба на земјата, затоа што и Советот на Европа упати јасна порака за почитување на Европската повелба за локалната самоуправа и дека територијалната организација на локалната самоуправа е внатрешно прашање само на граѓаните на Македонија,
Мкедонија има Закон за територијална организација на локалната самоуправа и Закон за градот Скопје од 1996 година со кои се утврдени 123 општини и седум во градот Скопје.
Македонија има и Закон за локалните избори, според кои претседателот на Собранието е должен нив да ги распише на 7 август и тоа мора да се случи независно од динамиката на законското пренесување на изворните надлежности и приходи од централната власт на локалната самоуправа. Тој процес власта неодговорно го пролонгира веќе цели 13 години но, дали тоа требаше да значи локална самоуправа без локални избори исто толку време? Спората децентрализација, независно и од последните уставни амандмани од 2001 година, не му дава право на Собранието со закон да им го продолжи мандатот на советниците и градоначалниците, затоа што нивниот четиригодишен мандат е определен од волјата на граѓаните изразена на слободни и демократски избори, а не со изведено право од дневно-политичката волја на пратениците во Собранието на Македонија. Законодавната и извршната власт немаат уставна надлежност на суспензија, ограничување или продолжување на мандатот на општинските советници и градоначалници. Тоа е суверено право само и единствено на граѓаните. Само во Македонија, веројатно с# е можно ако е по волја на власта.
И затоа Светскиот македонски конгрес е против секакво пролонгирање на локалните избори. Локалните избори мора да се одржат во со устав и закон утврдениот маднат и време. Светскиот македонски конгрес апелира и до Владата и до парламентарното мнозинство да се откажат од проектот за нова територијална поделба на земјата но, да се зафатат за забрзана децентрализација и законско пренесување на уставните изворни надлежности и приходи од централната власт на локалната самоуправа! На таа акција граѓаните и општините чекаат цели 13 години! - истакна на крајот на прес-конференцијата претседателот на СМК Тодор Петров.
|
f9 |
Bash bi sakal da znam dali nekoj mozhe da si ja predstavi etnogravskata struktura na naselenieto vo Makedonija posle 15 godini.Ima dovolno demogravski podatoci za starosnata struktura i procentot na reprodukcija-pa ajde da diskutirame za teritorijalnava reorganizacija od toj aspekt.. |
Misirkov |
Moze! Institutot za socioloski i politicko-pravni istrazuvanja vo Skopje upravo napravi takva studija mislam deka bese vo 1996-97. Spored togasnite trendovi siptarite dobivaat vo sekoja kombinacija (znaci mnozinstvo). |
f9 |
Старосната структура на вкупното население на Република Македонија покажува значајно учество на старото население. Младото население (на возраст до 15 години) учествува со 21.08% во вкупното население, додека старото население (на возраст од 65 и повеќе години) со дури 10.57%.
Општините Арачиново (32.84%), Липково (32.74%) и Велешта (32.60%) имаат најизразито учество на младото население, додека во општините Витолиште (3.04%) и Конопиште (3.14%) речиси и да не може да стане збор за некакво присуство на младо население.
Најголеми домаќинства се регистрирани во општините: Џепчиште, Велешта, Србиново, Липково, Арачиново, Неготино-Полошко и Дебар, а најмали во Конопиште, Старавина, Витолиште, Богомила и Белчишта.
Македонскиот попис во 2002 има големи импликации на јавната администрација во Македонија. Насилните етнички судири од 2001 завршија со Рамковниот договор, потпишан во Охрид, Македонија на 13 август, 2001. Како што е назначено во Рамковниот договор, ќе се почитува принципот на недискриминација и подеднаков третман според законот. Пописот ќе има примарна улога во дефинирањето на етничката рамнотежа во Макеоднија и во дефинирањето на соодветната застапеност во вработувањето во јавната администрација. (usaaid)
|
f9 |
http://www.stat.gov.mk/0322WebCensus/call/heki.htm |
f9 |
Makedonska kamenica=
57.20 % Процент на население во фертилна возраст
5.68 % Процент на население на возраст 0 - 4 години
20.26 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
72.03 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
7.67 % Процент на население на возраст над 64 години
Lipkovo=
51.59 % Процент на население во фертилна возраст
9.82 % Процент на население на возраст 0 - 4 години
32.74 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
61.52 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
5.53 % Процент на население на возраст над 64 години
-------------------------------------------------------------------
Struga=
24.19 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
66.79 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
9.00 % Процент на население на возраст над 64 години
6.37 % Процент на население на возраст 0 - 4 години
53.95 % Процент на население во фертилна возраст
Veleshta
32.60 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
61.13 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
6.18 % Процент на население на возраст над 64 години
8.25 % Процент на население на возраст 0 - 4 години
Delogozhdi
31.10 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
62.18 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
6.65 % Процент на население на возраст над 64 години
Labunishta
31.12 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
62.59 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
6.23 % Процент на население на возраст над 64 години
---------------------------------------------------------
Kichevo
21.65 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
69.77 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
8.56 % Процент на население на возраст над 64 години
55.21 % Процент на население во фертилна возраст
5.91 % Процент на население на возраст 0 - 4 години
7.46 % Процент на население на возраст 5 - 9 години
8.28 % Процент на население на возраст 10 - 14 години
8.97 % Процент на население на возраст 15 - 19 години
Zajas
28.44 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
63.51 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
7.99 % Процент на население на возраст над 64 години
53.45 % Процент на население во фертилна возраст
7.44 % Процент на население на возраст 0 - 4 години
10.40 % Процент на население на возраст 5 - 9 години
10.61 % Процент на население на возраст 10 - 14 години
Oslomej
26.94 % Процент на население на возраст 0 - 14 години
64.65 % Процент на население на возраст 15 - 64 години
8.35 % Процент на население на возраст над 64 години
54.11 % Процент на население во фертилна возраст
7.00 % Процент на население на возраст 0 - 4 години
9.57 % Процент на население на возраст 5 - 9 години
10.37 % Процент на население на возраст 10 - 14 години
9.76 % Процент на население на возраст 15 - 19 години
|
f9 |
Kichevo
segashna etnichka struktura=
53.55 % Процент на македонци
30.53 % Процент на албанци
8.06 % Процент на турци
5.41 % Процент на роми
0.25 % Процент на власи
0.29 % Процент на срби
0.02 % Процент на бошњаци
1.88 % Процент на други националности
Zajas
1.82 % Процент на македонци
97.44 % Процент на албанци
0.00 % Процент на турци
0.00 % Процент на роми
0.00 % Процент на власи
0.05 % Процент на срби
0.00 % Процент на бошњаци
0.69 % Процент на други националности
Oslomej
1.06 % Процент на македонци
98.39 % Процент на албанци
0.00 % Процент на турци
0.00 % Процент на роми
0.00 % Процент на власи
0.00 % Процент на срби
0.01 % Процент на бошњаци
0.55 % Процент на други националности
|
f9 |
Struga
47.94 % Процент на македонци
41.54 % Процент на албанци
5.44 % Процент на турци
0.30 % Процент на роми
1.75 % Процент на власи
0.27 % Процент на срби
0.08 % Процент на бошњаци
2.67 % Процент на други националности
Veleshta
0.02 % Процент на македонци
98.97 % Процент на албанци
0.00 % Процент на турци
0.01 % Процент на роми
0.01 % Процент на власи
0.00 % Процент на срби
0.00 % Процент на бошњаци
0.98 % Процент на други националности
Delogozhdi
0.04 % Процент на македонци
97.64 % Процент на албанци
0.03 % Процент на турци
0.00 % Процент на роми
0.00 % Процент на власи
0.03 % Процент на срби
0.00 % Процент на бошњаци
2.27 % Процент на други националности |
f9 |
CHAIR=
48.60 % Процент на македонци
38.39 % Процент на албанци
4.12 % Процент на турци
1.46 % Процент на роми
0.25 % Процент на власи
2.11 % Процент на срби
3.44 % Процент на бошњаци
1.63 % Процент на други националности
ARACHINOVO
8.23 % Процент на македонци
90.72 % Процент на албанци
0.00 % Процент на турци
0.00 % Процент на роми
0.01 % Процент на власи
0.11 % Процент на срби
0.54 % Процент на бошњаци
0.39 % Процент на други националност
LIPKOVO
0.62 % Процент на македонци
97.42 % Процент на албанци
0.00 % Процент на турци
0.00 % Процент на роми
0.00 % Процент на власи
1.37 % Процент на срби
0.02 % Процент на бошњаци
0.56 % Процент на други националности
NAVISTINA DALI "DOBAR"MODEL ODBRALE?A?
E PA BROJKIVE NE LAZHAT ,TUKU SE APLA VIDLIVI KAKOV MODEL
STE ODBRALE GOSPOGO SHEJKERINSKA.
TERITORIJALNA PODELBA ILI TERITORIJALEN PODAROK?
NARUSHUVANJE NA BALANSOT E PROTIV BILO KAKOV MIR I SOZHIVOT. |
dejan |
Ne razbiram nesto, sakam da mi kazete sto znaci ova sve sto sum cital.
Stalno citam teriotalna podelba, se bunat tie vo kiceve i struga i vmro. Ako decentralizacija e dobro zasto protesti vodat ovie? Ne razbiram koga na interent sajt vesti kazuva 'teriotalna podelba?' sto im znaci ova? |
f9 |
Pu be Dejane -kako ne znaesh shto e teritorijalna podelba...
Tamu vo Avstralija imash federalen parlament i imash teritorii i vo tie teritorii gradovi i naseleni mesta.I imash tamu council i mayor na sekoj grad i naseleno mesto .Vlasta ne e vo racete na vladata samo.City council na Sydney ,Brisbejn i dr imaat golemi budzeti.Megu tie council imash boundaries kaj sho e odlukata na councilot vazhechka.
Rabotyata e vo toa sho tamu kaj vas tie boundaries ne se menvet sekoja 4 godina so sekoja nova centralna vlada i nov premier.So postoechkiov rezhim vo Struga i Kichevo Makedoncite se mnozinstvo,ako im gi prekrojat kartite na coucilite nivni i im pridodadat Albanci od golemite sela okolu niv vo councilite ke nema ili ke ima mnogu malku Makedonci.Taka od gradovi so Makedonska etnichka struktura se pravat selski councili so pretezhno albanska struktura koj ke vladejat so gradovite.
Tebe te buni sho ima dva procesi edniot e decentralizacija no pred nego si kladoa drug proces na nova teritorijalna podelba .Decentralizacijata e ok no teritorijalnata podelba e pandorina kutija kaj nas.Granicite na councilite se fino izbalansirani i bilo kakvo gibanje e palenje barut. |
Strelec |
quote: Originally posted by f9
...So postoechkiov rezhim vo Struga i Kichevo Makedoncite se mnozinstvo,ako im gi prekrojat kartite na coucilite nivni i im pridodadat Albanci od golemite sela okolu niv vo councilite ke nema ili ke ima mnogu malku Makedonci. Taka od gradovi so Makedonska etnichka struktura se pravat selski councili so pretezhno albanska struktura koj ke vladejat so gradovite.
Tebe te buni sho ima dva procesi edniot e decentralizacija no pred nego si kladoa drug proces na nova teritorijalna podelba .Decentralizacijata e ok no teritorijalnata podelba e pandorina kutija kaj nas.Granicite na councilite se fino izbalansirani i bilo kakvo gibanje e palenje barut.
Убаво објаснето!
|
dejan |
quote: Originally posted by f9
Pu be Dejane -kako ne znaesh shto e teritorijalna podelba...
Tamu vo Avstralija imash federalen parlament i imash teritorii i vo tie teritorii gradovi i naseleni mesta.I imash tamu council i mayor na sekoj grad i naseleno mesto .Vlasta ne e vo racete na vladata samo.City council na Sydney ,Brisbejn i dr imaat golemi budzeti.Megu tie council imash boundaries kaj sho e odlukata na councilot vazhechka.
Rabotyata e vo toa sho tamu kaj vas tie boundaries ne se menvet sekoja 4 godina so sekoja nova centralna vlada i nov premier.So postoechkiov rezhim vo Struga i Kichevo Makedoncite se mnozinstvo,ako im gi prekrojat kartite na coucilite nivni i im pridodadat Albanci od golemite sela okolu niv vo councilite ke nema ili ke ima mnogu malku Makedonci.Taka od gradovi so Makedonska etnichka struktura se pravat selski councili so pretezhno albanska struktura koj ke vladejat so gradovite.
Tebe te buni sho ima dva procesi edniot e decentralizacija no pred nego si kladoa drug proces na nova teritorijalna podelba .Decentralizacijata e ok no teritorijalnata podelba e pandorina kutija kaj nas.Granicite na councilite se fino izbalansirani i bilo kakvo gibanje e palenje barut.
Konecno go razbiram ova sve:D Fala f9! Desentralizacija e dobro jas mislam, kako ti sto rece Avstralija ima taka so councili tuka segde. Ako teritorijalna podelba ne e dobro, zasto drzavata odi so toa? Da ne e glup Branko malku? |
dejan |
Sega gledav A1 video vesti na interent, i imase za tie sto protestirat, i nekoja zena rece deka ne saka podelba na Makedonija, ne go razbiram ova sto im znaci? sto ke ima novi drzavi? |
f9 |
Edno vreme ne bash dalechno imavme decentralizirana drzhava,i postarite ke se potsetat za toa.Vo toa vreme opshtinite bea silni i drzhavata slaba.Vo sekoja opshtina po eden pasha i kupishta birokratski slugi.
Kaj nas decentralizacijata ne ke e nekoj lek tuku davanje na vlasta na novite bogatashi koj go zarabotija svojot imot so privatizacijata.
E -teritorijalna podelba e kaj nas nuliranje na efektite od ramkovniot dogovor i od popisot vo koj i so koj se slozhija da spored rezultatite od popisot go sprovedat ramkovniot dogovor za 20 % upotreba na jazikot na malcinstvata vo opshtinite koj go imaat toj procent.Koga izleze deka toa ne mozhe vo Skopje i na drugi mesta zashto gi nema nad 20 % ajde sega ke pravime nova teritorijalna podelba .Za da go pokrijat toa Sdsm vleze vo drastichno menuvanje na etnichkiot karakter na nekoj opshtini so precrtuvanje na opshtinskite karti(granicite megu councils)shto dovede do reakcija na opozicijata na ovie drastichni promeni,nikoj ne zboruva za prekrshuvanje na so toa na ramkovniot dogovor i nuliranje na popisnite rezultati koj imaa avtomatski ustaven i zakonski efekt vo sproveduvanje na zakonite vo vrska so upotrebata na jazicite na malcinstvata vo lokalnata samouprava.
Podelba na Makedonija ?Pa site zakoni koj se nosat vo pravec na priblizhuvanje na EU ke znachat slabeenje i izumiranje na drzhavata Makedonija vo interes na Opshtinite na koj ke se prenesat nekoj ingerencii i na Evropskata unija na koj ke se prenesat drugi ingerencii.
Vo EU ne ke bidat nacionalnite drzhavi tuku regionalnata povrzanost na opshtinite glaven faktor,toa de jure i znachi kakva teritorijalna podelba denes takva regionalna postavenost utre. |
f9 |
Ne treba nekoj da e Ajnshtajn za da svati ako Makedonija vleze vo EU deka opshtinite vo koj ima mnozinstvo od Albanci ke gravitiraat kon regionalna povrzanost so Kosovo.Za toa e vazhna etnichkata struktura na Kichevo i Struga. |
dejan |
fala f9 pak! pa kako moat da se gravitirat so Kosovo? Koga Albancite vo tie opstini morat da znajat deka oni se vo Makedonija, i taka mora da bide. Nesto interesno isto tuka, http://www.iwpr.net/index.pl?archive/lte/lte_24_bcr_503.txt dobro i tocno. |
RedAlert |
Pregovorite megu koaliciskite partneri na vlast ne zavrsile.Pa do koga ke traat God damn it!Na shto lichi ova na pazar?DUI imale cvrsti stavovi,Ali Ahmeti vika deka Makedoncite treba da bidat blagodarni sto ima mir vo Makedonija,portparolkata nivna vika se somnevala vo konstruktivnosta na SDSM.Dali e ova uste edna igra ili sto?Mislat deka ke dobijat poeni ako prifatat edno a ne prifatat drugo?Gresat.Nitu eden od predlozite na DUI ne e prifatliv bidejki se znae od sto e motiviran,si go otkrivaat vistinskiot lik koj za moment go prikrija i uspeaa da "sharmiraat",kolku i da zvuci perverzno ova,del od Makedoncite!Neka objasnat kako e mozno samo vo gradovite kade sto ne se mnozinstvo albancite da sakaat da se pripojat opstini selski kon gradovite?Zosto vo Tetovsko opstinite sakaat da si ja zadrzat samosotojnosta?Zatoa sto Tetovo i Gostivar se veke so mnozinstvo albansko naselenie.Toa smetaat deka veke go reshile sega na red se Kichevo i Struga a i Skopje.Skopje cuvstvuvam deka e veke prodadeno bidejki i samite gragani na Skopje(90% od niv) se mivki koj ne znaat ni na eden protest da izlezat.Vazno im e vo Grcija na raat da odat na odmor.A Kicevo i Struga mislam deka ovojpat ke se spasat no ne za dolgo.Ali i drugarcinjata im frlija merak!Za lokalni ako polnat kutii DUI i ovie ke otidat gradovi.BTW interesen nastan koga se vrakav zavcera od Ohrid posle Kicevo vo selo Zajas(rodnoto mesto na Ali Ahmeti) pokraj patot stoea dvajca luge vo crni uniformi i beretki i gledaa vo kolite kako si proagaat.Znaci majstori se za provokacii!Ako neka provociraat,veke od 2001 im go sobirame neli!? |
StormAngel |
Pregovorite deneska zavrsija.
Imeno,Struga e vo istive ramki so 57% Albanci i bez opstinata Vevcani,kon Skopje se pripoija Kondovo i Saraj dodeka Kicevo ostanuva na ovie granici se do 2008,ili pak ima udte dve varijanti koi sto treba da se razgledaat utre vo sednica na vladata.
Predlog zakonite najkasno ke bidat dostaveni do Parlamentot vo itna postapka najkasno do 25 taka da najverojatno e deka ke bide pripazen rokot za odrzuvanje na lokalnite izbori. |
GROBAR |
Е ај со среќа нека ни е нова Западна Македонија со сите шиптарски општини почнуваќи од Струга до Куманово нема ни една општина каде има мнозинство Македонци алал да ни е......
|
OooOo |
kolku od vas izlegoa na protestot? (chisto informativno)
|
marko_polog |
Makedoncite go iskoristiva nivnoto demokratsko pravo preku referendum i se sprotistaviva, vredese li?
Treba da se najde drugo resenie, toa sto ke bide pocituvano.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?pBroj=1521&stID=18676
Најдобриот начин да се спречат владите во злоупотребувањето на моќта е донесувањето на одлуките да се држи блиску до народот" (Ф. Кендал, 1991). Тоа е суштината на децентрализацијата на власта. Но, и самиот начин на кој ќе се стигне до децентрализацијата треба да ја запази истата логика - донесувањето на одлуките да биде транспарентно. Власта сама по себе нема поважна задача од тоа да го слуша гласот на народот, да ги разбира потребите на граѓаните и да работи на нивно исполнување. Впрочем, власта постои заради народот, а не народот заради власта. Затоа одлуката за децентрализацијата која, конечно, треба да се случи и во Македонија, а особено донесувањето на одлуката за новата територијална поделба, мора ?да се држи блиску до народот".
Но, власта во Македонија, по сe изгледа се држи далеку од народот, и е предалеку од разбирањето на неговите потреби. Единственото нешто што Владата и претседателот на Републиката во моментов го разбираат е желбата да се остане на власт, да се искористаат привилегиите на власта колку што може подолго и следстевено на тоа да се задржи коалицијата со Ахмети - по секоја цена. Во овој термин „по секоја цена" вклучена е и спогодбата помеѓу Црвенковски и Ахмети склучена пред претседателските избори, со анекс: ?Јас тебе една (претседателска) фотелја, ти мене две-три општини". Порамнувањето на овој теснопартиски долг, со кој ниту ќе закрепне економијата, ниту ќе зајакне државата, најчувствително ќе се прекрши врз грбот на граѓаните од Струга и Кичево. А токму овие општини, заедно со Реканско-дебарскиот крај, прилично ефикасно го побиваат митот дека секаде во западниот дел на Македонија доминира албанскиот етникум. Фасадата, пак, зад која треба да се скрие оваа нетранспарентна и „далеку од народот" донесена одлука се бара во Охридскиот договор и во потребата што побрзо да се изведе процесот на децентрализација. Сепак, веќе на мнозина им е совршено јасно дека токму ваквото вештачко прекројување на општинските граници не само што се коси со Охридскиот договор, туку е и далеку од постигнувањето функционална децентрализација.
Договорот од Охрид наложува да се запази мултиетничкиот карактер на Македонија, кој е изразен токму во нејзиниот западен дел, каде што историјата и географијата многу вешто ги измешале селата и градовите во кои истовремено и како мнозинство и како малцинство се јавуваат и Македонците, и Албанците, и Турците и Македонците муслимани. И ова е тоа што треба да се зачува, а не да се брише. Затоа, со останувањето на Кичево и Струга, но секако останувањето и на Велешта, Вевчани, Лабуништа, Зајас и Осломеј во постојните граници, не се повредува ничие право, не се одзема ничија територија, туку само се зацврстува одамна присутното етничко шаренило на регионот. Секој ќе си биде свој на своето, и секоја општина (колку помала, толку поефикасна) ќе може реално да се посвети на проблемите на своите жители. Јасно е дека идните градоначалници ќе можат подобро да ги решаваат проблемите во Кичево со 32.000, во Зајас со 12.000 и во Осломеј со 10.000 жители (или на двете последни заедно, со 22.000 жители), отколку во една вештачки скроена голема општина со вкупно 55.000 жители.
Кај децентрализацијата Владата се сопна уште при првиот чекор. Ако веќе децентрализацијата се прави за да се создадат ?општини што максимално ќе одговараат на потребите, традициите и економските барања на граѓаните" (Гештаковски, декември 2003), тогаш зошто не се почитуваат првите референдумски одлуки донесени од мнозинството граѓани на Струга и Кичево. Не е белки дека Црвенковски, Костов, Гештаковски и Ахмети подобро ги разбираат потребите на стружани и кичевчани од самите нив. И ако децентрализацијата има за цел да им овозможи на граѓаните подиректно да бидат вклучени во процесот на одлучување, тие веќе одлучија, зар не?! Затоа, секоја одлука донесена во четири очи помеѓу Црвенковски и Ахмети е нелегитимна во однос на одлуките на самите граѓани. За да биде нелегитимноста уште посилна, дури и општинските организации на СДСМ од Струга и Кичево не се согласуваат со ставот на Владата. А граѓаните не можат да имаат доверба во влада која не ги разбира дури ни потребите на своите локални раководства. Едноставно, тоа е влада без легитимитет, која одлуките ги носи за себе, а не за оние што ја избрале. Затоа најдобро е да се остави за Кичево да одлучуваат кичевчани, а за Струга стружани.
И на крајот, не е ли малку чудно тоа што градоначалниците на Зајас и Осломеј и тамошните разграноци на ДУИ (истиот случај е и со Велешта), се залагаат да немаат општини?! Во моменти кога секое селце од по 600-700 души од петни жили се бори да го задржи општинскиот статус, овие големи села, што според раскошните куќи и тазе асфалтираните улици личат на мали гратчиња, инсистираат да се претопат во Кичево. Тоа ти е слично како да се откажеш од две куќи за еден стан во зграда. Чуму е сето ова брзање? Па, не се работи за државни граници или за граници на федерација. И без овие две општини (секоја 98 отсто населена со Албанци) во Општина Кичево албанската етничка заедница ќе биде повеќе од 25 отсто од населението, што значи дека Кичево ќе биде билингвален град и дека нивните политички партии секогаш ќе бидат дел од градската власт. Но, сепак, кога човек ќе се присети на изјавите дека „борбата на УЧК ќе продолжи се додека албанските историски територии не се ослободат од славомакедонската окупација" (Ахмети, 2001), тогаш стравот од целта на новата територијална поделба станува оправдан, а сомневањето дека постои некоја тајна спогодба станува посилно.
Затоа, кога е очебијно дека Владата решила да носи одлуки само за да остане на власт, и кога дури и на овој начин не е способна да одлучи без надворешни посредници, тогаш најдобро решение е децентрализацијата да ја одложиме за некој месец. Тоа е премногу сериозна работа за да се одлучува за неа ?далеку од народот". Подобро да имаме локални избори шест месеци подоцна, отколку прерано да добиеме инвалидизирана децентрализација што трајно ќе ја наруши и онака сложената социјално-политичка рамнотежа меѓу етничките заедници во западнниот дел на Македонија |
Misirkov |
Dejane: decentralizacija e patot kon golemo Kosovo i verojatno golema Albanija. Dvojazicnosta vo Skopje na primer e sama po sebe glupost bidejki ne se raboti ni za 20% siptari.
Postignuvanje na dvojazicnost vo Skopje i pripojuvanje na Kondovo i Aracinovo znaci deka Skopje ke se granici so Kosovo (sto e na 16-17 kilometri), no so pogolem broj albanci vo glavniot grad na republikata i uste poveke albanci od drugata strana na granicata.
So tekot na vremeto ke se pokrene baranje za referendum (koj za Makedoncite ne vazi zosto sekogas koga ke pobarame toa se kvalifikuva kako nacionalisticko i antialbansko i ne secat odnadovr) so koj ke "dokazat" deka granicite se nepotrebni vo "otvorenata" kurv@ Evropa. I taka i Albanija ke se pripoi kon Makedonija (ili obratno seedno e). Togas Makedoncite ke stanat malcinstvo vo taa nova drzava i poleka ke se izgubi i kulturniot i nacionalniot identitet.
Toj i taka se gubi i bez ovie dramaticni potezi.
Odamna mnogu itro skroeno da se razviva drzavata na multietnicka (kako da toa ne postoese i porano) no vo krajni granici.
Ova poteknuva od koga medjunarodnite svatija deka makedonskite politicari (Gligorov, Malevski, Andov itn.) se prodadoa vo 1990-91 odnosno nemaa vizija za Makedonija, dodeka Grcite drzea cvrsta linija. Pa se potegna prasanjeto kako da ni go nacukaat vo etapi. Epilogot go gledate.
Ako sega ne se digneme - nikogas!
Pozdrav do site.
|
Ceki |
Ko so sme drveni, onda ... nikogas.
Pa kako mozea vakvo neso da storat? Pa dali touku se plasat od dui, pa zar nova vojna ke pocnese, ako ne im dadoja dvojazicno Skopje i gi prodadoa Kicevo i Struga?
Dosta e. |
redstar |
14.07.2004 "Bog da ja prosti Makedonija"
Ovoj datum najverojatno ce bide eden od poslednite "crni datumi" vo istorijata na Makedonija bidejci po eventualnoto usvojuvanjeto na ovoj predlog zakon za teritorijalna odbrana (sto e mnogu verojatno po vcerasnoto prifacanje od strana na najvisokite tela na partiite od vlast) mnogu brgu ce ja snema i samata Makedonija.
Se iskoristi dolgo najavuvanata decentralizacija na vlasta za da dojde do ova najgrubo prekrojuvanje na teritoriite vo Makedonija.Ovoj pazarluk najmalku ce ima vrska so decentralizacijata i uspesnoto funkcioniranje na opstinite, zatoa sto od opstini koi normalno funkcioniraa i koi doziveaja vistinski napredok vo izminative godini,tuka pred se mislam na dominantnite albanski opstini vo Gostivarskiot,Tetovskiot i Kicevskiot kraj koi doziveaja golema urbanizacija pred se na svojata infrastruktura,ce se napravat vistinski nacionalni konglomerati cija sto administracija najmalku ce bide vo sluzba na narodot koj zivee vo niv od aspekt na racionalizacija i efikasnost vo izvrsuvanjeto na svoite raboti.
Zboruvam cisto od aspekt na potrebata sto eden gragjanin ja ima od svojata opstina, a ne go nacnuvam problemot so kroenjeto na teritorii i golemite problemi sto ce proizlezat od toa.
Za toa ce trebaat fermani, a mozebi i ne gledajci ja indolentnosta i apatijata sto go fatilo Makedonceto.
|
OooOo |
Ovoj od sekogash se pravel maloumen
АРБЕН ЏАФЕРИ - Албанците не добија ништо
Албанците не добија ништо со владиниот предлог за новата територијална поделба на земјава, изјави вчера лидерот на ДПА, Арбен Џафери, за Радио Слободна Европа.
- Со договорот меѓу владините коалициски партнери не е постигнато ништо, бидејќи до 1996 година ја имавме токму оваа територијална организација. Албанците не добија ништо што немале порано. Ме загрижува само квалитетната употребата на албанскиот јазик. Македонската страна создава илузии дека прави компромиси, но фактички ништо не се случува. Албанците ќе ја платат таксата на ваквите компромиси со законот за децентрализацијата и со законот за употребата на јазиците - изјави Џафери. |
dejan |
Fala Misirkov, ama mislam deka toa ne mozno. Dali EU ke pusti toa da bidne? Koi znae.
Ama ako Arben ne e zadovolen, znaci sve ne e ispolnetno za nego za da zeme del od Makedonija.
Dali SDSM znae sto pravi so ova sve? Neka im kaze ne na DUI.
Samo se molam na gospod za Makedonija da ostane kako sto e:(((((((((((((( |
n/a |
СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ
Договорот ја претставува европската определба на Владата
Договорот помеѓу владините партнери во Македонија за новата територијална организација ја зацврстува локалната демократија и ги почитува одредбите од рамковниот договор, смета Стејт департментот. Во изјава за "Гласот на Америка - програма на македонски јазик", Чарл Инглиш, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа при Стејт департментот, тврди дека договорот ја претставува европската определба на коалициската влада во државата.
- Веруваме дека договорот, постигнат по долги и интензивни разговори помеѓу коалициските партнери, ја претставува определбата на владината коалиција за формирање обединето мултиетничко општество, за одржување на локалните избори закажани во октомври и за промовирање на својата долгорочна цел за европска интеграција - вели Инглиш.
Тој ги поздрави напорите вложени во текот на преговорите на претседателот Црвенковски, премиерот Костов и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
- Со постигнувањето на тој договор и со приближувањето на демократијата до народот, македонската Влада покажува дека има чувство за традициите и културите на етничките заедници во Македонија и дека ја признава важноста на македонската мултиетничка традиција. Ние ги поздравуваме ваквите нешта - додаде Инглиш. |
n/a |
МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ТВРДАТ
Потврден е унитарниот и мултиетнички карактер на Македонија
Амбасадорите Јесен-Петерсен, Батлер, Паиш и генералот Близ ја повикуваат опозицијата конструктивно да се вклучи во претстојниот дијалог и бараат ургентност од парламентот
Постигнувајќи согласност за територијалната организација, партиите во владината коалиција ја потврдија својата посветеност на територијалниот интегритет, унитарниот и мултиетничкиот карактер на земјата, кои мора да бидат зачувани и одразени во јавниот живот, истакнуваат во заедничката изјава Сорен Јесен-Петерсен, специјален претставник на ЕУ, Лоренс Батлер, амбасадор на САД, Карлос Паиш, амбасадор на ОБСЕ, и Денис Близ, команден бригадир на НАТО.
Во изјавата на претставниците на меѓународната заедница се додава дека тие во претстојниот дијалог очекуваат конструктивно вклучување од страна на опозицијата.
"Исто така, очекуваме парламентот да се движи со неопходното чувство на ургентност", се наведува во изјавата датирана на 14 јули.
"Срдечно го поздравуваме договорот. Мултиетничката владина коалиција ја покажа својата способност да го стави интересот на земјата и нејзините граѓани на прво место при постигнувањето на договорот кој ќе и донесе корист на целата земја. Цврсто веруваме дека овој договор претставува рационален баланс преку кој целосно се почитуваат духот и словото на Охридскиот рамковен договор, дека истиот ќе ја зацврсти локалната демократија на ниво на општини и дека е вод голем интерес за сите заедници", се наведува во изјавата.
Четворицата дипломати подвлекуваат дека временскиот распоред е веќе згуснат и напредокот мора да продолжи да се движи со брзо темпо.
"Во претстојниот дијалог очекуваме конструктивно вклучување од страна на опозицијата. Исто така, очекуваме парламентот да се движи со неопходното чувство на ургентност. Ова е од суштинско значење зашто понатамошното одлагање само ќе го попречи прогресот кон европската интеграција и идниот просперитет на оваа земја", се додава во изјавата. |
n/a |
Бранко Црвенковски:
Македонија денес е исто толку унитарна колку и вчера
Осврнувајќи се на прашањето дали Сарај и Кондово му припаѓаат на Скопје или не, претседателот рече дека во Кондово е Рашче, изворот од кој цело Скопје се напојува со вода, во Сарај е најголемиот скопски спортско-рекреативен центар, езерото Треска, браната Матка. “Убеден сум дека интерес е токму на Скопје и скопјани во својот состав и под ингеренции на градските власти да ги има овие две општини. Се разбира, ако се пристапи рационално и со доверба“, истакна Црвенковски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=0&EditionID=195&ArticleID=7767 |
f9 |
Во Струга се организирани протести од страна на Кризниот штаб заедно со сите политички партии, од позицијата или опозицијата, НВО и граѓанскиот сектор во знак на отпор кон она што се пласира како владин предлог за новата територијална организација со која се менува етничката структура на Струга.
Стружани како непожелни личности ги прогласија Бранко Црвенковски, Хари Костов, министерот за локална Александар Гештаковски и градоначалникот на Скопје Ристо Пенов.
|
f9 |
Со свирење на сирените и развиорени знамиња, колони возила минаа низ скопските улици, упатувајќи се од комплексот Банки, покрај зградата на Владата, Собранието, за да накрај се соберат пред седиштето на СДСМ, каде во знак на протест симболично ќе запалат свеќи. Речиси истовремено, мирен протест без партиски обележја, започна на магистралниот пат Скопје-Охрид, кај Кичево, во близина на населбата Горица. Кичевчани го блокираа патот за да го искажат незадоволството од владината одлука Кичево да остане во рамките на сегашните граници, но до 2008 година, кога треба да му се приклучат руралните општини со доминантно албанско население. Повеќе од илјада жители на Струга, незадоволни од владиниот договор за територијална поделба, вечерва во 18 часот исто така започнаа едночасовни протести возејќи со вклучени сирени со автомобилите низ улиците на градот. Протестите ги организира Кризниот штаб за опстанок на Струга, претставници на граѓанскиот сектор и опозицијата. Граѓаните, со вклучени сирени на возилата, протестираа низ чаршијата, по кејовите на Дрим и низ главните градски сообраќајници. |
Misirkov |
Dejan: Ne samo sto e mozno, tuku istoto se ostvaruva dodeka zboruvame.
Da nemas dilema: se slucuva RASPAD i Makedonija JA DELAT! Postoi KOMPLETNA DEZORGANIZACIJA i BEZOCNA MANIPULACIJA so lugjeto od strana na Branko Crvenkovski i kompanija. Izjavite sto gi citas pogore se da zamachkaat ochi.
Isto da znaes: PROBLEMOT E I SEKOGAS BIL VO MAKEDONSKATA VLADA OD SAMIOT POCETOK! Nikakvi siptari ili medjunarodni ne mozea da go napravat ona sto se slucuva; naprotiv tie samo rabotat po terkot na toa sto makedonskite politicari go napravija.
Se raboti za edna NEVIDENA zbirstina ebivetri, koisto, ako nasiov narod imase doblest, kje gi obesese do sega (uste ima vreme). Tie de fakto se delegitimirani, no se uste legalnosta e na nivna strana.
Narodov gledam se koprca, eve sega kje ima miting na 26ti, no seto toa e nekako dozirano, kako da se nema energija da ja zemat vlasta odnosno da gi isfrlat Branko i kompanija ednas za sekogas.
Pozdrav.
|
dejan |
Mislam isto Amerika ima nesto umesano....im kazuva na Makedonija 'da da pravete ova' ili nesto pozadi toa.
Zmiata nikogas ne gi pokazuva nogite! |
n/a |
Петерсен: „Без децентрализација ќе се намалат шансите за ЕУ“
„Доколку не успее парламентарната расправа на која што треба да бидат усвоени пакетот-закони за децентрализација, Македонија ќе ги намали своите шанси за влез во Европската унија“, изјави денеска високиот претставник на Европската унија Сорен Јенсен Петерсен на прошталната прес-конференција пред неговото утрешно заминување за Косово.
Петерсен нагласи дека меѓународната заедница и тој како претставник на ЕУ не вршеле и не вршат притисок врз македонските власти околу донесувањето на овие закони и и порача на опозицијата да биде разумна и да го прифати пакетот овозможувајќи на тој начин целото внимание да се насочи кон „едно од најболните точки во Македонија - економијата“.
Во врска со иницијативата на Светскиот Македонски конгрес за собирање 150.000 потписи за распишување на референдум на кој што граѓаните би се изјасниле за новата територијална организација, Петерсен истакна дека на СМК му претстои напорна работа за да ги собере потребните потписи и додаде оти тоа е еден од демократските начините да се изрази сопственото мислење.
На прашањето што би се случило доколку биде распишан референдум и доколку граѓаните се изјаснат против пакетот закони за децентрализација, Петерсен одговори дека Македонија во тој случај ќе оди наназад во однос на нејзиното приближување кон Европската унија. |
Homer MakeDonski |
quote: Originally posted by dejan
Mislam isto Amerika ima nesto umesano....im kazuva na Makedonija 'da da pravete ova' ili nesto pozadi toa.
Zmiata nikogas ne gi pokazuva nogite!
moze sega i kumuva na starite prijatelsva .Od kaj da znaeme deka se ima zmia vmesano i deka ima noze .Toa nikogas nema da go znaeme.Mozeme samo da sogledame tragite ..
http://www.galileolibrary.com/2003/06/000158.html
Bush's grandfather, Prescott Bush, and Prescott's father-in-law, George Herbert Walker, helped finance the rise of the Nazi Party through their intimate entanglements with Nazi industrial, shipping and banking interests. This long (and well-documented) collaboration continued even after America was at war with Nazi Germany. It seems the blood money was just too good to pass up -- even if it had to be dug out of the corpses of young American soldiers and innocent civilians throughout Europe and North Africa. The Walker-Bush cabal's Nazi partners also helped finance -- then profited from -- the Auschwitz camp. Finally, in 1942, the U.S. government seized the Walker-Bush Nazi assets under the Trading With the Enemy Act. But the well-connected clan managed to bury the news in the back pages: brief mentions of the companies involved, but no names of the Establishment grandees behind them. They also pulled strings to keep their American assets from being seized as well, even though the profits from these enterprises were inextricably mixed with their Nazi loot. Prescott later cashed in these tainted assets for millions, a nest egg that helped launch him into the Senate and his son and grandson into the White House. |
Deemer |
petersen moze da jade kaka oti ne zivee ovde baska so EU ne pociva vrz nedemokratija kako ova sto e ovdeka. + odi za kosovo da im bide administrator. neka kaze kaj nego doma na negovite oti decentralizacijata e kroena od potrebite na centralnata vlast. A za voskite predavnicki da se trebat sekade kade e mozno toa. Nikade da ne bidat sigurni nitu mir da imaat nekade. Cela drzava raboti za niv nesposobni edni pa zgora i ne prodavaat kako telinja na pazar. Za ova li gi biravme nesposobni kopilinja... |
darkjesus |
luge ako gradime unitarna multietnicka drzava vo koja mak, alb i dr nacionalnosti ke imaat dobar sozivot graden na doverba pocituvajne ljubov ti rekov mi rece raboti ondak nema potreba od paniki deka ke ni ja deli nekoj drzavava kraj kraeva ako ne proraboti ova ovoj princip ima mnogu podobar i postar nacin za reshavanje na rabotite koj barem nie go znajme .. ke zemime vilite sekirite motikite ke se tepame eden so drug pa neka bide sto bide |
n/a |
Заменик-помошникот на државниот секретар на САД Кетлин Стивенс се сретна со државниот врв
САД сугерираат да се донесат законите за децентрализација
-Гледајќи го народот во Македонија како го прави вистинскиот избор за демократија, толеранција, мултиетничка заедница, верувам дека следните неколку недели лидерите и граѓаните на Македонија повторно ќе го направат вистинскиот чекор, со кој ќе се комплетира Рамковниот договор. Со усвојувањето на пакет- законите за децентрализација ќе се забрза процесот на приближување на Македонија до НАТО и ЕУ, а еднакво важно е овде да се направи политичка и економска атмосфера со што ќе се создадат услови за привлекување на странски инвестиции и ќе се придонесе за подобрување на економската состојба, изјави вчера Кетлин Стивенс, заменик-помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, која е надлежна за прашања од Централна и Јужна Европа, по средбата со премиерот Хари Костов.
САД како пријатели на Македонија, додаде Стивенс, сакаат да ги видат македонските граѓани и нивните избрани лидери во следните недели вклучени во опсежна дискусија како во Собранието, така и во медиумите во однос на владиниот предлог за пакет- законите за децентрализација.
Стивенс сугерира експедитивна акција на законодавците во усвојувањето на пакет-законите за децентрализација.
Разбираме дека опозиционите партии можеби нема да се согласат со пакетот. Но сепак, парламентарните системи и даваат на опозицијата огромен простор да дебатира за такви предлози. Провокативни и недемократски активности како што е блокада на Собранието или обиди да се заплашат политичките лидери во Владата за да ги повлечат гласовите може да доведе до несакани и несогледливи последици, смета Стивенс.
Амбасадорот на САД во нашата земја Лоренс Батлер, пак, рече дека меѓународната заедница во изминативе две години заедно со Владата работела на техничките аспекти, без притоа да го знае конечното решение за тоа каква ќе биде теритиријалната организација. “Наша заедничка оценка е дека владиниот предлог, кој ќе оди на парламентарна расправа, е функционален и доколку помине во Собранието ќе се овозможи имплементирањето на Рамковниот договор во целина“, нагласи Батлер.
Стивенс вчера се сретна и со претседателот Бранко Црвенковски, спикерот Љупчо Јордановски и со министерот за надворешни работи Илинка Митрева, како и со политичките лидери од владината коалиција и од опозицијата. На средбите со државниот врв Стивенс го поздравила учеството на Македонија во заедничките напори за борба против тероризмот ширум светот. |
OooOo |
Груевски и Георгиевски се потпишаa за референдумот
„Добро е да се соберат тие 150.000 потписи и тоа ќе биде дополнителен притисок врз власта“
За само неколку дена откако здружениот опозициски фронт ја поддржа иницијативата за референдум бројот на граѓаните кои се потпишале е зголемен за над 20.000, односно досега се собрани 80.000 потписи, сепак само половина од потребните. Иницијативата денеска ја потпишаа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот ривал Љубчо Георгиевски.
„Независно дали референдумот има мали и големи шанси за да успее, ние сме свесни за сите тие шанси, сепак добро е да се соберат тие 150.000 потписи и тоа ќе биде дополнителен притисок врз власта“, вели Никола Груевски.
За Георгиевски најбитно е потписите да се соберат што побрзо, односно тие да бидат обезбедени до следната недела за да на тој начин се влијае на собранието да ја прекине расправата по законот.
„Сметам дека е најдобро тие 150.000 потписи да се соберат до идната недела односно додека трае парламентарната расправа за да може да се побара и нејзино формално запирање“, изјави Љубчо Георгиевски.
Иако делуваа на иста линија, Груевскии и Георгиевски сепак раскарани околу тоа кој ќе говори во името на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во понеделник. Груевски е дециден:
„Ќе говорат само претседатели на партии“, рече Груески.
Од друга страна, Георгиевски го обвини лидерот дека влијае врз другите партии од опозицијата да не прифатат тој да присуствува на митингот и да има говор. Сепак, Георгиевски ќе го поддржи митингот.
„Ние ќе присуствуваме ако не поканат, ако не нема да учествуваме но сепак ќе го повикаме народот да излезе на овој митинф митинг“, рече Георгиевски.
Иако раскарани, двајцата првенци на ВМРО-ДПМНЕ го повикаа народот што помасовно да излезе на митингот за да го искаже незадоволството од владиниот предлог за нова територијална поделба.
Третиот пат: „Потписите ќе се соберат пред предвиденот рок“
Потребните 150.000 потписи за одржување референдум ќе бидат собрани многу порано од предвиденот рок 23 август, тврди коалицијата Третиот пат најавувајќи блокада на Парламентот во понеделник за кога е најавен почетокот на расправата за пакетот закони за децентрализација.
Истиот ден во 20 часот ќе се одржи и општонароден митинг без партиски симболи на кој покрај коалицијата Третиот пат ќе учествува и опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
„Она што го припремаме за во понеделник кога митингот е димензиран на 20-30.000, тогаш следниот митинг ќе биде митинг кој тешко кој ќе може да го контролира ако има опструкција на власта да го попречи изјаснувањето на граѓаните на референдумот“, изјави Павле Трајанов.
Без одобрение на ваквите радикални мерки, независниот Трифун Костовски го поддржува референдумот како доказ дека власта треба да го повлече предлогот за децентрализација.
„Ја користам оваа прилика да и порачам на власта дека се срамам од неа. Се трудат на секаков начин да направат притисок и од надвор и од внатре. Ова е домашен проблем“, истакна Трифун Костовски.
На референдумот на кој очигледно најбројни ќе бидат Македонците на прашањето за меѓуетничките последици Тупурковски со став.
„Две каузи ќе дојдат во судир доколку има такви лидери. Има лидери кои реално ќе ги согледаат работите и ќе ги сфатат реалностите, а тие се дека на Балканот се создава Голема Албанска држава и таа добива на легитимност“, рече Васил Тупурковски.
Апсурдо е, смета Тупурковски да се очекува дека една нација ќе живее разделена една покрај друга.
|
OooOo |
Ахмети: „Што ако и Албанците соберат 150.000 потписи?“
Собирањето на 150.000 граѓански потписи за распишување на референдум против новата територијална поделба не смее да се случи во овој момент кога Македонија треба да го фати возот за членство во Еу и НАТО. Со референдумот опозицијата и група граѓани се обидувале да манипулираат со чувствата на граѓаните.
„Моментот воопшто не е соодветен за таква иницијатива бидејќи тоа би не внело во ситуација во која бескрајно се организирале акции на собирање на потписи што би се случило кога и Албанците би презеле акција да собираат потписи“, изјави Али Ахмети.
Граѓаните на Струга не треба да бидат вознемирани со новите општински граници смета Ахмети и најавува дека немало да има одмазди, и најавува дека нема да има отпуштања од работа, според етнички принцип. Во време на блокади, собирање на потписи против децентрализацијата денеска Ахмети во своето седиште за првпат го истакна и државното знаме во групата на американското, европското, на НАТО и албанското. Време било за зближување на заедниците.
„Да бидеме реални Албанците во оваа држава се чувствувале како потстанари како граѓани кои што плаќале кирија, тие не биле прашувани и консултирани за ништо биле надгласувани, така што ова е еден многу природен процес кој треба да продолжи понатаму и сметам дека Албанците повеќе не се потстанари во оваа држава туку токму како граѓани кои и припаѓаат на оваа држава“, рече Ахмети.
Ахмети повика на единство - Македонија е држава на сите граѓани треба да ги надминеме состојбите предизвикани од поединци и групи и заедно да ги инсталираме стандардите на Европа, бидејќи поделбите и навредите не воделе напред.
|
Strelec |
Во право е човекот!
|
Deemer |
abe neka soberat pa ke vidime na referendumot so ke se izglasa. a koj mu veruva na ahmeti neka poveli neka otide vo tetovo, gostivar pa da vidi kako ustvari funkcionira ova sto toj go zbori. da ne se lazeme... volkot si go menuva vlaknoto ama navikata ne |
f9 |
Во право е човекот!
-ЗАТОА ТИ СИ ВО КАНАДА,ОДДАЛЕКУ СЕИР ДА СИ ПРАЈШ? |
vulgaren |
Jas ne mu veruvam mnogu na Ahmeti no faktot sto kaza javno deka otsega Albancite ke stanat polnopravni ziteli na Makedonija toest Makedonci e mnogu ohrabruvacki.
Zar toa ne e POBEDA a ne podelba??? |
Ceki |
To e politika a ne vistina. |
n/a |
СОЛАНА: ЗАКОНИТЕ ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА ПРЕТСТАВУВААТ ГОЛЕМ ЧЕКОР КОН ЕВРОПА
Брисел, 26 јули - "Договорот за децентрализација кој беше постигнат минатата недела претставува историски настан за меѓуетничните односи во Македонија и голем чекор кон Европа", истакна високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија Хавиер Солана, по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски во Брисел.
"Ја ценам заложбата на претседателот Црвенковски во однос на децентрализацијата и неговата решителност во целост да биде спроведен Охридскиот договор", рече Солана, потенцирајќи ја поддршката на ЕУ на напорите на македонските власти за усвојување на законите за децентрализација.
Солана ги повика сите политички партии да ги усвојат законите за децентрализација, кои според него, претставуваат понатамошен напредок кон европската интеграција.
Црвенковски, од своја страна, изрази уверување дека мнозинството пратеници во Собранието ќе гласаат за владиниот предлог за територијална организација. Тој истакна дека Македонија е цврсто решена да ги спроведе неопходните реформи кои на нејзините граѓани ќе им обезбедат подобар живот и ќе ја приближат земјата кон Унијата.
Што се однесува на иницијативата за свикување референдум во однос на територијалната поделба, Солана истакна дека дури и хипотетична претпоставка за одржување референдум би можела да го забави, но не и да го запре целосното спроведување на Охридскиот рамковен договор. "Ја сум убеден дека тоа нема да се случи", рече Солана, истакнувајќи дека верува во зрелоста на македонските граѓани до крај да го спроведат Охридскиот договор.
Во врска со изјавата на новиот претседател на Еврокомисијата Жозе Мануел Дурао Барозо оти по влезот на Бугарија, Романија и Хрватска набрзо нема да дојде до втор бран проширување на ЕУ, Црвенковски рече дека не сака да коментира поединечни изјава, додавајќи дека постојат цела низа изјави, документи, заклучоци од разни формуми од ЕУ од кои се гледа дека иднината на Балканот е во Европската унија. |
dejan |
Idninata na Balkan vo EU? of lele smeski!
Dodeka Amerika ke se mesa vo Balkan, nema Eu vo Balkan. Amerika saka da ja rasturi Evropa, i ajde ki im pomognat za golema Albanija! pa ajde uste poveke golema da ja zeme bosna pa po gore da otide i ete evropa rasturena i Amerika e vodi vo Evropa. |
vulgaren |
quote: Originally posted by dejan
Idninata na Balkan vo EU? of lele smeski!
Dodeka Amerika ke se mesa vo Balkan, nema Eu vo Balkan. Amerika saka da ja rasturi Evropa, i ajde ki im pomognat za golema Albanija! pa ajde uste poveke golema da ja zeme bosna pa po gore da otide i ete evropa rasturena i Amerika e vodi vo Evropa.
Dejan - ako se izglasa decentralizacijava Makedonija ke stane kandidat a ne clenka za EU a ne clenka do 2010/12. Ti znaes kolku fondacii ke i se otvorat na Makedonija i moznosti za investicija?
Nemoj da pisuvas za nesto sto ne znaes. |
Misirkov |
Prvo, SAD ekonomski ja USPORUVAAT, a ne unistuvaat Evropskata Unija. Ima golema razlika. Uste ne se spukale, imaat pogolemi problemi na istok, no nas zasega ni odgovara eden takov sudir.
Vtoro,moznosti za "sustainable investment" (a ne dotacii ili pak igrarii od tipot na nevladini organizacii) nema da ima se dodeka ne se vospostavi pravna drzava. A pravna drzava nema se dodeka ima "etnicki" kriterium kako osnoven vo drzavata (tokmu zatoa i ja delat) odnosno dodeka oktopodot vladee (SDSM, Ljubco i siptarskata bratija DUI, DPA itn.).
Znaci investicii pod pretpostavka deka Makedonija e integralna drzava, ne etnicki podelena spored merilata od Vtorata svetska vojna. Taka da, ne drzi argumentot za EU. I taka clenstvoto vo 2016 g. e "pie in the sky".
|
ozonce |
quote: Originally posted by dejan
Mislam isto Amerika ima nesto umesano....im kazuva na Makedonija 'da da pravete ova' ili nesto pozadi toa.
Zmiata nikogas ne gi pokazuva nogite!
jas mislam deka niv gi boli kakva teritorijalna podelba ke napravat nashite politichari. Edinstveno neshto za shto se grizat e toa da ovaa decetralizacija, bide brza i efikasna. So vakva vlada teshko deka toa ke se sluchi, sho shto pagame na ispitot po predmetot "Sami do EU". EU USA potrebna ni e pomosh. |
dejan |
vulgaren, jas samo mislam deka toa e, ama moze vo pravo si.
Mozebi EU ni e na pomosh, ama USA....neznam.....oni gi napravile tie sili vo Kosovo i Makedonija kako UCK, za da napravat razberenje......ama kakvo razberenje
Da ne e nesto zgresno tuka?
They and Croatia, which hopes to join NATO within two years, have also been accepted as formal candidates for membership of the EU, as has Macedonia.http://www.eubusiness.com/afp/040726100244.ugzwx9u5 |
Ceki |
Prvo morame sami da si pomognime, ako ne mojme, ne znajme, ne sakame, ... onda e dzabe se. Mislis tie ke ni pomozat, koga sami ne sakame da si pomozime? Albancite dobivaat sekade poeni, poso ne se plasat, tie jasno i glasno go kazuvaat svoj stav sekade kade i da se. Pa sega na kogo ke mu vervat EU i USA, na tie so zboruvaat( albanci) ili na tie so cutat( nas). |