AaaAa |
Prevzemeno od utrinskivesnik.com.mk
По шенгенската на Македонија и се заканува и Интернет-изолација, откако Бирото за извозна администрација на САД неодамна ја ставило нашата земја на листата на оние што, во светски рамки, се окарактеризирани за легла на Интернет-злоупотреби. Ние сме во друштвото на Нигерија, Колумбија, Бугарија, Малезија, Пакистан, Романија и на Виетнам. Според странски медиуми, изминативе недели по препорака на ова биро сў повеќе американски компании го блокираат пристапот на сите Интернет-корисници од Македонија, заканувајќи се на тој начин, како што се проценува, Македонија да ја направат "Интернет- гето", да ја вратат во каменото време на компјутерологијата или генерално да ја отсечат од електронската комуникација. Препораката е резултат на процената во ова биро дека Македонија ги исполнува условите да се најде на листата на опасни земји од кои се вршат Интернет-злоупотреби поврзани, пред сў, со електронското банкарство, користењето на кредитните картички, злоупотребата на имиграциските документи, вируси, лотарија и слично, како што се писмата со понуди за перење пари што пристигнуваат секојдневно од Нигерија и од други африкански земји.
Иако станува збор за невладина организација, според американските медиуми, препораките на Бирото за извозна администрација се уважуваат од компаниите во САД, без оглед на сознанијата дека Македонија има само три отсто Интернет-корисници , па реално, нема капацитет да претставува некаква закана во оваа сфера. За оваа практика во САД, по сў изгледа, не е воопшто запозната Владата, бидејќи манирот на ставање земји на црна листа и блокирање на пристапот за нивните граѓани на веб-страниците јавно не се објавува од страна на компаниите, веројатно зашто не е во согласност со деловната логика, а судејќи по сў ниту со законските регулативи и меѓународната политика.
Она што е најпарадоксално, е фактот дека на листата на земји од кои потекнуваат најмногу Интернет- злоупотреби се најде Македонија, а не се најдоа Русија и Израел кои се сметаат за шампиони во таа сфера, според процените на странските медиуми, бидејќи како држави имаат силни лоби-групи кои го спречуваат тоа. Друг парадокс, според американските медиуми, е што ваква каква што е, со заостанат развој во Интернет-сервисите, Македонија е ставена на црна листа во САД, иако внатре во таа земја злоупотребите по електронски пат се сў поголеми и посериозни секоја година, до таа мера што се размислува за укинување на електронското банкарско работење. Прва директна последица од оваа мерка ќе биде изолација на македонските граѓани од светските текови и информации, но и изолација на македонските компании кои сакаат да остварат соработка во САД, со тоа што може да уследат и други "безбедносни" ограничувања.
|
Strelec |
Бројот на интернет корисници драматично паѓа!
Бројот на интернет корисници драматично паѓа, откако се зголемија цените на телефонските услуги, а Телеком не ги прифаќа решенија на монополската управа, која му наложи да воведе посебна линија за провајдерите со специјална интернет цена.
Цената е договорена 0,86 денари минута заедно со телефон преку ден до 0,26 денари ноќе, но Телеком сака наплатата да има ја препушти на провајдерите. Операторите велат дека во многу земји во Европа, па и во Унгарија Телеком компаниите ја вршат наплатата.
„Ние сме спремни да одвоиме надомест за наплатата што ќе ја врши Телеком но, тој иако тоа го прави за секс линиите, за врачарите, за кладењета, за гласањата и сл. за МтНет, тоа истото не сака да го направи и за провајдерите.“, изјави Предраг Чемерикиќ директор на Он.нет.
Целта е, вели Чемерикиќ, да се уништи конкуренцијата, со сегашните цени од 60 денари за час телефон корисниците на интернет се хендикепирани.
„Резултат од сето тоа е опаѓање од 70% до 90% на бројот на корисници на интернет во Р. Македонија што и онака е мал“, додаде Чемерикиќ.
Овие бројки провајдерите ги прикажале и на денешната средба во монополската управа, но Телеком не го прифатил решението со кое беше задолжен од управата да овозможи специјална интернет линија, а ги одбил и барањата на провајдерите да им овозможи слободна АДСЛ линија за брз интернет.
Сега се очекува монополската управа прво да констатира дека Телеком не ги почитува нејзините задолженија, а потоа да наложи законски нивно спроведување.
|