IvanC |
quote: Originally posted by acelav
ne citajte utrinski komunjarski e.od branko vesnik e
Ako go procita tekstot ke vidis deka e protiv Branko i tamu se veli deka denovite na Branko se odbrojani zaedno so denovite na cela Makedonija koja tone. Ukazuva na dosega ne videniot fenomen da premier ja odstapuva svojata funkcija na premier za funkcija so pomalo znacenje koja ima poveke protokolarna forma.
Ova e dobar del od tekstot
А што, всушност, се случува. Во овој момент до Македонија стаса конечната фактура. Мора веднаш да се платат сите неуспеси и промашувања. Веќе нема одолжување на обврските. Нема продавање на атрактивни и скапи капацитети. Сў што имаше - се продаде. Парите се потрошени за гаснење пожари, за купување гласови, а голем дел завршија и во приватни џебови. Нема веќе нашминкани показатели, нема можност за нови задолжувања. Конечно, треба да се соочиме со вистината. Македонија е осиромашена, опљачкана, распродадена, она што малку остана не е доволно за создавање реформски амбиент. Најстрашно од сў е немањето решение, идеја, стратегија за излез од кризата. Она што досега се нудеше преку разни критични опсервации во парламентот, во Македонската академија на науките, во економските институти од страна на разни експерти, политички партии кои покажуваат нагласена заинтересираност за економските состојби, главно, се теоретски решенија вербални и демагошки критики. Во Македонија одамна не важат строгите економски законитости, волунтаризмот во економијата царува повеќе отколку во социјализмот, интервенцијата на државата ги загрозува пазарните законитости, а црниот пазар е над сў и е главниот барометар. Тој црн пазар за 15-тина години поприми строги мафијашки принципи и законитости и е над институциите на системот. Тој е таа црна дупка со која ниту оваа, ниту претходните власти можеа да се справат, а по сў изгледа и не сакаа да се справат, бидејќи само во соработка со него можат да се одржуваат или да ги спречат силните социјални безредија.
На Република Македонија и треба нова и свежа идеја, и требаат вонредни избори, и требаат нови политички сили и односи кои ќе воспостават држава во која важат законите. Сў дотогаш ќе влегуваме во сў поголема и поголема криза и безизлез.
|
Bulgarski Makedonec |
Marko _Polozanski
Eve ti go Makedonecot koj sto komentira vaka
quote: Originally posted by acelav
ne citajte utrinski komunjarski e.od branko vesnik e
za natpisot
Црна дупка
Ерол Ризаов
По последните катастрофални показатели за состојбите во македонската економија, некако станува појасно зошто експремиерот Бранко Црвенковски се одлучи само на година и пол од својот мандат да влезе во изборен ризик и да ја напушти најодговорната и најзначајната функција во државата, како што е претседател на Владата.
Речиси нема примери во поновата европска историја каде што има парламентарни системи и каде што според уставите, премиерот е главната позиција, на овој начин некој од лидерите да ја напушти само за да дојде до функција која е повеќе протоколарна отколку што во себе ја носи одговорноста за состојбите во државата.
Меѓутоа, Црвенковски брзо ќе открие, а претпоставуваме дека веќе и самиот знае оти само навидум е побезбедно на претседателската фотелја. Црната дупка што е отворена пред Македонија ќе го повлече и него во безизлез заедно со сите граѓани на државата, чиј опстанок сега станува сосема јасно не зависи ни од тоа дали Зајас ќе биде со Кичево, или Сарај со Скопје, туку, пред сў, од големата економска катастрофа која се надвиснала над Македонија како никогаш досега и со толкава неизвесност.
Бегството од премиерската функција и "пензионирањето° на Црвенковски не е заради трауматичните показатели кои очигледно од поодамна ги имал пред себе како многу реални и предвидливи процени. Македонија во својата плурална историја имала и подраматични ситуации, соочена со блокади од север и од југ, со воена криза, со недостиг на гориво, електрична енергија, со недостиг на основни прехранбени производи, но никогаш не била соочена со толку лоши економски показатели и никогаш со помалку стратегија и идеи. Всушност, основната причина за абидицирање од премиерската функција е токму во фактот што ниту Црвенковски, ниту неговиот кабинет, ниту, пак, експертите по економија, домашни и странски, имаат излезни решенија за македонската економска криза. Сега веќе станува многу појасно зошто во Македонија толку драматично се "пумпаат° вештачки наметнати политичките проблеми, одејќи дури до настапот на Тоше Проевски на ?Евросонг". Зошто одеднаш стана толку важен самитот во Истанбул, иако одамна ни кажаа што ќе се случи на него. Зошто наеднаш апликацијата за ЕУ и прашалниците станаа "историски° иако тие сами по себе се историски, но откако на нив ќе се одговори спокојно, со аргументи и со јасна визија и стратегија. Целата оваа парада, едноставно се одвива само затоа да не се види стрмоглавиот пад на економијата. Јавноста во Македонија уште не знае што содржат прашалниците, но веќе сосема е извесно дека тука се клучните економски прашања за кои досега немавме одговори, а уште помалку е веројатно дека до крајот на годината ќе се најдат стратегиски одговори кои можат да ги задоволат критериумите на Европската унија. Сето тоа се прави во овој миг само да се одложи натаму агонијата во која Македонија незапирливо влегува сў подлабоко. Дури речиси незабележано помина смената на првиот човек на Државниот завод за статистика што се осмелил да ги објави и да и ги соопшти на јавноста лошите резултати. Го отепавме гласникот што ни донесе лоша вест, ќе напише ?Утрински". Сега веќе нема каде. Работите се дојдени до ѕидот. Новиот премиер на старата влада, Хари Костов, ќе мора да ги соопшти објективните слики за економските неприлики со кои е соочена Македонија без козметички дотерувања и без влевање лажни надежи.Продожување на стратегијата дека се сомнителни резултатите е погубна.
Премиерот Хари Костов само на тој начин може да ја подобри својата лоша позиција на "експерт° без партиска поддршка на чело на политичка влада. Неговиот цврст став да ги каже сите показатели и сите дубиози што се направени во Македонија во изминатите години може да предизвика поголем реформски амбиент и надеж отколку сите епски расправи за територијалниот интегритет и новите граници и територијални поделби во Република Македонија. Само, да не почне и тој со веќе видени реконструкции на Владата, со што и самиот ќе влезе во шемата да бега од главното, залажувајќи се себеси и јавноста.
Да се предвиди пораст на бруто-националниот производ за 3,5 до 4 насто, а тој да доживее пад од 3,6 насто, значи во процените да се утне за цели 8 проценти што јасно укажува дека во Република Македонија владее анархична економија полоша и од акумулацијата на првобитниот капитал што се случуваше пред сто, сто и педесет години, во почетоците на создавањето на капиталистичките општества.
Невработеноста со стапка од близу 50 проценти, кога невработените се помногубројни од вработените, а според некои показатели и со подобра квалификациска структура, е сигурен показател дека големата ламја допрва ќе се појави да го наплати својот данок.
Индустриското производство секој месец паѓа до 30 индексни поени. Трговскиот дефицит во размената со странство е над милијарда долари. Странски инвестиции речиси нема. Сивата економија е единствен вентил, целосно толериран од власта за да нема социјални безредија. Од овие показатели се изненадени и економските експерти, бидејќи сў уште немаат рационално објаснување што всушност се случува со македонската економија, а уште помалку имаат лек, зашто не може да се лечи тешко болниот на Балканот ако не му се знае дијагнозата. Приказните и идеите за валутен борд, Македонија да се стави под принудна управа, е всушност оптимистичката варијанта, бидејќи вистинските експерти за вакви ситуации и оние што имаат висока цена на светскиот пазар тешко ќе се нафатат да ја управуваат со овој брод кој одамна е насукан на суво.