Во Скопје 42 степени |
OooOo |
Денеска најтопол ден во Македонија, 42 степени
42 степени, толку денеска покажуваше термометарот поставен кај Бит-пазар нешто по 14 часот. На таа температура беа изложени граѓаните кои се наоѓаа на улиците, директно под топлината на досега најжешкиот ден во Македонија.
Метеоролозите ги мерат температурите надвор од градот, таму се пониски за неколку степени, така официјалната температура регистрирана во Скопје на Зајчев рид е 38 степени во 17 часот.
„Денеска во Скопје беше измерена температура од 38 степени, Топло беше и во Прилеп, Штип и Куманово каде беше измерена температура од 37 степени. Утре кон крајот на денот се очекува да подпаднеме под влијание на северен ветер со што температурите би биле пониски“, вели Ивана Петровиќсиноптичар.
Високата температура и летото најлошо влијае врз хронично болните, зголемен е бројот на повиците на итна помош, достигнува и до 100 на ден, а најчесто се работи за несвестица и мозочни удари. Лекарите велат дека не е регистриран смртен случај предизвикан од топлотен удар, но дека дневно од 3-до пет хронично болни умираат како последица од зголемените температури.
„Најтешко им е на хронично болните, дневно имаме по 3 до 5 смртни случаи. Препорачливо е да се пијат течности, најдобро е минерална вода и да се избегнува масна храна“, вели д-р Љупчо Пајковски.
Некои денеска се разладуваа на фонтаните низ градот, некои граѓани бараа дебела сенка, но сите ја чувствуваа горештината.
„Многу е топло и неподносливо“, велат граѓаните.
Денеска во Македонија беше пеколно, температурите се искачија до 42 степен.
|
ozonce |
quote: Originally posted by Strelec
quote: Originally posted by ozonce
vo senka imashe 40 stepeni
Па кој те тера во сенка да седиш?:)
S'nceto :) |
OooOo |
Сонцето испржи јајце на око
[img]http://www.utrinskivesnik.com.mk/izdanija/1521/13823.jpg[/img]
Тропскиот бран и годинава не ја одмина Македонија. Температурите го достигнаа 38 Целзиусов степен. Спас од горештините наоѓа кој како знае и умее. На жешкиот асфалт може да се спржи јајце. Високите температури најтешко ги поднесуваа хронично болните лица.
Ова го потврдуваат и податоците од Службата за итна медицинска помош, каде што изминатите два дена на територијата на Скопје регистрираат над 110 повици за 24 часа. Во 2000 година помош побарале 90 пациенти, а толку интервенции имало и лани. Засега не се регистрирани случаи на топлотна исцрпеност како најлесен степен на промените предизвикани од високи температури. Вообичаено е зголемен бројот на повиците од хронично болните пациенти, најчесто со кардиоваскуларни заболувања, цереброваскуларни инсулати, како и од пациенти со респираторни заболувања. Евидентирани се и неколку случаи на инфаркти. Здравствените служби и понатаму целосно се ставени во функција на извршување континуирана здравствена заштита на населението. Не само на хронично болните, туку и на сите кои немаат поголеми потреби да излегуваат на жешкото сонце, лекарите и понатаму им советуваат да останат дома во разладени и проветрени простории, односно да одбегнуваат какви било напорни активности за време на најжешкиот дел од денот.
Добре Алексовски, шеф на смена во Службата за итна медицинска помош, вели дека зголемувањето на бројот на повици во летниот период кога има вакво зголемување на температурите, не само што го регистрираат хронично болните туку и релативно здрави пациенти. ?Ова се должи делумно и на тоа што сите ние за зимскиот период се подготвуваме и со огрев и со топла облека, но немаме навика да го правиме тоа за лето. Подготвени сме за ниски температури, но не и за високи, кои се полоши. Од друга страна, пак, климатизацијата длабоко навлезе во нашето живеење и затоа треба да бидеме претпазливи на разликата во климатизираните простории и надворешните температури. Идеална собна температура и за зима и за лето е 22 Целзиусови степени, но сепак не треба да се излегува директно од разладена просторија надвор. Познато е дека на ладно крвните садови се собираат, а на топло се шират. Наглото излегување може да предизвика топлотен удар. Опасно и со смртоносни последици може да биде и доаѓањето однадвор под климатизер", вели д-р Алексовски.
Престојот на сонце строго да се избегнува, а на возачите им се советува да ги отвораат прозорците од возилата за да има струење на воздухот. Жешкото сонце непријатно влијае и за животните.
Здравствените работници на оние граѓани кои мораат да излезат им препорачуваат задолжително да носат лесна облека во светли бои, наочари за сонце и заштита на глава. Што се однесува до исхраната, се препорачува помалку храна, а повеќе течности, и тоа вода и безалкохолни пијалаци. Засега епидемиолошката состојба е мирна, а бројот на цревни заразни заболувања и труења со храна не отстапуваат од просечниот број, регистрирани изминатиот месец и последниве три години во истиов период од летото. Лекарите советуваат добро да се мијат градинарските производи, а приготвената храна да се консумира во кус рок. Не е препорачливо да се консумираат производи кои не се термички обработени, како што се мајонез од домашни јајца, сладолед и различни кремови.
Според вчерашните метеоролошки податоци, топлотниот индекс во 12 часот изнесуваше 102, што во однос на потенцијалниот здравствен ризик значи дека можноста за појава на сончаница, топлотни грчеви и топлотна исцрпеност се веројатни, но само доколку постои продолжена изложеност на високи температури на отворен простор и вршење тешка физичка работа. Во однос на УВ-индексот, согласно со методологијата на Светската здравствена организација, а добиени податоци од релевантни меѓународни организации, Република Македониаја се наоѓа во зона на дејство на ултравиолетовите зраци со проценет ризик 9, што значи црвенилото на кожата при директна изложеност на сончевата светлина настанува за време помеѓу 30 минути и еден час. Овие препораки важат и се посебен апел за нивно придржување, посебно на чувствителните групи, како што се децата, постарите лица и хронично болните. |
ozonce |
vchera u 14:30h se vrakav od kavadarci i na zgradata pred mojata kuka ima postaveno digiralen chasovnik na koj pokazuva i temperaturata, vo senka imashe 40 stepeni |
Strelec |
quote: Originally posted by ozonce
vo senka imashe 40 stepeni
Па кој те тера во сенка да седиш?:)
|
GoDsHaNd |
Чудно, денес во Скопје зароси... |
OooOo |
Минатата ноќ рекордни 90 повици во брзата помош
11.07.2004 Рекордни 90 повици во брзата помош минатата ноќ и денеска откако неделава Македонија ја зафати топлотниот бран. Поголемиот од нив биле итни случаи - како срцеви удари. Со шестте амбулантски возила докторите од брзата помош велат не можат да одговорат на сите повици.
Затоа им порачуваат на граѓаните ако не станува збор за нешто итно, да се воздржат од повикување на бројот 194.
„Во текот на ноќта имавме 50 повици, а во текот на денот 40. Повеќето од нив се мозочни удари, инфракти и сообраќајки“, вели Славе Пашковски доктор.
Измерените 40 степени, скопјани тешко ги поднесуваат. Со горештините се справува секој различно.
Градските улици се празни, жешкото време ги натера граѓаните да ги напуштат домовите и да посетат некое излетничко место.
Оние кои ја сакаат планината си фатија дебела сенка. „Треска“ иако се уште не почнала со капачката сезона, преполна со капачи.
„Излеговме да се изладиме“, велат граѓаните.
Некои, пак, им се препуштија на височините. Синоптичарите велат наредниве 3 дена за кратко ќе куртулиме од горештините. Северниот воздушен бран што ја зафати Западна европа ќе ги намалат и температурите кај нас.
„Денеска има благ пад на температурите за 2-3 степени и утре очекуваме опаѓање за 4 степени, а во вечерните часови очекуваме појава на дожд и грмотевици“, вели Душанка Танушевска синоптичар.
Кон крајот на неделава повторно не очекуваат повисоки температури.
|
OooOo |
Во Скопје 20-тина пожари за 24 часа
11.07.2004 По 2 часа борба, пожарникарите го изгаснаа пожарот кој се закануваше да се префрли и во внатрешноста на скопската тврдина. Пожарот изби вчера на полноќ, ја зафати сувата трева од западната падина на Кале, се приближи и го опколи споменикот на тврдината. Час и половина по избивањето, пристигнаа и пожарникарите, најпрвин со лопати и метални метли го ограничија оганот да не се шири во тврдината.
Потоа одозгора со вода започнаа да ги гаснат пламените јазици. По 10 минути пожарот на Кале беше локализиран и изгасен.
Денеска само остатоци од запалената трева. Пожарот на Кале беше само еден од дваесетината кои вчера го гореа Скопје. Само во периодот помеѓу 13 и 19 часот во центарот за известување и тревожење биле пријавени 15 пожари, најмногу на стрништа, ливади со сува трева или стари дрвја.
Денеска под закана од пожар беше и трафостаницата исток, но околу 13 часот пожарникарите го изгаснаа огнот кој го зафати стрништето веднаш до неа. Остана да чади само едно суво дрво, кое го доизгасија стражарите на трафостаницата со кофа вода. Жештината е само една од причините за избивањето на пожари.
„Високи температури придонесуваат за опасност од пожари претежно во летните периоди“, вели Трајко Тодорчевски.
Во противпожарната служба велат дека се подготвени за вакви летни пожари на стрништа, додека поголеми проблеми имаат со можните шумски пожари.
„Способни се да се справат да кажеме со вегетација која е ниска, меѓутоа на појава на шумски пожар имаат потешкотии во гаснењето“, рече Тодорчевски.
Во противпожарната служба апелираат до граѓаните да не палат огин на отворено место, да не фрлаат запаливи предмети или отпушоци на места со сува трева и доколку забележат пожар веднаш да пријават во полиција или на телефонот 193.
|
dzadzev |
Една пријателка ми кажа дека на некој термометар во центарот на градот било 47 степени !!! Ќе изумреме луѓеее :( |
pr1nc |
oblacno,podvrnuvat...
za merak!
btw,pred malku gi izvadiv jajcata na sonce,i ne mi se isprzija. taka da,laga e ona sto go rece pogore OooOo [:D] |