Ova e malku preterano ... |
OooOo |
Македонската историја не може да биде рамковна
Првата лекција по историја треба да биде "Македонија, мојата татковина", а не со историја за малцинствата, реагираат историчарите по барањето на ДУИ за промена на учебниците по историја.
Неодамна пратеникот од ДУИ Абдулаки Адеми на седницата на Комисијата за односите со етничките заедници рече дека изучувањето на сопствената историја за учениците-Албанци е потреба. - Ако тие не се запознаат со историјата на етничката заедница на која и припаѓаат, нема да можат да ја разберат историјата на другите народи - вели пратеникот на Демократската унија за интеграција.
Тој вели дека ако сме решени да живееме заедно, треба и заемно да се познаваме.
- Затоа е потребно во учебниците по историја на учениците-Албанци да се изучува најпрво историјата на албанскиот народ. Албанците имаат таква потреба, не знам дали тоа е случај и со другите етнички заедници - изјави Адеми.
Даринка Петреска, професорка на Институтот за историја на Филозофскиот факултет, вели дека треба најпрво да се изучува историјата на државата во која живееме и дека тоа е практика во сите држави.
- Првата лекција во учебниците по историја треба да почне со "Македонија, мојата татковина" а не со историја на малцинствата. Во образовниот процес треба да се изучува и историјата на малцинствата што живеат во државата, но не треба изучувањето на историјата да се дели во проценти, врз основа на бројноста на етничките заедници - вели Петреска.
Во Бирото за развој на образованието велат дека пратениците и да сакаат не може да ги менуваат учебниците, ниту наставните програми. Тоа може да го прави само Министерството за образование. Ресорното министерство треба прво да покрене иницијатива за измена на наставната програма и да образложи зошто го бара тоа.
- Не може сега да се иницираат нови промени во учебниците зашто моментно работиме на заокружување на циклусот на нови учебници за основното училиште по нова програма. Измените се прават со години. Не знаеме зошто пратеникот настапил со таков предлог кога, на пример, во учебникот по општество за четврто одделение има по две лекции за албанската, турската и за српската национална историја - велат во Бирото за развој на образованието. (М.Ј. - Љ.Г.)
|
kopacot |
i sho ke e zaednickata istorija...kako UCK Pukashe na bezbednosnite sili od Teketo ili kako zigosvea civili na avtopatot Tetovo-Gostivar i kako posle vo parlamentot si delea sizicki osmesi i zagrljai i ziveeja spored parolata Bratstvo-edinstvo?:) |
melpomena |
c c c :)
Shto e tuka toa shto e "preterano"? |
OooOo |
shto mislish ti?
|
melpomena |
Jas mislam deka e preterano toa shto go bara DUI ;) |
Thief |
Претерано, ама во духот на Рамковниот, кои нашите (македонски!) партии го потпишаа?! [;)] |
Thief |
За жал, тоа ќе ни биде секојдневието, откако удривме темели на новата пострамковна, охридска Македонија.
Кога се малцинските права во прашање, ги знаеме светските трендови: еднаш даденото, никогаш не може повеќе да се земе назад. Ние дадовме... сега веќе и не зборуваме за малцинства или националности, туку за рамноправни делови од народ. Ние се` уште, очигледно, не можеме да сфатиме дека од 2001 наваму имаме поинаква држава од таа за која знаевме претходно и која ја чувствувавме само како своја и како ексклузивитет на македонскиот народ... |
Pina |
quote: Originally posted by Thief
За жал, тоа ќе ни биде секојдневието, откако удривме темели на новата пострамковна, охридска Македонија.
Кога се малцинските права во прашање, ги знаеме светските трендови: еднаш даденото, никогаш не може повеќе да се земе назад. Ние дадовме... сега веќе и не зборуваме за малцинства или националности, туку за рамноправни делови од народ. Ние се` уште, очигледно, не можеме да сфатиме дека од 2001 наваму имаме поинаква држава од таа за која знаевме претходно и која ја чувствувавме само како своја и како ексклузивитет на македонскиот народ...
... i pak izlegovme da glasame za istite tie (partii ili poedinci) shto potpishuvaa so "dve race" se shto ke im se kazheshe. |
kopacot |
ke si go vratime exkluzivitetot...kad tad... |
RedAlert |
Thief ne znam koja ti e celta so toa sto go spomnuvas NIE pak NIE dadovme.Se obiduvas da sozdades cuvstvo na vina megu nas Makedoncite?Toj glupav dogovor go potpisaa Branko Crvenkovski i Ljubco Georgievski i tie dvajca ne se MAKEDONSKIOT NAROD.A i sto e najvazno go potpisaa pod PRINUDA.Iako eve deneska go slusame Branko Crvenkovski kako se kolne vo toj dogovor,kako stariot ustav(koj se donese vo negovo vreme)bil so fabricka greska,a 2001 go ubeduvashe svoeto clenstvo deka bil prinuden da potpise.Kako i da e 2001 99% od Makedoncite bea protiv toj dogovor a i za deneska smetam deka mnozinstvoto e protiv toj dogovor.I na krajot go citiras tvojot idol Branko Crvenkovski od negoviot neslaven govor koga go izbraa za premier...ovaa drzava ne e samo na Makedoncite i bla bla bla...Uste ednas ke kazam vo slucaj nekoj da zaboravil vojnata ja pocnaa Kosovari i gastarbajteri,vo uslovi na zgolemuvanje na pravata na Albancite(bese otvoren stulov univerzitet),koga gi primivme begalcite od kosovo i tn.Znaci mesto toj ubiec Ali Ahmeti da izleze i da se izvini i da se gubi,Branko se izvinuva i ne poducuva nas makedoncite da se smirime ne bila samo nasa drzavata.Jas ne glasav ni za ednite ni za drugite posledniot pat i ucestvuvam na site mozni protesti a toa treba da go pravite i vie koi glumite zagrizeni za politickata situacija vo Makedonija.A ne da kukate kako ja gubime drzavata a vidi bogati Drzavnik ni stavivte na chelo na istata.Kakov paradoks. |
Christian |
mali smiri se |
melpomena |
zashto da se smiri arno vi veli chovekot:) |