ВО ОДБРОЈУВАЊЕ НА ДЕНОТ "ДОСТА"НАЈНОВИ ВЕСТИ |
f9 |
Петковски: Преговорите за територијална поделба се водеа тајно, дури и за членови на партиски органи
Договореното во преговорите за територијалната поделба предизвикува голем револт, изјави за Радио Слободна Европа пратеникот на СДСМ во Собранието Тито Петковски
Според него, револтот е голем, пред се, затоа што преговорите не биле транспарентни и се воделе тајно.
Петковски вели дека луѓето, дури и членови на партиските органи, едноставно не се упатени во многу детали за кои станувало збор при преговорите.
Јас како пратеник ќе го кажам своето мислење на седницата на Собранието, бидејќи постојат обврски и спрема граѓаните
---------------------
Коалицијата „Третиот пат“ денеска најостро го осуди компромисот што го постигнаа вчера коалиционите партнерти во Владата околу новата територијална организација локалната самоуправа, оценувајќи го како „предавство на Македонија“.
„Третиот пат“ на денот кога ќе биде закажана собраниската седница на која ќе се расправа за пакетот закони за децентрализација ќе организира блокада пред Собранието со цел да се изрази револтот од договореното меѓу коалиционите партнери.
„Ги повикуваме приврзаниците на СДСМ, на ЛДП, но и граѓаните кои припаѓаат на други политички партии да ни се придружат во кампањата што ќе ја поведеме против овој начин на решавањето на прашањето на децентрализацијата. Се надеваме дека граѓаните на Македонија ќе ги сопрат своите народни избраници, да влезат во Собранието и да ги донесат овие срамни закони“, нагласи на денешната прес-конференција секретарот на Демократска алтернатива Борко Андреев.
Тој напомена дека колицијата уште од првиот момент го поддржува пакетот закони за децентрализација, кој според „Третиот пат“ е врв на европската демократија и на правата на граѓаните на Македонија сами да одлучуваат за средствата што ги издвојуваат и самите да го насочуваат развојот на општините.
„За жал сведоци сме на најобично пазарење меѓу елитите на СДСМ, ЛДП и ДУИ, заради постигнување на цели кои само ним им се познати“, нагласи Андреев, истакнувајќи дека вчерашниот компромис е само обид да се зачуваат позициите на власт.
Андреев истакна дека „Третиот пат“ има информации дека пакетот закони го договориле лично во четири очи Али Ахмети и Бранко Црвенковски, на средба која била побарана од лидерот на ДУИ.
„Се поставува прашањето кој им дава право на еден или двајца луѓе во Република Македонија да си играат со судбините на два милиони граѓани. Очигледно сами си го даваат тоа право, сами сакаат да ја кројат судбината на земјата“, рече Андреев. Тој изрази надеж дека во иднина ќе се постави и прашањето на кривична одговорност на, како што рече, оние кои си земаат за право да ја кројат судбината на Македонија.
Андреев истакна дека при територијалната организација не е земен предвид ниту еден од критериумите што се познати во демографијата и во цртањето на границите. „Во светот интенциите се големите градови да бидат што помали на што помала територија и да бидат концентирани само на административните работи. Скопје, кој и онака е мегалополис во македонски рамки, и натаму се зголемува, со тоа што му се придодаваат чисти рурални средини, кои немаат никаква врска со градското подрачје“, рече Андреев.
Зоран Витанов од СПМ ги обвини за предавство Бранко Црвенковски и Ристо Пенов.
„Македонскиот народ во својата историја веќе ги постави на местото на најголеми предавници од кога постои македонската нација“, додаде Зоран Витанов.
-----------------------
Ниту еден од членовите на Централниот одбор на СДСМ не беше против предлогот на Претседателството, спорот со територијалната организација да се реши така што на Скопје ќе се припојат Сарај и Кондово и тоа да стане двојазично, Кичево засега ќе остане во постојните граници, а Струга ќе стане општина со мнозинско албанско население.
Единствено претставниците од Струга во Претседателството не беа во салата кога се одржуваше гласањето.
Потпретседателите Шеќеринска и Бучковски имаа за задача ова да го објаснат пред членовите на ЦО и да изнесат аргументи.
„Ги слушнавме забелешките на членовите на ЦО, има аргументи кои што зборуваат и во нивна полза, ја разбираме загриженоста и контра аргументите. Сметавме дека ова е компромисно решение што имаме консензус во владината коалиција и убедени сме дека во наредниот период ќе се покаже дека тоа било добро за сите граѓани", изјави потпретседателката Шеќеринска.
„Она што го спроведувавме како концепт на ниво на држава, а тоа е мулти етничка држава, држава во која егзистираат повеќе етнички заедници, тоа мора да профункционира, и како што Македонците во Тетово ќе инсистираме да ги имаат своите права кои ги гарантира Бадентеровото мнозинство, истото тоа ќе важи и во Струга", додаде Шеќеринска.
„Во преговорите не влеговме за да некој победи или некој изгуби, туку влеговме со различни аргументи и ставови за некои прашања. Постигнавме компромис кој што беше прифатен, сметавме дека и некои други прашања може да се постават на маса", рече Шеќеринска.
„Во овој момент сметавме дека треба да се донесе решение. Апелот и од домашната и од странската јавност беше дека ова прашање не смее да се пролонгира. Со продолжувањето на разговорите можеби ќе се чувствуваме подобро како партија, но само ќе ја влошиме ситуацијата", рече Шеќеринска.
Претставниците на СДСМ од Струга беа мошне разочарани и само дваесетина минути по почетокот на седницата, кога и официјално го слушнаа предлогот сакаа да ја напуштат седницата, но беа вратени назад да ги објаснат нивните аргументи.
Потоа ја напуштија седницата и беа во партиските ходници, се додека не заврши гласањето, во очекување дека поголемиот дел од Претседателството нема да го изгласа овој предлог.
„Ние не се согласуваме со овој предлог, сакавме да ја напуштиме седницата, но само што излеговме тие не повикаа да се вратиме да ги изнесеме нашите аргументи. Ние ќе останеме со народот и секогаш ќе бидеме со Стружани", изјави Дејан Белевски член на ЦО на СДСМ за Струга.
Предолозите ќе се најдат на утрешната вонредна владина седница. Доколку на утрешната владина седница се постигне договор, собраниската расправа за овие закони ќе започне на 25 јули, а пратениците ќе имаат околу 10 дена да ги заокружат овие закони во Собранието, за да се стигнат роковите на 7 август да се распишат изборите, а на 17 октомври тие и да се одржат.
Со промените од овие договори Струга станува мнозинско албански град со 54% Албанци, а во Кичево 53% остануваат Македонци а 30% Албанци. Скопје станува двојазично, бидејќи со припојувањето на Сарај и Кондово се постигнува условот од 20% Албанци.
--------------------------
ВМРО-ДПМНЕ: Владиниот предлог- предавство на македонските интереси
Најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека предложеното законско решение за територијална поделба е "чин на предавство на македонските национални интереси", ја поддржува иницијативата за собирање 150 илјади потписи за одржување државен референдум и повикува на протести.
Ова се заклучоците од последната седница на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ,
Лидерот на партијата Никола Груевски на прес конференција оржана попладнево, изјави дека протестите започнуваат од утре со движење на колони возила низ Скопје со сирени, како знак за "будење".
Тој најави дека ќе бидат организирани повторно блокади кај Кичево и кај Струга, а најави протести и пред штабот на СДСМ
"Вчера целата македонска јавност беше шокирана. Неколку луѓе од СДСМ вчера ја измамија нацијата", изјави Груевски
Тој додаде дека "договорот од синоќа не е дел од Охридскиот договор. Веќе не се работи за партиски проблеми, туку се работи за државата".
"Се што побара ДУИ, СДСМ се согласи" - обвини Груевски, додавајќи дека "очигледно, СДСМ се определи за лична власт, наспроти државните и националните интереси на Република Маедонија".
Лидерот на опозиционата ВМРО ДПМНЕ побара од пратениците на СДСМ да му го свртат грбот на своето раководство. "Ги повикувам пратениците на СДСМ и тие да извршат притисок врз своите водачи, а ако не успеат, тогаш да си поднесат неотповикливи оставки и со тоа да го засрамат нивното раководство", изјави Груевски.
Тој изрази сомневање, дека власта ќе се обиде да го сврти вниманието со нови обвинувања и нови кривични пријави.
Еден од заклучоците на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ е дека опозицијата ја поддржува иницијативата на Светскиот Македонски Конгрес за собирање потписи да се одржи референдум против територијалната поделба на државата и за задржување на постојните општински граници.
ВМРО-ДПМНЕ повикува на протести и ги поддржува граѓанските и политичките иницијативи и активности, како протест против територијалната поделба на државата
------------------------
Вонредна седница на Владата за децентрализацијата
Владата на Република Македонија претпладнево треба да одржи вонредна седница посветена на пакетот закони за децентрализација, откако вчера владеачките партии постигнаа согласност за новата територијална организација.
Владата треба да го усвои пакетот закони, што на крајот од овој месец треба да се најде на седница на Собранието на Македонија. Со тоа треба да се обезбеди локалните избори да се одржат во предвидениот рок, во октомври.
Според договорот, постигнат по долготрајни преговори, Скопје треба да биде двојазичен град, Струга општина со доминантно албанско население, а Кичево останува во постојните граници до 2008. година.
Овој договор на коалиционите партнери Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Либерално демократската партија (ЛДП) од една страна и на Демократската унија за интеграција (ДУИ), од друга, доцна синоќа ги потврдија и највисоките раководства на овие партии.
На седниците на раководствата на партиите од македонскиот блок, СДСМ и ЛДП, имало спротивставени дискусии околу договорот за новата територијална поделба , но тој сепак доби поддршка.
Договорот за новата територијална е постигнат, откако последниве два дена во преговорите беа вклучени претседателот Бранко Црвенковски, кој ја одложи планираната посетата на Брисел, американскиот амбасадор Лоренс Батлер, како и претставникот на ЕУ Сорен Јенсен Петерсен.
Решенијата за новата територијална поделба на Македонија предизвикаа остри реакции на опозицијата. Лидерот на најголемата опозициона партија ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски, пред состанокот одржан синоќа, оцени дека СДСМ со овој договор "ги плаќа" услугите што ДУИ ги направи во вториот круг на изборите за претседател, одржани неодамна.
Фракцијата на ВМРО ДПМНЕ блиска до поранешниот лидер Љубчо Георгиевски најави дека ќе ја поддржи иницијативата на Светскиот македонски конгрес за собирање на 150 илјади потписи за распишување на референдум за новата територијална поделба.
|
f9 |
Со новата територијална поделба градот Скопје двојно се зголемува. Ќе добиеме поинакво Скопје, на кое допрва ќе мораме да се навикнуваме. На секој чекор ќе гледаме двојазични табли, кога ќе ги спомнуваме Старата чаршија и гробот на великанот Гоце Делчев, ќе мислиме на Чаир, а пред да стигнеме до последната точка од територијата на градот, ќе платиме патарина.
За експертите, проширувањето е еднакво на колапс. Градот ќе биде долг четириесетина километри и ќе се протега речиси до македонско-косовската граница и до тетовско Јегуновце. Дотаму ќе стасуваат и надлежностите и одговорноста на Град Скопје за урбанизирање, изградба на сообраќајници, решавање комунални проблеми, поврзување на инфраструктурните мрежи...
И двојазичноста и урбанизацијата ќе се спроведуваат со пари од градската каса. Токму затоа експертите, опозицијата и граѓаните се согласни дека Скопје ќе банкротира. Стручњаците предупредуваат дека скопјани ќе осиромашат и ќе ги плаќаат сметките и на оние што традиционално немаат такви навики. Граѓаните ќе се задушат во комунални проблеми и никогаш нема да живеат во град сличен на европските метрополи.
Во такви услови Скопје уште долго нема целосно да биде покриено со атмосферска и со фекална канализација, нема да има брзи сообраќајници и трамвај. Досега оправдувањето на градските власти беше сиромашната каса, а спасот го гледаа во децентрализацијата, но не и во двојно поголемо рурално-урбано Скопје?!
Дали на цртачите на картите им е јасно дека новите скопски граници само ќе го продлабочат јазот помеѓу левата и десната страна на Вардар? Европската поента на децентрализацијата не е тоа. |
f9 |
ГОЛЕМИНАТА Е ВАЖНА ПИШУВА: ВИКТОР БИВЕЛ Translated by Forum Magazine http://www.forum.com.mk/Arhiva/Forum112/FAJL/fajl5.htm ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МИРОТ И ПРОСПЕРИТЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВАЖНА УЛОГА ЌЕ ИГРА ПРАВИЛОТО НА БРОЈНОСТА НА МАЛЦИНСТВОТО ВО ОДНОС НА МНОЗИНСТВОТО. КАКВИ СЕ СВЕТСКИТЕ СПОРЕДБИ ВО ТАА СМИСЛА И КОИ РЕШЕНИЈА Н СТОЈАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ЈА ЗАЧУВА СВОЈАТА СТАБИЛНОСТ И БЕЗБЕДНОСТ? Албанскиот бунт и тероризмот во Македонија во 2001 година, проследени со нивното мирно прифаќање од страна на меѓународната заедница, со едностраните концесии на македонската страна направени во Охридскиот договор, како и другите проблеми во државата, каков што е бавниот економски развој на земјата, остави многумина Македонци низ светот замислени за иднината на Македонија и за тоа што можат тие да сторат за да н помогнат на татковината. Една од најтешките работи што сега треба да ја прифатат Македонците е дека, според Охридскиот договор, долго бараниот идеал за Македонија како татковина на Македонците доживеа уназадување. Според новиот Устав, Македонија веќе не е татковина за Македонците на начин како што Албанија е татковина за Албанците, а Грција за Грците. Коментаторите оценија дека уставните измени значат дека македонското општество повеќе не се базира врз "етничкиот" модел како што е случајот со нејзините соседи. Иако меѓународната заедница тој модел сега го нарекува "граѓански", во реалноста се работи за би-етнички модел: пред Охридскиот договор, Македонија беше земја на една нација, македонската, а сега е земја на две нации, македонската и албанската. Како се случи идеалот за татковината за Македонците да претрпи вакво уназадување и што можат луѓето од македонско етничко потекло, вклучувајќи ги и оние што живеат надвор од Македонија, да сторат за да ја изградат Македонија како безбедна, мирољубива и просперитетна земја? Одговорот е во бројките. ГОЛЕМО МАЛЦИНСТВО Во меѓународната политика за малцинствата, бројките играат важна улога. Со право или не, малубројните малцинства имаат мали права, бројните малцинства - големи права. Малцинства од 1-2% има насекаде и тие не се третираат на никаков посебен начин. Оние малцинства што сочинуваат околу 10% од популацијата, какви што се Турците во Бугарија, на пример, се доволно големи за да предизвикаат сериозни внатрешно-политички стресови. Албанците во Македонија, пак, со своите 22.7% од вкупното население, според светските стандарди претставуваат мошне големо малцинство, а таквата големина носи со себе одредени права и привилегии коишто не им се даваат на помалите малцинства. Ова, се разбира, не може да биде извинување за употреба на тероризам или за дестабилизирање на државата, што во случајот со Албанците е уште подрастичен преседан, бидејќи според сите балкански и светски стандарди тие веќе беа привилегирано малцинство. Но, ваквата ситуација со бројките објаснува зошто, на пример, на големите малцинства често им се дозволува официјална употреба на нивниот јазик, што не е случај со малубројните малцинства. Овој меѓунродно-политички факт објаснува зошто Албанците во Македонија постојано претеруваат во презентирање на својот број во вкупното население, спомнувајќи проценти од 30%, па дури и 40%, не водејќи сметка за податоците од неодамнешниот, меѓународно набљудуван попис на населението. Тоа исто така објаснува зошто Грција продолжува да се колне, наспроти сите факти, дека е "98% етнички грчка" и зошто признава само "муслиманско" малцинство, иако цел свет знае дека таму има и Македонци, Турци, Албанци, Бугари, Власи, Роми и др. Затоа грчката влада не презема ништо да ја разјасни целата работа. На тамошниот попис на населението дури и нема графа за етничка припадност на граѓаните. ЧЕТИРИ ПАРАЛЕЛИ По правило, големите малцинства се мошне непопуларни кај владите и кај мнозинската популација, бидејќи тие се третираат како голема политичка и социјална неволја за државата. Уште полошо е кога се работи за состојба каква што е оваа во Македонија кога, покрај големото малцинство, мнозинските етнички Македонци, со само 66.7% од населението, се прилично под нивото на бројност што се среќава кај повеќето етнички мнозинства во светот. Ова претставува "вродена" внатрешна нестабилост. За да ја илустрираме оваа поента, може да погледаме каква е ситуацијата во други четири мултиетнички земји: Австралија, САД, Канада и Фиџи. Австралија стана светски лидер на мултикултурализмот од најмалку две причини: бидејќи доминантната етничка група, во случајов Британци по потекло, сочинуваат околу 75% од населението; и, второ, иако има преку 200 различни малцински етнички групи, најголемата од нив (Италијанците) претставува само 4.3% од вкупното население. Во овој модел, ниту едно малцинство не е доволно големо за да претставува закана за доминантната култура. Тоа е формулата за доготраен мир. Во САД, белите Американци сочинуваат мнозинство од 75.1% од населението, но меѓу малцинствата има две многу големи: Хиспанците и Латините, коишто бројат 12.5% од населението, и Афро-Американците коишто изнесуваат 12.3% од популацијата на САД. Ова се големи проценти. Сепак, нивната очекувана политичка сила е намалена, бидејќи населението е дисперзирано низ целата земја. Доколку секоја од овие етнички групи би се сконцентрирала во одредени држави во САД, нивното право на добивање привилегии би се зголемило. На пример, ако доволно Хиспано-Американци се преселат во Ново Мексико, во Калифорнија или во Тексас, каде што веќе претставуваат прилично силни заедници, и доколку доволно Афро-Американци се преселат, на пример, во Луизијана, Мисисипи или Џорџија, со што секоја од групите би станала мнозинство во овие држави, тогаш сигурно би добиле нови права. Меѓу другото, ако се определат за тоа, би се здобиле и со правото за референдум и отцепување од САД. Токму таква е ситуацијата во Канада, исто така една мултикултурна земја со многу етнички групи. Оние со француско потекло сочинуваат околу 23% од народот, но се работи за компактна група, особено во Квебек каде што на 81% од населението францускиот му е мајчин јазик. Досега Квебек веќе спроведе два референдума за независност - и двата неуспешни само за неколку проценти од гласовите. Ако продолжиме со анализата и го погледнеме Фиџи, гледаме земја што историски имала една доминантна група - Фиџијците - но каде што под управата на британскиот колонијализам биле донесени многу индиски работници чиишто наследници, по Втората светска војна, го надминуваат бројот на домородните Фиџијци. Во 1988 година Индијците освоија мнозинство од парламентарните места, ситуација што стана неподнослива за домородните Фиџијци. Оттогаш во наредните 14 години на Фиџи се случија 3 државни удари за да се зачува владеењето на домородните Фиџијци. По одредено преселување на населението, спроведено од страна на власта, сегашниот етнички микс е 50.8% фияијци и 43.7% индијци. МАКЕДОНСКИ МОДЕЛ Како се вклопува Македонија во овој модел? Мнозинството Македонци сочинуваат 66.7% од популацијата, етничките Албанци се 22.7%, а останатите малцинства се помалку од 4% секое поединечно. Понатаму, Албанците се "набиени" во северозападните делови на земјата и сочинуват мнозинство во Тетово, во Гостивар и во некои други помали места. Ваквата ситуација предодредува долгорочна политичка нестабилност, особено затоа што тековните демографски индикации бележат зголемување на пропорцијата на Албанците во општеството, како и затоа што Албанците покажаа подготвеност за употреба на методи на етничко чистење на македонците за понатамошно "збивање" на сопствената заедница. Корените на македонската демографска дилема лежат во доаѓањето во Македонија на 150.000 Албанци од Косово во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиот век. Да не се случеше ова, Албанците денеска ќе чинеа околу 12.5% од вкупната популација, како што беше случај во 1961 година - тоа ќе беше големо малцинство, но недоволно големо за да н се заканува на политичката стабилност на Македонија како татковина на Македонците. Резултатот на ваквото доселување е таков што процентот на етничките Македонци опадна од 71.2% во 1961 година на сегашните 66.7%. Споредете го ова со, на пример, Словенија, каде што Словенците чинат 88% од популацијата. Словенечката татковина е безбедна и ослободена од етнички поделби, па затоа тие беа во состојба да се сконцентрираат на сопствениот економски развој. Јасно е дека македонските политичари покажаа големо потценување на проблемот, дозволувајќи пропорцијата на етничките Македонци во државата да падне на толку опасно ниско ниво, а пропорцијата на етничките Албанци да се искачи на толку високо ниво. Табелата што ја објавуваме овде го поставува, во меѓународен контекст, проблемот на тоа како е ослабена позицијата на етничкото македонско население во Македонија. Оттука, не би требало да сме изненадени дека стабилноста на земјата сега е разнишана како резултат на тероризмот, вооружените инциденти и состојбата блиска до цивилна војна меѓу двете најголеми етнички групи. КАКО ПОНАТАМУ? Јасно е дека Македонија има потреба да постигне долгорочна политичка и етничка стабилност. Меѓународните споредби покажуваат дека остварувањето на ваквите цели може да се постигне со зголемување на пропорционалната застапеност на мнозинското етничко македонско население на ниво рамно на другите успешни мултикултурни општества. Кое е тоа ниво - е одлука што треба да ја донесат македонските политички водачи и народот. Навистина би било интересно да се види содржината на една таква дискусија во јавноста. Што се однесува до мене, мислам дека бројката што ќе обезбеди сигурност би била минимум од 75% етнички македонци во вкупното население, што би ја доближило Македонија до австралискиот модел којшто, според мене, е најдобро практично докажан во светот. Со таквото подигнување на нивото на етничкиот сооднос би се обезбедиле значајни предности: • јасно би се обезбедила македонија како татковина на Македонците; • Би се избегнала граѓанска војна со Албанците; • Би се обновила хармонијата меѓу етничките групи; • Конечно би се ставил крај на македонските грижи дека Албанците ќе станат мнозинство во државата; • Би се овозможило Македонците да ги направат можни високите стандарди во третманот на малцинствата, вклучувајќи ги и Албанците; • Би се обезбедил драматичен поттик за економијата и нејзиниот развој. КАКО ДА СЕ ПОСТИГНЕ ОВА? Како да се постигне ваквиот пораст, треба исто така да биде дел од една јавна дебата. На пример, тоа не треба да уследи како резултат на намалување на бројката на Албанците, иако и за тоа постојат меѓународно прифатени опции доколку такво нешто се посака. Повеќе би требало да се размислува за постигнување на ваквата состојба со привлекување на етнички Македонци од дијаспората да се вратат во татковината. Нема точни податоци за големината на македонската дијаспора. Но, конзервативните сериозни проценки говорат за 1.5-2 милиони луѓе и за уште 3-4 милиони други, вклучувајќи ги и оние кои се откажале или ја загубиле својата македонска свест. Овие бројки се доволни за постигнување на нашата цел. Поголемиот проблем е како да се мотивира една значителна цифра од нив за да се вратат во Македонија? Досега, ниту една македонска влада не покажа подготвеност да ја употреби популационата политика за постигнување политичка стабилност. И да продолжи таквиот владин став, таквата политика може да се постигне и од страна на самиот народ, само што ќе бара подолго време. Постојат многу иселени Македонци кои би сакале да се вратат и многу раселени Македонци вон Македонија кои би сакале да се преселат во Македонија. Таквите работи се случуваат во континуитет. Многумина би го сториле тоа и по најмало охрабрување. Мнозина од нив чувствуваат силна желба да н помогнат на татковината, а некои од нив би можеле да ја исполнат таа желба со едноставно враќање дома, ставајќи ја својата нога на македонска земја. Но, постојат многумина кои би сакале да се вратат, но кои не гледаат иднина за себе во Македонија, главно од економски причини. Иронично, токму ова ја чини Македонија земја на можности, зашто растот на постојните и започнувањето нови бизниси се области каде што повратниците Македонци би имале и идеи и капитал да направат важен поттик на состојбите. Бројни се успешните бизнисмени и професионалци од дијаспората кои би можеле да обезбедат вистински економски поттик доколку бидат охрабрени да започнат бизнис во Македонија. Дополнително, голем број на повратниците-македонци веднаш ќе ја зголемат побарувачката, а тоа значи и вработувањето, ќе го зголемат капиталниот и професионалниот потенцијал на земјата и ќе ја зголемат формацијата на нови бизниси. На овој начин, ако така се определи, македонската дијаспора може да игра супстанцијална, па дури и решавачка улога во решавањето на тековните политички тензии меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство во земјата, да го забрза економскиот развој и да ги намали поврзаните социјални проблеми, невработеноста и сиромаштијата во Македонија. Ова е еден од начините да се постигне мир и просперитет во Македонија и да се обезбеди нејзината долговечност. Виктор Бивел ([email protected]) е автор и публицист кој живее во Свстралија. Овој напис е објавен во австралиско-македонскиот неделник на почетокот од јули оваа година. Споредба на пропорциите на етничките мнозинства во нивните татковини: Земја Етничко мнозинство % од вкупно население Најголемо малцинство % од вкупно население Јапонија јапонци 99.4 Кореанци 0.6 Албанија Албанци 95.0 Грци 3.0 Ерменија Ерменци 95.0 Курди 2.0 Германија Германци 91.5 Турци 2.4 Романија Романци 89.0 Унгарци 7.1 Хрватска Хрвати 89.6 Срби 4.5 Словенија Словенци 87.8 Хрвати 2.7 Словачка Словаци 85.7 Унгарци 10.7 Тајван Тајванци 84.0 Кинези 14.0 Бугарија Бугари 83.0 Турци 8.5 Британија Англичани 81.5 ?коти 9.6 Сингапур Кинези 77.0 Малајци 14.0 Сад Бели америк. 75.1 Хисп. И латин. 12.5 Австралија Со брит. Потек. 75.0 Италијанци 4.3 Тајланд Таи 75.0 Кинези 14.0 Шри ланка Синхалези 74.0 Тамили 18.0 Македонија (1961 г.) Македонци 71.2 Албанци 12.5 Македонија (1994 г.) Македонци 66.7 Албанци 22.7 Малезија Малајци 58.0 Кинези 26.0 Белгија Фламанци 58.0 Валонци 32.0 Фиџи Фиџијци 50.8 Индијци 43.7 Извор: австралиско биро за статистика, американскиот стејт департмент и разни други национални пописни агенции Иако цифрите за мнозинствата во Албанија и во Бугарија се најверојатно преценети, тие сепак ја покажуваат релативната етничка сила на двата македонски соседи. Меѓународната споредба, пак, покажува дека, како и Македонија, многу мали земји се татковински држави за нивните етнички мнозинства, но за разлика од Македонија тие не се загрозени од опаѓањето на пропорцијата на мнозинството или од растење на бројот на малцинството. Кај нив големината на мнозинствата се доволни за да ја обезбедат стабилноста на нивната татковина. Ова не е случај со Фиџи, којшто трпи огромна политичка и социјална нестабилност, и со Малезија, во којашто мораа да бидат спроведени бројни програми со афирмативни акции за да се зачува позицијата на мнозинството во рамките на неговата татковина. Во Шри Ланка, на пример, каде што Тамилите изнесуваат 18% од вкупното население, се уште се води долгогодишна граѓанска војна меѓу двете етнички групи. Интересна е и состојбата во Хрватска, каде што Србите беа 12.5% малцинство, се до неодамнешната граѓанска војна по која нивниот број опадна на 4.5%. Белгија е еден интересен случај, каде што мирот меѓу Фламанците, кои говорат холандски, и Валонците, кои говорат француски, се одржува со помош на федералниот систем, заснован врз етнички автономни економски региони. Политичката и социјалната стабилност на етнички мешаните земји исто така зависи и од тоа колку е етнички загрижено, па дури и колку е агресивно малцинството, како и од ставовите на мнозинството во земјата. Сепак, како што покажува и табелата, во принцип постоењето на доминантно етничко мнозинство е силен фактор за социјална стабилност. |
f9 |
Понеделник, 19 Јули 2004
KOLONI MAKEDONCI UTRINAVA SE PRED PODRACNITE EDINICI DA KAZAT EDNO GOLEMO NE NA PREDAVNICKATA POLITIKA NA BRANKO
АЈДЕ МАКЕДОНЦИ!!! ИЗЛЕЗЕТЕ И ПОДДРЖЕТЕ ГО РЕФЕРЕНДУМОТ СО ВАШИОТ ПОТПИС! САМО ТАКА КЕ ЈА СПАСИМЕ НАШАТА МАКЕДОНИЈА!!! СИТЕ НА ПОТПИСИ!!! |
f9 |
Почитувани граѓани, локалната самоуправа е Ваше право, а не волја на власта! Вашата волја е обврска за власта!
Проблемот на локалната самоуправа не е во нејзината територијална организација, туку во децентрализацијата на власта, што не значи нова територијална поделба, туку пренесување на уставните изворни надлежности и приходи од централната власт на општините и градот Скопје, што власта неодговорно го пролонгира цели 13 години! Можеби актуелната територијална организација на локалната самоуправа не е идеална, но е оптимална и тоа е единствено решение за стабилност, мир и меѓуетничка толеранција и доверба! Секоја друга варијанта води кон свесна, а непотребна дестабилизација, забрзано тивко етничко чистење, дезинтеграција и етничка поделба на земјата. Развојот на недоволно развиените општини не се решава со нивно укинување поради наводно недоволен капацитет за остварување на уставните надлежности, туку со национална стратегија за недоволно развиените подрачја како услов за развој на земјата во целина, репатријација, миграција град-село и производство на здрава храна и енергија. Впрочем општините и по актуелниот Закон за локална самоуправа имаат право да формираат заеднички јавни служби и административни тела!
Дури и Охридскиот договор не утврдил обврска за промена на бројот на општините и општинските граници. Охридскиот договор декларира само “ревизија на општинските граници од страна на локалните и националните власти со меѓународно учество”, но не и промена на бројот на општините и на општинските граници, бидејќи ревизијата значи проверка па и потврда, а проверката не значи промена на бројот на општините и општинските граници, во услови кога Владата ги отфрла општинските референдуми за непроменливост на општинските граници во дури 41 општина! Охридскиот договор сосема децидно утврдил дека “нема територијални решенија за етничките прашања”! И токму поради тоа ова не е референдум против некого, ова е референдум за сите!
Ниту апликацијата или членството во Европската Унија и НАТО се условени од нова територијална организација на локалната самоуправа. Во согласност со Европската повелба за локална самоуправа и препораките на Советот на Европа, територијалната организација на локалната самоуправа е внатрешно прашање само на граѓаните на Македонија!
Затоа, почитувани граѓани, ако референдумот од 8 септември 1991 година беше референдум за независност на Македонија, ова е референдум за интегритет на државноста на Македонија!
Граѓаните имаат единствена и неповторлива историска шанса да ја сочуваат унитарноста и суверенитетот на земјата! Ова е историска одлука за извесна иднина, за мир и развој - ова е одлука на граѓаните за Македонија!
Влогот е државата и нашата иднина, генерациите пред нас, како завет за генерациите зад нас! Ниту еден мандат не ќе може да го покрие интегритетот на државата, ако сега се пропушти историската шанса! Вашиот потпис за референдум е гаранција против етничка поделба на Македонија! Патем и Албанците се против новата територијална поделба на Македонија, независно од волјата на партиските лидерства опсервирани од определени странски дипломати, најверојатно со цел имплементација на босанскиот модел и во Македонија што значи етничка кантонизација на земјата. Исто како што војната 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците или меѓу христијаните и муслиманите, туку строго контролиран воен конфликт за остварување на определени гео-стратешки интереси на некои големи сили на овие простори во што беа злоупотребени и вовлечени и Македонците и Албанците.
Појдете најбрзо што можете во најблиската месна канцеларија (матичната служба во канцелариите на месната заедница) и подрачно одделение (седиштето на општината) на Министерството за правда каде што се води избирачкиот список, со лична карта или пасош, секој работен ден и сабота од 8 до 16 часот, а секоја среда до 20 часот и дајте го Вашиот потпис за поддршка на граѓанската иницијатива за референдум за непроменливост на бројот на општините (123 општини и седумте во Градот Скопје), подрачјата за кои се формирани и границите меѓу нив утврдени со Законот од 1996 година!
Со 150.000 потписи Собранието е должно да распише референдум во рок од 30 дена од денот на приемот на иницијативата. Референдумот треба да се одржи не подоцна од 90 а не порано од 60 дена од денот на неговото распишување. Одлуката на референдумот е усвоена ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна! Доколку и ги донесе законите за нова територијална поделба на Македонија, Собранието е должно да ги почитува резултатите од референдумот и во рок од 60 дена од неговото одржување мора да ја врати територијалната поделба на Македонија од 1996 година, ставајќи ги вон сила законите за нова територијална поделба на земјата. Само граѓаните имаат право да решаваат за вака важно прашање за развојот на земјата!
Независно од етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност, референдумот е за сите! Со новата територијална поделба на Македонија никој не добива, губиме сите! Подобро да изгубиме макар и еден ден од својот живот во мир, барајќи го шалтерот за да го ставиме својот потпис, за да не го изгубиме сите заедно мирот за цел живот!
ПОТПИШЕТЕ СЕ!
СЕ РАБОТИ ЗА СИТЕ НАС!
=========================
Потписи од избирачите за поддршка на граѓанската иницијатива за распишување референдум за непроменливост на бројот на општините, подрачјата за кои се формирани и границите меѓу нив утврдени со законите од 1996 година се собираат во 91 месна канцеларија и 34 подрачни одделенија.
Подрачните одделенија (ПО) и месните канцеларии (МК) на министерството за правда каде се собираат потписи се: ПО Берово, со МК Пехчево; ПО Битола, со МК: Бистрица, Новаци, Бач, Старавина, Могила, Кукуречани, Цапари, Добрушево; ПО Македонски Брод, со МК: Самоков; ПО Валандово; ПО Виница, со МК Блатец; ПО Гевгелија, со МК: Миравци, Богданци, Нов Дојран; ПО Гостивар, со МК: Неготино-Полошко, Врапчиште, Ростуша, Маврови Анови, Чегране, Симница, Србиново, Вруток; ПО Дебар, со МК Центар Жупа; ПО Делчево, со МК Македонска Каменица; ПО Демир Хисар, со МК Доленци; ПО Кавадарци, со МК: Конопиште, Росоман; ПО Кичево, со МК: Другово, Осломеј, Челопеци, Светораче, Зајас; ПО Кочани, со МК: Чешиново, Облешево, Зрновци, Оризари; ПО Кратово; ПО Крива Паланка, со МК Ранковце; ПО Куманово, со МК: Липково, Орашац, Клечовце, Старо Нагоричане; ПО Крушево, со МК Житоше; ПО Неготино, со МК Демир Капија; ПО Охрид, со МК: Белчишта, Косел, Мешеишта; ПО Прилеп, со МК: Долнени, Тополчани, Кривогаштани, Витолиште; ПО Пробиштип, со МК Злетово; ПО Радовиш, со МК: Конче, Подареш; ПО Ресен; ПО Свети Николе, со МК Лозово; ПО Струмица, со МК: Ново Село, Василево, Босилово, Куклиш, Муртино; ПО Струга, со МК: Луково, Мислодежда, Лабуништа, Велешта, Вевчани; ПО Тетово, со МК: Џепчиште, Теарце, Брвеница, Камењане, Боговиње, Шипковица, Желино, Јегуновце, Вратница; ПО Велес, со МК: Богомила, Градско, Чашка, Извор; ПО Штип, со МК: Радање, Долни Балван; ПО Скопје-Гази Баба, со МК: Арачиново, Илинден, Петровец; ПО Скопје-Карпош, со МК: Ѓорче Петров, Сарај, Кондово; ПО Скопје-Кисела Вода, со МК: Зелениково, Ракотинци, Јаболце, Студеничани; ПО Скопје-Центар; и ПО Скопје-Чаир, со МК: Сандево, Шуто Оризари.
|
f9 |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СМК ТОДОР ПЕТРОВ ДО ГРАЃАНИТЕ ВО ВРСКА СО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА РАСПИШУВАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА НЕПРОМЕНЛИВОСТ НА БРОЈОТ НА ОПШТИНИТЕ, ПОДРАЧЈАТА ЗА КОИ СЕ ФОРМИРАНИ И ГРАНИЦИТЕ МЕЃУ НИВ
7 април 2004 година, Скопје, Македонија - Претседателот на Светскиот македонски конгрес г. Тодор Петров денес јавно се обрати до граѓаните на Република Македонија во врска со иницијативата на Светскиот македонски конгрес за собирање 150.000 потписи од избирачи кои како овластени предлагачи на Собранието на Република Македонија ќе му предложат распишување референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат со “за” или “против” дали се за територијалната организација на локалната самоуправа утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на општините и законот за Градот Скопје од 1996 година, што значи да се задржат сите 123 општини и седумте во градот Скопје утврдени со законите од 1996 година.
Во своето обраќање претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров вели: “Почитувани граѓани, Македонија се наоѓа пред претседателски избори. Треба да избереме претседател, поради трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.
Сепак, не треба да заборавиме дека најважното прашање во државата е најавената територијална организација на локалната самоуправа. Претседател можеби ќе имаме наредните 5 години, но прашање е што ќе остане од државата после 5 години. Можеби и смртта на Трајковски, фрлената коска за глодање - изборот на нов претседател, е во функција да се сврти вниманието на јавноста од најавената етничка поделба на Македонија. Бидејќи, она што можеме да го изгубиме сега, не ќе можеме да го повратиме никогаш, освен со референдум или, било да не се повтори, со војна.
Во 2001 година водевме војна, но границите не ги променивме, земјата не ја поделивме. Жално е ако во 2004 година со уцени и закани, во мир и на зелен чаршаф, тоа го сториме.
Затоа, почитувани граѓани, и покрај претседателските избори, никогаш не заборавајте дека најавената територијална организација на локалната самоуправа е најсудбоносното прашање за сите нас и земјата, и дека локалната самоуправа е Ваше право, а не волја на власта! Вашата волја е обврска за власта!
Проблемот на локалната самоуправа не е во нејзината територијална организација, туку во децентрализацијата на власта, што не значи нова територијална поделба, туку пренесување на уставните изворни надлежности и приходи од централната власт на општините и градот Скопје! Можеби актуелната територијална организација на локалната самоуправа не е идеално решение, но е оптимално, затоа што промената на една општинска граница, значи етничка поделба и промена на сите општински граници! Децентрализацијата не значи ниту укинување на недоволно развиените општини бидејќи повеќе општини и по актуелниот Закон за локална самоуправа имаат право да формираат заеднички јавни служби и административни тела! Само национална стратегија за недоволно развиените општини, односно подрачја е услов за развој на земјата во целина, репатријација и миграција град-село. Владиниот предлог за нова територијална организација на локалната самоуправа не смее да биде покритие за одговорноста на власта која цели 13 години го одлагаше пренесувањето на уставните изворни надлежности и приходи од централната власт на општините и градот Скопје. А, за успешна децентрализација с# уште фалат неколку стотини материјални закони кои тоа ќе го регулираат!
Почитувани Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Еѓипќани,
Општествената интеграција како афирмација на етничкиот, јазичниот, културниот, верскиот и историскиот идентитет на македонскиот народ и заедниците, а не како нивна асимилација, е фактор за мир и развој, стабилност и просперитет, толеранција, сожителство и меѓусебна доверба. Дури и Охридскиот договор утврдил дека “нема територијални решенија за етничките прашања”! И токму поради тоа, ова не е референдум против некого, ова е референдум за сите! Точно е дека Охридскиот договор декларира ревизија на општинските граници, а не и на бројот на општините, но ревизијата значи проверка, а проверката не значи промена! Имаме историска одговорност да не го пренесеме босанскиот модел во Македонија и цврсто да се спротиставиме на етничките поделби, размената на територии и население, расизмот и ксенофобијата и прекројувањето на општинските граници со механичко припојување на села кон општини со цел промена на етничката структура на населението! Оттука, депласирана е и тезата дека урбаните општини се резервирани само за Македонците, а руралните за Албанците. Да не заборавиме дека од селата во градовите од 1941 година до денес се селеа Македонците од времето на колективизацијата која за Албанците не важеше, а Албанци во селата се населуваа од Косово и Албанија. Затоа апсурдно е тврдењето дека и градовите во Македонија со механичко придодавање на села, треба да се поделат според пописните проценти на етничките заедници, затоа што токму тоа ќе предизвика нов бран етничко чистење и миграција на Македонците и од овие градови према странство или другите делови на земјата.
Од друга страна, изворите на вода за пиење во Македонија не може да се остават под контрола на припадниците на само една малцинска етничка заедница. Липково 2001 година е добра поука за геноцидот врз Кумановчани. Зошто, ако светот денес војува за контрола на изворите на енергија, утре тоа ќе го прави за контрола на изворите на вода за пиење. А, покрај Липково, тука се и Рашче, Матка, Треска, Шарските води, Вруток, Радика, Мавровското езеро, Дебарското езеро, Црн Дрим, прагот на Охридското езеро, Студенчица, изворот Тополка на вода за пиење за Велешани...
Македонците не се плашат од Албанците, ниту Албанците имаат причина да се плашат од Македонците. Ќе дојде ден кога сите ќе сватиме дека војната во 2001 година не беше војна меѓу Македонците и Албанците или меѓу христијаните и муслиманите, туку строго контролиран ограничен воен конфликт со цел имплементација на определени глобални интереси на овие простори во што беа вовлечени и злоупотребени и Македонците и Албанците. Не можат да не учат на сожителство демократии кои постојат само 200 години, ако на овие простори живееме илјадници години, со јазик, вера, култура, историја и писменост. Се разбира, борбата за ред и поредок, а против организираниот криминал, не значи повреда на човековите, граѓанските и малцинските права и слободи.
Ниту апликацијата или членството во Европската Унија се условени од нова територијална организација на локалната самоуправа. Во согласност со Европската конвенција за локална самоуправа и препораките на Советот на Европа, територијалната организација на локалната самоуправа е внатрешно прашање само на граѓаните на Македонија!
Затоа, почитувани граѓани, ако референдумот од 8 септември 1991 година беше референдум за независност на Македонија, ова е референдум за интегритет на државноста на Македонија! Ова е референдум за национално помирување и меѓусебно почитување!
Граѓаните имаат единствена и неповторлива шанса да ја сочуваат унитарноста и суверенитетот на земјата! Ова е историска одлука за извесна иднина, за мир и развој - ова е одлука на граѓаните - за Македонија! Влогот е државата и нашата иднина, генерациите пред нас, како завет за генерациите зад нас! Ниту еден мандат не ќе може да го покрие изгубениот интегритет на државата, ако сега се пропушти историската шанса! Вашиот потпис за референдум е гаранција против етничка поделба на Македонија!
Затоа, почитувани граѓани, иако имаме обврска до 23 август оваа година, појдете најбрзо што можете, ако не вчера тогаш уште денес, во најблиската месна канцеларија (каде што е матичната служба) и подрачно одделение (во општината) на Министерството за правда, со лична карта или пасош, секој работен ден и сабота од 8 до 16 часот, а секоја среда до 20 часот и дајте го Вашиот потпис за поддршка на граѓанската иницијатива за референдум за непроменливост на бројот на општините (123 општини и седумте во Градот Скопје), подрачјата за кои се формирани и границите меѓу нив утврдени со Законот од 1996 година! Потрошете десетина минути, макар и еден час од Вашиот живот, за да не го изгубиме мирот - за цел живот!
Почитувани граѓани,
Секоја власт и амбасадор во Македонија се менливи и минливи. Политичарите доаѓаат и заминуваат. Некои на пиедестал, а некои на буништето на историјата. Останува народот кој е вечен.
Кога политичарите тоа не го чинат, народот и граѓаните имаат право на самозаштитат со најсилното оружје - референдумот!
Со 150.000 потписи, Собранието е должно да распише референдум, а одлуката на референдум е задолжителна за власта! Само граѓаните имаат право да решаваат за вака важно прашање за развојот на земјата!
Референдумот е најсилното оружје на еден народ!-
Да го употребиме, да се обединиме, за да опстанеме!
Независно од етничкото потекло, верското уверување и партиската припадност, референдумот е за сите! Во спротивно никој не добива, губиме сите!
Потпишете се!
Се работи за сите нас!
За секоја информација и забелешка граѓаните можат да се јавуваат на службените телефони на Светскиот македонски конгрес - 070 591 619, 075 410 126, 075 546 012 и телефон/факс 02 3216 200, 02 3216 201 и 02 3216 202.
|
Homer MakeDonski |
quote: Originally posted by f9
Охридскиот договор декларира само “ревизија на општинските граници од страна на локалните и националните власти со меѓународно учество”, но не и промена на бројот на општините и на општинските граници, бидејќи ревизијата значи проверка па и потврда, а проверката не значи промена на бројот на општините и општинските граници, во услови кога Владата ги отфрла општинските референдуми за непроменливост на општинските граници во дури 41 општина! Охридскиот договор сосема децидно утврдил дека “нема територијални решенија за етничките прашања”!
Аристотеле
од декларираното се согледуваат неколку работи
-непостоење на Законска одредба ,за промена на општинските граници
-непочитување на Законска одредба
-свесно прекршување на Законска одредба
Постоење на ситуација на противзаконско дејствие на најмалку ТРИ страни инволвирани во дејствието со кое се прави прекршок:
-американската
-шиптарската
-претседателот на РМ
Мене ме интересира какви санкции се предвидени за непочитување на Законските одредби од Охридскиот Договор ?
Ако има предвидена и најмала можност во насока на санкционирање на вакви недозволени работи тогаш најпрвин , да се побара одговорност која ќе биде базирана токму на Рамковниот договор
-и за посредниците
- и за едната
- за другата страна во оваа пазарење
За ваквото противзаконско дејствие би требало агресивно да се информира целокупната меѓународна заедница.
За ваквото противзаконско дејствие треба да се побараат Законските решенија за непочитување на Рамковниот договор и ако се најдат виновни ,да се суди најпрво по таа основа .
А санкциите за непочитување на договореното да се побараат за секој поединечно што учествува во ваквото противзаконско дејство
Зарем да има нешто чудно во тоа освен да се бара одговорност за непочитување на сопствениот потпис .
Обвинете ги и пред нашата и пред светската јавност.
Хомер МакеДонски |
Deemer |
Po legalni patista i sudovi nisto ne se se dobiva...kako da igras karti so gavolot...mora da zaigra stap ako sakas nesto da promenis. homere proveri si ja postata na strumica :) pozdrav |
BorisVM |
quote: Originally posted by marko_polog
Nema vrska sega koj za kogo glasal, i tie sto glasale za SDS ke vidat ista maka kako i ostanatite vo tie regioni kade sto ke rakovodat UCK, e togas ili ke zemat puska ili povtorno ke ja baraat krivicata izmedju sebe.
Boris, gresis ako mislis nisto ne vredat protesti, ili ke bide povtorno "sekoe chudo za tri dena" i ke se sprovede ova predadstvo ili narodot od cela Makedonija vo sobranie i ...
Ne gresham i ce vidish deka ne gresham vo narednite dva meseci. Posle potpishuvanjeto na dogovorot, za da ima socijalen mir, Makedonija ce dobie ogromni pari, ama za zhal vo vid na zaemi.
Nadovrzano so ova e vleguvanjeto vo NATO 2006-7. Ova e mnogu dobro poznata rabota, taka da sega se gleda da se grabne kolku shto mozhe da se grabne, pred da se stane clenka na NATO. |
f9 |
Во Струга Струшки вечери на отпорот
„Јас ќе се придружам на граѓанската иницијатива за зачувување на Струга во постојните граници. Ќе го искажам своето мислење и поддршка дека не треба да се менува етничкиот состав и да не се разнебитува слогата која ја има Струга со сите жители без разлика на народноста. Мојот акцент во говорот ќе го поставам на следново: „Со овој чин на прекројување на општинските синори без желба на народот се вршат преселби и потиснувања, менување на граници и федерализација. Зарем овде пред неколку години не зачна идејата за Илирида за Голема Албанија, зарем со ова ново кроење власта не им ја исполнува желбата на тие што тоа го заговараа“
„Зарем се заборава на сето она што се даде и вгради во оваа држава во овие 60 години“
„Пресни ни се сеќавањата кога германските окупатори подрачјето на Струга и го дадоа на фашистичка Албанија чии граници се протегаа од Подмоље преку Кичево, Гостивар, Тетово до Скопје. Зарем повторно ќе ја кроиме истата карта, зарем се заборава на сето она што се даде и вгради во оваа држава во овие 60 години на слобода и независнот стекнати со страдања и жртви. Зарем со вакво ново кроење и враќање на старите граници се сакало на овој мирољубив град да му се разнебити слогата и соживотот“, изјави Јован Стрезовски писател.
=========================
Reakciite na Albancite...PORAZ NA BRANKOVATA ODBRANA
Албанскиот јазик станува втор официјален јазик во Македонија. Тоа што вчера беше ерес, денес се оствари, а утре треба да се унапреди“, пишува тиранскиот дневен весник „Коха јоне“.
Весникот наведува дека денес во Македонија 90 отсто од Албанците знаат македонски, а само 2 отсто од Македонците знаат албански. Со новата територијална поделба Македонците ќе мора да научат албански, пишува „Коха јоне“.
Дневниот весник на албански јазик „Факти“ договорот за новата територијална карта го квалификува како победа на ДУИ зашто „покрај двојазичноста во Скопје, и Струга станува со албанско доминантно население.“ Весникот им препорачува на македонските академици да го научат албанскиот јазик.
„Македонските академици убаво е да го научат албанскиот јазик за полесно да се афирмираат во поширокото културно поле со античка традиција“, коментира „Факти“. Во врска со останувањето на Кичево во постојните граници весникот пишува дека таа општина „го прекинува албанскиот коридор како што сакаат македонскиот политички блок и МАНУ“.
Лидерот на ДПА, Арбен Џафери, во колумна за „Факти“ забележува дека „Албанците го слават како победа враќањето во претходните општински граници“.
По постигнувањето на договорот „Фљака“ на насловната страница објави: „Скопје двојазично, Струга целосно наша, Кичево условно“.
„Деведесет отсто од барањата на Албанците се остварени, албанските преговарачи се покажаа многу мудри, постигнаа се што е можно. Не е ни малку, ни лесно да се добие двојазичност во метрополата. Еден град да стане со мнозинско албанско население, а друг да стане албански во 2008 година“, се вели во изјавите на професорот по историја Исмет Селими и педагогот Урим Бектеши дадени за „Фљака“. Албанскиот интелектуалец Али Алиу во интервју за истиот весник наведува:
„Во Скопје албанскиот јазик опстојува со векови. Чуди реакцијата на Македонците против употребата на албанскиот јазик во главниот град“. Според „Коха диторе“, „јавувањата од Брисел и Батлер донесоа договор за територијална поделба“.
Тачи: Македонците планираат војна со Албанците
Македонците се подготвуваат за војна со Албанците затоа што територијалната поделба се прави на воена основа, пренесува изјава на потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, дневниот весник на албански јазик „Коха диторе“.
„Формирањето енклави остава да се подразбере дека Македонците планираат да војуваат со нас затоа што и поделбата се прави на воени основи“, изјавува Тачи на прес-конференција во Струга.
Според потпретседателот на ДПА, територијалната поделба е штетен компромис за Албанците, затоа што формирањето македонски енклави, како општините Чучер Сандево и Маврово, сведочи дека СДСМ прави пазари во албанскиот двор.
„Струга е испазарена за македонските енклави на границите со Косово и Албанија - Чучер Сандево и Маврово. Маврово има 3.000 жители, а има површина петпати поголема од површината на Гостивар, кој има 80.000 жители“, изјавил Тачи.
За двојазичноста на Скопје Тачи рекол дека треба да решава градскиот совет, во кој 80 отсто се Македонци. „Сарај и Кондово со спојувањето со Скопје не требаше да ги загубат компетенциите што ги дава децентрализацијата“, рекол Тачи.
===========================
опозициЈата спрема БЛОКАДА НА РАСПРАВАТА ЗА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА
Жив ѕид пред Собранието
Тоа ќе биде последна мерка со која ќе го спречиме усвојувањето на овие закони, вели Зоран Витанов од Социјалистичката партија
Со жив ѕид на вратите на Собранието ќе спречиме пратениците да расправаат за новата територијална поделба, порача Зоран Витанов, портпарол на Социјалистичката партија.
- Тоа ќе биде последна мерка, со која ќе го спречиме усвојувањето на овие закони. Затоа апелираме до пратениците што треба да го верифицираат предавството на Бранко Црвенковски да се свртат кон граѓаните и да видат дали имаат мандат за тоа - изјави Витанов.
Ако пратениците го изберат Црвенковски, граѓаните со физички блокади на влезовите во парламентот ќе ја спречат расправата за пакетот закони за децентрализацијата, најави портпаролот на СП.
- Блокадите ќе ги постават граѓаните без никакви партиски обележја. Интерес за тоа пројавија и многу видни личности како Борис Трајанов, Божин Павловски, Блаже Ристовски, отец Стефан Санџаковски и многу други - вели Витанов.
Широкиот опозициски фронт предводен од ВМРО-ДПМНЕ, ЛП и "Третиот пат" денеска треба да ја потпишат Декларацијата за зачувувањето на македонската демократија, со кој ќе се изрази револтот против новата територијална поделба. Вчера, како што дознаваме, требаше да се сретнат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Васил Тупурковски од "Третиот пат" за да го усогласат текстот на Декларацијата. На состанокот требаше и да се дефинираат и деталите од организирањето голем протестен митинг.
Во игра се две варијанти - протестот да се одржи на 25 јули пред Собранието, еден ден пред почетокот на расправата за децентрализацијата, или, пак, наредниот ден за кога е закажана седницата.
Од друга страна, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, повика на 25 јули да се одржи масовен народен митинг. Според него блокирањето на патиштата и свирењето по улиците на Скопје нема да го спречат изгласувањето на законите во Собранието, туку тоа може да го стори само иницијативата за референдум на Светскиот македонски конгрес.
Од партијата на Груевски ваквите ставови ги оценуваат како обид да се сврти вниманието на јавноста од велепредавството на СДСМ.
"Остро осудувајќи го ваквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите македонски граѓани да се сплотат околу широкиот опозициски фронт и заедно да ја спречиме делбата на Македонија", се вели во партиското соопштение
==============================
ДИСЦИПЛИНА
МТВ го замолчи дописникот од Струга
Дописникот на Македонската телевизија од Струга, Витомир Долински, е суспендиран од работното место поради учество на блокадите на автопатот Струга - Скопје, кои ги организираат стружани поради промената на општинските граници.
- Долински е суспендиран од работното место врз основа на правните акти на МТВ и поради прекршување на Кодексот на новинари. Наместо да ја извршува професијата за која е платен, тој се вклучил во блокирањето на патот. Доказ за тоа е и прекршочната пријава што ја поднесе МВР против него поради учеството на блокадите. Тој ја провоцирал полицијата за да предизвика инцидент и да прикаже дека наводно е малтретиран од полицајците - изјави Горица Попова, главна уредничка во МТВ.
Струшкиот новинарски актив оценува дека МТВ го суспендирала Долински поради начинот како известувал за отпорот на стружани на владиниот предлог за територијалната поделба.
- Известувањето според желбата на уредникот е последица од минатото. Но очигледно се уште постојат задачи за кои се носи и соодветно мастило - реагираа струшките новинари.
Очекувајќи го решението за суспендирање, Долински вели дека е навреден од односот на одговорните од МТВ кон него.
======================
Светскиот македонски конгрес (СМК) очекува граѓаните масовно да се потпишат за иницијативата за распишување референдум за непроменливост на општинските граници. Ако бидат собрани 150.000 потписи, Собранието мора да распише референдум на кој граѓаните ќе може да се изјаснат дали се за постојните општини или за нивна промена. Резултатот од референдумот е задолжителен за сите државни институции.
- Посматрачите што го следат собирањето на потписите ме известија дека во Струга, Кичево, Скопје, Битола и во Прилеп значително е зголемен бројот на граѓаните што се потпишуваат за поддршка на иницијативата. Тоа е резултат и на поддршката што ни ја даваат опозициските партии. Деновиве ќе ја засилиме и медиумската кампања и се надевам дека до крајниот рок, 23 август, ќе бидат собрани потребните 150 илјади потписи - изјави Тодор Петров, претседател на СМК.
Професорот по уставно право Саво Климовски вели дека Собранието е должно да распише референдум кога предлог за тоа ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.
===================
СТРУЖАНИ ПОРАЧУВААТ
Нема добредојде за Хари Костов
Ако предавникот на Македонија Хари Костов дојде во Струга, треба да се извини и да го повлече предлогот за поделба на земјата. Во спротивно, тој ќе се соочи со масовни протести, најави Ромео Деребан, градоначалникот на Струга.
Од Кабинетот на премиерот вчера информираа дека до крајот на неделава Костов ќе ја посети Струга за да им објасни на граѓаните зошто Владата одлучила кон таа општина да припои и рурални средини, со што Струга станува доминантно албанска.
- Ако новата територијална поделба биде усвоена, од оваа влада ќе бараме да даде оставка и ќе инсистираме да се одржат предвремени парламентарни избори - рече Деребан.
Тој потсети дека граѓаните на Струга својот револт кон тие што преговараа со ДУИ го изрази со тоа што ги прогласи за предавници на Македонија.
- Во тек е постапка со која ќе ги прогласиме Бранко Црвенковски, Хари Костов, Ристо Пенов и Александар Гештаковски за персони нон грата во Струга. Одлуката ја носи Советот на градот, а веќе се собираат и потписи од граѓаните - додаде Деребан.
-------------
НЕГОТИНО
Со сирени пред куќата на пратеникот од СДСМ
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика граѓаните да протестираат со автомобили со вклучени сирени пред куќата на пратеникот на СДСМ од Неготино, Јанаќе Витановски.
-Така граѓаните ќе го искажат својот протест против владиниот предлог за територијалната поделба на земјава, односно против тргувањето со државните меѓи и создавањето услови за формирање Голема Албанија -рече на вчерашната прес-конференција, Мите Јовановски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино.
Својот револт на прес-конференцијата го изразија и членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци.
=================
Frchko frchi....
Па ако Албанците беа Англичани, немаше да има ни војна во Македонија, пусти Премиере! Немаше ни косовските Роми да се плашат да се вратат на Косово, во своите домови стравувајќи од репресија. Немаше сите од ред малцинства каде што Албанците се мнозинство, да се под притисок и исклучителен висок степен на криминал и ризик за сопственоста и "микробезбедноста". Да се Албанците Англичани не би ја поддржале оваа Влада, не се сомневаме во тоа воопшто! Дали се ова предрасуди или факти и како тие факти да се објаснат со вака моронска реченица на обвинување кон наводниот македонски национализам? ...Вие ја претворивте ТОЛЕРАНЦИЈАТА во она значење што и го придава католичкиот поет Пол Клодел (Paula Klaudela): куќата на толеранцијата е БОРДЕЛОТ. Во истиот тој момент ќе бидете одговорни за порастот на меѓуетничките тензии и омраза (која во Македонија ја немало во критичка мера) поради суштественото одбивање на Македонците да бидат силувани со двојазичноста на главниот град. Вие ќе бидете одговорни за остварување на екстремистичката Албанска закана од второто или третото КОМУНИКАТЕ за време на војната 2001 г.: "...дека неалбанско знаме на тетовското Кале, туку албанско знаме на скопското Кале ќе се вее, како знак на доминација и победа..."...Вие, драги мои морони, го удавивте "детето" за кое мислевте дека го доите на вашите гради - рамковниот договор. Го удушивте сиротото на виме. Го пробивте во најосетливата и најважна одредба: дека не смее да има територијални решенија за етничките права!Основниот дух и слово на Рамковниот договор е одржување и заштита на мултикултурата, и на национално и на локално ниво. Вие ја упропастивте таа идеја (не разбирајќи ја и не верувајќи во неа) и ја заменивте во насилно и босанско "пребројување": замена на едно мнозинство со друго и претворање на едно малцинство во друго??? Сега веројатно мислите дека треба само да викнете, во манир на легендата, македонскиот тенор ДОНАТЕЛО: ИНСТРУМЕНТАЛ и оркестарот од вашите пратеници автоматски да гласаат и да ја санкционираат во закон вашата глупост? Или да викнете во манир на истата легенда: ОРИЕНТАЛ и албанскиот оркестар од пратеници да ја озаконат истата глупост?
Но, Вие не сте Донатело! Донатело е маестро, а Вие сте ГЛАУЧИ!
Љубомир Д. Фрчковски
=====================
СТРУГА - Со песната "Т'га за југ°, со која традиционално се отвораат Струшките вечери на поезијата, синоќа на мостот на поезијата беа отворени Струшките вечери на отпорот како континуиран протест на граѓаните против предлогот за нова територијална поделба. Секоја вечер на овој специфичен протест ќе настапуваат познати писатели и уредници, а организаторите предвиделе и претставување на новата антологија на македонските антиписатели во која, всушност, ќе бидат читани изјави на македонски политичари поврзани со територијалната поделба.
Во Струга од вчера почнаа да пристигнуваат и телеграми со поддршка од интелектуалци и писатели од странство, а некои од нив имаат запишано и специјални поетски остварувања за поддршка на стружани. Телеграмите и песните ќе се читаат секоја вечер на мостот на поезијата, а се најавува дека потоа ќе бидат публикувани како траен документ за борбата на стружани да живеат во општина по желба и според потребите на своите граѓани, а не во постојани меѓуетнички тензии.
Во Струга и натаму атмосферата е видно наелектризирана, па покрај одржувањето на Струшките вечери на отпорот не е исклучено дека може да има и порадикални изрази на граѓанско незадоволство. Од Кризниот штаб за спас на Струга, во кој партиципираат претставници на сите партии од македонскиот политички блок и невладините организации, очекуваат дека сегашните протести се доволна опомена и се надеваат дека конечно владејачките структури ќе го слушнат гласот на народот
------------------
СТРУГА СЕ ЧУВСТВУВА ПРЕДАДЕНА И ПОНИЖЕНА
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ
По дознавањето на одлуката за новите граници на општината, Македонците од Струга и Струшко не можат да се смират и да го прифатат фактот дека таа ќе биде со доминантно албанско население. Тие сметаат дека власта ги предала и се испазарила со нив за да оствари некоја политичка цел. Револтот е огромен. Ниту еден разговор не почнува, ниту пак завршува без да се спомнат имињата на луѓето од државниот врв, кои се прогласуваат за најголеми предавници на Македонија и на македонската кауза. Токму поради тоа, заканите упатени на адреса на претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Хари Коств и министерот за локална самоуправа, Александар Гештаковски, изгледа дека не се обичен блеф. Колку е препорачливо, барем деновиве, додека не се потсмират силните страсти и не спласне огорченоста, тие да навраќаат во Струга треба самите да направат процена
=================
Постојани закани кон народните избраници Пратениците се плашат од “линч“
Пратениците од македонските владејачки партии се исплашени за својата безбедност по завршувањето на преговорите за територијална организација. Како што ни се пожалија вчера, тие деновиве биле постојана цел на напади од јавноста. “Добиваме писма со закани, ни се јавуваат на мобилните, н#232; нарекуваат предавници“, велат пратениците. Неизвесноста ги плаши нашите народни избраници, кои од понеделник ќе се соочат и со блокади на парламентот, кога на дневен ред ќе се најдат пакет-законите за децентрализација. Но, дел од пратениците не се загрижени за нивната безбедност.
|
f9 |
20 јули 2004 година, Барендрехт, Холандија - Македонската Заедница во Холандија најостро ја осудува предложената територијална поделба на Македонија од страна на коалицијата СДСМ-ДУИ (т.е. ОНА). Коалиционите партнери треба да ја испочитуваат вољата на мнозинството на граѓаните на Македонија, но наместо тоа досега гледаме само задоволување на нечии апетити кои територијалната поделба ја прават исклучиво по етнички критериуми и со цел воведување вештачка двојазичност.
Никој ништо не губи со децентрализацијата и не е проблем албанскиот јазик ако во моментов во Скопје живеат 20% Албанци. Проблемот е што тие 20% реално ги нема. Истото се однесува на општините Струга и Кичево каде во мнозинство е македонскиот народ. Но реалноста се искривува и општинските граници се менуваат вештачки за да се постигне тој процент кој го бара албанскиот блок, а ветен од Македонскиот претседател (т.е. тогашен премиер). Децентрализацијата не го плаши македонскиот народ, но само кога таа се спроведува по европски правила и критериуми, а не по партиски, најмалку по етнички принцип на вештачка основа. Тоа граѓаните на Македонија не треба да го дозволат. |
n/a |
ФТ: „Договорот е триумф на политичкиот разум“
Спогодбата за локалната власт во Македонија е триумф на политичкиот разум, се вели во анализата на уредничкиот коментар на лондоски „Фајнешнл тамјс“, според кој власта во државата ќе биде поделена меѓу мнозинството Македонци и малцинството Албанци.
Весникот пишува дека „примерот на Македонија“ доаѓа во момент кога меѓународната заедница тешко успева да ги смири кризните жаришта во светот, а спогодбата ја окфалификува како успех на Европската унија.
Сепак според анализата на „Фајнешнал тајмс“ Македонија останува и натаму со проблеми затоа што остануваат етничките тензии, делумно предизвикани и од големата невработеност. |
f9 |
Целта на новата теритријална организација не е поделбата на заедниците во Македонија, ниту пак таа е направена врз етничка основа и порача на јавноста лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во отворено писмо, во врска со новата територијална организација на земјата, која предизивика многу реакции „кај граѓаните и кај елитистичките структури во земјата“.
Основниот принцип врз кој се водеа преговорите за територијалната организација, како пакет закони кои се обврска од Рамковкиот договор беше токму зачувувањето на интегритетот на државата и фактот што не постојат територијални решенија за етничките прашања, вели Ахмети во писмото, доставено до медиумите доцна синоќа.
Поделбата на Македонија беше проект, кој ми беше понуден за време на конфликтот во 2001 година и беше поддржан од политичката елита на власт и од највисоките интелектуални и научни структури како што е Македонската академија на науките и уметностите, се вели во писмото.
„Да беше поделбата моја цел несомнено ќе ја остваревме во 2001 година“, вели Ахмети во писмото, додавајќи дека оние што сакаа да ја поделат Македонија во 2001 година, денеска сакаат да ги поделат граѓаните!
Предложениот модел на територијалната организација не е направен врз етничка основа, а стравувањето дека создавањето на новите општини ќе создаде доминација на малцинствата врз мнозинството се неосновани, бидејќи правото на употреба на едно право од страна на едната заедница, не значи ограничување на правата кои другата заедница ги уживала од секогаш.
Во нашата ситуација нема победници и губитници, туку најголем победник е Македонија, вели лидерот на ДУИ во отвореното писмо, додавајќи дека децентрализацијата е дел од целокупната реформација на земјата, која бара пожртвуваност и единство на сите субјекти, во интерес на стабилизацијата и прилагодувањето на нашата земја кон обединета Европа.
Тој упати апел политиката да се води во рамките на демократски избраните институции, а не преку улица и ги запраша сите „оние интелектуалци, аналисти, верски претставници и други, како би дејствувале тие ако врз нивна одговорност паднеше обврската за спроведување на Охридскиот договор“.
Дали би го оставиле како парче хартија да жолтее низ архивите или ќе работеа за негово оживување-се вели на крајот на отвореното писмо на лидерот на Демократската унија за интергации Али Ахмети.
|
f9 |
Охрид 20/7/2004 11:09:42
Георгиевски: Не може да се измислуваат дополнувања на Рамковниот договор
"Она што денес се нуди од владеачката структура како закон за територијална организација воопшто не е дел од Охридскиот рамковен договор, туку претставува некој анекс од договорот", изјави синоќа поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во Струга каде започнаа "струшките вечери на отпорот", против новата територијална организација.
Не може секоја година да се измислуваат дополнувања на Рамковниот договор кој беше затворен во Охрид, рече Георгиевски
Според него, граѓаните на Струга инстиктивно ја чувствуваат опасноста од ваквата етничка поделба, уште повеќе што со законот за децентрализација градоначалниците во овој регион ќе имаат можност да ги менуваат состојбите и тоа низ институциите на системот.
Sидовите што сега се подигаат во Македонија се поголеми од оние во Израел и од оние за кои јас говорев порано, рече Георгиевски
|
n/a |
Ахмети: „Поделбата на Македонија ми беше понудена во 2001“
quote:
Целта на новата теритријална организација не е поделбата на заедниците во Македонија, ниту пак таа е направена врз етничка основа и порача на јавноста лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во отворено писмо, во врска со новата територијална организација на земјата, која предизивика многу реакции „кај граѓаните и кај елитистичките структури во земјата“.
Основниот принцип врз кој се водеа преговорите за територијалната организација, како пакет закони кои се обврска од Рамковкиот договор беше токму зачувувањето на интегритетот на државата и фактот што не постојат територијални решенија за етничките прашања, вели Ахмети во писмото, доставено до медиумите доцна синоќа.
Поделбата на Македонија беше проект, кој ми беше понуден за време на конфликтот во 2001 година и беше поддржан од политичката елита на власт и од највисоките интелектуални и научни структури како што е Македонската академија на науките и уметностите, се вели во писмото.
„Да беше поделбата моја цел несомнено ќе ја остваревме во 2001 година“, вели Ахмети во писмото, додавајќи дека оние што сакаа да ја поделат Македонија во 2001 година, денеска сакаат да ги поделат граѓаните!
Предложениот модел на територијалната организација не е направен врз етничка основа, а стравувањето дека создавањето на новите општини ќе создаде доминација на малцинствата врз мнозинството се неосновани, бидејќи правото на употреба на едно право од страна на едната заедница, не значи ограничување на правата кои другата заедница ги уживала од секогаш.
Во нашата ситуација нема победници и губитници, туку најголем победник е Македонија, вели лидерот на ДУИ во отвореното писмо, додавајќи дека децентрализацијата е дел од целокупната реформација на земјата, која бара пожртвуваност и единство на сите субјекти, во интерес на стабилизацијата и прилагодувањето на нашата земја кон обединета Европа.
Тој упати апел политиката да се води во рамките на демократски избраните институции, а не преку улица и ги запраша сите „оние интелектуалци, аналисти, верски претставници и други, како би дејствувале тие ако врз нивна одговорност паднеше обврската за спроведување на Охридскиот договор“.
Дали би го оставиле како парче хартија да жолтее низ архивите или ќе работеа за негово оживување-се вели на крајот на отвореното писмо на лидерот на Демократската унија за интергации Али Ахмети.
|
f9 |
Се каменува седиштето на СДСМ во Струга, Бучковски и Ќурчиев се внатре
A1 mail листа
A1 на SMS
A1 на PDA
A1 на WAP
Нина Кепевска
22.07.2004 Зградата во која се просториите на општинската организација на СДСМ во центарот на Струга, каде на состанок со локалните сопартијци вечерва дојдоа Владо Бучковски и генералниот секретар на партија Никола Ѓурчиев на разговори за децентрализацијата, веќе неколку часови е под опсада на жителите на Струга кои со постојана канонада од шишиња ги искршија сите прозорци и со скандирања и свирежи се закануваат дека нема да дозволат првите луѓе на СДСМ да ја напуштат зградата.
Состојбата не се смирува и се зголемуваат тензиите. Она што може да се види е дека во секој момент се зголемува бројот на присутните така да ако пред малку имаше неколку стотини граѓани сега има над 2.000 Стружани кои постојано доаѓаат.
Има припадници на различни генерации, помлади, но и доста возрасни Стружани кои веднаш реагираа на изјавата на Бучковски дека тоа бил само собир на млади луѓе.
Дојдоа и припадници на специјалните сили на МВР кои влегоа во зградата и тоа предизвика реакции од насобраните граѓани кои се обидоа да влезат тука, се зголеми и фрлањето на шишиња врз зградата така што сите прозорци се искршени. Во судирот меѓу граѓаните и полицијата се зголеми тензијата, но сега се е под контрола.
Се слушаат постојано свирежи и скандирања и луѓето немаат намера да го напуштат местото. Во зградата се уште се наоѓаат Владо Бучковски и Никола Ќурчиев, а се проширија и неофицијални информации дека е сменето раководството на општинската организација на СДСМ во Струга и дека добар дел од нив сега се наоѓаат надвор од зградата помеѓу луѓето кои протестираат.
Веројатно поради тоа што специјалците на МВР влегоа во зградата на СДСМ се претпоставува и дека можеби ќе се прави коридор за да се извлечат Бучковски и Ќурчиев, но сепак останува да видиме како ќе се развиваат настаните. Луѓето велат дека немаат намера да го напуштат просторот и ќе чекаат да излезат Бучковски и Ќурчиев.
Информациите говорат дека нема повредени ниту внатре ниту надвор од зградата, но постојано се слуша кршење на прозорците и одекнуваат петарди.
|
f9 |
ТРИФУН КОСТОВСКИ
Се срамам од оваа власт
Жесток отпор против територијалната поделба што ја предлага власта најавија коалицијата "Третиот пат" и независниот пратеник Трифун Костовски на вчерашната заедничка прес-конференција.
- Се срамам од сегашната власт. Застанувам зад сите чесни работи во државата, но никако за работи како што е предлогот за новите општини. Територијалната поделба е домашна работа и нема потреба од мешање на меѓународната заедница - изјави Костовски |
f9 |
МАНИПУЛАЦИИ СО ТЕЛЕФОНСКА АНКЕТА
На Бучковски и на Костов им ѕвонат за оставки
Премиерот Хари Костов и министерот за одбрана Владо Бучковски мора да поднесат оставки поради злоупотребата на државните телефони при гласањето во анкетата за децентрализација во телевизиската емисија "Чуму" на телевизија А1, побараа вчера опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "Третиот пат".
Според сознанијата, од вкупно 12.800 телефонски повици со поддршка на предлогот за територијална поделба, околу пет илјади биле направени од неколку телефони во сопственост на државните органи - Агенцијата за млади и спорт, Генералштабот на АРМ, Министерството за одбрана и на подрачни единици на министерствата. Од телефонскиот број 02- 3227-835 биле направени 15 отсто од повиците, 12 отсто од 3237-317, десет од 3113-319, а од 3111-733 околу девет отсто од сите јавувања. На овие телефони вчера никој не одговараше на повиците.
Во телефонската анкета победи владиниот предлог за децентрализација во однос 55 наспрема 45 отсто. Пресметките покажуваат дека повиците од кој секој чини 18 денари, плус ДДВ, биле потрошени околу 100.000 денари буџетски пари.
- По секоја емисија вршиме контрола на тоа од каде доаѓале повиците заради веродостојноста на анкетата. Увидот покажа дека најголем број повици дошле од овие телефони. Гласовите против предлогот во најголем дел доаѓале од различни телефони со исклучок на шеесетина повици кои дошле од само еден број - изјавија надлежните од емисијата "Чуму".
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Андријана Стојановска, портпарол на партијата вчера го повикаа министерот за одбрана Владо Бучковски да поднесе оставка.
- Тој како организатор на овој бесрамен чин мора да замине од функцијата. Ако големата сметка од 120.000 денари, што е рамно на 5.000 леба, не ја плати СДСМ, таа ќе падне на товарот на македонските даночни обврзници. Владата покажа дека работи против и на штета на граѓаните - рече Стојановска.
Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов рече дека премиерот Хари Костов е директно одговорен за ова манипулација. Министерот за одбрана Владо Бучковски вчера изјави дека е формирана посебна комисија која ќе ги испита шпекулациите во јавноста.
|
f9 |
За 5.000 јавувања од владини телефони на анкетата во емисијата "Чуму", емитувана во вторникот на А1 телевизија, на која имаше дебата за владиниот предлог за територијалната поделба на државата, потрошени се околу 2.000 евра народни пари.
Како што информираше А1 телевизија, околу 5.000 повици во анкетата биле од владини телефони, при што еден повик чини 18 денари плус ДДВ. Според информациите што можат да се добијат на информативниот телефон на Телекомот 988, телефоните од кои се направени повиците се регистрирани на Министерството за одбрана 02-3227-835, Агенцијата за млади и спорт 02-3113-319 и 02-3111-733, како и на подрачната единица на Министерството за локална самоуправа во Општина Центар 02-3237-317.
"Ова е само уште еден доказ дека СДСМ и неговите коалициони партнери се служат со фалсификати, во случајов со фалсификат за создавање лажно јавно мислење и не не изненадуваат интригантските манири на СДСМ. Кој ќе плати за тие повици за да се лажира анкетата и да се намести во корист на Владата, а на штета на народот. Тоа се, народски пресметано, 5.000 леба. Згрозени сме од хипокризијата на министерот за одбрана Владо Бучковски, кој и самиот учествуваше во 'Чуму', и бараме тој да поднесе оставка", велат од ВМРО-ДПМНЕ.
И на прес-конференцијата на Третиот пат стана збор за телефонската анкета."Тоа е злоупотреба на средствата од даночните обврзници. Се обидоа со државни средства да ја искриват сликата за мислењето на народот за територијалната поделба, и затоа премиерот Хари Костов да си поднесе оставка", реагираат од коалицијата Третиот пат.
Министерот за одбрана Владо Бучковски на обвинувањата на опозицијата одговара: "Одговорно тврдам дека немаше никаква организација бидејќи за тоа немаше потреба. Поважна беше расправата од тој кој имал побрзи прсти. Ова што се појави се непроверени информации. Ние ќе ги направиме сите проверки за да ја дознаеме фактичката состојба. Какво е расположението на граѓаните за новата тероторијална поделба може да биде валидно само по три основи. Првата е изјаснувањето во парламентот на претениците, второто е изјаснувањето на граѓаните по иницијативата на СМК за собирање 150 илјади потписи и третото е изјаснувањето на евентуалниот референдум", изјави за "Вест" министерот Бучковски.
Од Агенцијата за млади и спорт ветија дека ќе дадат официјална изјава за овој случај, но до затворањето на весникот такво нешто немаше.
Авторот на емисијата Александар Чомовски смета дека станува збор за класична злуопотреба на анкетата. "Во сите емисии јас кажувам дека не се работи за веродостоен примерок, туку моментално расположение на гледачите по одредена тема", објаснува Чомовски и додава: "Почувствував дека има нешто сомнително кога јавувањата се зголемија на осум илјади и ги стопирав директните јавувања оти мислев дека се од партиските штабови". Чомовски вели дека и порано имало случаи кога јавувањата биле од ист телефон, но тоа биле само 50-60 повици. Во емисијата "Чуму" рекордот на јавувања на анкета од еден ист телефон е 6.500 кога прашањето на анкетата било: "Дали и верувате на Владата на Бранко Црвенковски?"
Поради тоа што станува збор за буџетски пари, раководството на А1 вчера решило дел од заработката што треба да и припадне на телевизијата од телефонските повици да го даде во хуманитарни цели, односно за Специјалната олимпијада |
f9 |
MIA sega prenese deka doshlo do otvoren sudir megu policijata i demonstrantite vo Struga-ima teshko povredeni i megu graganite i kaj policijata.
Neredite bea predizvikani od nezadovolnite gragani poradi prisustvoto na nepozhelnite gragani Buchkovski i Kurchiev.Tie samo shto doshle gi razreshile site partiski organi na SDSM.Iako tie se najavija deka doagaat na razgovori,ovaa nivna postapka gi zapali strastite na Struzhani koj svojot gnev go iskazhaa vo masovno nezadovolstvo unishtuvajki go podrachnoto partisko sedishte. |
f9 |
НЕРЕДИ ВО СТРУГА, ПОВРЕДЕНИ ГРАЃАНИ И ПОЛИЦАЈЦИ
Најмалку седумнаесет лица меѓи кои и полицајци се повредени во немирите што од синоќа до рано утрово се случија во Струга пред седиштето на владејачкиот СДСМ откако голема група лица со камења, шишиња и молотови коктели фрлаа врз зградата на партијата, јави дописникот на МИА од Струга.
Во бид да ги растера демонстрантите полицијата рано утрово во Струга употреби гумени куршуми, солзавец и испука неколку рафални истрели во воздух.
Демонстрантите повеќе од пет часа протестираа пред седиштето на општинската организација на СДСМ во центарот на градот поради посетата на министерот Владо Бучковски и генералниот секретар на партијата Никола Ќурчиев и незадоволни од новиот владин предлог за територијална организација на Македонија.
Бучковски и Ќурчиев беа во посета на локалните сопартијци во Штабот на партијата на разговори за новата територијална организација на Македонија.
Демонстрантите почнаа да фрлаат шишиња и молотови коктели врз зградата на партијата и со скандирања и свирежи се закануваа дека нема да ги пуштат првите луѓе на СДСМ даја напуштата зградата.
Полицијата пред хотелот Дрим употреби солзавец во обид да ги растури насобраните граѓани. Во хотелот беа сместени дел од дополнително испратените полицајци.
Во градот беа превртени и запалени неколку контејнери.
Демонстрантите протестираа поради новиот предлог на владината коалиција за територијална организација на Македонија со која кон Струга се придодаваат неколку рурални општини претежно населени со албанско население со што општината ќе стане со доминантно албанско население.
|
f9 |
Нереди во Струга, повредени граѓани и полицајци
A1 mail листа
A1 на SMS
A1 на PDA
A1 на WAP
23.07.2004 Состојбата во Струга изутрината е мирна, откако изминатата ноќ во протестите на Стружани по доаѓањето на министерот за одбрана Владо Бучковски и секретарот на СДСМ Никола Ќуркчиев интервенираше полицијата при што полесно беа повредени 17 лица, од кои 8 припадници на министерството за внатрешни работи.
Демонстрантите повеќе од 5 часа протестираа пред седиштето на општинската организација на СДСМ, а полицијата во обид да ги растера демонстрантите рано утрово во Струга употреби гумени куршуми, солзавец и испука неколку рафални истрели во воздух.
Потпретседателот на СДСМ Владо Бучковски и генералниот секретар Никола Ќурчиев синоќа ненајавено го посетија партиското раководство во Струга, во обид да го смират членството кое е револтирано поради владиниот предлог за територијалната организација.
Кратко време по нивното пристигнување, голем број на Стружани се собраа пред седиштето на СДСМ и почнаа да фрлаат шишиња и молотови коктели врз зградата на партијата и со скандирања и свирежи се закануваа дека нема да ги пуштат првите луѓе на СДСМ да ја напуштат зградата. Полицијата пред хотелот Дрим употреби солзавец во обид да ги растури насобраните граѓани.
Во хотелот беа сместени дел од дополнително испратените полицајци. Во градот беа превртени и запалени неколку контејнери.
Околу два часот по полноќ специјалната единица на полицијата изведе акција за извлекување на министерот Бучковски и на секретарот Ќуркчиев. Во акцијата, како што се дознава биле употребени шок бомби и солзавец гумени крушуми и палки.
По извлекувањето на Бучковски и Ќуркчиев полицијата во Струга во повеќе наврати се судри со насобраниот народ. Во дивеењето во Струга ноќеска се уништени седум возила, од кои три на министерот за одбрана три на ОВР Струга и едно на Проксима.
Во текот на денот за синоќешните настани во Струга се очекува официјално соопштение на Министерството за внатрешни работи, како и на министерот за одбрана Владо Бучковски, кој синоќа најави дека денеска ќе излезе со конкретнти податоци за тоа кој го организираше протестот.
Граѓаните на Струга во изминатите десетина дена протестираат против владиниот предлог за новата територијална организација на Македонија. со струшките вечери на отпорот, а Кризниот штаб за спас на Струга најави дека од денеска протестите ќе бидат ставени во мирување, поради одржување на фестивал на албанската народна песна „Кнга јехо“.
|
dejan |
Ako VMRO ke zeme 150 000 potpisi, dali decentralizacijata ke se prekine? daj boze. |
f9 |
подготовки за протестот В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ
Опозицијата отвора два фронта
Обединетата опозиција се подготвува за големиот народен митинг што треба да се одржи в понеделник пред Собранието, но истовремено ја форсира акцијата за собирање потписи за референдум. Координативното тело на широкиот опозициски фронт веќе ги подготвува деталите околу митингот на кој ќе се искаже револтот против територијалната поделба.
Лидерите на "Третиот пат" планираат в понеделник, кога ќе почне собраниската расправа за децентрализацијата, да ги блокираат влезовите на парламентот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е скептичен во врска со ефикасноста на блокадите , но смета дека митингот е добра форма на изразување незадоволство. Груевски, кој вчера го даде својот потпис за референдум, очекува најавениот митинг да биде еден од најголемите собири досега.
- Очекувам граѓаните јавно да го искажат своето незадоволство од предложената територијална поделба.
- Потписите за референдум треба да бидат притисок врз власта да се откаже од идејата да прави етнички енклави, да укинува општини без критериуми и да ги крои картите затворени во своите кабинети, во присуство на пет-шест луѓе - изјави Груевски.
Тој посочи дека успехот на референдумот зависи од граѓаните, но нагласи дека народот живее во голема апатија и во беда, поради што не излегува на гласање.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Андријана Стојановска, вчера ги повика сите граѓани да присуствуваат на протестот пред Собранието "што го организира ВМРО-ДПМНЕ, а е поддржан од политички партии и граѓански здруженија и политички партии".
Вчера и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски го даде својот потпис за референдумот. Според него, оваа иницијатива е единствен формално-правен начин да се запре владината коалиција.
- Овој референдум не може да биде одбиен како локалните референдуми и ако масовно го поддржиме, ќе покажеме дека со волјата на граѓаните може да се спречи наметнување на катастрофални закони - рече Георгиевски.
Според него, најдобро ќе биде потписите да се соберат додека трае расправата за Собранието, за да може да се побара и формално запирање на седницата. Тој ги повика сите граѓани на Македонија масовно да присуствуваат на митингот закажан за в понеделник.
|
redstar |
"Ako VMRO ke zeme 150 000 potpisi, dali decentralizacijata ke se prekine? daj boze."
Daj boze, samo mnogu losa e konstrukcijava "ako VMRO zeme",inicijativata za raspisuvanje referendum ja pokrena Svetskiot Makedonski kongres na Todor Petrov(koja VMRO nedelava ja podrza kako nacin) i nea poslednive nekolku dena ja podrzaa i ja potpisaa mnogu lugje koi nemaat vrska so VMRO a koi se revoltirani so predlog zakonot za teritorijalna podelba,
|
f9 |
ДВА ДЕНА ПРЕД ПОГРАНИЧНИОТ СОБИР
Владата се уште бара јунак за семакедонскиот собир во Трново
Иако останаа само уште два дена до одржувањето на традиционалната, 24-та по ред, Погранична семакедонска средба во потпелистерското село Трново крај Битола,
Владата на Македонија се уште се дума кого да го прати на собирот на кој се очекува да дојдат 10 илјади Македонци од сите делови на Македонија.
- Канети се сите од државата. Испративме писмо и до Владата да ни каже кој нејзин претставник ќе зборува на оваа средба. Меѓутоа, до денеска немаме одговор од неа кој ќе дојде да зборува на Трновска средба, која годинава се одржува под мотото "Секогаш со националните интереси на македонскиот народ" - соопшти на вчерашната прес-конференција Александар Поповски, претседателот на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија, со седиште во Битола.
PA KOJ DA DOJDE VO BITOLA KOGA SITE SE ISPOSTRANI,BITOLCHANI ZHIVI KE GI ZAPALAT... |
f9 |
Протест на неготинските вмровци
Голем број членови и активисти на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Неготино завчеравечер со автомобили, со вклучени сирени и транспаренти протестираа низ улиците на градот против територијалната поделба во земјава.
Мите Јовановски, координаторот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека нивната цел е да ја предизвикаат националната свест кај Владата и кај граѓаните. Протестите ќе се одржуваат секој ден. Колоната од автомобили, во која подоцна се приклучија и жители од неготинската општина, се упати кон куќата на актуелниот пратеник од СДСМ Јанаке Витановски, повикувајќи го да не гласа за поделба на Македонија и за создавање „Голема Албанија“. Потоа колоната продолжи низ улиците на градот со извици: „Македонија ни е се што имаме“ и пеење на народната „А бре Македонче
|
f9 |
Договор меѓу неколкумина во Македонија
Господа, во вашиот уводник „Примерот Македонија“ (од 19 јули) се брани неодамнешниот договор за новата територијална поделба, постигнат меѓу политичките партии во Македонија, како големо политичко достигнување за земјата.
Договорот предизвика ерупција на многу сериозна дебата против актуелната влада откако таа дојде на власт во 2002 година. Постои огромно разочарување меѓу етничката македонска популација од тоа дека договорот ќе води кон федерализација на земјата.
Медиумите, интелектуалците, граѓаните и сите политички партии од опозицискиот блок се обединети против таквото решение.
Мнозинството од етничката албанска популација го слави договорот, што е јасен сигнал дека тие во тоа гледаат одредена победа. Доминантно мислење меѓу етничките Македонци и сите други етницитети (Турци, Роми, Срби, Власи) е дека тоа е во насока на придобивање повеќе власт над одредени територии и нема никаква врска со децентрализација.
Наспроти тоа, експертите велат дека договорот би водел кон создавање слаби општини, со осиромашена економија и со уште поголеми етнички тензии.
На 26 јули, пратениците ќе почнат дебата за прашањето на новата територијална поделба. Со други зборови, актуелниот политички договор се уште е „виртуелен“, а јавноста го смета за зделка меѓу неколку луѓе во Владата, која не ја одразува волјата на граѓаните.
Д-р Владимир Лазаревиќ
Скопје, Македонија
(Писмото е објавено во „Фајненшл тајмс“ на 21 јули, 2004 година)
|
f9 |
Чаир
Јован Донев
Една од најлошите работи што може да и се случат на една влада е да не го слуша гласот на народот. Да работи на спроведување на политика што не само што не е популарна, туку е и контрапродуктивна од аспект на губење на популарноста или, уште полошо, како во случајов со Република Македонија - од аспект на влошување на внатрешната безбедност. За жал, деновиве сме сведоци токму на едно такво однесување. Упорното одбивање на членовите на владината коалиција да влезат во дијалог со сите заинтересирани за решенијата понудени во предлогот на законот за територијална организација, претставува сериозен придонес кон влошувањето на меѓуетничките односи. Уште пострашно, неприфаќањето на забелешките и мислењата понудени од страна на експертите создава впечаток дека во конкретниов случај коалициските партнери имаат некоја скриена агенда. Впечаток што, за жал, и со последните настапи во јавноста на владините гласноговорници не избледе. Аргументите им се тенки. На моменти и контрадикторни.
Во спротивно, тие би требало сосема јасно и аргументирано да објаснат на кој начин мислат да ги сочуваат така развиените градски јадра, припојувајќи им кон нив селски населби. Таков пример не постои во светот. Барем јас не го познавам. Но, познавам еден куп примери каде што така припоените селски населби го уништувале градското. Не само урбано, туку и културно. Аргументот дека и граѓаните од селските населби треба да ги уживаат истите благодати како и тие од градот држат. Но, тоа се прави со нивно групирање во поголеми целини и поттикнување на нивниот сопствен, автономен развој. Тоа се однесува и на оние општини што во изминативе години покажаа дека се животоспособни, а сега сакаат да ги припојат кон некои од градските центри. Како во источна така, па и уште повеќе, во западна Македонија.
За Скопје и да не зборуваме. Всушност, Скопје е можеби најголемиот пример за скриената агенда на владините партнери.
Имено, прекројувањето на неговите граници нема никаква оправданост освен политичка. Во спротивно, зошто е потребно граѓаните од албанска националност да се префрлаат од општината Центар во општината Чаир? Па зарем ова не е чист пример на етничко групирање врз територијална основа. Посебно што со формирањето на новата општина Бутел, еден добар дел граѓани од македонска националност ќе се префрлат од општината Чаир во оваа нова општина. Резултатот на оваа фина трансакција е следниов. Досега, во општината Центар, според последниот попис, живееле 25.315 граѓани од албанска националност, а сега со новата поделба ќе живеат само 2.485. Досега, во општината Чаир живееле 26.259 Албанци, а отсега 35.727. Во новата општина Чаир од вкупно 33.238 Македонци, сега ќе останат 15.309. И Милошевиќ може да им завиди на оваа техника. Од тука натаму, што да зборуваме? И кому?
На тие што не убедуваат дека сите што сме против овој закон сме против рамковниот договор? На тие што цела една недела не убедуваат дека всушност една и единствена цел им е градење мултиетничко општество, а дека здружената опозиција само сака да собира евтини поени играјќи на картата на етничката нетрпеливост? Трагично!
Владината коалиција, членовите на СДСМ и ДУИ, драстично го прекршуваат рамковниот договор злоупотребувајќи го за свои тесни партиски интереси. Само и само за да останат на власт си земаат слобода територијално да не групираат според етничкиот принцип. Не толку на примерот на Струга или на Кичево, а уште помалку на Сарај и Кондово, колку на општината Чаир, тие, всушност, покажаа дека не не сметаат за граѓани на оваа држава, туку за гласачки ливчиња.
И токму затоа, единствен спас од понатамошните делби и судири, од понатамошното осиромашување и катадневно понижување е да се соберат 150.000 потписи за да се распише референдум и да се спречи оживотворувањето на овој монструозен закон. Има моменти во историјата кога секој еден граѓанин треба да преземе историска одговорност за судбината на својата држава. За нас, граѓаните на Република Македонија, тој момент е сега. Излезете и дајте ги своите потписи за референдум. И бидете трпеливи. Ќе смислат еден куп трикови само и само да се откажете од таа намера. Издржете. За наше, и поединечно и заедничко добро.
|
f9 |
Уа, шнајдери!
Елена Ристеска
Власта е фатена со рацете во грнето. Не се мие лесно медот од рацете на тие што гласаа за владиниот предлог за новата територијална организација во телефонската анкета на „Чуму“ на А1-телевизија. Пет илјади телефонски јавувања со поддршка на владиниот предлог дојдоа од телефони на владини институции. Според резултатите од тричасовната телефонска анкета, биле регистрирани 12.800 повици од граѓаните. Притоа, за владиниот предлог гласале 55 проценти, а против - 45 отсто од оние што се јавиле.
Аналитичкиот тим на А1-телевизија утврди дека имало организирано гласање од Агенцијата за млади и спорт, Министерството за одбрана, од Генералштабот. Таму се функционирало под некаква команда, поради што власта и „победи“. Добри телефони, уште подобри телефонисти, а граѓаните на Македонија се покажаа како добри плаќачи на телефонските сметки на власта.
Вчера, наеднаш, онемеа телефонските броеви од кои во вторникот вечерта се вртело во „Чуму“. Наеднаш, излегува дека државните институции се заземаат од телефонски фантоми што веројатно влегуваат во канцелариите откако завршува работното време на чиновниците. Можеби затоа Македонија има толку голем чиновнички апарат - поради фантомските непријавени работници. Сега во одбраната, слушаме, ќе се анализирале телефоните за да се видело дали некој направил злоупотреба.
Нема потреба, драги корисници на нашите пари. Не занимавајте се со тоа за да најдете некоја будалетинка што можеби ќе го јаде стапот. Нам ни се јасни работите. Од тие исти телефони, ако навистина сакате да знаете, пред дваесетина дена добивавме гнасни пораки на веб-страницата на „Време“, затоа што сме се дрзнале да пишуваме за обидите за бестендерско продавање на имотот на АРМ.
За оваа власт, очигледно, не е престап ако се моделира јавното мислење со фантомски јавувања од државна сметка. Излегува дека власта има право да ги лаже граѓаните затоа што тие граѓани вадат од својот џеб за да ја платат истата власт.
„Третиот пат“ побара оставка од Владата поради, како што изјавија, обидот да се манипулира народот и поради потрошените околу 100.000 денари народни буџетски пари. Премногу! Да побараме оставка од народот. Тоа е полесно.
|
f9 |
Албанците ќе формираат национален совет како одговор на референдумот ?
Доколку во парламентот не биде усвоен пакетот закони за децентрализација и доколку Македонците соберат 150.000 потписи и се одржи референдум, тогаш Албанците во Македонија ќе бараат начин за организирање, за што веќе разговараа лидерите на ДУИ и ДПА Али Ахмети и Арбен Џафери.
Оваа информација, повикувајќи се на неименувани извори, ја објавува денеска скопското издание на весникот на албански јазик "Коха Диторе".
Според истиот извор , не се исклучува можноста Албанците во Македонија да формираат национален совет, тело слично на Координативниот совет кој што делуваше во почетокот на 2002 година.
Во него, како што се додава би членувале сите политички субјекти со цел да одговорат на евентуалната блокада во парламентот на законите за децентрализација и можниот успех на најавениот референдум.
Според "Коха Диторе", обединувањето на сите македонски опозициони партии, "како и сомнителното расположение на СДСМ за најавениот референдум", ги седна на иста маса лидерите на двете најголеми политички партии на Албанците во Македонија, Али Ахмети и Арбен Џафери.
На средбата, според весникот, се разговарало за начинот на соработка меѓу овие две партии и целиот блок на албанските партии во Македонија, доколку во Собранието не помине предлогот на Владата за пакетот на закони за децентрализација и во случај Македонците да го легитимираат референдумот.
Лидерите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и на Демократската партија на албанците (ДПА) Али Ахмети и Арбен Џафери, врска со најновите случувања во Македонија имале и консултации со албанското политичко раководство на Косово и Албанија, пишува денеска скопското издание на весникот на албански јазик "Коха Диторе
|
f9 |
Баросо исклучи брзо ширење на ЕУ на западен Балкан
Европската унија (ЕУ), по приемот на Бугарија, Романија, Хрватска, и евентуално Турција, не би требало во блиска иднина да прима нови членки од земјите на Западен Балкан.
Ова, синоќа, го изјави новиот претседател на Европската комисија (ЕК) Хозе Мануел Дурао Баросо, откако Европскиот парламент (ЕП) го потврди неговото именување.
Според Баросо, трите балкански земји - Романија, Бугарија и Хрватска, напредуваат кон прием во ЕУ, а Унијата наскоро ќе реши за евентуален почеток на преговорите со Турција.
"Кога станува збор за останатите држави, во оваа фаза мораме да ја развиваме политиката на блиско соседство", рече претседателот на ЕП, алудирајќи на европската политика кон земјите од регионот, на кои им се нудат одредени привилегии во трговијата, но не и членство
Баросо оценува дека интерес на Унијата, во моментов, е да создаде зона на стабилност, безбедност и просперитет во регионот.
"Секако дека не ја исклучуваме можноста на прием на нови членки, но засега не треба да се анагажираме во тој правец", изјави новиот прв човек на европското извршно тело
==================
СЕДУМНАЕСЕТ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО НЕМИРИ ВО СТРУГА (DPL)
/временски развој на настаните, детали/
Струга, 23 јули (МИА) - Поголем број граѓани на Струга ноќеска пред Општинската зграда на СДСМ протестираа против присуството на министерот за одбрана Владо Бучковски и генералниот секретар на СДСМ Никола Ќуркчиев, јави дописникот на МИА од Струга.
Зградата беше блокирана и демолирана, а имаше и обиди да се запали, беа уништени трите службени возила, а јаки полициски сили со шок бомби и солзавец успеаја да ги растурат демонстрантите во акцијата која започна во два и траеше до четири часот. Во немирите предизвикани поради несогласување со новата територијална организација на државата, повредени се седумнаесет лица.
Немирите почнаа синоќа по 19 часот со состанокот на Општинската организација на СДСМ на која пристигнаа прво генералниот секретар Никола Ќуркчиев, а потоа и министерот Владо Бучковски.
Демонстрантите протестираа поради новиот предлог на владината коалиција за територијална организација на Македонија со која кон Струга се придодаваат неколку општини претежно населени со албанско население со што се овозможува двојазичност.
Дијалогот меѓу нив и членовите на Општинската организација не бил воспоставен со искажување дека "за ставот на стружаните нема што да се разговара".
Половина од членовите на првиот реон на Општинската организација го напуштиле состанокот, а во исто време околу 300 незадоволни граѓани почнале со протести пред зградата на СДСМ, а во протестите против присуството на Бучковски и Ќуркчиев бројката на граѓаните нагло се зголемила.
Кордон полицајци го штитеше влезот на зградата нереагирајќи на зачестеното фрлање камења со кои беа искршени сите прозорци на зградата.
Пред полноќ насобраните започнаа и со фрлање молотови коктели во обид да ја запалат зградата, а во зградата беше исклучена струјата за да не дојде до пожар. Имаше и два обиди за насилно влегување во зградата кои беа спречени од страна на полицијата.
Незадоволните граѓани потполно ги демолираа и уништија трите службени возила паркирани покрај зградата, а беа блокирани сите можни излези од зградата.
На пристојна оддалеченост ситуацијата ја следеа и претставниците на "Проксима".
Ситуацијата кулминираше нешто пред два часот пред полноќ кога јаки полициски сили прво со шок бомби, гумени куршуми и солзавец започнаа да ги растураат насобраните граѓани кои се повлекуваа кон реката Дрим и околните улици, но повторно се враќаа назад. Специјалната полиција успеа да ги извлече од зградата министерот Бучковски и генералниот секретар Ќуркчиев, а акцијата на полицијата траеше се до четири часот, но и понатаму во центарот на градот и сообраќајниците остана видно полициско засилување
|
f9 |
BUCHKO SE TREZNI-GI OBVINUVA STRUZHANI ZA UBISTVO VO OBID.
NA BUCHKO MU SE GLEDA VEKE KRAJOT,TOJ E NADVOR OD POLITIKA
NA OVAA GARNITURA NA SDSM IM PREOSTANUVA DOSTOJNO DA SE POVLECHAT
ILI DA BIDAT SPREMNI ZA BESILKA.TRETO NEMA. |
f9 |
Костовски: „Струга потврди дека референдумот е најдобро решение“
МИА
23.07.2004
„Јас неколку дена јавно повторувам: Референдумот е најдобро решение. Струга тоа го потврди“
Независниот пратеник Трифун Костовски денеска преку соопштение до јавноста реагира на ноќешните случувања во Струга.
„Длабоко сум вознемирен од ескалацијата на настаните во Струга. Верувам во мудроста на граѓаните и апелирам да не дозволат да бидат оправдување за евентуална спирала на насилие која би била преттекст и оправдување за натамошна употреба на сила“, истакнува Костовски .
Најенергично ја осудувам и згрозен сум од начинот на практикување на власта, истакнува Костовски, оценувајќи дека е крајно неодговорно да се нема елементарен слух за расположението на граѓаните и да се провоцира тензијата во Струга.
„Јас неколку дена јавно повторувам: Референдумот е најдобро решение. Струга тоа го потврди. Власта треба сериозно да се преиспита со какви политички мерки и слух ќе ги сослуша и почитува граѓаните, наместо да се доведе во ситуација да решава проблеми со употреба на сила. Тогаш станува самата одговорна за општонародно незадоволство“, наведува во соопштението независниот пратеник Трифун Костовски
|
f9 |
Г-динот Владо Бучковски едвај спаси глава вчера вечер во Струга. Главата ја спаси ама душата му отиде ако воопшто ја имаше.
Македонскиот народ во Струга покажа единство и храброст, дух кој не се разбива со солзавци и шок-бомби, а најмалку со специјалци. Скопје ќе го потврди истото, верувам во тоа!
Нека му мислат тие што ќе бидат во зградата на Собранието, кај ќе бегаат и кој ќе им ги искупи душите.
Мирјана Трајковска Шиковска , Струга, Македонија
|
f9 |
Скопје 23/7/2004 13:18:11
Најмалку 40 лица полесно повредени, во синоќешните судири во Струга
Најмалку 40 лица се полесно повредени од кои 24 полицајци, 15 демонстранти и еден претставник на Проксима, а се оштетени седум моторни возила, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата, синоќа во Струга, официјално е соопштено.
|
f9 |
ВО ТЕКОВ НА ДЕНОВ РЕАГИРАШЕ И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА КОЈА ГО ИСКАЖА НЕЗАДОВОЛСТВОТО ОД ДОГОВОРЕНАТА НОВА ПОДЕЛБА.ПРЕДСТАВНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ,ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА И ПАРТИИТЕ ОД ТРЕТИОТ ПАТ СЕ ДОГОВОРИЈА ЗА
ЗАЕДНИЧКИ ОПОЗИЦИОНЕН ФРОНТ И АКТИВНОСТИ НА ПАРТИИТЕ КОН ПОДРШКА НА БАРАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА.И СДСМ ИЗЛЕЗЕ СО СООПШТЕНИЕ ДЕКА СО НОВАТА ПОДЕЛБА НИШТО НЕМАЛО ДА СЕ ИЗМЕНИ,А ВО МЕГУВРЕМЕ ВО ТЕТОВО Е ОГРАБЕНА ФИЛИЈАЛАТА НА ТУТУНСКА БАНКА. |
f9 |
„Моите предвидувања беа дека во одредена фаза од преговорите СДСМ ќе ги прифати сите предлози, а ДУИ ќе биде задоволна. Би ги потсетил граѓаните пред два месеци кога имавме класичен фалсификат на изборите. Се знаеше дека „фактурата“ наскоро ќе дојде, да се плати за тоа што ДУИ го направи за Црвенковски да дојде за претседател на државата“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
„Се плашам дека ова е можеби нешто повеќе, некој „аванс“ за некои наредни избори. СДСМ тоа го остварува со давањето на државните и националните интереси на РМ. Имаме создавање на вештачки општини со етнички енклави, се руши меѓу етничкото живеење. Ова што ќе го гледаме во наредните години ќе биде иселување на Македонците од овие територии кои што денес се спорни и дискутабилни“, додаде Груевски.
„Жалам што СДСМ, за разлика од ДУИ, се бори исклучиво за задржување на своите фотељи во власта односно да не се растури коалицијата и да нема предвремени парламентарни избори или избори во кои што тие ќе ја загубат власта“, рече Груевски.
------------------------------
Независниот пратеник Трифун Костовски денеска изјави дека е разочаран од целокупниот настап на коалиционата власт во врска со територијалната организација на државата.
„Со своите потези и проекти во последно време Владата ја измести основната поента на децентрализацијата и ја насочи кон етноизација на власта во локалните единици, уривајќи го концептот на Република Македонија како мултиетничка држава, правејќи ја бинационална, со што директно се нарушуваат меѓуетничките односи“, се наведува во писмената изјава на Костовски.
Според него, владата треба да ја преиспита својата одлука околу територијалната организација, односно да ја одложи.
„Доколку (Владата) не е способна, целиот проект да го изведе врз правилни основи, да размисли за оставка“.
-----------------------
Извршниот одбор одлучи да го прифати единствениот компромис, кој е излез од оваа криза, што значи исполување на политичката рамка на Охридскиот договор за територијалната реорганизација на РМ, со кој кон Скопје се додаваат Сарај и Кондово, Струга со руралните општини освен Вевчани ќе биде мнозинска албанска општина, а Кичево ќе остане исто до 2008 година“, изјави Пенов.
„Се обидувавме да постигнеме различен договор, но за тоа не успеавме да постигнеме компромис. Не само коалицијата, туку и Македонија влегуваше во една сериозна криза“, додаде Пенов.
|
f9 |
ВЛАДАТА ГИ УСВОИ ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОПШТИНИТЕ ПО НАЈИТНА ПОСТАПКА ПЛАШЕЈКИ СЕ ОД ОРГАНИЗИРАНИОТ РЕВОЛТ ШТО СЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ!
Премиерот Хари Костов објави дека Владата на денешната седница ги утврдила и ги усвоила Предлог-законите за територијална организација на лолалната самоуправа на Република Макеоднија и Градот Скопје, како и преостанатите закони со кои се комплетира пакетот закони за децентрализација.
Со новите законски решенија досегашниот број на општини во државава од 123 се намалува на 80, односно 76 општини до 2008 година. "Се предлага кон Градот Скопје да бидат припоени Сарај и Кондово, со што и јазикот што го зборуваат 20 проценти од етничките заедници ќе стане втор официјален јазик", изјави Костов.
Според него, постигнатиот договор за територијална организација меѓу коалициските партнери е доказ за намерата за доследно спроведување на Рамковниот договор и почитувањето на Уставот.
Премиерот Костов смета дека овие закони нема да придонесат за поделба на Македонија. Тој информира дека пакетот закони за децентрализација во текот на денов ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија.
Претседателот на Собранието Љупчо Јордановски вчера изјави дека парламентарната седница на која треба да бидат разгледани и усвоени законите за децентрализација ќе биде закажана откако тие ќе поминат низ владина процедура.
"Зависи по која основа Владата ќе ги предложи, дали ќе биде по скратена, редовна или итна постапка. Тоа јас не можам да го претпоставам сега". Јордановски вели дека ако се оди по редовна постапка седницата би била на 26 јули. Тој смета дека ако има разбирање кај сите пратеници дека овие закони мора да се донесат, има доволно време од 26 до 7 тие да бидат усвоени.
Претседателот на Собранието локалните избори треба да ги распише на 7 август за да се запази законското решение, изборите да се одржат на 17 октомври.
|
f9 |
ММФ: Македонската економија ќе доживее катастрофа!
Никола Стојанов
Македонската економија годинава ќе доживее катастрофа слична на таа во 2001 година, кога земјата беше во воена криза, прогнозираат експертите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во полугодишниот извештај за Македонија, кој деновиве бил доставен до Владата, дознава „Време“.
Македонија, како кандидат за влегување во ЕУ, е единствената земја што нема економски пораст споредено со другите држави-кандидати за влегување во Европската Унија и со нејзините нови 10 земји-членки, покажуваат податоците на „Еуростат“, агенција за статистика за земјите-членки на ЕУ.
Експертите од ММФ прогнозираат дека негативниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) годинава ќе стигне до - 4,2 отсто, речиси ист негативен тренд како во 2001 година, кога економскиот пораст беше - 4,5 отсто. Прогнозата за негативниот економски пораст ММФ ја прави врз основа на падот на индустриско производство во земјава, кое во првите пет месеци годинава е за 25 отсто помало споредено со истиот период лани. Тоа значи дека првите пет месеци годинава индустријата произвела дури за четвртина помалку од лани.
Во извештајот на ММФ пишува дека индустриското производство до крајот на годинава ќе биде барем за 25 отсто помало од лани. Резултатот е катастрофален затоа што Владата за годинава испланира стапка на пораст на БДП од 4 отсто, а за првите пет месеци годинава стапката на развој е негативна и изнесува - 3,6 отсто.
Македонија со негативната стапка на пораст од - 3,6 отсто за првите четири месеци годинава е далеку зад европскиот просек што го подготви „Еуростат“, за првиот квартал годинава, според кој порастот на БДП во 25-те земји-членки изнесува 1,6 отсто, а само за 15 земји членки порастот е за 1,3 отсто поголем од истиот период лани.
----------------------
Македонија добива 3 заеми од Светска банка
МИА
15.07.2004 Министерот за финансии Никола Поповски и постојаниот претставник на Светската банка во Македонија Сандра Блуменкамп, денеска потпишаа договори за заем за прилагодување во управувањето во јавниот сектор ПСМАЛ, за заем за имплементација на социјалната заштита СПИЛ и за заем за управување во здравствениот сектор.
Вкупната вредност на договорите за трите заеми е 49,8 милиони долари. Заемот за управувањето со јавниот сектор е 30 милиони долари, за здравството 10 милиони долари, а за социјалната заштита 9,8 милиони долари.
Активностите што ќе бидат преземени со овие заеми ќе имаат позитивно влијание на економската и социјалната состојба во Република Македонија и ќе ги поддржат нејзините определби за приклучување кон Европската унија, изјави по потпишувањето на договорите Блуменкамп.
Активностите за заемите се дел од тригодишната стратегија што Светската банка ја има усогласено со македонската Влада за поддршка на макроекономската реформа.
|
f9 |
Македонска православна црквата:Власта е против народот!
Македонската православна црква денеска изрази "жалење и разочарување од актуелните државни власти, кои се согласија да прифатат недемократски и штетни договори за македонскиот народ и граѓаните кои живеаат во Скопје, Кичево и Струга".
Ова стои во соопштението издадено по денешната седница на Светиот архиерејски синод на МПЦ одржана во Скопје, на која се расправало за децентрализацијата.
Црквата констатира дека, власта со ваквото однесување го игнорирала гласот на народот кој на "референдуми се изјасни за останување во своите општини во постојаните граници"./
-----------------------
Македонскот радио, повикувајќи се на доборо информирани извори јави дека попладнево се одржал состанок помеѓу лидерите на ВМРО ДПМНЕ, на Либералната партија и на партиите од т.н. трет пат, на кој била постигната согласност за формирање коалиција за локалните избори и за заеднички протести против новата територијална поделба на општините во Македонија.
ВМРО ДПМНЕ веќе повика на протести од утре во сите градови на Македонија од 18 часот, а претходно, нејзиниот лидер Никола Груевски, најави дека ќе има повторно блокади на магистралните патишта кај Кичево и Струга и други форми на протести |
f9 |
In One Year Macedonia’s Debt has Increased by 80 Million Dollars
Macedonia’s debt is close to 1,8 billion. National Bank Governor Goshev claims Macedonia controls its debt successfully, and that it does not increase.
By Nena Nineska-Fidanoska
Macedonia’s foreign debt in only one year has increased by 80 million dollars. Even though the level of debt is currently 1.8 billion dollars, the situation is still treated as normal by the monetary and executive powers of Macedonia. According to these entities, Macedonia is still classified as a country that has a medium amount of debt. The reason for this being that the outside debt does not exceed 40 percent of the value of the total production gross, percentage which is accepted by the International Monetary Fund.
|
OooOo |
ima nekoj shto ne misli taka ... daj bozhe da e vo pravo
Скопје отиде подалеку и од Брисел
Експерт од Белгија смета дека Македонија треба да се заштити од идна федерализација
Македонија положи уште еден европски тест, смета Николас Вајт, директор во Меѓународната кризна група за Балканот.
- Договорот за територијалната организација меѓу СДСМ и ДУИ е разумен политички компромис, кој би требало да ги задоволи најголемиот број луѓе во земјата. Станува збор за разумно признавање на Албанците во Скопје. Сега треба сето тоа да се спроведе. Општините ќе добијат одговорности какви што досега немале. Ваквиот договор ќе креира структура на силни локални единици, што е навистина добро за земјата - тврди Вајт.
Според него, со ова се отстранува уште еден камен од македонскиот пат кон ЕУ.
Николас Вајт вели дека овој модел на децентрализација не води кон федерализација или поделба на државата:
- Не мислам дека сето тоа води кон поделба на земјата и некаква федерализација. Познавајќи го белгискиот модел, можам да ви кажам дека македонскиот е далеку подобар. Во Белгија се цртани лингвистички граници без да се води сметка за реалноста на теренот, што не е случај во Македонија.
Белгиецот Жан Клод Сколсем, професор по уставно право на Универзитетот во Лиеж во Белгија и член на Венецијанската комисија на Советот на Европа, вака го коментира договорот:
- Според она што го слушам, македонската шема се доближува до белгиската, но големата разлика е во тоа што малцинствата кај вас се помалку сконцентрирани отколку во Белгија, што значи дека за федерална држава не станува збор. Сметам сепак дека во понатамошната обработка на законите треба да се воведе некаков вид заштитен механизам за да се спречат евентуални обиди во таа насока. Создавање двојазична престолнина е шема многу слична на белгиската, според која Брисел, со 15 отсто Фламанци, е двојазичен. Разликата помеѓу Македонија и Белгија е во тоа што во Белгија малцинството на Брисел е мнозинство во целата држава, а во Македонија албанското малцинство во Скопје е малцинство и во целата држава. А тоа не е мала работа - вели професорот Сколсен.
Според европарламентарката Дорис Пак, станува збор за добар компромис и коментира дека е нормално што луѓето изразуваат незадоволство.
Таа смета дека сега Собранието треба да го заврши својот дел од работата.
- Овој договор е она што Европа го очекуваше од Македонија - вели Дорис Пак, која додава дека земјата во блиска иднина не треба да очекува ништо од Брисел, бидејќи ЕУ ќе биде презафатена со конституирање на новиот парламент. |
f9 |
Dali Николас Вајт,Жан Клод Сколсем ili pak Дорис Пак ke zhiveat vo Struga ili Kichevo ili Skopje posle ova?
Koj se prashuva za organizacija na lokalnata samouprava i nejzinata teritorijalna postavenost?
Izgleda site ama ne tie shto zhiveat denes vo Struga,Kichevo i Skopje.
Zatoa za mene nivnoto mislenje e ednakvo na edna golema O. |
f9 |
Што се се случувало деновиве зад затворените врати ?
Така се појави информација дека Бранко и Али ја договориле поделбата според инструкции на Американската амбасада,па дури
на премиерот му била доставена изјава што тој морал да ја прочита пред јавноста.Хари Костов понудил оставка кај коалиционите партии во власта по притисоците.Институтот и Академијата добиле повици на кој им се сугерирале лични закани
за нивниот живот и позиција,а целосно е замрзната комуникацијата мегу сите опозициони партии и мегународните представници.Дошло до таму да Премиерот и државата да бидат уценети со војна,подршка на нови пара-албански формации и замрзнување на сета економска активност.Во пакетот на мерки на Македонија и било понудено забрзано повлекување на некои кредити од Светската банка и помош кон консолидирањето на падот на производството и ефектите од тоа во ММФ.Од владата неофицијално се дознава дека целиот пад на производството бил индуциран од странски амбасади во двата поголеми капацитети кој сочинуваат скоро една третина од вкупното производство како дополнителен и неофицијален притисок на владата за прифакање на територијалната поделба. |
Bravo |
Pa ok decki , ako vekje sme do tolkav stepen BANANA REPUBLIKA, da moze , na sekakov osnov nekoj da ne drzi za 'jajca', pred se neli EU i USA, treba da pogledneme na dve raboti;
1.Zaso nikoj ne se zalozil vo tekot na ovie 15tina izminati godini , da porabotime logisticki kaj pogore navedenive FAKTORI (EU i USA) , pa da ja dobieme nivnata naklonetost, ako vekje neli oni tolku odreduvaat i vlijaat vrz sudbinata na drugi 'nezavisni i suvereni' drzavi?,
2.I druga rabota, znaci pa ako do tolku ne sme sposobni da se odbranime od navedenive pritisoci od nadvor , sho se pred se od ekonomsko-politicka priroda , pa prasanje e dali uopste zasluzuvame da imame drzava?
Aj taka... |
f9 |
Моралниот суд на Македонија (МСМ) во денешната реакција на владиниот предлог за децентрализација, оценува дека во сегашната етапа од пристапувањето кон децентрализацијата видливо е дадена предност на територијалната поделба и тоа, како што посочува, од најпогубниот аспект - националната структура на идните општини.
„Без оглед на одречувањата и вербалните аргументи за оправданоста од предложената поделба по општини, факт е дека во западна и северозападна Македонија основниот принцип за (не)постоење на една општина е исклучиво националниот состав на населението. Видливо е дека се создаваат национално гетоизирани општини/заедници и тоа по мерка да се задоволат барањата на албанската национална заедница. Со тоа всушност се продлабочува поделбата на земјата по национална основа“, смета Моралниот суд на Македонија.
„Три години од потпишувањето на Рамковниот договор, Македонија живее 'врамена' во еден наметнат и издиктиран договор чии резултати не задоволуваат ниедна од трите потписнички - на т.н. меѓународна заедница, албанската и македонската“, оценува МСМ.
Моралниот суд предупредува дека досегашниот начин на спроведување на Рамковниот договор претставува сериозна опасност за поделба на општеството на двете најголеми „национални заедници“ што, како што наведува, во суштина претставува вовед и први чекори кон федерализација на државата. Оттаму, смета Моралниот суд, може да се тврди дека генератор на поголемиот број кризни состојби во Македонија е токму Рамковниот договор.
МСМ упатува „јавно предупредување“ до носителите на власта поради, како што псосочува, нивното отстапување од морално-етичките норми и критериуми и поради отсуство на одговорност во вршењето на функциите. „Таа неодговоеност се изразува безмалку во сите видови, но главен генератор е непочитувањето на законите“, заклучува Моралниот суд на Македонија.
---------------------
„Струга ќе пружи силен отпор се додека не биде остварено демократското право на граѓаните и не бидат испочитувани одлуките на референдумот од 11 јануари, за неменување на општинските граници“, изјави градоначалникот на Струга Ромео Деребан.
Ова, како што јави репортерот на Макфакс, денеска го изјави градоначалникот на Струга Ромео Деребан, пред околу илјада граѓани кои претпладнево го блокираа основниот суд во Струга.
Блокадата која е дел од најавените радикални мерки на отпор, кои ги најави вчера формираниот кризен штаб, траеше два часа и мина без инциденти.
Пред насобраните граѓани се обрати претседателот на судот Никола Спасевски, кој рече дека ја почитува волјата на Стружани и ги затвори вратите на судот.
Покрај блокадата на институциите, граѓаните на Струга од денес ќе почнат да изразуваат граѓанска непослушност со неплаќање на обврски кон државата, а ќе ги блокираат и градските сообраќајници.
Од понеделник, во знак на протест ќе бидат организирани „Струшки вечери на отпорот“, кои симобилично ќе се одржуваат на мостот на поезијата.
Ќе бидат поканети поети од Македонија и Струга, а ќе биде организиран и струшки Хајд Парк, каде граѓаните ќе можат да го искажат своето незадоволство.
Од протестот пред основниот суд, беше упатен јавен повик до сите присутни да ја подржат иницијативата на СМК за собирање 150 илјади потписи за одржување на национален референдум.
-----------------
|
f9 |
Протести на опозицијата од денеска
Протестните собирања и други манифестации на отпор против предложените закони за нова организација на локалната самоуправа во Македонија се закажани за денеска од страна на опозиционата ВМРО ДПМНЕ, со поддршка и на други партии од опозициониот блок.
Во Скопје и другите градови, протестите треба да започнат со формирање колони автомобили, кои низ градските улици преку свирење од сирените треба да означат процес на "будење" на граѓаните против предложената двојазичност за главниот град.
За денеска се закажани и блокади на магистралниот Скопје - Охрид, кај Кичево, а за утре кај Струга.
Протестите во Струга започнуваат од 10 часот претпладнево со двочасовно блокирање на Оснивниот суд. "Кризниот штаб за спас на Струга", предводен од градоначалникот и од македонскиот блок партии во општината, а во кој членуваат и невладини организации, реши синоќа да ги повика граѓаните да не плаќаат сметки за струја, даноци кон државата и други давачки, како и да не се отповикуваат на судски покани и да не служат воен рок.
Опозицијата најави масовни протести откако вчера Владата го усвои пакетот предлог закони за децентрализација.
Кон критиката на овие решенија на владеачките партии вчера се приклучи и врвот на Македонската православна црква.
Електронските медиуми синоќа јавија дека опозиционите партии постигнале договор за формирање широк опозиционен блок, чија основна цел е да го спречи усвојувањето на пакетот закони за децентрализацијата што го предлага Владата.
Според предлог -законот за нова територијална организација на општините, во Македонија од 123 општини треба да има 80, при што во Скопје ќе се воведе двојазичност, Струга ќе стане општина во која ќе доминираат граѓаните со албанско етничко потекло, а Кичево останува до 2008 во постојните граници, по што, кон оваа општина ќе се припојат сегашните рурални општини./
-----------------------------
САД, ЕУ, ОБСЕ И НАТО го повикуваат Парламентот на "ургентност", а опозицијата на "конструктивност" околу децентрализацијата!
Поздравувајќи договорот на коалиционите партнери за децентрализацијата, претставниците на меѓународната заедница во Македонија денеска го повикаа парламентот "ургенто" да ги усвои законите, а опозцијата "да биде конструктивна".
"Во претстојниот дијалог очекуваме конструктивно вклучување од страна на опозицијата. Исто така, очекуваме парламентот да се движи со неопходното чувство на ургентност", се вели во во заедничката изјава на Специјалниот претставник на ЕУ Сорен Јесен-Петерсен, Амбасадорот на САД Лоренс Батлер, Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Карлос Паиш и Командантниот бригадир на НАТО, Денис Близ.
-----------------------
Црвенковски закажа "изјава" и "брифинг" за децентрализацијата
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски за денеска на пладне закажа средба со новинарите на која ќе даде изјава, официјално е соопштено од Кабинетот.
По изјавата, за главните уредници на медиумите и за по еден новинар од редакциите, е закажан брифинг. Неофицијално, Црвенковски ќе се произнесе околу пакетот закони за децентрализацијата, поради чие договарање, неделава, претседателот ги откажа сите други свои активности
|
f9 |
Експерти:
Љубомир Фрчкоски
Прво, прекршен е Рамковниот договор, односно одредбата дека нема територијални решенија за етнички прашања. Напротив, власта ги решава етничките права токму со територијални прекројувања. Второ, ова е комплетен дебакл на македонските преговарачИ, бидејќи основните решенија се барањата на Ахмети. Кичево е само одложено решение колку да можеме да го голтнеме во 2008 година. Трето, прекршена е варијантата дека треба да се одржат мултикултурните средини во Рамковниот договор. Операцијата на правење малцинства, мнозинства, нема врска со одржување на мултикултурата", изјави вчера професорот на Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски. Тој ги оценува како крајно грозоморни решенијата за Скопје, но и за Кичево и за Струга. Според Фрчкоски, поделбата на градски и на селски општини и спојувањата по потреба е произволна поради политички и етнички барања за да се дизајнира бројот, а не да се одржи мултикутурната атмосфера која веќе постои таму. ?Рамковниот договор кој по оваа точка е пробиен, генерално служи само за зафрканција и сега кој како сака може да го интерпретира во манир на политичката злоупотреба и волја на некоја група".
Рената Дескоска
од Правниот факултет главен недостаток во новиот предлог на законот за територијална организација на Македонија е тоа што преговорите меѓу коалициските партнери се свеле на тоа кој ќе има мнозинство или малцинство во општините, кој кого ќе надгласа во општинскиот совет, дали градоначалникот ќе биде Македонец или Албанец. ?Тоа во суштина значи занемарување на многу посуштински критериуми заради тоа што и на Македонците и на Албанците и на сите други што живеат во тие општини им е битно да се обезбеди општина што ќе генерира економски развој, а не кој ќе го има мнозинството во советот. Со вештачкото додавање определени рурални средини кон урбаните центри добиваме вештачки творби во кои селото ќе го влече назад градот, и нема никому да е во корист".
Владо Поповски
Децентрализацијата што ја замислила Владата со големи конгломерати, како што е Општина Струга со селата, но и Гостивар и Тетово, за граѓаните значи намалување на шансата да го користат правото на самоуправа и да им биде администрацијата поблиска", оценува професорот на Правниот факултет, Владо Поповски. ?Моделот на мнозинство направен на вештачки начин, како што е случајот со Струга, ќе претставува механизам за мајоризација. Некои граѓани ќе бидат во нивните интереси потиснувани или стеснувани во решавање на нивните интереси, што значи дека интересите и потребите меѓу граѓаните ќе се политизираат. Според Поповски, во западниот дел на државата доминира етничкиот аршин за да се создаде еден компактен простор на албанско мнозинство во локалната самоуправа. На тој начин, ?се создава етничка поделба на Република Македонија во управна смисла".
Раздвојувањето на Македонија во локалната самоуправа со етничка линија може да создаде база во наредните пет-шест години да се постави прашање на една административна самоуправа, или на еден кантон, окрупнување на локалната самоуправа по етничка линија. Тоа самото по себе е федерализација или издвојување, што значи владиниот предлог може да биде база за потешки нарушувања на унитарниот карактер на државата и нејзината целовитост. Што значи, ставени сме во тренд на неизвесност, особено во светлината на идното решавање на прашањето на Косово. На тој план може да се јави политички екстремизам, а со тоа за подолго време Македонија се остава во рамка од која не и се гарантира стабилноста", истакнува Владо Поповски.
----------------------------
Петок, 16 Јули 2004
Дневник
ОДЛУКА НА КРИЗНИОТ ШТАБ
Црвенковски, Костов, Пенов и Гештаковски ќе висат
ВЛАДАТА Ја ОДОБРИ ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАта
Бранко се крие, Хари се мие
ЕВРОПСКИ РЕАКЦИИ
Скопје отиде подалеку и од Брисел
Експерт од Белгија смета дека Македонија треба да се заштити од идна федерализација
КАСИте ЌЕ СЕ ПРАЗНАТ ЗА ПРЕВОДИ
Двојазичноста е скапа и ќе го банкротира Скопје
НЕЗАДОВОЛСТВО ВО ЕТНИЧКИТЕ ЗАЕДНИЦИ
Македонија станува двонационална држава
ФЕИМ И ЕВРО-БАЛКАН
Територијални решенија според етничкиот принцип
Тито Петковски
Преговорите беа тајна и за СДСМ
ЛОРЕНС БАТЛЕР
САД помогнаа за компромисот
Од денеска
Љубчо ќе ја спасува државава со протести и со потписи
ВМРО-ДПМНЕ ПОВИКА НА МАСОВНИ ПРОТЕСТИ
Груевски: Мора да се спречи најголемото предавство на земјава
ОПОЗИЦИЈАТА ОДГОВАРА
Со широк фронт против власта
ЛДП ПОДЕЛЕНА
Лилјана Поповска плачела за Скопје и за Струга
во СОБРАНИето
Власта нема да ги ограничи дискусиите за општините?
"ТРЕТИОТ ПАТ"
На пратениците да им сезабрани влез во Собранието
СоциЈалдемократите категориЧни
Нема повлекување
АРБЕН ЏАФЕРИ
Албанците не добија ништо
МПЦ
Власта го игнорираше гласот божји
|
f9 |
Георгиевски: Со новата поделба започнува етничкото чистење во Македонија
Поранешниот премиер и екс-лидерот на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски се спротивстави денеска на новата терторијална поделба на општините во Македонија, оценувајќи дека крајната цел е етничко чистење на Македонците.
"Генерално, новата територијална поделба има една задача - етничко чистење во Република Македонија" - изјави Георгиевски на прес конференција во Скопје.
Тој ги повика граѓаните, особено Скопјани, масовно да излезат на местата каде се собираат потписи за референдум во врска со предлог законите за децентрализација во организација на Светскиот македонски конгрес(СМК) на Тодор Петров.
"Што е тоа што можеме да го сториме? Единствениот можен начин е да се приклучиме кон иницијативата на СМК во собирање потписи за одржување државен референдум. Тоа е и насока, граѓаните на еден културен начин да го изразат своето незадоволство", изјави Георгиевски.
Поранешниот лидер, а сега предводник на фракцијата во ВМРО ДПМНЕ која ја формираше ВМРО - Народна, оцени дека решенијата во предлог законот за Скопје, Кичево и Струга излегуваат надвор од Рамковниот договор од Охрид, бидејќи со него се предвидува "ревизија" на општинските граници, а не и промена, а за Скопје никаде не се споменува дека треба да биде двојазично.
Според Георгиевски, опасноста од етничко чистење е голема, затоа што со новите закони за децентрализација, локалната самоуправа има огромни ингеренции и затоа "на граѓаните на Кичево и Струга им е сосема јасно, дека пред се, ќе бидат институционално истиснати во своите градови.
----------------------
Црвенковски: Ги повикувам граѓаните да ја поддржат децентрализацијата!
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски ги повика денеска македонските граѓани да го прифатат предлогот за децентрализација и новите решенија за територијално прекројување на општините, со оценка дека станува збор за акт на доверба што Македонците ја искажуваат кон Албанците, "за демократско искуство со кое сме поблиску до Европа и за еден голем и значителне чекор".
"Вчера во Македонија не се случи ниту ничиј пораз, ниту ничие предавство. Вчера мнозинскиот македонски народ, кој токму е најброен и најголем, а со тоа треба да биде и најодговорен и најширок, уште еднаш им подадде рака на своите сограѓани Албанци, но исто така, и на сите други, за заедно да чекориме напред, кон подобра, посилна, поединствена Македонија", изјави Црвенковски.
"Ги повикувам сите политички партии да се однесуваат одговорно и соодветно на моментот. Ги повикувам сите државни, научни и други институции низ своето делување да покажат дека им припаѓаат на сите граѓани подеднакво, а не повеќе на едни, отколку на други. Ве повикувам вас - почитувани граѓани да ја дадете својата подршка на овој процес да се свртиме сите заедно напред и да почнеме да ги решаваме вистинските проблеми на нашата земја", изјави Црвенковски.
Тој оцени дека, "денес, Македонија е исто толку унитарна и единствена како и вчера. Побогати сме за едно демократско искуство и поблиску до Европа, за еден голем и значаен чекор".
Црвенковски во изјавата за медиумите признава дека решенијата за спорните одредби од законот за општините Струга, Кичево и Скопје се базирани врз етнички принципи.
"Јас се согласувам со таа оценка, но, истовремено сакам да потсетам, дека децентрализацијата е најважниот дел од Рамковниот договор, а тој договор беше направен да спречи етнички конфликт, и со својата содржина да решава етнички прашања".
Црвенковски додаде дека "Законот за територијална организација, според Уставот, е закон кој се донесува со двојно мнозинство, односно за него мораат да гласаат и мнозинството пратеници, немакедонци во Собранието. Оттука, станува сосема јасно, дека етничките моменти и критериуми едноставно се неизбежни.", изјави Црвенковски.
Претседателот, иако ја поздрави дебатата во јавноста, изрази загриженост поради реториката со која таа се води.
"Тоа што ме загрижува е дел од реториката која повторно се користи. Термините како давање и земање, наши и нивни предавства, велепредавства, продажби како да ништо од она што се случуваше кај нас и околу нас, не сме научиле, изјави Црвенковски.
Тој додаде дека "секој кој ги разгорува и употребува националните страсти ги подига етничките тензии и меѓусебната недоверба, работи директно против интересите на Македонија".
Според Црвенковски, клучно прашање е дали се има или се нема доверба помеѓу Македонците и Албанците.
"Факт е, дека Македонците во Струга немаат доверба и не сакаат да живеат во општина со мнозинско албанско население. Меѓутоа, ако Македонците не скаат да живеат во општина каде Албанците се мнозинство, тогаш како да ги убедиме Албанците да сакаат да живеат во држава каде Македонците се мнозинство, изјави Претседателот
"Ако Македонците и Албанците не можат да живеат заедно во една општина, тогаш како заедно ќе живеат во една држава", запраша Црвенковски.
"Убеден сум дека најлошата можна солуција ќе беше одлагањето на законите и изборите, блокирањето на децентрализацијата и рамковниот договор, и доведување под прашање на нашата интеграција кон ЕУ и НАТО", изјави меѓу другото Црвенковски
----------------
SKANDAL!!!!!!!!!!!!!!
Јордановски ја закажа расправата за децентрализацијата на денот на земјотресот на Скопје - 26 јули
Спикерот на Парламентот Љубчо Јордановски денеска ја закажа седницата на која ќе се расправа за пакетот закони за децентрализација за 26 јули годинава.
Пакетот закони за кој ќе расправаат пратеници вчера беше усвоен од Владата на вонредна седница.
На 26 јули, Скопје и Македонија, традиционално одржува меморијални настани, оддавајќи им почит на над 1000 загинати во катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година
|
f9 |
ВМРО - Народна партија во денешното соопштение оценува дека поделбата која деновива ја објавија СДСМ и ДУИ била договорена претходно и оти претставува конкретна реализиација на планот за исцртување на границите на Голема Албанија, зацртан со Првата призренска лига.
Оваа опозициска партија смета дека со договорот на територијална организација се оствариле стравувањата дека Република Македонија била влогот на Бранко Црвенковски при изборот за претседател.
„Не би сакале да ја премолчиме, односно минимизираме гнасната улога на натрапникот во ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски, кој за време на претседателските избори свесно и својски се заложи ова сценарио за разнебитување на македонското битие полесно да се реализира“, се истакнува во соопштението за јавноста.
„Како безобразни и невоспитано дрски ги оценуваме и изјавите на претставниците од актуелната власт кои одат во насока на неразумното објаснување дека оваа поделба била за спас на Македонија, кога на сите ни е јасно дека властодршците само за да ги зачуваат своите позиции се подготвени да згазат и на најсветото, да извршат и национално велепредавство, да си ја сотрат и татковината, а за таквиот мега-криминален чин се одговара пред судовите на народот и на историјата“, се вели во реакцијата на ВМРО-Народна партија.
|
f9 |
Почитувани дами и господа,
Вчера на 14ти јули целата македонска јавност беше шокирана и затекната. Неколку луѓе од СДСМ кои пред две години добија мандат од над 500 илјади гласачи вчера најголем дел од нацијата почувствува дека ги предаде. Договорот за кој што вчера се согласиле не е производ на охридскиот договор ниту е нешто за што тие имаат мандат од македонскиот народ.
Но, веќе не се работи за партија, туку за држава. Ова не е децентрализација, што се дефинира како давање на некои наддлежности кои ги има владата, на општините. Со оваа одлука градот Струга, во кој 80 отсто живеат Mакедонци, насила и вештачки, со припојување на села ќе стане општина со мнозинско албанско население, и локална власт за која ДУИ смета дека треба да ја раководи некој нивни “истакнат” активист. Насилно се прават етнички енклави, кои во иднина ќе значат иселеување на македонците од западниот дел на Македонија, и рушење на принципот на мултиетничност. Скопје по територија ќе се прошири можеби за дупло, за да опфати некои села, ида стане двојазичен град. Кичево, со закон станува општина во која исто така на вештачки начин се создава мнозинско албанско население за да локалната власт биде од некој уште поистакнат активист на ДУИ, со тоа што законот стапува на сила после неколку години, и добро се знае дека негова промена ќе оди многу тешко.
Четириесетина други општини ќе се укинат, отфрлајќи ги сите изразени вољи на народот преку локалните референдуми. Практично се што побара ДУИ, СДСМ се согласи.
За мене ова не беше изненадување, затоа што добро ги познавам манирите и интересите на неколкуте луѓе од СДСМ, кои ја донесоа оваа одлука, и со силата на својата државна и партиска моќ односно позиција ги принудија и другите од нивната партија да сесогласат со истото. Згора на се вистинска гротеска е како се обидуваат да ни одглумат дека многу се бореле, и дека во суштина и многу нешто издејствувале.
Ја потсетувам целата јавност на периодот пред два месеци кога зборувавме дека цената на изборниот фалсификат брзо ќе треба да ја палаќа СДСМ, на грбот на целиот македонски народ.
Очигледно, владејачката СДСМ се определи за лична власт, виза ви одбрана на државните и националните интереси. Лична власт, која земјата од ден на ден јаводи во поголема сиромаштија на обичниот граѓанин, поголема беда, поголема безработица, катасрофа во економија, се подлабок во криминал и корупција, уништување на демократијата и уназадување на целата држава.
Но, како што реков ова прашање веќе не е партиско туку многу повеќе се работи за државата.
Се плашам дека зад ваквата упорност на ДУИ, која зад себе има своја историја, има скриени намери.
СДСМ пак се избори ова да се направи во сред лето кога половина држава е на годишен одмор, а најверојатно во парламентот ќе превземе чекори со кои ќе ги скрати дискусиите на пратениците за побрзо да се донеси овој закон кој во суштина ќе ја смени слката замакедонија и иднината а македонија. Јас немам ништо против албанците во Македонија, уште помалку против албанскиот јазик, но тука има скриени намери на одредени радикални структури, кои не ги интересираат евроинтеграциите, туку сакаат нешто друго.
Сепак, се зависи од граѓаните. Ако тие силно се спротистават, неколкуте луѓе од СДСМ кои ја донесоа оваа одлука, ќе сватат дека овој народ нема да дозволи да биде заложник на нивните лични амбиции и кариери.
-Во наредните денови ВМРО-ДПМНЕ и повеќе партии од опозициониот блок, и покрај тоа што ова е период во средина на годишни одмори, ќе организираат различнивидови на протести со кои треба да се изврши притисок и да се изрази незадоволство од ова предаство на неколку кариеристи од власта, на кои им оди во пиролог сегашната ситуација на хаос, сиромаштија и апатија кај народот, раширен криминал и корупција, изолираност на државата и беззаконие, односно селективна примена на законите
- ги повикувам пратениците на СДСМ, да извршат притисок врз нивните водачи, и сите оние кои навистина не се согласуваат со оваа одлука, не да гласаат против во собранието, туку да поднесат оставка од пратеничките функции, и на тој начин да го засрамат и одвратат нивното раководство од оваа намера. Се друго од нивна страна ќе биде фарса.
- Она што може да се очекува во наредните денови и недели, како иво пресрет на локалните избори, е веќе видениот обид на власта да го сврти вниманието на јавноста. Оддеднаш ќе излезат еден куп нови докази за многу случаи, ќе се откријат нови моменти во многу истраги, ќе видиме нови обвинувања, кривични пријави, притвори, затоврање на по некоја жртва од нивните редови и слично, со што би се привлекло вниманието на граѓаните и би се маргинализирало ова предаство на државните и националните интереси
Бранко Црвенковски, и дел од неговата екипа, ќе оди надвор од државата од каде ќе ни порача дека сите му рекле дека власта покажала државност, разум, толеранција, разбирање, и слично.
Ќе се обидат ова да го прикажат како голем напредок и паметен чекор.
- Во изминатите денови одејќи низ улиците во Скопје, Струга, Охрид, некои скопски села, и други места каде престојував, луѓето ме запираа со зборивите мора да издржите, не смее да им се попушти на овие да ја предадат државата. Ние од ВМРО-ДПМНЕ и од опозицијата ќе издржиме, и покрај сите напади и обвинувања што на лично ќе ни ги приреде власта, но за спречување на вакви предаства на интересите на целата држава и народ, потребно е и граѓаните масовно да се вклучат, да не чекаат друг да им ја заврши работата, а настаните да ги следат навивачки преку телевизија, или од своите балкони и прозори. Ова посебно важи за Скопје, Кичево, Гевгелија и еден куп други градови можат да бидат пример за борба на граѓаните за своите интереси со лично излегување на протести...
- Ги повикувам граѓаните кои се во можност, значи оние кои се во можност, да ги одложат годишните одмори за некоја недела и масовно да се вклучат во протестите кои ќе ги ораганизирам во наредните денови. Во прашање е иднината на државата .
- Ги повикувам сите граѓани кои се на годишен одмор во Македонските места за одмор, во деновите на протестот барем за неколку часа да го прекинат својот одмор и да излезат на протестите, и лично во повеќе наврати да го покажат своето незадоволство на разните видови на протести кои ќе се организираат во Кичево, Струга, Скопје и други места во македонија.
Уште утре во Скопје и други градови, колона возила со активирани сирени ќе го започне повикот до граѓаните да се разбудат и да не чекаат да им ја заврши работита.
Во петок ќе се изврши нова блокада на патот кај Кичево, сабота ќе демонстрира Струга, а ќе се организираат и протести пред штабот на СДСМ, и на дуги места во Скопје, за кои деталите ќе ги соопштиме деновиве. Во име на граѓанин на Македонија. Ги повикувам сите граѓани, здруженијата на таксистите, и други организации, здруженија, друштва, невладини организации, политички партии, освен декларативно и во реалноста да се вклучат во изразувањето на незадоволство. Независно колку луѓе ѓе излезат заради годишните одмори, ние имаме историска одговорност да се спротиставиме на ова што ни се случува. Последиците ќе бидат далекусежни. Ќе ги подржиме и сите други дмократски изразувања на незадоволства кои ќе бидат организирани од други организации, партии или здруженија, како што реков, веќе не се работи за партии, се работи за Македонија.
- Во овој момент очекувам посебно од членовите и симпатизерите на СДСМ и ЛДП да излезат и да протестираат. Како граѓани тие најмногу можат да ги одвратат луѓето на кои им ја дадоа довербата, во намерата да го прават овој злочин.
---------------------
ФОРМИРАН ШИРОК ОПОЗИЦИОНЕН ФРОНТ ПРОТИВ ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО НА КОАЛИЦИЈАТА НА ВЛАСТ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Никола Груевски денес оствари средби со лидерите на Третиот пат и Либералната партија на кои беше договорено во интерес на Република Македонија да се создаде широк опозиционен фронт со цел синхронизирано и координирано опозицијата да се спротистави на влелепредавството на актуелната коалиција на власт по прашањето на територијалната организација на нашата држава. Во текот на денот се очекува кон оваа коалиција да се приклучат и други опозициони партии.
Меѓу другото договорено е во целиот период до постигнувањето на зацртаната цел – целосна заштита на државните и националните интереси на Република Македонија и зачувување на македонската демократија сите акции на широкот опозиционен фронт да бидат заеднички координирани.
|
f9 |
Kratki vesti...
СОЈУЗ НА БОРЦИ ОД НОВ: ЕТНИЧКИОТ ПРИНЦИП ЈА ВОДИ ДРЖАВАТА КОН КАНТОНИЗАЦИЈА И ДЕЛБА
БОРИС ТРАЈАНОВ: КОМПРОМИС НЕ Е АКО НЕКОЈ ДОБИЕ СЕ, А ДРУГИОТ НЕ ДОБИЕ НИШТО
ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА БАРА СКОПЈЕ ДА ОСТАНЕ ВО ПОСТОЈНИТЕ ГРАНИЦИ
ВЛАТКО ЃОРЧЕВ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ФУНКЦИЈАТА ПОРТПАРТОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ
ПОПЛАДНЕВО ПОЧНУВААТ ПРОТЕСТИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРОТИВ ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА
|
f9 |
ВМРО-ДПМНЕ од денеска попладне почнува со протестите против владиниот предлог за пакетот закони за децентрализација со обиколката на возила со вклучени сирени низ Скопје и со блокади во Кичево.
Како што соопшти портпаролот на оваа партија, Влатко Ѓорчев на денешната прес-конференција, собирното место е пред комлексот банки и оттаму ќе се тргне кон Влае, Црниче, Јане Сандански и Лисиче. На протестите во Кичево ќе присуствува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
За утре се закажани демонстрации и во Струга, а идната недела тие ќе се организираат и пред Собранието, од страна на широкиот опозициски фронт, за време на почетокот на расправата за законите за децентрализација. Протестот, што ВМРО-ДПМНЕ ќе го организира и пред седиштетот на СДСМ, ќе биде граѓански, без партиски обележја.
На иницијативата досега и се приклучиле и 20 други политички партии и 70-80 граѓански здруженија.
Ѓорчев се осврна и на, според него, непотребно отпуштање на вработените во јавната администрација, од кои сите се Македонци. Тој вели дека одамна е помината границата од 400.000 невработени, меѓутоа власта вештачки го одржува бројот на 395.000.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го пренесе и несогласувањето на жителите на општината Облешево таа да се укине, бидејќи, како што рече, нема никаква логична основа тоа да се стори. Според Ѓорчев, Облешево постои од 1952 година и досега оваа општина фукционирала без поголеми проблеми.
Ѓорчев, најави дека од денеска ја напушта портпаролската функција во ВМРО-ДПМНЕ поради усовршување на своето образование. Тој изјави дека единствената причина за овој потег е завршувањето на додипломските и продолжување на постдипломски студии на Правниот факултет во Скопје.
„На крај имам порака до човекот со кого најмногу си реплициравме во изминатите три години, лично до лицето Бранко Црвенковски кој денеска повторно го лаже македонскиот народ. Тој со договорот за децентрализација трајно ја зацементира бесперспективноста на македонскиот народ“, изјави Ѓорчев порачувајќи му на македонскиот претседател Бранко Црвенковски дека направил извонредно штетен договор за Македонија.
Ѓорчев, кој беше три години на портпаролското место, соопшти оти неговата партија многу скоро ќе го одреди неговиот заменик и оти оваа негова одлука не значи и заминување од партијата.
|
DJ_SHEMA |
[V][V][V]
Sekoj den go chitam forumov a nikako nemam zelba da se vklucham vo nekoja diskusija.
Ja propadna drzavata be da im ebam plemeto. |
f9 |
Кисела Вода го подржа ставот на МАНУ за децентрализацијата
Советот на општина Кисела Вода, една од најголемите скопски општини, "едногласно го поддржа ставот на Македонската академија на науките и уметностите за територијалната организација во Македонија и двојазичноста во Скопје", соопштено е попладнево.
МАНУ побара коалициските партнери да го почитуваат Уставот и Охридскиот договор, според кој не постојат територијални решенија за етничките прашања, да ги штитат суверенитетот, интегритетот и унитарниот карактер на државата.
Советот на општина Кисела Вода, соопштува дека останува на поранешниот став, Скопје да остане во рамките на Генералниот урбанистички план за градот
|
f9 |
"Верата и јазикот се душата на еден народ, а да се откаже човек од својот јазик, значи да се откаже тој и од самиот себе и од своите интереси"
Крсте Петков Мисирков |
f9 |
Скопје 17/7/2004 13:12:01
Сирените на возилата означија повик за "будење"
Колони возила синоќа, со вклучени сирени протестираа низ скопските, струшките битолските и улиците на други градови и населени места, поради владиниот договор за нова територијална поделба на општините.
Протестите беа на повик и во организација на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, а беа поддржани од други партии во опозициониот блок. Во Скопје околу илјада возила во главната колона и повеќе десетици други возила во други две - три колони, ги обиколија скопските општини. Свирејќи со сирените, минаа по неколку пати пред Владата, Парламентот и Кабинетот на Претседателот, а протеститре ги завршија пред седиштето на владеачкиот Социјалдемократски сојуз, кој беше обезбедуван и од специјалната полиција. Протестите, иако најавени како едночасовни, во Скопје траеа околу 5 часа
-----------------------
Скопје 17/7/2004 13:12:27
Опозицијата денеска на нови протести
Нови протести на опозицијата се закажани за денеска во Македонија, во знак на несогласување со предлог-законот за нова територијална поделба на општините во земјата.
Според најавата од вчера, главниот протест денеска треба да биде со блокада на магистралниот пат Скопје-Охрид, кај Струга. Синоќа беше блокиран истиот магистрален пат, но кај Кичево
------------------------
Скопје 17/7/2004 14:45:54
ВМРО ДПМНЕ- Опозициониот фронт се проширува-протестите координирани
Опозициониот фронт против решенијата на владеачката коалиција за нова територијална поделба на општините се проширува, а во иднина, сите протести ќе бидат координирани од едно тело - соопшти денеска главната партија на опозицијата ВМРО ДПМНЕ.
Потпретседателот на партијата Ганка Самоиловска Цветанова на прес конференција во Скопје изјави дека кон опозциониот фронт се приклучиле Светскиот Македонски конгрес, пратеникот и бизнисмен Трифун Костовски, Демократскиот сојуз на Србите, Партијата за движење на Турците, Лигата за демократија, "Скопје се движи" на кандидатот за градоначалник на Скопје и бизнисмен, Љупчо Николовски - Фуфо, Партијата на Египјаните, Македонската народна партија, Партијата на Власите, ТМРО, ВМРО -ДОМ, Македонската народна партија, Сојузот на бранителите, Земјоделската партија и други невладини организации и организации на раселените лица од конфликтот во 2001 година.
Овој опозиционен фронт е предводен од ВМРО ДПМНЕ, од Либералната партија и од Коалицијата "Третиот пат", составена од Демократскиот центар, од Демократска алтернатива и до Социјалистичката партија.
Самоиловска Цветанова изјави дека опозицијата решила да формира еден координативен центар од каде ќе се раководи со сите протестни акции. Таа додаде дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска е во Струга каде ќе ги поддржи стружани во планираните акции против владините решенија со кои Струга со припојување на руралните општини треба да стане општина со мнозинско население на граѓани од албанско етничко потекло.
Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ апелираше денеска до граѓаните да ги поддржат протести на опозицијата, а оние кои во 2002 гласале за сегашната актуелна владеачка гарнитура, да ги посетат домовите на пратениците од власта и да им кажат дека не добиле мандат за поделба на Македонија
Главните опозициони партии завчера постигнаа согласност да дејствуваат синхронизирано во отпорот против решенијата на власта околу реформите во локалната самоправа, особено против новата територијална организација на општините, со која Скопје станува двојазичне град
--------------------
17.07.2004
„Силата е кај народот и кај граѓаните на Република Македонија“
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика сите граѓани на Република Македонија да се приклучат кон протестите против новата територијална организација на државата, предложена од Владата, и се заблагодари за вчерашната поддршка за масовниот протест организиран во Скопје.
Портпретседателката на партијата Ганка Самоиловска - Цветанова на денешната прес-конференција најави дека протестите ќе продолжат во различни форми.
„Силата е кај народот и кај граѓаните на Република Македонија. Апелирам до граѓаните, особено до оние кои гласаа на изборите за коалицијата „За Македонија заедно“ да одат во домовите на нивните пратеници и да им соопштат дека не го дале гласот за поделба на Република Македонија“, изјави Самоиловска-Цветанова.
Таа соопшти дека на широкиот опозициски фронт му се приклучиле и Лигата за демократија, Светскиот македонски конгрес, пратеникот Трифун Костовски, Партијата за движење на Турците, Скопје се движи - Љупчо Николовски - Фуфо, Македонска Алијанса, ТМРО, Демократскиот сојуз на Србите, Македонска народна партија, Партијата на Власите, Партијата на Египјаните, ВМРО-ДОМ, Земјоделската партија, Партијата на зелените, Сојузот на бранителите и други невладини организации и организации на раселените лица.
Договорено е сите акции на широкиот опозициски фронт, што го предводат ВМРО-ДПМНЕ, Либералната партија, „Третиот пат“ и ВМРО-ВМРО, да ги координира едно заедничко тело.
Самоиловска-Цветанова соопшти дека партискиот лидер Никола Груевски денеска престојува во Струга за да го поддржи протестот на Стружани проив предложената територијална организација.
Новиот претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, изјави дека последиците од ваквата поделба на државата ќе ја почуствуваат младите луѓе за десетина години.
„Ако целта на власта е ние да заминеме во Канада, САД и во други земји тогаш со ова ја постигнува целта“, рече Николовски.
Тој најави интензивирање на активностите на подмладокот на партијата, кој, како што рече, во изминативе години бил „пасивен“.
|
BorisVM |
Za zhal, site ovie protesti nema da donesat ama bash nikakvi izmeni. Narodot e staven pred svrshen chin i osven da izleze na ulica so pushka, nema nishto drugo shto mozhe da go smeni ova. |
Thief |
Време е и ние да појдеме во планина[?] |
Whitebaby |
quote: Originally posted by Thief
Време е и ние да појдеме во планина[?]
Pa te otidoa 2001 vo planina i eve sho napravija. Galiba ke treba i nie da pojdeme u planina da si go zememe nazad toa sho beshe nashe... |
f9 |
Потпретседателот на партијата Ганка Самоиловска Цветанова на прес конференција во Скопје изјави дека кон опозциониот фронт се приклучиле Светскиот Македонски конгрес, пратеникот и бизнисмен Трифун Костовски, Демократскиот сојуз на Србите, Партијата за движење на Турците, Лигата за демократија, "Скопје се движи" на кандидатот за градоначалник на Скопје и бизнисмен, Љупчо Николовски - Фуфо, Партијата на Египјаните, Македонската народна партија, Партијата на Власите, ТМРО, ВМРО -ДОМ, Македонската народна партија, Сојузот на бранителите, Земјоделската партија и други невладини организации и организации на раселените лица од конфликтот во 2001 година.
Овој опозиционен фронт е предводен од ВМРО ДПМНЕ, од Либералната партија и од Коалицијата "Третиот пат", составена од Демократскиот центар, од Демократска алтернатива и до Социјалистичката партија.
|
f9 |
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги повика вечерва граѓаните на Струга и сите други граѓани кои се незадоволни од новата територијална поделба на општините во Македонија, идната недела да дојдат масовно на митинг во Скопје, јави репортерот на Макфакс од Струга.
Груевски, кој вечерва се обрати на над 2000 граѓани на Струга кои се приклучија на протестниот музички хепенинг што го организраат младите од градот, рече дека "протестите не се насочени ниту против Албанците ниту против СДСМ, туку против 5-6 политичари во власта кои сакаат да ја поделат Македонија по етничка основа".
- Народот има историска одговорност да го спречи тоа, изјави Груевски повикувајќи на митинг во Скопје, кој ќе биде организиран од 21 политички партии и други невладини организации.
Градоначалникот на Струга Ромео Деребан, кој е претседател и на "Кризниот штаб за спас на Струга", ја критикуваше вчерашната изјава на претседателот Бранко Црвенковски, дека Македонците од Струга не сакале да живеат со Албанците.
"Таа изјава е непринципелна. Струга и стружани за време на конфликтот од 2001, на најдобар начин покажаа како се чува и гради соживотот", изјави Деребан.
Музичкиот митинг започна нешто по 18 часот кога беше блокирана главната улица покрај градската плажа. Сообраќајот е блокиран од камион кој воедно служи и како бина.
Голем број од младите и другите граѓани се украсени со државни знамиња и извикуваат Македонија - Македонија.
На музичкиот хепенинг ќе настапат најмалку четири групи и бројни ди-џеи од Македонија, а според најавите, би можел да трае до утре |
f9 |
Спонтано и масовно со едногласен локален партиски консензус Облешевчани веќе 24 часа преку блокада на најзначајната источна магистрала го истакнуваат незадоволството од владиниот предлог за укинување на статусот општина.
Со жив штит и земјоделска механизација блиску 6.000 жители на оваа општина распоредени во смени дежураат на фреквентната магистрала со цел да го привлечат вниманието на Министерот за локална самоуправа, Премиерот и Претседателот на државата.
„Ова е единствена општина која се брише на ваков начин, немавме право на референдум како другите општини и одлуката за нашето укинување беше донесена преку ноќ“, вели Бранко Ѓорѓиев градоначалник на Облешево.
|
vmro |
quote: Originally posted by BorisVM
Za zhal, site ovie protesti nema da donesat ama bash nikakvi izmeni. Narodot e staven pred svrshen chin i osven da izleze na ulica so pushka, nema nishto drugo shto mozhe da go smeni ova.
dobro ti e ova samo koj narod??? onie shto glasaa za branko??? hehehe na 15 septemvri looool.... eh maki .... |
marko_polog |
Nema vrska sega koj za kogo glasal, i tie sto glasale za SDS ke vidat ista maka kako i ostanatite vo tie regioni kade sto ke rakovodat UCK, e togas ili ke zemat puska ili povtorno ke ja baraat krivicata izmedju sebe.
Boris, gresis ako mislis nisto ne vredat protesti, ili ke bide povtorno "sekoe chudo za tri dena" i ke se sprovede ova predadstvo ili narodot od cela Makedonija vo sobranie i ...
|
Deemer |
Epa luge ajde da padne ponekoja politicarska glava a? onaka za promena... puska se faka ama prvo od voskite da se iscistime. Imase pred 2-3 godini nesto za nekoi inicijativi za organiziranje na teroristicki grupi ama se si bese samo online. onaka detskata so se vika... nego treba nesto i na zivo i realno a so enkriptirana logistika na internet oti se drugo se slusa u mk. Dajte nesto da napravime oti "ojde kojno u rekata". Ni e ekonomija, ni e demokratija, ni e socijala abe nisto ne e kako so treba i se na poloso ode. Nemame so da izgubime. So mislete vie a? |
melpomena |
Jas arno rekov dur ne visi cela nedela nekoj od politicharive obesen na ploshtad nishto ne praime... |
DJ_SHEMA |
quote: Originally posted by Whitebaby
quote: Originally posted by Thief
Време е и ние да појдеме во планина[?]
Pa te otidoa 2001 vo planina i eve sho napravija. Galiba ke treba i nie da pojdeme u planina da si go zememe nazad toa sho beshe nashe...
Samo da ne dojde shumarot i da ne izbrka site [:)] |
Thief |
Кога не сме самите способни, изгледа ќе треба пак со шумарот да си имаме работа... само, на чија страна ќе биде?! Да не биде на страна на ловокрадците и дивите дрвосечачи?! [;)] |
f9 |
http://www.mia.com.mk/mak/images.asp
И ДОДЕКА НАСТАНИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА СЕ ВЖЕШТУВААТ ДО ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ НА ТРПЕНИЕТО НА ГРАГАНИТЕ АГЕНЦИЈАТА МИА ВО ДЕЛОТ ЗА СЛИКИ СЕ ОДНЕСУВА КАКО ДА Е АГЕНЦИЈА НА НЕКОЈА ДРУГА ЗЕМЈА.
НАВИСТИНА?ДАЛИ МИА Е АГЕНЦИЈА НА ВЛАДАТА ИЛИ НА ДРЖАВАТА? |
f9 |
Деребан: „Во Струга убиено демократското право на протест“
A1 mail листа
A1 на SMS
A1 на PDA
A1 на WAP
МИА
23.07.2004
„Доаѓањето на Бучковски претставува силна провокација и израз дека оваа Влада не прави ништо друго освен цинизам“
Градоначалникот на Струга Ромео Деребан и претседателот на Заедницата на единици на локална самоуправа Горан Ангелов, денеска на заедничка прес конференција истакнаа дека се до објавувањето на предлог законот за територијална организација имале добра соработка со Министерството за локална самоуправа, но оти нивните забалешки воопшто не биле земени предвид во конечната верзија за законот.
„Пред разгледувањето на законот во втората фаза доставивме 8 заклучоци до Владата и Парламентот со кои баравме да се утврдат објективни критериуми за територијалната организација на општините, како и директни преговори на локалната со централната власт, но тоа не се случи“, истакна Ангелов.
Коментирајќи ги случувањата во Струга, градоначлникот Деребан рече дека вчера во Струга се случило злосторство и било убиено демократското право на протест. Тој истакна дека доаѓањето на министерот Владо Бучковски претставувало силна провокација и, како што рече, израз дека оваа Влада не прави ништо друго освен цинизам, демагогија и тепања.
Деребан информира состојбата во градот се уште е напната, дека голем број од граѓаните се повикани на информативни разговори, се вршат класични апсења, а оти дел се и во медицинските центри. Градоначалникот на Струга го повика МВР да престане со апсењето на граѓаните и со заеднички договор да се овозможи надминување на настанатата состојба. Тој изрази жалење поради ноќешните случувања во Струга и ги отфрли обвинувањата дека е нивен организатор.
„Јас презедов се што е во моја моќ како градоначалник да го канализирам незадоволството на стружани од предложената територијална организација на општината преку организирање на 'Струшки вечери на отпорот'. Но, во Струга дојдоа политички демагози и го натераа народот да протестира“, изјави струшкиот градоначалник Ромео Деребан.
|
f9 |
OVA UTRO VO STRUGA SE SLUCI SRAMEN I TAZEN CIN. OTKAKO VLASTA NE USPEA DA JA UBEDI REGULARNATA POLICIJA DA GO TEPA NA MAKEDONSKIOT NAROD NA POMOS GI POVIKAA REKETARITE OD OSA I KZK IM OBLEKOA UNIFORMI NA SPECIJALNATA EDINICA I IM DADOA NAREDBA DA TEPAAT SE STO E MAKEDONSKO. SITE NOVINARI VIDOA DEKA SE RABOTI ZA BRUTALNA AKCIJA NA NEPROFESIONALCI STO E DOKAZ DEKA OVA NE BEA POLICAJCI TUKU REKETARI NA OSA,KRIMINALCI OD UCK I KZK. PO OVA VLASTA POKAZA I DOKAZA DEKA PAGA I DEKA E VO PANIKA I NERVOZA. SO VAKVIOT NEJZIN CIN TAA POKAZA I DOKAZA DEKA E NEDEMOKRATSKA DEKA E FASISTICKA I OKUPATORSKA. OD DENES CELA MAKEDONIJA E NA NOGA I OVA E POCETOK NA KRAJOT NA BANDITITE KOI SAKAAT DA JA UNISTAT MAKEDONIJA I DA NAPRAVAT GOLEMA ALBANIJA. MAKEDONIJA IMA SILI I KE JA SOBORI OVAA NEDEMOKRATSKA VLAST NA NACIN NA KOJSTO DOSEGA SITE TAKVI VLADI ZAVRSIJA. OD DENES NIEDEN DOM NA BANDITITE OD RAKOVODSTVOTO I PARTISKI STAB NA SDSM NE E BEZBEDEN. TIE SE LEGITIMNA CEL I KE GORAT. DA ZIVEE SLOBODNA MAKEDONIJA. |
Ceki |
Ako padna turcija, ke padnit i sdsm. Samo daj boze, da ne go iskoristit seto ova, nekoja nova okupatorska sila. |
f9 |
МИА
23.07.2004
„Уверени сме дека граѓанската иницијатива против владината територијална организација ќе биде успешна“
Иницијативата за распишување референдум на Светскиот македонски конгрес (СМК) што ја поддржуваат и сите политички партии од опозицијата, досега има собрано над 90 илјади потписи во 34 подрачни одделенија и 91 месна канцеларија на Министерството за правда.
„Уверени сме дека граѓанската иницијатива против владината територијална организација ќе биде успешна. Предвидениот референдум за непроменливост на бројот на општините и општинските граници не е против никого, туку е за сите“, рече претседателот на СМК Тодор Петров.
Светскиот македонски конгрес најостро ја осудува, како што нагласи Петров, синоќешната брутална интервенција на полицијата против Стружани и ароганцијата на министерот за одбрана Владо Бучковски.
„Од Бучковски бараме неотповиклива оставка, а од Владата итно да го повлече предложениот закон за територијална поделба на Македонија како фактор за дестабилизација на државата“, рече претседателот на СМК.
Со Петров се согласија и претставниците од опозицискиот блок кои присуствуваа на денешната прес-конференсија.
Коментирајќи ги вчерашните случувања во Струга, претседателот на Либералната партија Стојан Андов напомена дека Владата не е подготвена разумно да се однесува и не ги прима сигналите на граѓаните.
„Бучковски направи голема грешка. Тој не отиде синоќа во Струга за да разговара со граѓаните, туку да ги осудува и навредува“, истакна Андов.
Според него, инцидентот бил делумно изрежиран за да се влее страв кај народот и да се спречи натамошно организирање митинзи.
Потретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Ганка Самоилвоска-Цветанова рече дека нејзината партија бара неотповиклива оставка од Владата поради вчерашните случувања во Струга и го осудува, како што рече, бруталниот однос на полицијата.
„Бараме Бучковски јавно да им се извини на граѓаните бидејќи во вчерашната изјава за телевизијата Канал 5 ги нарече хулигани и умоболни“, рече Самоиловска-Цветанова.
Таа апелира граѓаните масовно да излезат на протестот закажан за в понеделник и мирно и достоинствено да го искажат својот револт против владиниот предлог за децентрализација.
ВМРО-ДПМНЕ, додаде Самоиловска-Цветанова, има сознанија дека Владата ќе се обиде да го спречи планираниот собир со блокади на патиштата.
Љупчо Николовски-Фуфо од името на граѓанското движење „Цела Македонија и за Македонија цела“ порача дека никој не е против Рамковниот договор, Албанците, нивниот јазик и меѓународната заедница, туку против пазарење за територијата на државата.
„На владејачките партии не им дадовме мандат да ја спасуваат коалицијата за сметка на Македонија“, рече Фуфо и упати прашање до Владата да каже по кои критериуми кон Скопје се припојуваат токму Сарај и Кондово.
|
Strelec |
quote: Originally posted by f9
OVA UTRO VO STRUGA SE SLUCI SRAMEN I TAZEN CIN. OTKAKO VLASTA NE USPEA DA JA UBEDI REGULARNATA POLICIJA DA GO TEPA NA MAKEDONSKIOT NAROD NA POMOS GI POVIKAA REKETARITE OD OSA I KZK IM OBLEKOA UNIFORMI NA SPECIJALNATA EDINICA I IM DADOA NAREDBA DA TEPAAT SE STO E MAKEDONSKO. SITE NOVINARI VIDOA DEKA SE RABOTI ZA BRUTALNA AKCIJA NA NEPROFESIONALCI STO E DOKAZ DEKA OVA NE BEA POLICAJCI TUKU REKETARI NA OSA,KRIMINALCI OD UCK I KZK. PO OVA VLASTA POKAZA I DOKAZA DEKA PAGA I DEKA E VO PANIKA I NERVOZA. SO VAKVIOT NEJZIN CIN TAA POKAZA I DOKAZA DEKA E NEDEMOKRATSKA DEKA E FASISTICKA I OKUPATORSKA. OD DENES CELA MAKEDONIJA E NA NOGA I OVA E POCETOK NA KRAJOT NA BANDITITE KOI SAKAAT DA JA UNISTAT MAKEDONIJA I DA NAPRAVAT GOLEMA ALBANIJA. MAKEDONIJA IMA SILI I KE JA SOBORI OVAA NEDEMOKRATSKA VLAST NA NACIN NA KOJSTO DOSEGA SITE TAKVI VLADI ZAVRSIJA. OD DENES NIEDEN DOM NA BANDITITE OD RAKOVODSTVOTO I PARTISKI STAB NA SDSM NE E BEZBEDEN. TIE SE LEGITIMNA CEL I KE GORAT. DA ZIVEE SLOBODNA MAKEDONIJA.
f9, се’ ова што го пишуваш ќе го третирам како ’каки’ додека не видам објективно дека ги набљудуваш работите. Реагирала полицијата, а? А што треба да прави полицијата доколку некој фрла шишиња и молотови коктели врз објект од приватна сопственост? Да им ракоплескаат? Или едноставно да ги замоли фрлачите да престанат? А што ако го сториле тоа, па немало реакција? Во која нормална држава во светот ќе се толерира такво однесување?
Значи, ’ќе држи вода’ ова што си го напишал, само доколку прочитам дека ја осудуваш анархијата која започна ноќеска во Струга! Замисли една ситуација... Ако јас сум револтиран од постапките на власта овде во Канада и со моите пријатели да одиме и да фрламе молотови коктели, свесен ли што ќе ми се случи!
И престани да викаш толку! Доста со тие твои големи букви! Немој да мислиш дека си помоќен со таквиот стил!
|
f9 |
Се извинувам-само пренесов мислење на еден Стружанец,а не сум го копирал името...Заради содржината мислев дека ке е вредно да се прочита реакцијата на Стружани и радикализираноста во која е доведена оваа општина без своја вина но и за информациите за составот на силите до кој дојдов и од други извори.
За прашањето кое го покренуваш,е па победниците секогаш ја пишуваат историјата и најчесто тие го имаат правото на толкување на настаните.Ако дојде до проширена радикализација и смена на власта ваквите буни ке ги сметаат за рушење на диктатурата и одбрана на демократијата.Да се потсетиме-Садам Хусеин беше избран со 99% од Ирачаните...Да се бара законитост во држава каде што власта е генератор на константна нестабилност е како да бараш игла во пласт сено. |
f9 |
Скопје 23/7/2004 14:11:03
Деребан - во Струга се случи злосторство против демократијата
Во Струга вчера се случи злосторство против демократијата, а убиец беше Владо Бучковски, изјави денеска во Скопје градоначалникот на Струга Ромео Деребан.
Според Деребан, провокација е самото доаѓање на Бучковски во Струга, на кој граѓаните му ставиле до знаење дека е непожелен.
Тој го оцени однесувањето на Бучковски и изјавите што ги давал како цинизам и демагогија. Деребан рече дека полицијата денеска продолжила со апсења и приведувања на разговори во полиција, а повеќе граѓани се пријавиле во болница поради вчерашната интервенција на полицијата.
Струшкиот градоначалник ги повика граѓаните на 26 јули да дојдат на протестот во Скопје
|
f9 |
Ефремов негира дека на Ахмети му понудил договор за размена на територии
A1 mail листа
A1 на SMS
A1 на PDA
A1 на WAP
МИА
23.07.2004
„Јас не се познавам со Ахмети, никогаш не сум остварил контакт со него и не ми е познато дека постои таен договор за поделба на Македонија“
Македонскиот амасадор во Кина Ѓорѓи Ефремов денеска дематираше дека имал каква било средба со лидерот на Демократската унија за интерграција Али Ахмети за време на конфликтот во 2001 година, ниту пак дека му нудел на Ахмети поделба на Македонија.
„Јас не се познавам со Ахмети, јас никогаш во животот не сум остварил каков било контакт со него и мене не ми е познато дека постои таен договор за поделба на Македонија, па оттука и не сум можел, ниту би го сторил тоа - да му понудам таков договор“, вели акдемик Ефремов во писмената изјава испратена до МИА.
Тој додава дека таквите „крајно неодговорни невистини“ беспотребно ја зголемуваат тензијата и одат на штета на зедничкиот соживот.
„Ниту јас, ниту кој било член на Македонската академија на науките и уметностите, не сме биле консултирани на каков било начин, ниту сме биле дел од написот за 'Доброволна размена на територии и население', објавен во весникот „Вечер“ на 21 мај 2001 година“, тврди Ефремов
============
Десетина приведени по нередите во Струга
A1 mail листа
A1 на SMS
A1 на PDA
A1 на WAP
МИА
23.07.2004 Од 10 до 12 лица се приведени во врска со синоќешните настани во Струга, кога поголема група демонстранти го нападнеле седиштето на огранокот на Социјалдемократскиот сојуз во тој град, каде што престојуваа министерот за одбрана Владо Бучковски и генералниот секретар на СДСМ Никола Ќуркчиев, изјави портпаролот на МВР Горан Павловски.
Групата граѓани кои го изразувале револотот од владиниот предлог за територијална организација на локалната самоуправа пред огранокот на СДСМ, според Павловски, континуирано се зголемувала, за во еден момент да достигне 2.000 лица, поради што полицијата била принудена да преземе соодветни мерки за заштита на Бучковски и Ќуркчиев.
Полицајците успеале да ги извлечат од зградата на СДСМ и им помогнале да заминат за Скопје, информира Павловски.
Во синоќешните нереди во Струга се повредени 24 полицијаци, 17 демонстарнти и еден припадник на „Проксима“, а е предизвикана и поголема материјална штета
|
f9 |
Опозицијата ја обвини власта за немирите во Струга
Опозициониот блок оцени денеска дека владата со лошиот закон за децентрализација ги иницирала синоќешните немири во Струга и побара оставка, обвинувајќи ја за предивикување тензии и напнатости во државата..
Според опозицијата, вчера во Струга околу 10.000 граѓани, без партиски обележја, протестирале поради владиниот предлог за децентрализацијата, на што полицијата одговорила брутално, употребувајќи гумени куршуми, шок бомби, солзавци.
Блокот опозициски партии апелира до македонските граѓани во масовен број да се соберат на 26 јули во Скопје на мирни демонстрации за да го спречат донесувањето на предложените законски решенија за територијалната организација.
Претседателот на Светскиот Македонски конгрес Тодор Петров на денешната прес -конференција во Скопје информираше дека се собрани 90.000 граѓански потписи за распишување референдум.
Тој упати забележи на адреса на Министерството за правда, затоа што некои подрачни едници не го почитуваат работното време, оневозможувајќи ги граѓаните да се потпишуваат за референдумот
Опозицијата побара оставка на Владата и формирање техничка Влада
Оставка на Владата и формирање техничка Влада, што треба да направи подготовки за предвремени парламентарни избори, побара денеска лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Според него, Владата треба да поднесе оставка "затоа што изгубила чувство за тоа што народот бара од неа", додавајќи дека владините претставници не ја контролираат состојбата во државата бидејќи "им бега од контрола".
"Не е проблем опозицијата, туку народот", рече Груевски, алудирајќи на синоќешните судири во Струга.
ВМРО-ДПМНЕ побара повлекување на спорниот закон за децентрализација, и ја обвини полицијата дека најголемите судири се случиле откако министерот Владо Бучковски и генералниот секретар Никола Ќурчиев ја напуштиле Струга.
Според информации на оваа партија, на синоќешните собири во Струга присуствувале околу 5.000 граѓани
|
Strelec |
СДСМ: МАКЕДОНИЈА СЕ СООЧУВА СО МРАЧНИ СЦЕНАРИЈА НА ОПОЗИЦИЈАТА
Скопје 23 јули (МИА) - Македонија се соочува со мрачни сценарија на опозицијата чија цел е предизвикување меѓуетнички судири и поделба на државата, е ставот на СДСМ по синоќешните случувања во Струга.
"Дали ова е политиката што ВМРО-ДПМНЕ и ја нуди на Македонија и дали е ова нивен концепт за владеење, сурова борба за власт без никаква визија за иднината" праша портпаролот на СДСМ Борис Кондарко на денешната прес конференција.
Министерот за одбрана Владо Бучковски, пак, јавно го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да каже дали стои зад, како што рече, синоќешното организирано убиство во обид врз него и неговите 27 сопартијци. Бучковски порача дека на Македонија не и треба анархија и примитивазам, туку дијалог, толеранција и почитување на различностите, а најмногу мир и разум.
За генералниот секретар на СДСМ Никола Ќурчиев она што се случи синоќа претставува погазување на македонското достоинство.
|
Strelec |
СДСМ И ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ ОРГАНИЗАТОР НА ЗАКАНИТЕ ВРЗ ПРАТЕНИЦИТЕ
Скопје, 23 јули (МИА) - Физичките и вербалните закани кон пратениците од ЛДП и СДСМ, како и вербалните закани упатени кон претседателот на Собранието на Република Македонија што се случиле во текот на вчерашниот ден, за пратеникот Андреј Жерновски се обид да се суспендира функционирањето на највисоката институција во државата односно македонското Собрание и неговите претставници.
"Имаше вербални напади и закани на наши пратеници во Скопје, Неготино, Струга Битола и Велес. Посебна цел бевме јас, координаторот на СДСМ Јани Макрадули и претседателот на Собранието Љубчо Јордановски. Затоа велам дека тоа е обид за суспендирање на Собранието", рече на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на ЛДП Андреј Жерновски, додавајќи дека на влезовите на нивните домови и на нивните автомобили им биле лепени плакати со навредливи содржини.
За нападите и заканите тој директно ја обвини ВМРО-ДПМНЕ и и порача да ги повлече своите активисти. Според него, оваа партија е организатор и на синоќешните случувања во Струга.
"Овие луѓе не се гласот на македонскиот народ, туку се луѓе кои за свои лични интереси сакаат да ја дестабилизираат Македонија, а таква никогаш нема да биде повикана во НАТО и ЕУ", рече Жерновски, додавајќи дека доколку ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да ги брани интересите на македонскиот народ, тоа може да го направи во институционални рамки во македонскиот Парламент.
Неговиот колега од СДСМ Јани Макрадули смета дека се прави хајка со која се предизвикува дестабилизација, што ја водат луѓе чии семејства, бизниси и имот се безбедни некаде во странство, како што се Васил Тупурковски, Љубчо Георгиевски, Трифун Костовски и Божин Павловски, прашувајќи дали ова треба да биде алтернативата и патот на Македонија кон Европа.
"Македонија треба да бира меѓу емоциите и разумот, меѓу конфликтот и безбедноста и меѓу Балканот и Европа", рече Макрадули.
Тој ја повика МАНУ да се огради од повиците на академик Божин Павловски за линч, Хелсиншкиот комитет да реагира на загрозувањето на правото на глас на демократски избраните пратеници, а граѓаните да го сочуваат разумот и да се оградат од радикализмот.
Макрадули потврди дека пратеничките групи на СДСМ и ЛДП во рамки на институциите, а како што рече, за доброто на сите граѓани ќе гласаат за предложените закони за децентрализација.
|
Strelec |
ЦРВЕНКОВСКИ: ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА НЕ ЗНАЧИ ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА ИЛИ КАНТОНИЗАЦИЈА
"Децентрализацијата не е пат кон федерализација и кантонизација, туку механизам за да се елиминираат таквите стремежи и гаранција за унитарниот карактер на Република Македонија", истакна претседателот Бранко Црвенковски во воведното излагање на јавната дебата со невладиниот сектор во Македонија за предложениот закон за територијална организација на локалната самоуправа.
Тој истакна дека ниту една од дебатите за пакетот-закони за децентрализација што се водат деновиве не била насочена кон комплексноста на овој законски проект бидејќи сите се фокусирале само на законот за територијална организација и на законот за Град Скопје.
"Јас сум дефинитивно уверен дека разгорените страсти и тензии, акумулираната енергија не се должат на тоа дали Владата била докрај транспарентна во преговорите или дали биле уважени експертските мислења, туку клучно прашање околу кое треба да се дискутира во овој момент е децентрализацијата и меѓуетничките односи, односно меѓуетничките односи и територијалната организација", рече македонскиот претседател, предлагајќи дебатата да се фокусира на овој проблем.
Ноќешните немири во Струга не се мирни демократски процеси, рече Црвенковски, потенцирајќи дека во целиот процес на носење на законот се наметнати етничките моменти. Според него, Владата наивно се обидува да не го признае тоа.
"Рамковниот договор беше резултат на етнички конфликт, а не на социјален бунт и токму со него конфликтот беше запрен. Децентрализацијата е клучен дел од Рамковниот договор", рече шефот на државата потсетувајќи притоа на неговата содржина. Црвенковски додаде дека уште во 2001 година било посочено дека етничките моменти ќе бидат вклучени кога ќе се донесува законот за децентрализација, нагласувајќи дека тоа е обврска на Рамковниот договор.
"Зошто немаме дебата за Тетово, Гостивар или Дебар. Дали тоа значи дека веќе се предадени и дали оние што го критикуваат предложениот закон за децентрализација се откажуваат од нив зашто сметаат дека таму е веќе направена поделбата. Не поддржувам проект кој ги спасува само Кичево и Струга, туку проект кој ќе ја спасува Република Македонија", рече Црвенковски.
Во врска со употребата на албанскиот јазик во Скопје, претседателот на Република Македонија праша дали зачувувањето на македонскиот јазик зависи од тоа другите на кои не им е мајчин јазик да го зборуваат и со тоа да му го гарантираат опстанокот. Тој на крајот од своето излагање рече дека во 2001 година го ставил својот потпис на Рамковнит договор без притисок. "Верувам дека Рамковниот договор е концепт што може да и обезбеди стабилност на Република Македонија и единствен што нуди перспектива за влез во НАТО и ЕУ", истакна претседателот Бранко Црвенковски.
|
Strelec |
ГРУЕВСКИ БАРА ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА И ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
Скопје, 23 јули (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја повика Владата да поднесе неотповиклива оставка и побара да се формира техничка влада што би подготвила предвремени избори на кои ќе се избере нова власт, која, како што нагласи, ќе има слух за народот.
"Вчера на СДСМ му се случи народот. Откако земјата по две години владеење ја доведоа во економски хаос, а народот на раб на пропаст, вчера кулминираше и незадоволството од предложената територијална ортанизација на општините", рече Груевски на денешната прес конференција.
Според него, новата територијална организација на општините предвидува создавање на етнички енклави во Република Македонија.
Тој ја повика Владата да го повлече законот за територијална организација и најави дека во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе достави извештаи до Хелсиншкиот комитет за човекови права, до ОБСЕ и до други меѓународни тела во земјата за, како што посочи, да ги информира за прекумерната употреба на сила од страна на полицијата на вчерашните протести во Струга.
|
f9 |
TV published the statement by Struga citizen Tanja Shishkova, member of Struga Crisis HQ, who said:
"As a citizen of Struga I feel insulted by police's conduct, which shot rubber bullets into the people who gathered to peacefully protest, displaying its revolt against the coming of minister Buchkovski to Struga. We stated that if the government refuses to listen to us, it better not come to Struga. In spite of our peaceful gathering, and expectation that the minister will come forward in good faith and ready to hear our opinions, Buchkovski stated that we are just a mob of young hooligans which will soon disperse so he can leave.
But, he misjudged. We were not a mob of young hooligans, but a gathering of all Struga citizens [of all ages]. This is a very sad event, because our government and police beat up its own people. Not even in 2001, during the war, the people did not suffer such violence. Tomorrow we'll go to Proxima and ask them to bear witness to this."
|
kopacot |
snosti ovde beshe beter od Gaza Palestina(molotovi kokteli,gumeni kursumi,specijalci).....da dojte da vidite so se desavat....vaka so pisenje nisto....btw redno beshe narodot da go krene svojot glas |
f9 |
На прашањето дали МВР го известило Бучковски дека е ризично да оди во Струга, Павловски одговори дека веројатно министерот бил запознат со случувањата во градот. "Министерот не оди во Ирак, туку оди во Струга во македонски град |
Strelec |
На прашањето дали МВР го известило Бучковски дека е ризично да оди во Струга, Павловски одговори дека веројатно министерот бил запознат со случувањата во градот. "Министерот не оди во Ирак, туку оди во Струга во македонски град
|
kopacot |
eve sliki od sabajle od struga....
[url]http://otporstruga.tripod.com/ [/url]
p.s stranata e vo faza na praenje.... |
Deemer |
otvorete oci narode voski ve jadat...voski predavnicki!
taka li pukaat i tepaat specijalcite koga se vo cair, tetovo...rani kuce da te lae!
pa i sram nemaat ke tuzat. KOGO KE TUZAT??? NARODOT?!! ne im cini narodot, huligani bile a? ete sto paravat huliganite - TEPAAT! samo tesko na vladata koga ke im dojde milion huliigani na portite... |
f9 |
ВЕСТ НА НЕДЕЛАТА=http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=203&ArticleID=8014 |
f9 |
Господине министре, ако јас замолчам, планините и полето ќе прозборат наместо мене
Архимандрит Климент, Игумен на манастирот "Свето Преображение" Зрзе
Господине Гештаковски,
Јас и моите монашки заедници од пелагониските манастири во Зрзе, Варош и во Трескавец, до Вас имаме три главни прашања, и неколку потпрашања. Сите се однесуваат за Општината Долнени.
Прво, чувствувате ли Вие одговорност за Вашиот јавно изречен став 3.11.2003 год. во Прилеп, на новинарското прашање за иднината на Општината Долнени?
Тогаш рековте дека прва алтернатива е некогашната прилепска општина да се фузира со Прилеп, и втората општината Долнениво да опстане во постојните граници како самостојна. За трета алтернатива ниту спомнавте ниту најавивте, но како со гром од ведро небо ја исцртавте на картата на владината територијална поделба на Македонија. Ве прашуваме, зошто тогаш пред прилепчани ја затаивте Вашата реална опција на фузија на некогашната прилепска општина Долнени со некогашната крушевска општина Житоше? Зошто не замајувавте со непостојните две алтернативи со кои како со чад и песок ни ги затворавте очите? Зошто по темнина а не на светлина ја омеѓувате земјата долненска и криете кога не сечевте од Прилеп? Зар не сте ги читале записите на Кузман Шапкарев, кој кога учителствувал во Прилеп ја забележал и посебно ја акцентирал врската на прилепските села со градот Прилеп, кои како никои други се поврзани и припаѓаат на градот и чаршијата под Марковите кули? Откако го скршивте лебот во прилепското поле се обидувате да го залепите со замесено ново тесто. Колку древна, толку нова глупост под нашево пелагониско небо се збиднува сега.
Второ, зошто за памтивек го сотревте духот на мултикултурата за кои Вие бевте задолжени според Охридскиот рамковен договор да го спроведете на локално ниво и во општината Долнени? Оти со вака клонираната општина удривте по нас Македонците и иако останавме какво-такво мнозинство (демографски остарено), сепак, процентуално не намаливте. Ги замолчивте Бошњаците и староседелците Турци, одземајќи им го правото на јазикот. И двете споменати групи во една од двете општини (Долнени и Житоше) можеа да го остварат ова свое уставно право, доколку немаше кооптирање на општините. Единствено ги поттикнавте и процентуално ги зголемивте Албанците, кои овде во Долнени се во демографски подем. Можеби Вашите "неутрални критериуми беа пресудни за ваквиот проект-клон. Имам чувство дека овде во Долнени само тие се задоволни со Вашиот владин предлог.
Трето, зошто иако и јавно и приватно Ве поканивме да дојдете во манастирот Зрзе за да проговориме за темите коишто нў мачат, Вие упорно ја игнориравте нашата јавна покана? Колку за Ваша информација, манастирот во Зрзе е етаблирано место и многу често посетено од официјални гости, претставници на амбасади, меѓународни организации и фондации. Заради култот на Чудотворната икона на Богородица Пелагонитиса, тоа е и омилено место на поклонение на верниот народ Божји од Македонија и многу пошироко.
Ние, нејзините слуги, Ве повикавме да ја посетите Богородица, која одовде ја чува Пелагонија.
Господине Министре,
Да се зачува топлината во срцето и љубовта кон оние што не пријателствуваат кон нас, е вонреден предизвик за монасите во Македонија денес. Трикратно е поголем овој подвиг за нас, жителите на манастирите во Горна Пелагонија, сега кога ни ја омеѓуваат земјата долненска. Искушението е големо бидејќи границата ја цртаат луѓе не домаќини, што би рекле моите прилепчани со намус, туку такви за кои истите рекле "на дедо му ги кажуваат меѓите во нивје". Јас сум монах, не судам, но од љубов кон вистината расудувам. Тенка е границата меѓу осудувањето и расудувањето и јас свесно го земам ризикот од Вас и од Вашите да бидам осуден. Но, мој министре! Силно е моето чувство, дека ако јас како монах замолчам за тајната на омеѓувањето, планинава и полево во Пелагонија ќе прозборат наместо мене.
|
f9 |
Branko vo Brisel vo nedela i ponedelnik ,policijata so predupreduvachko soopshtenie!
Скопје 24/7/2004 11:15:19
Претседателот Црвенковски во дводневна посета на Брисел
Македонска делегација, предводена од шефот на државата Бранко Црвенковски, утре треба да отпатува во дводневна посета на Брисел, на средби со високи претставници на Европската унија (ЕУ) и НАТО.
Во македонската делегација ќе биде и шефот на дипломатија Илинка Митрева.
-------------------------
=Дали некој го информира за 26 јули?Хмм...
-------------------------
=========================
Скопје 24/7/2004 13:51:10
МВР - соопштение за протестите закажани за в понеделник
Министерството за внатрешни работи (МВР), во врска со закажаните протести поради несогласувањето со владиниот предлог за децентрализацијата, соопшти денеска оти има законска должност да обезбеди непречено работање на Парламентот, да се грижи за безбедноста на пратениците и граѓаните, и да го одржува јавниот ред и мир.
Поради тоа, в понеделник (26.07), кога е најавено одржувањето на протестот, од страна на МВР ќе бидат зајакнати контролите на патниот сообраќај на сите патни правци во државата, а во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај,
Министерството, притоа. аплерира до граѓаните кои планираат да учествуваат на протестите закажани од опозицијата, организации и здруженија, своето незадоволство да го искажуваат достоинствено и да се придржуваат кон Законот за собири на јавни места
|
f9 |
НАСИЛСТВОТО РАЃА НАСИЛСТВО.
НА ГРАГАНИТЕ НА СТРУГА НИ НА КРАЈ НА ПАМЕТ НЕ ИМ Е ДА ГО ЛИНЧУВААТ БУЧКОВСКИ ЗАРАДИ КЕЈФ ИЛИ ЗАРАДИ ТОА ШТО ВО СТРУШКИТЕ ГЕНИ ИМАЛО НАГОН ЗА НАСИЛСТВО ИЛИ ВАНДАЛИЗАМ.
БУЧКОВСКИ Е ПРОГЛАСЕН ЗА ПЕРСОНА НОН ГРАТА ВО СТРУГА.ВЛАДАТА И ПАРТИЈАТА ТРЕБАЛО ДА СИ ИСПРАТАТ ДРУГ ЕМИСАР-ТОА Е НИВНА ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ,ЈАСНО Е ДЕКА ЗАКОНСКИ СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ОДИ НА СЕКАДЕ.НО ВО КРИЗНИ СИТУАЦИИ ПАМЕТНИТЕ ПОЛИТИЧАРИ НЕ ДОЛЕВААТ КЕРОЗИН НА ОГНОТ.ТОА Е ТАА МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА БУЧКОВСКИ.МИСЛАМ ДЕКА И ПОКРАЈ СЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЛУГЕТО ИМААТ ПРИСТОЈНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И ДА ЗНААТ ШТО ЗНАЧИ ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ.ЗАТОА Е СИМПТОМАТИЧНО ТОА ШТО БУЧКОВСКИ ГО НАПРАВИ СО ОДЕЊЕТО ВО СТРУГА И ТОА ПРЕД ДА СЕ ОДРЖИ МИТИНГОТ ВО СКОПЈЕ.ЛИЧНО МИСЛАМ СЕТО ОВА БЕШЕ ДА СЕ ЗАПЛАШАТ СИТЕ КОЈ КЕ ИЗЛЕЗАТ НА МИТИНГОТ НА 26 ВО СКОПЈЕ.ОВАА ВЛАСТ ДАЛЕКУ ОДЛЕПИЛА ОД НАРОДОТ,И СИ ЗЕЛА ПРАВО ДА ПРАКТИКУВААТ ДИКТАТУРА КОРИСТЕЈКИ СТАЛИНИСТИЧКИ И ГЕБЕЛСОВИ МЕТОДИ.
ТОА ГО ВИДОВМЕ И ЧУВМЕ СО ТЕЛЕФОНСКИТЕ СМЕТКИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 2000 ЕВРА ПОТРОШЕНИ ЗА СУГЕРИРАЊЕ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ.ВО СЕВА ОВАА РАБОТА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПАРТИСКИ ЛИДЕР КОЈ ЗАБОРАВА ДЕКА Е И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОПОЗИЦИЈАТА НО И НА СИТЕ КОЈ СЕ НЕЗАВИСНИ.ЗАБОРАВА ДЕКА Е ПРЕТСЕДАТЕЛ И НА НАУЧНИТЕ И ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ И НА СИТЕ ДРУГИ ВЛАДИНИ И ПРОВЛАДИНИ И НЕЗАВИСНИ И ОПОЗИЦИСКИ НГО -А.
ОД ДРУГА СТРАНА НИЕ НЕ ГО ОПРАВДУВАМЕ НАСИЛСТВОТО ВО СТРУГА ,НО СИТЕ СМЕ СВЕДОЦИ ДЕКА НЕКОЈ НЕКАДЕ И ВО НЕКОЕ ВРЕМЕ ГО ОПРАВДУВАЛ НАСИЛСТВОТО.ОД КРИЗАТА ВО 2001 СЕ ДО ИНТЕРВЕНЦИИТЕ ВО АВГАНИСТАН И ИРАК.АКО ЈА ПРОДЛАБОЧИМЕ ТЕМАВА ЗА НАСИЛСТВАТА КЕ ВИДИМЕ ДЕКА ТИЕ КАЈ НАС СЕ ИСПЛАТЛИВИ.ОД НАСИЛСТВОТО ВО 2001 СЕ ИЗРОДИ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР И СИТЕ БЕНЕФИЦИИ НА АЛБАНЦИТЕ КАКО НАРОД ВО МАКЕДОНИЈА А НЕ КАКО НАЦИОНАЛНОСТ.СПОРЕД ТАКВОТО ИСКУСТВО ЈАСНО Е ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ А И СИТЕ ДРУГИ СЕ УПАТЕНИ НА ТОЈ МЕТОД КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН ЗА ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА СВОИТЕ ПРАВА ОНАМУ КАДЕ ШТО КЕ НАЈДАТ ДЕКА ИМ СЕ ОДЗЕМЕНИ.КОГА БРАНКО ГО ОПРАВДУВА КРОЕЊЕТО ПО НАЦИОНАЛНА ОСНОВА ВО ОВАА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА КАКО ЗАСЛУЖЕН БЕНЕФИТ НА ВОЈНА И УБИСТВА НА МАКЕДОНСКИ ,НО НЕ САМО МАКЕДОНСКИ ТУКУ И ДРУГИ ГРАГАНИ,ЈАС НАПОЛНО ИМ ДАВАМ ЗА ПРАВО И НА СЕКОЈ МАКЕДОНЕЦ НА СЕКАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА КОРИСТИ СИЛА ЗА ЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ТИЕ ПРАВА .АКО ВЕКЕ СИТЕ СМЕ ОДЛУЧИЛЕ ДЕКА ТРЕБА ПАЦИФИЗАМ ВО ПОЛИТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА ТОГАШ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕСТАНЕ ОД ВЛАСТА ДА СЕ СИЛУВААТ ГРАГАНИТЕ СО НАМЕТНАТИ РЕШЕНИЈА ОД ДОГОВОРИ НА ЗЕЛЕНА МАСА.ЗАТОА ИЛИ КЕ ИМАМЕ НАСИЛСТВА ИЛИ КЕ НЕМАМЕ НАСИЛСТВА.НЕМА ТРЕТО.НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПРАВДУВААТ НАСИЛСТВАТА НА ЕДНИ ,А ДА СЕ ОТФРЛААТ НА ДРУГИ.СТРУГА ИМА ПРАВО ДА СЕ БУНИ ЗАТОА ШТО ЗА СЕКОГАШ МАКЕДОНЦИТЕ ЈА ГУБАТ СВОЈАТА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ИАКО СЕ МНОЗИНСТВО ВО ГРАДОТ И ТОА СО ДЕКРЕТ НА ВЛАДАТА.СО ТОЈ ИСТ ДЕКРЕТ СЕ РАЗГОРУВААТ МЕГУЕТНИЧКИТЕ ОДНОСИ ВО ДЕЛИКАТНА КОХАБИТАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ И АЛБАНЦИТЕ.БУКВАЛНО ВЛАСТА Е ГЕНЕРАТОР НА МЕГУНАЦИОНАЛНА КРИЗА И ТОА ВО РЕГИОНОТ КАДЕ ШТО НАСТАНИТЕ ВО 2001 НЕМАА ЗАФАТ.ЗАТОА ВЛАСТА НЕ САМО ДА ВРШИ НАСИЛСТВО ТУКУ СО ТОА НАСИЛСТВО ГЕНЕРИРА ДРУГО.
Za nastanite vo Struga A1 ima snimka koja treba da se vidi.Nezadovolstvoto na Struzhani e evidentno,kako shto e omrazata kon vladata i ministrite.Emotivno ,navistina potresno dozhivuvanje na katastrofa i predavstvo se gleda kaj Struzhani.Posle ovie nastani nema shto da bara SDSM vo Struga kaj Struzhani.Nedoverbata ke bide dolgogodishna.
Ексклузивно: Немири во Струга - видео vo Real plejer |
f9 |
РЕЦЕПТ ЗА КРИЗА
пишува: Сашо ОРДАНОСКИ
И Бранко Црвенковски и Али Ахмети отворено признаваат дека, во суштинските решенија на концептот за децентрализација, она што ги водело во територијалното реорганизирање на општините е етничкиот, а не другите принципи за изведување на овој комплексен и компликуван општествен, политички и социјален зафат во државата. Со тоа, суштината на Охридскиот договор - имено, дека за етнички проблеми нема територијални решенија - е прегазена. Двајцата лидери, на прилично неочекуван и несфатлив начин, отвораат пат за негирање и за поништување на важноста на Рамковниот договор од Охрид.
Овој нов политички факт има огромно политичко значење - како за Македонија, така и за регионот во целост. Не само што - оттука, па натаму, со ваквото брутално поништување на важноста на Охридскиот договор, сите опции за Македонија се повторно отворени, туку и решавањето на косовското и на босанското прашање добива нови димензии.
Сега, Охридскиот договор е невалиден, и тоа со согласност на сите негови потписници и гарантори: Георгиевски и Џафери ги "повлекоа" своите потписи уште пред да им се исуши мастилото на хартијата, за потоа и официјално да повикаат на поделба (Георгиевски), односно на федерализација, па на поделба (Џафери) на државата; Црвенковски и Ахмети тукушто ја поништија суштината на овој Договор; Трајковски, на политичко задоволство на претходниве, е починат, а американските и европските гарантори здушно го поздравија поништувањето на Договорот од страна на Црвенковски и Ахмети. ("Благајникот" Костов, ризикувајќи некој да го потсети на неговото влашко етничко потекло, си дозволи политички крајно некоректно да ги навредува македонските етнички чувства со недоквакани споредби со англискиот јазик и сл. - и со тоа, оттука натаму, не заслужува да биде споменат надвор од оваа заграда.)
|
f9 |
КИЧЕВЧАНИ ЗА КИЧЕВО
- Здружението на граѓани “Кичевчани за Кичево” и Кризниот штаб за опстојување на општина Кичево во постојните граници во денешното соопштение оценува дека настаните што се случија во Струга во ноќта меѓу 22 и 23 јули претставува удар врз демократијата и врз уставното право на граѓаните својот револт да го искажуваат со протести.
Со цел да се избегнат слични настани и во Кичево, овие две организации апелираат до претставниците на македонската Влада да не се обидуваат да дојдат во Кичево.
“По настаните во Струга, во општината Кичево, каде што револтот против предложениот закон за територијална организација беше најмасовно изразен со протести на граѓаните, состојбата е крајно деликатна и напната. Поради тие причини апелираме до претставниците на Владата на Република Македонија во скорешно време да не се обидуваат да дојдат во Кичево, бидејќи никој неможе да преземе одговорност дека немилите настани кои се случија во Струга нема да се повторат и овде”, се вели во соопштенитото на Здружението на граѓани “Кичевчани за Кичево” и Кризниот штаб за опстојување на општина Кичево во постојните граници, во кој членуваат сите опозициски партии од македонскиот политички блок и Сојузот на борците |
f9 |
Владата нервозна,опозицијата нервозна,-во исчекување на реакцијата на Македонија по слетот на настани кој ја здрмаа државата.Владата и овој ден со чудна реторика во вид на Соопштение за јавноста=
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ги повика на разум македонските граѓани и лидерите на опозициските партии, оквалификувајќи ги завчерашните немири во Струга и собирањата пред домовите на парламентарците како неодговорно однесување.
Горното соопштение политички би значело умерено реагирање воофицијален термин,НО во тек на прес конференцијата беа изречени и следните изјави=Дали според опозицијата е демократски протест ако некој се обиде живи да ги запали, не еден министер, не еден пратеник, туку 30 граѓани на Република Македонија и дали пред два дена требаше да имаме триесет ковчези и триесет жртви за опозицијата да сфати дека работите одат предалеку“, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на партијата Радмила Шекеринска, додавајќи притоа дека Македонија мора да спречи вакво неодговорно однесување.
Таа праша дали дел од опозициските лидери кои продефилирале, како што рече, со неодговорни изјави, како спонтани и демократски ќе ги оценат и собирањата на отпуштените од Националната платежна картичка и на незадоволните од криминалот во царината пред домот на Никола Груевски, доколку пред домот на Тупурковски се соберат граѓаните да си ја бараат ветената милијарда или на незадоволните кичевчани отпуштени од фирмата на Трифун Костовски.
Во врска со собирањето 150 илјади граѓански потписи за референдумско изјаснување за новата територијална организација, Шекеринска направи споредба со случувањата во Србија. „Српското сценарио кое започна со рефрендум заврши со незадоволни сиромашни граѓани и политичари во Хаг“, рече таа и додаде дека тоа би било лошо сценарио за Македонија.
Јани Макрадули побара извинување од Трифун Костовски бидејќи Македонија ја нарекол бордел. „Доколку тој не се согласува во парламентарното мнозинство и политиката која му го овозможи мандатот во Собранието, доколку има грам морал и одговорност да го врати мандатот што го доби и што му беше одработен од членовите на СДСМ“, рече Макрадули.
СДСМ како еден од организаторите на настаните во Струга го посочи градоначалникот Ромео Деребан и планира против него да поднесе кривична пријава. Борис Кондарко го потсети струшкиот градоначалник дека е избран со девет илјади фалсификувани гласови од Албанците и се запраша зошто сега е против нив.
Се на се владата и Сдсм и покрај ваквото соопштение немаат намера да го повлечат предлогот за територијална поделба ниту да го одложат или да го преиспитаат договореното со своите коалициони партнери.На потег е јавноста. |
Rommel |
kaj ima - nemiri vo struga na real player? |
f9 |
Odi na A1 na ovaa adresa:http://a1.com.mk/vesti/default.asp
So crveno e podsenchano nad prvata vest ovoj naslov:Ексклузивно: Немири во Струга - видео: Dual ISDN
i klikni na Dual ISDN
Site shto komentiraat na ovaa tema a se nadvor od Makedonija treba da go vidat nastanot takov kakov shto beshe so slika i zvuk od pochetok do kraj na snimaniot materjal.Togash ke im stane jasno shto vsushnost se sluchi.Za mene e jasno =VLADATA GO ZAPLASHUVA MAKEDONSKIOT NAROD KOJ TREBA NA 26 VO PONEDELNIK DA IZLEZE I DA KAZHE EDNO GOLEMO DOSTA.VO SLUCHAJ DA DOJDE DO NESAKANI NASTANI VLADATA I PRETSEDATELOT SE DOGOVORILE DA PRETSEDATELOT I MINISTEROT ZA NADVORESHNI RABOTI SE ZASOLNAT VO BRISEL I AKO OPOZICIJATA POKUSHA DA IZVRSHI NASILEN PREVRAT TIE KE BARALE LEGITIMNO VRAKANJE VO DRZHAVATA NA LEGITIMNO IZBRANITE.NAJDOBROTO SCENARIO ZA VLADATA I PRETSEDATELOT BILO DA SEKOJ NEZADOVOLNIK SE IZNARAZVIKA KOLKU SAKA ,I PARLAMENTOT DA GO IZGLASA GLATKO ZAKONOT.ZA TAA CEL MVR KE GI STOPIRA I PRETRESUVA SITE VOZILA NA SITE PATNI PRAVCI KON SKOPJE I KE POSTAVI KOMPLETNO OBEZBEDUVANJE I OPREMA ZA RASTERUVANJE.POLICIJATA DOBILA NAREDBA DA UPOTREBI I OGNENA SILA ZA DA GI SPRECHI DEMONSTRANTITE DA NAVLEZAT VO PARLAMENTOT I SO TOA DA JA NARUSHAT RABOTATA.VO POLICISKITE SILI ISTO KAKO I VO STRUGA PRETEZHNO KE BIDAT VKLUCHENI PRIPADNICI NA POLICIJATA OD NOVIOT SOSTAV POPOLNET SO ALBANSKI REGRUTI.SE PRETPOSTAVUVA DEKA PRETSEDATELOT NA PARLAMENTOT KE JA OTVORI SEDNICATA I KE PROGLASI PREKIN NA DISKUSIITE KOJ BI PRODOLZHILE NAREDNIOT DEN.AKO OVOJ ZAKON POMINE NIE KAKO DRZHAVA VLEGUVAME VO POINAKVA PARLAMENTARNA TRADICIJA.TOA KE ZNACHI DEKA POBEDATA NA IZBORI E SO MANDAT OD 4 GODINI APSOLUTNA I NEPRIKOSNOVENA VLAST. |
f9 |
Наместо да постапи според укажувањата на струшката полиција, министерот Бучковски одбил да ги напушти просториите на СДСМ, ова се последните информации на ВМРО-ДПМНЕ, според кои Бучковски намерно предизвикал сериозни инциденти во Струга.
„По доаѓањето на министерот Бучковски во Струга и по собирањето на групата демонстранти пред седиштето на СДСМ, а особено по излегувањето на дел од членовите на СДСМ пред седиштето, представници на струшката полиција го предупредиле министерот Бучковски дека треба да замине затоа што неговото присуство може да предизвика големо незадоволство“, изјави Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во ВМРО-ДПМНЕ ги одрекуваат вчерашните обвинувања на Бучковски, дека организатор и иницијатор на овие настани е партијата и нејзиниот лидер Никола Груевски. Претседателот Црвенковски глумел искреност пред медиумите, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ за што ќе сноси и кривична одговорност.
„Господине Црвенковски Струга беше и граѓанска и демократска и мирна, се додека Вие не решивте да тргувате со границите на Струга, како би ја задржале оваа веќе пропадната коалиција, за што многу брзо ќе сносите не само историска, туку и кривична одговорност“, додаде Бичиклиски.
|
f9 |
23.07.2004 Македонија ни е се што имаме и А бре Македонче, така вечерва започна протестот во Кавадарци, како знак на револтот од предложената територијална организација на државата.
Кавадаречките членови на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ своето незадоволство го изразија преку вклучени сирени, транспаренти и колона од автомобили, извици за негодување и бројни критики кон актуелната власт.
Колоната од автомобили тргна од центарот на Кавадарци и продолжи се до семејниот дом на пратеничката Ана Андова, повикувајќи ја да не гласа за поделба на Македонија и создавање на голема Албанија.
------------------
24.07.2004 Со предлогот за новата територијална организација, општина Центар Жупа се припојува кон општина Дебар, и покрај противењето на нејзините жители, кои на референдумот на 4 јануари дури 95 % се изјаснија за опстанок на општината во сегашните граници.
Двете општини според последниот попис бројат над 25.000 жители, а од нив околу 6.500 жители се во Центар Жупа. Иницијативата на Светскиот Семакедонски конгрес за распишување на референдум, со свои потписи до денес ја подржале само 2 лица, велат во подрачната единица на Министерството за правда.
Дел од дебрани со кои разговаравме, иако со внимание следат се она што се случува со предлог законите за децентрализација, сепак многу не се расположени да дадат оценка дали е подобро тие да бидат заедно или одвоено.
Жителите од Жупа се категорични да останат посебна општина. Ние, велат тие, сме мирно население и не сакаме да предизвикуваме проблеми, а нашата определба да останеме самостојна општина, ќе се обидеме да ја оствариме по институционален пат.
Доколку се донесат законите, во општина Дебар покрај македонскиот, во службена употреба ќе бидат и албанскиот и турскиот јазик.
|
dejan |
Kako sto znam ni vo 2001 nemase protect kako ova...Struga ne go pretera protectot, ama kako drugsto da im kaze na drzhavata deka ne go sakat toa....
Cuti, ima i po losi protecti, pret nekolku nedeli vo Rim mislam bese, imase beter protect, italjancite ne go sakale george bush da im dojde pa poludele. |
f9 |
Скопје 25/7/2004 12:46:32
МВР - Поднесени кривични пријави за немирите во Струга
Министерството за внатрешни работи (МВР), во врска со минатонеделните немири во Струга, соопшти денеска оти поднело кривични пријави за сторено дело "учество во толпа" против вкупно 47 лица.
Посебни кривични пријави, како што е соопштено, се поднесени против К..С (16), М.К (18) и С.Г за "предизвикување општа опасност" и против Ч.А (54), осомничен за кривично дело "загрозување на сигурноста".
За "недозволено држење оружје и распрскувачки материјали", кривични пријави се поднесени против К.П (28) и П.М (39).
Министертвото за внатрешни работи соопшти оти продолжува со активности за пронаоѓање и откривање на лица, кои за реме на протестите на 22 јули во Струга, го нарушувале јавниот ред и мир |
f9 |
Почна собранската седница за Законите за децентрализација
A1 mail листа
A1 на SMS
A1 на PDA
A1 на WAP
26.07.2004 Македонскиот Парламент денеска ја започна седницата за суштинскиот пакет закони за децентрализација, што произглегува од обврската за заокружување на Рамковниот договор.
Пратениците на 72. седница меѓудругото ќе расправаат за Предлог - законите за новата територијална организација на локалната самоуправа, за Градот Скопје, за финансирање на општините и за комуналните такси.
Собраниската расправа по овој пакет закони се очекува да биде маратонска имајќи ги предвид најавите дека излагањата на пратениците нема да бидат временски ограничени и намерите да бидат поднесени околу 200 амандмани, кои во најголем дел се најавени од опозицијата.
Со новите законски решенија, кои Владата ги усвои кон средината на овој месец, се предлага досегашниот број општини во државата од 123 да се намали на 80, односно на 76 до 2008 година.
За Градот Скопје се предлага припојување на селата Сарај и Кондово, со што се стекнуваат услови за употреба на албанскиот јазик како втор официјален. За Кичево е предвидено преодно решение до 2008 година.
Опозицијата, која остро се спротивставува на владиниот предлог, за вечерва во Скопје најави масовни протести. Пред почетокот на седницата просторот пред Собранието е празен со што опозицијата ја спроведе својата најава и се откажа од блокадата на работата на Парламентот.
|
f9 |
Скопје 26/7/2004 11:10:56
Собранието на куса пауза
Собранието е на куса пауза на барање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, со цел таа пратеничка група да се консултира околу редолседот на точките од дневниот ред.
Пратениците на 72 - та седница ќе рапсраваат за пакетот закони за децентрализација, во кој меѓудругото се и Предлог - законите за новата територијална организација на локалната самоуправа, за Градот Скопје. за финансирање на општините и за комуналните такси.
Собраниската расправа по овој пакет закони се очекува да биде маратонска имајќи ги предвид најавите дека излагањата на пратениците нема да бидат временски ограничени и намерите да бидат поднесени околу 200 амандмани, кои во најголем дел се најавени од опозицијата.
Со новите законски решенија, кои Владата ги усвои кон средината на овој месец, се предлага досегашниот број општини во државата од 123 да се намали на 80, односно на 76 до 2008 година.
|
f9 |
Macedonia: One-hour adjournment of decentralization debate
The debate on decentralization, underway in the Macedonian Parliament, has been adjourned for one hour upon a request of opposition VMRO-DPMNE's Representatives.
They demanded one-hour pause to review the agenda of today's session.
The parliament is due to debating the bill on new territorial organization of local government, the Skopje City, financing of municipalities, and utility taxes. Government's motion of revising the municipal boundaries foresees that the number of current municipalities (123) drops to 80.
|
melpomena |
Затворени улици со бетонски столчпиња, сообраќајни патроли кои им објаснуваа на возачите дека не смеат да се движат низ центарот на Скопје, од двете страни на парламентарната зграда паркирани противпожарни возила, во сенка распоредени полициските специјалци, во Музејот на град Скопје е базата на посебните единици на МВР.
До Собранието не можеше да се стигне со возило, таму се подготвуваше бината за опозициониот митинг. Од Палома Бјанка до зградата на Црвениот крст, цел километар беше затворена улицата 11-ти октомври, кружната едносмерна улица Даме Груев не можеше да се користи од почетокот кај старата железничка станица. Улиците околу македонското Собрание се блокирани од полицијата од вчера вечер од 18 часот, цели 26 часа од почетокот на митингот на здружената опозиција. Во МВР велат дека така е направено поради проценките на стручните служби во министерството.
„Да не се повторат некои немили сцени од Струга. Превземени се мерки по најавите за блокади пред Собранието, а целта на полицијата е да се овозможи непречена работа на оние кои што се во Собранието“, изјави Горан Павловски портпарол на МВР. Додека внатре во Собранието, народните избраници расправаа, граѓаните се снаоѓаа за да дојдат до својот дом, кола или работа, со прескокнување на полициските барикади поставени и поврзани пред целото Собрание.
Десетина централни автобуски станици за градскиот превоз беа изместени, Скопјани автобусите ги чекаа на улица каде што можеа да застанат.
Попладнево многу полиција имаше и пред Владата, постарите офицери во гаражата откаде им ги даваа задолженијата на помладите полицајци кои одмараа под врбите во паркот. Карши Владата, сообраќајците вршеа редовна контрола на малкуте возила на кои им преостануваше да го користат само овој булевар.
Бројката на ангажирани полицајци никој не ја соопштува, се претпоставува дека таа е приближна на онаа што го обезбедуваше погребот на претседателот Трајковски - 3 илјади, бившиот Министер за внатрешни работи Павле Трајанов прогнозираше 4 илјади полицајци.
„За бројки не можеме да говориме, ќе бидат ангажирани толку полицајци колку е потребно за оддржување на јавниот ред и мир“, додаде Горан Павловски.
Од Министерството за одбрана и Генералштабот ги негираат информациите дека припадници на АРМ се вклучени во засилените полициски безбедносни мерки.
Во Градска болница се подготвени со зголемен број на дежурни екипи, во случај на потреба од медицинска помош.
www.a1.com.mk
|
Pina |
quote: Originally posted by melpomena
Затворени улици со бетонски столчпиња, сообраќајни патроли кои им објаснуваа на возачите дека не смеат да се движат низ центарот на Скопје, од двете страни на парламентарната зграда паркирани противпожарни возила, во сенка распоредени полициските специјалци, во Музејот на град Скопје е базата на посебните единици на МВР.
До Собранието не можеше да се стигне со возило, таму се подготвуваше бината за опозициониот митинг. Од Палома Бјанка до зградата на Црвениот крст, цел километар беше затворена улицата 11-ти октомври, кружната едносмерна улица Даме Груев не можеше да се користи од почетокот кај старата железничка станица. Улиците околу македонското Собрание се блокирани од полицијата од вчера вечер од 18 часот, цели 26 часа од почетокот на митингот на здружената опозиција. Во МВР велат дека така е направено поради проценките на стручните служби во министерството.
„Да не се повторат некои немили сцени од Струга. Превземени се мерки по најавите за блокади пред Собранието, а целта на полицијата е да се овозможи непречена работа на оние кои што се во Собранието“, изјави Горан Павловски портпарол на МВР. Додека внатре во Собранието, народните избраници расправаа, граѓаните се снаоѓаа за да дојдат до својот дом, кола или работа, со прескокнување на полициските барикади поставени и поврзани пред целото Собрание.
Десетина централни автобуски станици за градскиот превоз беа изместени, Скопјани автобусите ги чекаа на улица каде што можеа да застанат.
Попладнево многу полиција имаше и пред Владата, постарите офицери во гаражата откаде им ги даваа задолженијата на помладите полицајци кои одмараа под врбите во паркот. Карши Владата, сообраќајците вршеа редовна контрола на малкуте возила на кои им преостануваше да го користат само овој булевар.
Бројката на ангажирани полицајци никој не ја соопштува, се претпоставува дека таа е приближна на онаа што го обезбедуваше погребот на претседателот Трајковски - 3 илјади, бившиот Министер за внатрешни работи Павле Трајанов прогнозираше 4 илјади полицајци.
„За бројки не можеме да говориме, ќе бидат ангажирани толку полицајци колку е потребно за оддржување на јавниот ред и мир“, додаде Горан Павловски.
Од Министерството за одбрана и Генералштабот ги негираат информациите дека припадници на АРМ се вклучени во засилените полициски безбедносни мерки.
Во Градска болница се подготвени со зголемен број на дежурни екипи, во случај на потреба од медицинска помош.
www.a1.com.mk
Ova trebashe da go pravat vo Tetovo pred 3-4 godini. |
redstar |
Definitivno posle ovoj miting im se dava moznost na predlagacite na zakonot za teritorijalna podelba uste povece da zastanat zad svojot predlog,porevnosni i poslini vo zastapuvanjeto i opravdanosta na svojot proekt.Licno, bidejci bev prisuten na mitingot vo Skopje, ocekuvav najlmalku 50000 lugje so koi navistina ce se pokaze revoltot protiv predlozenata etnizacija na Makedonija.Od druga strana me raduva faktot sto se pomina mirno i dostoinstveno (okolu 20.000-30.000 lugje) i sto narodot ostana za celo vreme na mitingot i pokraj losite vremenski uslovi i silniot dozd.
Pogolem problem vo celata ovaa rabota e sto vo momentov edinstveniot legalen nacin za pagjanje na predlog zakonot inicijativata za referendum kako da gubi intenzitet.Todor Petrov vcera se javi so soopstenie deka do vcerasniot den bile sobrani okolu 90000 potpisi i deka dnevno se potpisuvale prosecno okolu 500 gragjani.Kaza i za opstrukciite koi se pravat od strana na Ministerstvoto za pravda
(neinformiranost na gragjanite kade moze da se potpisat,zatvoreni kancelarii,sluzbenici na godisen odmor i sl.)Ocigledno deka brzinata na sobiranje na potpisi ne e kako sto se ocekuvase i mislam deka vo narednite denovi prioritetno na site partii,nevladini organizacii i javni licnosti koi se sprotivstavuvaat na ovoj predlog e otvoreno da gi povikaat(perku gostuvanja vo debatni emisii,spotovi i sl.) gragajnite da ja dadat svojata podrska na inicijativata za referendum. |
protivpropaganda |
quote: Се наслушав изјави од опозиционите лидери дека СДСМ треба конечно ’да падне’, па да се формира техничка влада (а актуелната да даде оставка) итн. итн. Од тие што ги повикуваа луѓето да земат свое учество на овој протест, најмалку слушнав дека со овој протест се бара да се преиспита одлуката и власта да се раководи по сосема поинакви критеритуми при донесување на Предлог-Закон за Територијална Поделба!
Ова мора да се пофали!!! Не е дека СДСМ не треба да падне, туку е тоа што другите ги манипулираа масите за свои лични политички цели. Најмалку стануваше збор, од нивна страна, за поништување на нешто непожелно или штетно бидејки и ВМРО-ДПМНЕ да беше не власт истото ќе го направеше потоа СДСМ заедно со третиот пат ќе правеше сличен или ист протест.
ЗАРЕМ Е МОЖНО ДА НЕ СТЕ ГИ СКОНТАЛЕ ШЕМИТЕ ДОСЕГА???
Кучињата лаат (по команда), а караванот си врви!!!
quote: Pogolem problem vo celata ovaa rabota e sto vo momentov edinstveniot legalen nacin za pagjanje na predlog zakonot inicijativata za referendum kako da gubi intenzitet.Todor Petrov vcera se javi so soopstenie deka do vcerasniot den bile sobrani okolu 90000 potpisi i deka dnevno se potpisuvale prosecno okolu 500 gragjani.Kaza i za opstrukciite koi se pravat od strana na Ministerstvoto za pravda
За пофалба е и ова!!!
Ретко се спомнува дека СМК, не Тодор Петров, направиле нешто значајно во суштински аспект. ЗОШТО?
Се тера наивниот народ да се собира и да скандира каде само се покажува „политичката сила“ на партиите во опозиција. Си го дигаат рејтингот опозициските политиканти на овој начин и ништо повеќе.
Суштинската работа во сево ова е само собирањето на потписи за поддршка на референдумот со кој ќе може да се прекине валидноста на донесените закони.
СЕ` ДРУГО Е САМО УБАВО СПАКУВАНА ЛАГА!!!
Напомена:
Доколку дојде до референдумско изјаснување, народе Македонски спремајте се за една добра тепачка. Или спремајте се за тепачка или бегајте по плажите на грција, бугарија и србија, џоа на одмор сте бидејки шипците си имаат свои стратегии, да знаете. |
vulgaren |
quote: Originally posted by protivpropaganda
Напомена:
Доколку дојде до референдумско изјаснување, народе Македонски спремајте се за една добра тепачка. Или спремајте се за тепачка или бегајте по плажите на грција, бугарија и србија, џоа на одмор сте бидејки шипците си имаат свои стратегии, да знаете.
Jok be nema da ima tepacki duri i so referendum. Najverovatno Struga ke se spasi so amandman i nema da dojde do referendum. |
f9 |
ЕДНА ВЕСТ СО ДВЕ -ТРИ РАЗЛИЧНИ БРОЈКИ.ЕНИГМА БРОЈ ЕДЕН.КОЛКУ БЕА ГРАГАНИ НА МИТИНГОТ ?
СВЕТ=Bloomberg - 8 hours ago
July 27 (Bloomberg) -- An estimated 20,000 Macedonians gathered in the capital, Skopje, to protest a proposed bill that will increase the powers of ethnic
Channel News Asia, Singapore - 16 hours ago
SKOPJE : Some 20,000 Macedonians gathered in Skopje to protest a decentralisation bill being debated in parliament that would give more power to ethnic ...
OneWorld, UK - 4 hours ago
Over 20,000 people gathered in front to the Macedonian Parliament last night (Monday, July 26) to protest the proposed changes in the territorial organization ...
SKOPJE (Reuters) - Thousands of Macedonians protested on Monday against plans to give greater local powers to the country's ethnic Albanian minority, a proposal that has already sparked violence.
Riot police guarded the parliament building in the capital, Skopje, as around 15,000 people demonstrated against the plan, which they say will ultimately divide the Balkan state along ethnic lines.
И ПОКРАЈ ОВАА БРОЈКА ОД РАЗЛИЧНИ НОВИНСКИ АГЕНЦИИ СОБРАНА,ПОСТОИ И ПРОЦЕНА НА ПОЛИЦИЈАТА И НА КОРЕСПОДЕНТИТЕ....ЗА ПРИБЛИЖНО ОКОЛУ 20000 ГРАГАНИ.НО ДЕНЕС СЕ ЈАВИ И МВР СО СЛЕДНОТО СООПШТЕНИЕ=Скопје 27/7/2004 14:17:21
МВР - соопштение за вчерашниот протестен митинг во Скопје
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати јавна благодарност до учесниците на синоќешниот митинг во Скопје, кои покажале дека "незадоволсвото може да се изразува мирно и без инциденти", како и до организаторите на протестот поради "соработката со полицијата".
Министерството соопшти дека протестот, на кој според службена проценка учествале околу 8.000 граѓани, минал мирно и без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.
Единствениот инцидент се случил по завршување на собирот, кога снимател на Тв Сител бил нападнат од едно лице, при што му била скршена професионалната камера.Министерството презема активности за пронаоѓање на сторителот на ова дело.
Во соопштението на МВР се додава дека преземените превентивни мерки се покажале како оправдани, при што, полицијата вчера уште еднаш покажала дека нејзин стремеж е да биде во функција на безбедноста на граѓаните.
СИТЕ АГЕНЦИИ ЈАВИЈА ЗА СИЛНОТО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ,ДОЖДОТ И МИРНИОТ ПРОТЕСТ БЕЗ ИНЦИДЕНТИ.
|
Strelec |
quote: Originally posted by f9
ЕДНА ВЕСТ СО ДВЕ -ТРИ РАЗЛИЧНИ БРОЈКИ.ЕНИГМА БРОЈ ЕДЕН.КОЛКУ БЕА ГРАГАНИ НА МИТИНГОТ ?
А менува ли нешто дали биле 8.000 или 20.000? Исто е кога веќе немало 100.000 во Скопје и истовремено илјадници протестанти во другите градови во Македонија. Во неколку мои постови истакнав дека овој митинг е осуден на неуспех, односно дека нема ништо да измени. И истото ќе се случеше и да не врнеше дожд!
Не може да се донесе НАРОДОТ доколку со ’мегафони’ се повикува народот на бунт против СДСМ! Исто како што и СДСМ никогаш не би можел да го крене некогаш НАРОДОТ против ДПМНЕ! За да бидам појасен, под ’НАРОД’ подразбирам маса луѓе во која нема да се знае кој на која партија е симпатизер.
Ќе го истакнам приомерот што еднаш го чув од Дарко Марковиќ, на кој што тој бил сведок при неговиот престој во Лондон. Донесена била одлука за покачување на цената на млекото. Синдикатот издал соопштение со кое повикува на протест. Протестот го замислиле на тој начин што секој граѓанин да го купи наредниот ден млекото по новата (поскапа) цена и млекото да го истури на улица. И резултат на тоа соопштение било такво што по улиците ’течеле реки’ од млеко. Истиот ден владата на Маргарет Тачер донеска одлука за замрзнување на цените на млекото (по старата цена).
Зошто го истакнав овој пример?
Затоа што тогаш воопшто не било споманато име на партија. Лабуристите не ни помислиле да дадат изјава дека конзервативците биле на власт и дека токму тие се виновни за покачување на цената на млекото. И затоа млеко по улиците истурале симпатизерите и на Лабуристичката и на Конзервативната партија.
А во Македонија?
Се наслушав изјави од опозиционите лидери дека СДСМ треба конечно ’да падне’, па да се формира техничка влада (а актуелната да даде оставка) итн. итн. Од тие што ги повикуваа луѓето да земат свое учество на овој протест, најмалку слушнав дека со овој протест се бара да се преиспита одлуката и власта да се раководи по сосема поинакви критеритуми при донесување на Предлог-Закон за Територијална Поделба!
Со громогласно навивање против СДСМ, како и против Албанците во Македонија, овој протест немаше теоретски шанси да донесе некаков резултат. Требаше да се најде начин да дојдат и симпатизерите на СДСМ. Требаше да се најде начин за масовно да дојдат и припадници на албанскиот етникум во нашата држава.
Дури тогаш ќе можевме да речеме дека ќе се случеше: НАРОД!
|