OooOo |
Во Кина егзекутиран директор кој украл државни пари
16.07.2004 Лио Вејфен, генерален директор на неколу кинески државни фирми, денеска е егзекутиран во Пекинг поради тоа што присвоил повеќе од 20 милиони јени (2,42 милиони американски долари).
Лио беше погубен заедно со уште 6 други лица, кои беа осудени за убиство.
Кинеските лидери истакнуваат дека владејачката Комунистичка партија на Кина ќе пропадне ако не се справи со корупцијата во земјата. Тие тврдат дека со доаѓањето на Комунистичката партија на власт во 1949 година корупцијата била искоренета, но дека повторно се појавила со економските реформи спроведени кон крајот на 70-тите години од минатиот век.
|